Високи казни за новинарите за клевета

Статус
Затворена за нови мислења.

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.966
Новинари? Во Македонија? U must be kiddin'
јас за нашиве новинари еден работен камп во Мариово или Пореч(ј)е па да да видат како се пишуваат текстови a.k.a Како се калеше камена колумна
 
S

Sagan

Гостин
Специјални инспектори од инспекторатот при горенаведената агенција со помош на угледометар ќе го мерат оштетувањето. На пример пад на угледот од 1 венко да се казнува со 100 евра. Пад на угледот од 100 венковци односно сентивенко или 1 секула по метричка скала да се казнува со 10 000 евра и одземање на новинарската лиценца и автоматска депортација во ГЕМ клубот каде што партиципантите ќе бидат потурувани со катран и пердуви. Секоја година најсовесниот новинар да биде одликуван со Златен Миленко...
:pos:
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Висока казна за клевета ќе биде изречена на новинарот кој ќе нанесе штета врз угледот на владеачката партија и нејзините проекти. Се што ќе биде спротивно кажано од врвниот новинар Латас ќе биде казниво со закон. Значи се она што се случува денес само законски си го вметнаа во правниот систем. Додека ние блееме како овци они си работат. Почнаа со медиумите и 24 часовна пропаганда, па чистење на медиумите, купопродажба на речиси сите гласила и на крај остана уште законски да се покоси секој оној кој ќе се обиде да критикува.
Она е што е чудно, подршката не им се намалува, тоа е суровата вистина. Дојдовме до точка на тотален медиумски мрак. Јас секој ден се прашувам овој народ дали има во тоа главата малку мозок да размисли до каде сме и каде одиме, дали воопшто има очи и гледа што се случува или како забајден трчка по штабови и коленичи за некоја државна работа.
Првата варијанта дека ова е закон со кој ќе внимаваат новинарите и е за нивно добро е чиста бљувотина и само некој што не живее во земјава може да поверува во такво нешто.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495

Поддршката ќе им се намали тогаш кога во Македонија навистина ќе се појави сериозна политичка опција, опција која нема да млати празна слама и нема да спаѓа на исто ниво со политичкиот противник, опција која ќе има барем некоја реална и модерна идеја, програма, план... вака сега власта ќе си властува уште бајаги врем.период, силна и вистинска опозиција реално непостои, освен некои стари, излишени и истрошени кадри .................... секојдневно го слушам народов надвор што збори, оваа власт реално не чини и не ја бива за ништо, но за кој друг би гласале, најдобро за никој више, сите се исти !
Иако досега не сум бил член на ниту една политичка партија, отсекогаш сум ја поддржувал(гласал)повеќе десната опција во Македонија, но во иднина по се изгледа дека ќе си спијам на денот на гласање, левата опција пак никогаш не ми била нешто особено интересна или примамлива !
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Поддршката ќе им се намали тогаш кога во Македонија навистина ќе се појави сериозна политичка опција, опција која нема да млати празна слама и нема да спаѓа на исто ниво со политичкиот противник, опција која ќе има барем некоја реална и модерна идеја, програма, план... вака сега власта ќе си властува уште бајаги врем.период, силна и вистинска опозиција реално непостои, освен некои стари, излишени и истрошени кадри .................... секојдневно го слушам народов надвор што збори, оваа власт реално не чини и не ја бива за ништо, но за кој друг би гласале, најдобро за никој више, сите се исти !
Иако досега не сум бил член на ниту една политичка партија, отсекогаш сум ја поддржувал(гласал)повеќе десната опција во Македонија, но во иднина по се изгледа дека ќе (идно време од глаголот лажам) си спијам на денот на гласање, левата опција пак никогаш не ми била нешто особено интересна или примамлива !
Не треба да ми кажуваш знам видовита сум.
Да не забегаме, да се држиме до медиумскиот молк.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Не треба да ми кажуваш знам видовита сум.
Да не забегаме, да се држиме до медиумскиот молк.
И јас сум видовит(како баба Ванѓа) ;)
Медиумскиот молк постои само во главите на некои луѓе !
Како може да има тотален медиумски молк, кога на интернетов постојат купишта портали форуми, каде што секој си има право да си го пише своето лично мислење, без разлика дали човекот е про-владино или пак про-опозициски ориентиран, или пак е неутрален, а интернет има во 70/80% од Македонските домови !
И јас не следам многу ТВ и не читам многу весници во последно време, повеќе им верувам на нет-форумиве каде што навистина може да се прочитаат реални и паметни мислења и ставови, без разлика дали се про-владини, про-опозициски, неутрални, секој став(личен) е на некој начин позитивен т.е. секој личен став го почитувам, но не значи дека ќе го прифатам и лајкнам ! :)
 
Член од
2 ноември 2011
Мислења
68
Поени од реакции
81
Разликата што, иако може да се направи спин на муабетот односно да се накити или одземе убавината на напишаното, информациите во самиот текст да не се измислени, туку навистина да се случиле.
На пример, Петко и Борче се расправаат и настанува тепачка. Весникот А го опишува настанот низ призмата на Борче, весникот Б го опишува настанот низ призмата на Петко, ама во суштина настанот е опишан како што бил. Се начукале, си удриле два бокса, може само прашањето ЗОШТО да биде одговорено различно. Ама нема додавање на информации што никогаш не се случиле и сл. Разбираш разлика?
Во твојов случај објективно известување ќе биде тогаш кога новинарот ќе го опише настанот гледан од двете страни. Се додека се известува гледано само од една страна не станува збор за објективно новинарство.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Медиумски мрак имало и кога било СДСМ на власт, само тогаш парите не ги давале тие туку тоа идело преку Сорос. Кај нас нема новинарство, едноставно вистината ќе биде на тој што ќе плати.
Еве една контрадикција, на Сител/Вечер пред некое време идеше вест дека немало кој малтер да меша за градежните фирми бидејќи сите на факултет биле, после некоја недела излегува дека немало луѓе со технички факултети за работа.
Во првиот случај плаќаат градежните фирми, во вториот случај плаќаат фирмите за кои треба ефтина работна рака со технички факултет.
Ова е само еден пример што покажува дека новинарите кај нас се платени писари ништо повеќе.
И со високи казни нема да се намали клеветата, едноставно потребно е како што се означени бесплатните реклами, да се означат и донаторите што ја финансираат одредена емисија.
Некоја дебатна емисија и доле пишува финансирано од Влада/Сорос / група граѓани т.е финансиерот барем ако не за друго барем да знаеме кој не лаже на телевизија.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
365
Поени од реакции
112
Висока казна за клевета ќе биде изречена на новинарот кој ќе нанесе штета врз угледот на владеачката партија и нејзините проекти. Се што ќе биде спротивно кажано од врвниот новинар Латас ќе биде казниво со закон. Значи се она што се случува денес само законски си го вметнаа во правниот систем. Додека ние блееме како овци они си работат. Почнаа со медиумите и 24 часовна пропаганда, па чистење на медиумите, купопродажба на речиси сите гласила и на крај остана уште законски да се покоси секој оној кој ќе се обиде да критикува.
Она е што е чудно, подршката не им се намалува, тоа е суровата вистина. Дојдовме до точка на тотален медиумски мрак. Јас секој ден се прашувам овој народ дали има во тоа главата малку мозок да размисли до каде сме и каде одиме, дали воопшто има очи и гледа што се случува или како забајден трчка по штабови и коленичи за некоја државна работа.
Првата варијанта дека ова е закон со кој ќе внимаваат новинарите и е за нивно добро е чиста бљувотина и само некој што не живее во земјава може да поверува во такво нешто.
70% од гласачите на владејачката партија се нивни членови. 170,000 вработени во администрација. Популарноста тешко дека ќе се намали.

Инаку и јас се согласувам дека имаме најлошо, најкорумпирано и најпристрасно новинарство у свет. Што може повеќе да се очекува кога независните новинари како Бранко Геровски( :гомце: ) се платени од СОРОС.

Низ светот има доста објективни фриленс новинари.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
935
Интернетот да не биде иземен. Со оглед на тоа што блогерите и статиите по порталите се зголемуваат секој граѓанин кој учествува во виртуелното пишување да извади лиценца од кај Иво Ивановски. Со оглед на тоа што се обични граѓани лиценцата да биде 50 евра а доколку се плати во рок од 8 дена да важи клаузулата 3 за 100 при што останатите 2 корисникот може да ги оттуѓи на 3-ти лица или да ги задржи за наредните 3 години.
Тоа е прекрасна идеја и бизнис план. Мислам дека има околу 40.000 блогери во РМ. Може да се воведе и лиценца од 20 евра за учесниците на форуми, тука веќе имаме доста солидна цифра, па така да го збогатиме проектираниот буџет, сите заедно, до 2014 год. да не биде бедни нецели 3 милијарди евра... Ех, што се‘ ќе се изгради со тие пари :vozbud:...
 
Член од
29 јануари 2012
Мислења
2.172
Поени од реакции
3.719
Редно беше веќе да се стопират овие новинариве со нивните измислици од чиста мира ке ти тупне 10 работи на глава ти ова си направил ти ова ти она и тн.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Јас сум твојот медиумски Бог ака Латас. Да немаш други Богови освен мене - така некако ќе му дојде ова во превод.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom