Вицеви без наслов

Статус
Затворена за нови мислења.

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Малиот комарец се враќа дома после првиот, пробен лет.
- Како беше сине? - го прашува мајка му.
- Фантастично мамо! Сите ми ракоплескаа.

............................................................

Во кафана келнерот му вика на еден гостин:
- Извинете господине, зошто не се служите со виљушката?
- Пробав, ама тече.

............................................................

- Трпе, зошто татко ти денес беше на училиште?
- Учителката го викна за да се жали од мене.
- И што стана?
- Е па ништо, учителката ми кажа сега да ја викнам мајка ми, за да се жали од татко ми!

............................................................

Каква смрт сакате како последна желба? - го прашува судијата осудениот на смрт пред погубување.
- Па ако може природна!

.............................................................

Оди Трпе во аптека и бара вијагра.
- Имаме. А вие имате рецепт!
- Немам, ама ја носам сликата од жена ми!

..............................................................

Некој скитник кој бил многу гладен застанал на прозорот од некој ресторан и гледал како другите јадат, а лиги почнале да му течат. Гледајќи така забележува човек со чорба пред него, ама зачитан весник ништо друго не го интересира. Скитников си вика: Абе овој ептен занесен, можам да отидам, да му ја исркам чорбата и да не примети. Оди скитникот клекнува пред масата и почнал да срка од чорбата. Ја исркал цела, кога забележал долго виткано црно влакно на дното. Згрозен, ја повратил цела чорба во чинијата. Во тој момент го тргнал весникот човекот и го прашал:
- Што е, и ти стигна до влакното?
 

BusHav

Е ајде де.....можеш и така
Член од
5 декември 2005
Мислења
4.343
Поени од реакции
81
Таткото сперматозоид го седнал синот и го учи како треба кога ќе порасне:
-Сине,кога ќе дојде времето,ќе се бориш прв да бидеш,и кога ќе стигнеш до едно црно мало,ќе тропнеш.ќе прашаш дали е тоа јајце-клетка и влагаш одма!!!
Дошло времето,оди нашиов сперматозоид,гледа едно мало,црно,тропа и вика:
-Алоооо,јајце-клетка?!
-Неее,кариес на петка!!!
 
Член од
11 февруари 2006
Мислења
1.744
Поени од реакции
0
Си биле 3 крави .. И едната крава залутала десно, другата крава залутала лево, третата крава си продолжила право ..
И си иделе така тие три крави

P.S. LooooooooooL ... Ова го прочитав на еден веб .. и незнам што му е филмот или ја сум до толку мутав да не го сфатам или вицов е глуп и уствари не е виц :)
 

mr.wicket

limitless..
Член од
20 јуни 2005
Мислења
5.127
Поени од реакции
519
Си биле србин и хрват и многу се пцуеле у мајка ,но еден ден решиле да се пцујат у цвеќиња и србинот му вели: да ти јебем трендафила а хрватот му вели: да ти јебем нано и мајчину душицу
--------------------------------------------
Некој програмер седи во кафич и се удвара на некоја девојка...
- Сакаш да те частам кафе ?
-Не фала !
- Сакаш да те частам сок?
-Не фала !
-Сакаш да те частам вотка ?
-Не фала
После ова програмерот си вика во себе:
„Хмм, чудно, стандардните драјвери не ги прифаќа !!”
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Зборат 4 психијатри:
-Ние ги слушаме пациентите и нивните проблеми а нас нема кој да не сослуша...
-Ајде да пробаме да си ги кажеме маките
Сите се сложуваат
Првиот:Јас многу сакам да си ги убијам пациентите со пила
Вториот:Ја сум фрик за шопинг и стално мнооооогу ги крадам пациентите за да имам увек пари
Третиот:Јас ги навлекувам на дрога и после пари им вадам од тоа
и на крај четвртиот:Јас колку и да се трудам не можам да чувам тајни
lol
 

Yugo

Law rules
Член од
12 декември 2005
Мислења
8.251
Поени од реакции
28
Имал Трајче пролив па отишол на лекар. Арно ама овој по грешка му дал апчиња за смирување.
По два дена го среќава лекарот Трајче и го прашува како му е.
- Абе добро. Се уште имам пролив, ама баш ми е гајле.
--------------------------------------------------------
Човек си работел низ дворот на својата куќа кога атрактивната сосетка, инаку русокоса, излегла од дома.
Отишла до поштенското сандуче, погледнала во него и налутено се вратила дома трескајќи ја вратата.
По две минути се случило истото.
Кога тоа се повторило и трет пат, човекот не можел да издржи и ја прашал изнервираната русокоса што е проблемот.
- Мојот глупав компјутер упорно ми тврди дека имам добиено пошта.
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.072
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не зборува. Конечно, не можејќи да издржи му вели:
- Се извинувам, ќе може да го ослободите телефонот кога веќе не правите муабет?
- Полека бре госпоѓо, правам муабет со жена ми.
 
Член од
12 април 2006
Мислења
17
Поени од реакции
7
otisol peder na benzinska.zemal da napolni gorivo.go stavil polnacot vo gaz.vraboteniot mu vika:abe decko dizel e!a ovoj vika:ako be mene mi e super!!!!!!!!
 

Bubreg

From Dusk Till Dawn
Член од
8 март 2006
Мислења
221
Поени од реакции
1
Некоја банда вооружена со палки, ножеви, боксирачи, шипки и триста чуда, влегува во некоја кафеана и еден од нив вика:
- Кој е бе тој Џони???!!!!
И од кај шанкот се јавува некој:
- Јас сум Џони бе!!!
И овие го напраиле џигер од тепање, маста му ја извадиле. Овој едвај преживеал се буди од 3 месечна кома во болница и вика:
- Хе хе, како ги заебав, јас не сум Џони!!! :pos:
 
Член од
19 декември 2005
Мислења
259
Поени од реакции
2
кој виц и да го ставите веќе сигурно го има поназад:baeh:
 

BusHav

Е ајде де.....можеш и така
Член од
5 декември 2005
Мислења
4.343
Поени од реакции
81
Седи мајка со дете мало во автобус.До нив застанал некој човек.Како што си се возеле во автобусот,детево му го гризнало прстот од рака на човекот.Во тој момент мајкава почнала да го мава детето,го треска од автобусот ко ненормална,и на човбеков незгодно му паднало па и рекол
-Добро госпоѓо,не е страшно,малце само ме гризна,па мало дете е,нема смисла.
А мајката,изнервирано:
-Аааааааааа,прст ваму,прст таму и после дома ручек не ми јаде!!!
 

Tutkar

Богомил
Член од
6 декември 2005
Мислења
1.967
Поени од реакции
34
Najlesno e da se otkazes od cigari,
drugarce najmalku 300-ta pati se ima otkazano.
 

СпаЈдеР

DissentiveMoron202
Член од
1 март 2006
Мислења
3.201
Поени од реакции
52
Момче и девојка сакаат да водат љубов, но не знаат каде. Девојката вели:
- Можеме да одиме кај мене. Само... ние имаме кревети на спрат, а сестра ми спие на долниот. Затоа, ќе речам "хамбургер" тоа значи посилно, а кога ќе речам "чизбургер" - значи побавно.
- Добро - вели момчето и одат кај девојката.
Почнуваат да водат љубов и девојката вели "хамбургер, хамбургер". По некое време вика "чизбургер, чизбургер", а потоа пак "хамбургер, хамбургер".
На ова малата сестричка вели:
- Престанете со тие сендвичи! Цело време ми паѓа мајонез.:pos: :pos: ------------------------------------------------------------------
По многу инсистирање, мажот ја одвел жената на прва партија голф во нејзиниот живот. Како што и се очекувало, нејзиниот прв удар завршил во прозорецот на преубавата куќа во близина на голф игралиштето. Мажот полудел:
- Ти реков да внимаваш, сега мораме да одиме таму и да ја платиме штетата. И така, тие влегле во куќата. Веднаш се преплашиле кога виделе дека освен прозорецот, топчето ја скршило и преубавата античка вазна. На каучот спроти нив лежел млад маж:
- Дали вие го скршивте прозорецот?
- Да, господине, страшно ни е жал! - одговориле тие.
- Ох, ама не треба да ми се извинувате, всушност јас вам терба да ви бидам благодарен. Видете, јас сум дух и повеќе од илјада години бев заробеник на оваа вазна. Сега штом ме ослободивте, можам да ви исполнам три желби. Ако не би пречи, и на едниот и на другиот ќе ви исполнам по една желба, ама последната би ја оставил за себе. Двојката се согласила. Мажот размислил за миг, па рекол дека сака по милион евра, секоја година до крајот на животот.
- Нема проблем, тоа е најмалку што можам да направам, и покрај тоа ви гарантирам и долг и здрав живот. А сега вие, госпоѓо, што сакате?
Таа посакала во секоја држава во светот да има огромна куќа со многу слуги.
- Сметајте го тоа за решено. - Рекол духот.
- А која е твојата желба? - прашале тие.
- Па добро, бидејќи беф заробеник над илјада години, мојата желба е да спијам со жена, еве на пример со твојата. - Му рекол духот на мажот.
Овој ја погледнал жената и и рекол таа да реши, сега кога се богати и ги имаат сите тие куќи. Таа размислила, рекла дека не и е сеедно, ама дека со оглед на се, би можела тоа да го поднесе. Духот и жената го направиле тоа и по некои три часови секс без прекин, духот се свртел и ја погледнал жената право во очи:
- Колку години имате вие и вашиот маж?
- Триесет и пет, исто годиште сме. - Одговорила жената.
- Без заебанција, толку години, а се уште и двајцата верувате во духови?:pos: :pos: :pos: :pos: :pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom