Витамин К - витамин на коагулација!

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.156
Поени од реакции
33.928
... немаше таква тема околу важноста на овој витамин, посебно поврзано со појава на крварење при негов недостаток, Вит K1 (phylloquinone), Вит K2 (menaquinone), K3 (menadione)

видео презентација на Prof. dr Miloš Ješić (Odeljenje neonatologije, Univerzitetska dečja klinika,Beograd Srbija)

- во 1999 год Hemorrhagic Disease of Newborn (HDN) терминолошки доби измена од Хеморагиска болест на новородени (ХБН) во Vitamin K deficiency bleeding (VKDB) - Крварење поради недостаток на Вит К како резултат на ниски концентрации на витамин К во плазмата е сериозен ризик за новороденчиња и млади доенчиња и може во голема мера да се спречи со соодветно додавање на Вит К што преставува првото нешто што новороденото го добива при раѓање со инјектирање за 24ч поради недоволна количина во телото и можност за хеморагични (крварење) во телото,

- здравите новороденчиња и доенчиња се изложени на ризик од развој на тешки крварења и особено интракранијални крварења поради физиолошки ниски концентрации на витамин К кои резултираат во ниски концентрации на фактори на згрутчување зависни од витамин К, затоа, профилакса против крварење од недостаток на витамин К (VKDB) е важна,

- регулатива (протокол) во цел свет донесен во 1961 год, Комитетот за исхрана на Американската академија за педијатрија прво препорача постнатална профилакса за класичен VKDB со употреба на 0,5-1,0 мг витамин К парентерално или 1,0-2,0мг орално,

- во споредба со возрасните и поголеми деца, новороденчињата имаат многу пониско ниво на витамин К, приближно 40% -60% од нормални вредности за возрасни, кои обично не се достигнуваат до приближно 6 месеци возраст,

- во 1966 година, биле објавени првите извештаи од Тајланд за нов синдром VKDB, кои обично се јавувале помеѓу 1 и 2 месеци од животот и кој сега е класифициран како доцен VKDB, во 1977 година Баншет со соработници, први го опишале овој синдром, ги сумирале нивните студии на 93 погодени претежно доени доенчиња (98%), нивната инциденца на интракранијално крварење било 63%, потоа следувале повеќе извештаи од Југоисточна Азија и Австралија, кај доенчиња без профилакса на витамин К, инциденцата на доцна ВКДБ (на 100.000 раѓања) се проценило дека е 4,4 % во Англија, 7,2% во Германија и дури 72% во Тајланд.
... кај доенчиња родени од мајки кои користеле антиконвулзивни лекови (на пр. фенобарбитал, фенитоин, карбамазепин) забележано било зголемено заболување од рана VKDB во текот на првите 24 часа и затоа моменталната постнатална администрација на и.м. Вит K во моментов се смета како оптимална профилакса на VKDB за оваа група на доенчиња.


- (Вит К за прв пат бил откриен во 1929 година од страна на Henrik Dam, кој забележал крварења кај пилиња кои се хранеле со храна без маснотии, Edward Adelbert Doisy ја идентификувал структурата и формите на витамин К во 40-тите години на минатиот век и двајцата ја добиле Нобеловата награда за нивната колективна работа на Вит К во 1943 година, поради критична улога во хемостазата, недостатокот на витамин К може да предизвика крварење кај новороденото, крварењето со дефицит на витамин К (VKDB) за првпат било опишано во 1930), но главната улога на Вит К се согледа дури во 1974 година, кога се потврди дека протромбинот, протеин за коагулација на крвта, зависи од Вит К,

- според возраста апликација на Вит К на рано (<24 часа), класично (1-7 дена) и доцна (> 1 недела <6 месеци) донесено во 1999 г. од Педијатрискиот и перинаталниот поткомитет на Меѓународното општество за тромбоза и хемостаза,

vitamin-k1-03.jpg 1d915b78-ba9b-4914-92c5-476c6c45a3c9.png

сите новороденчиња треба да примаат профилакса на витамин К :
- треба или да примаат 1 мг витамин К1 преку интрамускулно инјектирање,
- 3 × 2 mg витамин К1 орално при раѓање 4-6 дена и 4-6 недели,
- 2 mg витамин К1 орално при раѓање и неделна доза од 1 mg орално за 3 месеци.

интрамускулна апликација е најпосакуван пат за ефикасност и сигурност на администрацијата на Вит К кај новородените,
Ме чудиш како природава/Господ/Алах/Буда нас не направиле фалични и си дозволиле да се раѓаме без Витамин К, да сме фалични па сме морале како човештво да чекаме да дојде некој и да го открие тоа па за на крај да направат таква вакцина и да ја направат задолжителна да бебето ја прима во првите 24 часа. Настрана што во таа вакцина, колку што имам слушано и нешто читнато кога се распрашав за тоа зошто на ќерка ми ја боцнаа со Витамин К, дознав дека во таа вакцина има и алуминиум и бензил алкохол и уште една состојка, која не се сеќавам како се викаше но се користи при хемотерапија. Тоа не е ли шок за нов организам, 24 саати стар?
... не е „вакцина“ туку така ја нарекуваат не знам зошто, можеби како прво задолжителено боцкање на новороденото, твојата забелешка е на место, верувај и јас имав такви заложби во докажување на несоодветниот состав на инјекцијата која ја применуваат на новородените, но тоа во друга прилика,
постои Вит К како раствор што овозможува орално давање на новороденото, но го сметаат за несодветно за предвремените или кај тие новородени со нарушена интестинална апсорпција или новородените чии мајки земале лекови кои го попречуваат метаболизмот на витамин К,
... укажано било дека немало докази дека малото количество бензил алкохол содржано во инјекцијата со витамин К1 (емулзија за инјекции на фитонадион, УСП), кога се користело како што е препорачано, е поврзано со токсичност “,
Зошто мајката да не пие к2 или да јаде natto и сл. додека е трудна?
... не следиш дека скоро сите трудници се под антитромбоичнатерапија (клексане, фраксипарин) за време скоро на цела бременост, не можат да внесат Вит К кој е спротивно на антиромбоичните инјекции, а и да не се под таа терпија докажано е дека ниту мајчиното млеко не обезбедува доволна количина на Вит К , па мора бебето да зема дополнително некоја млечна формула со содржина на Вит К дополнително,

Новородечне кое е родено по природен пат, при излегувањето ги внесува сите бактерии кои ги имала мајката и тие му се неопходни за да почне нормално да функционира. Има некаде докажано колку треба да биде количината на К ... на секое бебе ли му испитуваат дали има доволна количина или шибни, па ако е вишок никому ништо... мајчиното млеко има се што треба да има, не е убаво така да пишуваш.
... исклучок се новородените и доенчиња, кои имаат зголемен ризик од недостаток на Витамин К, без оглед на витаминскиот статус на мајката за време на бременоста и доењето, поради лошото пренесување на витаминот во плацентата и малите количини на витамин К во мајчиното млеко, како и неразвиена цревна флора,

-од мајчиното млеко новородено добива 0.85–9.2 μg/L Вит К, а дополнителна млечна формула за новороденото е 24–175 μg/L.

...сосема се сложувам со тебе за дозажата, а и самата апликација во болница медицинските сестри од око ја делат на пет новородени од една инјекција за возрасни од 1 мг, предозирање со Витамин К оневозможува кај новородени брза елиминација, што преку се уште неразвиена јетра/жолчни киселини, може да дојде и до „пожолтување“ што неонатолог педијатар го толкува како „нормална/ природна“ состојба што „ќе помине“, што сосема го сметам за погрешно, но тоа во друга прилика!

... факт, дека новородените мораат да примаат Вит К !
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.156
Поени од реакции
33.928
Многу научно од твоја страна, нема што.
Да не имаш случајно статистички податоци, колку новороденчиња им фали "витамин" К... колку новороденчиња случајно си ја повредиле главата вртејќи се во кревет.... колку новороденчиња настрадале поради крварење бидејќи им фалело "витамин" К.... колкава количина К е потребна новороденче да има или од ѓутуре...
... ќе побараме повторно други податоци!
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.169
Поени од реакции
6.888
Биџонс, можеш ли да најдеш инфо колку изнесувал INR кај новороденчињата кои имале компликации со крварења?

Да не излезе дека ко за ковид вакцини да вергламе. За витамин К барем може лесно да се провери, кога има индикација.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.156
Поени од реакции
33.928
Биџонс, можеш ли да најдеш инфо колку изнесувал INR кај новороденчињата кои имале компликации со крварења?
0,90-1,30 кај здрави доносени новороденчиња, во случај вредноста на INR да надмине 1,30, треба да се препорача дневна или неделна орална администрација на витамин К, компликации со крварења од дефицит на Вит К, а не од други можни фактори на крварење кај новородено!
 
Член од
4 јули 2017
Мислења
7
Поени од реакции
9
Кој тоа ги дели дозите од ѓутуре? Ова прв пат слушам, 8 години работев на педијатрија. Ова се специјалистички теми, не е "дај му витамин Ц ќе го измоча" муабет.
Автоматски споено мислење:

0,90-1,30 кај здрави доносени новороденчиња, во случај вредноста на INR да надмине 1,30, треба да се препорача дневна или неделна орална администрација на витамин К, компликации со крварења од дефицит на Вит К, а не од други можни фактори на крварење кај новородено!
Вакво дете лежи на ЕИНТ, никаква орална администрација нема на вит К, коментарот Ви е надвор од реалноста. Сте виделе некогаш вакво новороденче?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.156
Поени од реакции
33.928
Кој тоа ги дели дозите од ѓутуре? Ова прв пат слушам, 8 години работев на педијатрија. Ова се специјалистички теми, не е "дај му витамин Ц ќе го измоча" муабет.
...е ајде иди на ЈЗУ Универзитетска Клиника за гинекологија и акушерство и прашај што инјекција му администрираат на секое новороденото за 24ч и уште полошо ако на новородено дете со тежина од 2,5 кг му ја даваат истата доза како новородено што е потешко од 2,5 кг, ако ја имаат дозажната форма од 10 мг во една ампула, како ќе му ја дадат на новороденото ако не ја поделат истата за да дојде некаде до 1мг?

kanavit-2-1.jpg

еве кажи како ќе ја поделат дозата кога 1мл од ампулата содржи 10 мг Витамин К што е доза за возрасни, дали имаат друга форма со педијатриска доза? не би рекла, ете во спојлер активниот договор и Витамин К што можат да го имаат Клиниката до 05.2024 година и прашање дали мајките воопшто се запознати дека нивното новородено бебе прима таква инјекција?
 
Последно уредено:
Член од
4 јули 2017
Мислења
7
Поени од реакции
9
...е ајде иди на ЈЗУ Универзитетска Клиника за гинекологија и акушерство и прашај што инјекција му администрираат на секое новороденото за 24ч и уште полошо ако на новородено дете со тежина од 2,5 кг му ја даваат истата доза како новородено што е потешко од 2,5 кг, ако ја имаат дозажната форма од 10 мг во една ампула, како ќе му ја дадат на новороденото ако не ја поделат истата за да дојде некаде до 1мг?

Прегледај го приврзокот 406541

еве кажи како ќе ја поделат дозата кога 1мл од ампулата содржи 10 мг Витамин К што е доза за возрасни, дали имаат друга форма со педијатриска доза? не би рекла, ете во спојлер активниот договор и Витамин К што можат да го имаат Клиниката до 05.2024 година и прашање дали мајките воопшто се запознати дека нивното новородено бебе прима таква инјекција?
Немам што да одам на ГАК, кога сум работела на сериозен оддел со години и знам како одат овие работи, затоа и коментирам. Какви се овие лажни информации? Се дава според педијатриско дозирање и се спрема соодветно НЕ од ѓутуре и отприлика. Не разбирам како мислиш дали има педијатриска доза на одреден лек? Речиси ниту еден лек нема посебна педијатриски прилагодена доза во Македонија, па и во земјите од ЕУ такви работи се реткост, можеби само за специфични лекови , но никако за витамини, кортико и др честа ампуларија. Педијатриските дозирања и припреми на лекови се такви во цел свет.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.156
Поени од реакции
33.928
Немам што да одам на ГАК, кога сум работела на сериозен оддел со години и знам како одат овие работи, затоа и коментирам. Какви се овие лажни информации? Се дава според педијатриско дозирање и се спрема соодветно НЕ од ѓутуре и отприлика. Не разбирам како мислиш дали има педијатриска доза на одреден лек? Речиси ниту еден лек нема посебна педијатриски прилагодена доза во Македонија, па и во земјите од ЕУ такви работи се реткост, можеби само за специфични лекови , но никако за витамини, кортико и др честа ампуларија. Педијатриските дозирања и припреми на лекови се такви во цел свет.
...пишувам за новородени во родилишта, а не на педијатрија, твоето непознавање не значи ,,лажни информации" воздржи се од такви коментари!

...ако лекот, пример антибиотик Sol Pentraxyl во течна форма во пакување со капалка, се смета за ,,педијатриска форма на лекот" во шишенцето кое се дозира во капки, ако Вит С таблети се со јачина 500мг чија доза е за возрасни , постојат и таблети со јачина од 50мг како лек со ,,педијатриска доза" на една таблетка,

20240212_002455.jpg 20240212_002429.jpg 20240212_002519.jpg

...Вит К ампула оригинал пакување една инјекција за возрасни со јачина 10мг на мл, не е исто со оригинал ампула од 1мг на мл што е доза за неонатолошка примена во оригинално пакување, исто како што е од 2мг оригинално пакување на ампула која се дава орално на потешки со килажа новородени, (педијатриска доза).

1590860-87-1590860-NOFORMAT.jpg

...неонатолошка концентрација на Вит К како еднократна доза која се дава како лек на новородено 1mg/ml од оригинална една ампула без делење, педијатриска доза од 2mg/ml во оригинал ампула како лек за новородени со поголема тежина и за деца која може да се даде и преку уста.

...ампула оригинална со јачина 10mg/ml чија е еднократна доза за возрасни и застапена, ја имаат САМО ова концентрација, јачина, доза како сакаш, прашање како им ја даваат, дозираат на новородени во нашите родилишта за 24ч?
- ако сега не сум појасна, тогаш сме на различна бранова должина!
Немам што да одам на ГАК, кога сум работела на сериозен оддел со години и знам како одат овие работи,
...зарем постои ,,несериозен оддел" , па ти си работела во сериозен оддел во здравствена установа? цццц цц
 
Последно уредено:
Член од
4 јули 2017
Мислења
7
Поени од реакции
9
Не реков дека постои несериозен оддел. Само кажав дека јас имам работено во родилиште и на друг оддел кој згрижува деца од ризични категории за ова заболување.

Има разлика меѓу лекови за домашна употреба и ампуларија. Повторно ќе те прашам, дали имаш видено или си ординирала терапија на новороденче со ваква состојба?

Околу она што кажав дека не е ок, еве појасно: ако ти треба 1мг од лекот, го раствораш соодветно со редестилата ако треба и аплицираш 1 милиграм од лекот, НЕ одприлика. Се чува 2ч. во фрижидер извлечен во стерилен шприц за повторна употреба. Родители ќе го прочитаат овој пост и ќе помислат дека така одат тие работи, како што кажа од ѓутуре. Реалноста не е таква. Километарски пост без суштина, извини вака.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.156
Поени од реакции
33.928
Родители ќе го прочитаат овој пост и ќе помислат дека така одат тие работи,
...најди еден родител кој знае дека му се аплицира на новороденото Вит К за 24ч, според тебе конкретно за овој случај пишуваме, со додавање на редестилирана вода во колкав шприц се собира сето тоа и како после тоа се дава според тебе 1 мл, а тоа не би било отприлика или како велиш ти од „ѓутуре“ посебно кога новородените се со килажа од 2кг - 5 кг, а не се дава подненакво според тежината или се дава?
 
Член од
4 јули 2017
Мислења
7
Поени од реакции
9
Зошто родител би знаел како е спреман лекот, зошто е тоа важно? Си пишува во родилен картон и отпусно писмо што е примено во родилиште
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.156
Поени од реакции
33.928
Зошто родител би знаел како е спреман лекот, зошто е тоа важно? Си пишува во родилен картон и отпусно писмо што е примено во родилиште
...новороденото не е болно, па му се дава Витамин К како лек, превенцијата што се дава МОРА со знаење, објаснување или информирање на мајката, исто како што треба да се објасни при вакцинирање, па и лек кога се администрира на било кој пациент треба да му се објасни зошто му се дава тој лек интрамускулно или повеќе лекови во инфузијата, а не пишано само на испис, што ако е алергичен на нешто, пациентот знае, ама докторот не знае, зошто да се комплицира одпосле, секој пациент треба да биде информиран што со него, а посебно кај новородените мајката мора да знае однапред што се превзема врз нејзиното новородено.
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.861
Поени од реакции
6.367
Во кој јадења може да го конзумирам овој витамин без да барам по аптеки како суплемент ? Витамините си ги сакам во природно пакување :cool:
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.730
Поени од реакции
7.119
Не е само кај го има, туку и колку човечкото тело го апсорбира. Можеби преку храна од животинско потекло повеќе апсорбира, а и нема други оптоварувања.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom