Вистината и моќта заедно?

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Дали вистината и моќта може да функционираат заедно?

Прв пример на кој ми текнува за да ви ја дообјаснам темава ми е работата. Значи конкретно за примеров, дали мислите дека ако си работите чисто, без превари и.т.н., може да постигнете некаква поголема функција и моќ од моменталната?
Дали со таква работа базирана на вистина, може да постигнете иста или барем приближна моќ како некој друг, кој се` што прави, прави спротивно од вас (краде, лаже, поткажува, се лиже ...)?
Дали вистината, без оглед колку време и треба, секогаш на крај ни го носи тоа што сме го заслужиле со неа, па треба да се држиме за неа без оглед на се`?

Немора да се задржувате на овој пример за да си го објасните вашето мислење, бидете си креативни ... :helou:
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Кој може да добие моќ... Оној кој има пари... а кој има пари:

1. Оној кој има премногу среќа
2. Оној кој не гледа на средства, за да стигне то таа моќ.

Под број 1, се знае - реткост се тие примери... му се паднало на лото, вујко милионер во Америка, наследство... но, после останува и прашањето... дали треба да се применува точка 2 за да се задрже таа моќ...

Под број 2 - прашањето: Со што се` треба да се служиме, за да дојдеме до таа моќ. Измами, манипулирање со клиентот, прикривање на лошите работи, нагласување на добрите, а сето тоа носи: немилосрдност, бескомпромисност и цврстина во карактерот.

Значи не! Вистината и моќта не одат заедно!

Веднаш би посочиле... во земја корумпирана како Македонија... ова горе е ок... но, во големите земји не успева... што НЕ Е точно!!

Зошто? Мислите на големите светски лидери му е гајле за народот? Тие се грижат за позицијата и одгоре од птичја перспектива ги гледаат луѓето. Тие мораат да лажат, манипулираат, немилосрдно да се однесуваат, зошто мало опуштање... лесно можат да паднат таму доле..

П.С. Се надевам ќе ми се најде некој вујко од Америка
 

outcast

login: failed!
Член од
29 јануари 2007
Мислења
424
Поени од реакции
8
Вистината повлекува искреност, искреноста повлекува ризик од ранливост. Од кого? - Од оние за кои целта ги оправдува средствата. Многу е поверојатно дека таа група ќе ја поседува моќта отколку онаа која реално ја заслужува. За жал, првата група претставува само потрошен материјал, т.е. средство за манипулација или било каква друга злоупотреба. И за крај, морам да го цитирам чичко Орвел:

War is peace, freedom is slavery, ignorance is strength
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Вистината и моќта, во вакво глобално општествено уредување барем засега, дефинитивно не одат заедно. Живееле и живееме во свет кој се раководи по "законот на џунглата", со мото најсилниот, т.е најголемиот грабливец, победува. За доблест се смета да трчаш кон целта(ако воопшто некој знае што е целта) и притоа да газиш преку луѓе без да се осврнеш наназад. Моќта се изедначува со нечија способност да предизвика стравопочит и без трошка на одговорност да зграби се што може(најчесто материјални добра). И се додека тоа е синоним за моќ, истото не може да постои кај некого паралелно со вистината, односно, по цена на вистина добиваш моќ и обратно.
На доблестите како што се искреност, етичност и сл. се гледа како на губење време, и дури се сметаат за непожелни во трката за моќ. Луѓето кои имаат морални принципи, општеството најчесто ги смета за слабаци. Моќен си само тогаш кога со својата бескруполозност предизвикуваш страв и покорност кај другите.
Но верувам дека ова нема да може да оди до недоглед. Затоа што ако единствено преку демонстрација на сила и бесчуствителност можеме да постигнеме нешто, тогаш не сме многу различни од животните.
За среќа постојат и луѓе кои моќта ја поистоветуваат со етичноста и мудроста на индивидуата(тука вклучувајќи ја и нејзината наклоност кон вистината), а не со нејзините материјални и статусни обележја.
Барем лично за мене, моќ не може да биде нечиј недостаток на емпатија и одговорност за оние околу него, ниту пак неискреност,лицемерие и полтронство.А уште помалку за моќ го сметам поседувањето на незнам каква кола, куќа, општествена функција, висок материјален статус и сл. Вистински моќници се оние кои успеале да се држат до искреноста, сопствените морални правила и лични принципи и тогаш кога се свесни дека би им било полесно да одат против нив.Затоа што зачувувањето на сопствениот интегритет и чесност бараат итекаква цврстина и истрајност во време кога и основните морални вредности се релативизираат и се гледаат како кочница за успех.
 
F

filmadzijka

Гостин
Дали вистината и моќта можат да одат заедно?
Да. Но само на ФИЛМ.
Тоа ви го гарантирам како филмаџијка :wink: :lazgo:

Вистината е дека моќта го менува човека.
Таа е како дрога.
Никој нема моќ да и одолее на злоупотребата на моќта.
А кога си моќен, вистината ја е*еш и однапред и одзади.
А кога ќе те прашаат за вистината, одговараш како на филм:
"You don't wanna know it baby."
 

sagaqua

Successful and Creative
Член од
23 декември 2005
Мислења
2.218
Поени од реакции
31
Дивајн напиша:
Дали вистината и моќта може да функционираат заедно?
Функционираат и тоа како! Само треба многу трпение, упорност, истрајност и цврст карактер кој нема да потклекне пред вистината па и на своја штета повремено.

Прв пример на кој ми текнува за да ви ја дообјаснам темава ми е работата. Значи конкретно за примеров, дали мислите дека ако си работите чисто, без превари и.т.н., може да постигнете некаква поголема функција и моќ од моменталната?
Не мислам, знам :) Секоја комбинација со вистината, за мене е најдобрата формула за успех било каков. И службен нормално. Кариерата ми е битен фактор во животот и за секој мој успех е заслужна баш вистината и максимално развиено чувство за праведност. Само така ја добивам најголемата сатисфакција, успех, моќ и почит.


Дали со таква работа базирана на вистина, може да постигнете иста или барем приближна моќ како некој друг, кој се` што прави, прави спротивно од вас (краде, лаже, поткажува, се лиже ...)?
„Моќта„ и ваквите ( јас ги викам Лепачи на плакати:pos:) во мојата бранша, паѓаат како круши со секоја ново-стара Власт, за на крај да завршат како архивски стаорци, или завршуваат како „филмски ѕвезди„ на вестите во 18 на Сител :pos:
Квалитетот останува квалитет и после сто години.


Дали вистината, без оглед колку време и треба, секогаш на крај ни го носи тоа што сме го заслужиле со неа, па треба да се држиме за неа без оглед на се`?
Без оглед на се стојам на нејзина страна и секогаш, ама секогаш се покажало исправно.:helou:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom