Вистинска храброст на верното куче: Ја спаси куќата од крадци, доби нож во глава и преживеа !

Довичински -

Довичински П.
Член од
26 ноември 2009
Мислења
1.205
Поени од реакции
674
Кучето Бела ги нападнало крадците во дворот, уште пред да се обидат да ја ограбат куќата во Јужноафриканската Република во која биле нејзините сопственици. Храбрата Бела добила нож во главата по што крадците избегале. За среќа Бела преживеала и добро заздравува од повредата.
Приказната на Дејли мејл за храброто и верно куче привлече големо внимание. Сопственикот на кучето Вернон Сварт ја гледал целата случка.Тој раскажал дека крадците прво се обиделе да ја ограбат соседната куќа.

- Потоа влегоа во нашиот двор. Бела ги нападна во дворот. И забија нож долг 20 сантиметри во главата. Потоа побегнаа. Излегов надвор и го видов кучето како трча со нож забиен меѓу очите. Мислев дека ќе умре – вели Вернон Сварт.

Тој веднаш ја повикал сопругата и ја однеле Бела на ветеринар, кој констатирал дека ножот не го пробил мозокот што и го спасило животот.

- Очигледно беше дека не чувствува ништо бидејќи се однесуваше нормално, но изгледаше страшно – вели Вернон.

Ножот бил предаден на полицијата како доказ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom