Високи казни за новинарите за клевета

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
935
Владата предлага екстремно високи казни за новинарите за клевета, односно од 3.000 до 10.000 евра за новинарот, 40.000 евра за уредникот и 80.000 евра за сопственикот, па е во преговори со Здружението на новинари, кое стои зад ставот дека овие суми се фантастично високи, па можат да доведат до затворање на бизнисот на некои од медиумите и до приватен банкрот на новинарите или на уредниците.

Од друга страна, правната фела и адвокатите упатуваат дека губењето на угледот и честа, може да предизвика загуба на материјалната егзистенција, или да доведе до развод, или во екстремни случаи и до смрт или сериозно нарушување на здравјето на оклеветениот или член на неговото најблиско семејство. Па тие прашуваат која е цената на загубата на се‘ ова?!

Всушност, ова повлекува размислување во доста насоки. Едно, секако дека во име на правдата фер е да не бидат изземени од одговорност новинарите, бидејќи секој граѓанин би одговарал правно за клевета на друг, ама поради специфичноста на професијава, клеветата на еден новинар е со далеку покатастрофални последици од онаа меѓу двајца соседи. Друго, морам да напоменам дека и ми е донекаде мило што оние новинари-лешинари, кои се крајно бескрупулозни и безобразни, ќе размислат во ваков случај, барем уште еднаш, пред да делуваат во нивни стил. Трето, не сакам да шпекулирам, ама се ми се чини дека пак ќе бидат казнувани ситните ешалони на новинарството, оние кои заедно со лаптопот ,,чинат,, 300 евра, а ,,непристрасната новинарска елита,, ќе биде поштедена. Четврто, во споровите меѓу јавна и позната личност и т.н. ,,(по)ситна риба,, голема е шансата таа јавна личност да го добие спорот и наклонетоста на судот, иако новинарот сепак бил во право и клеветата всушност била чиста вистина. Петто, мислам дека висината на казната треба да се формира на реално ниво, а овие казни се чинат превисоки.

Долги години и онака сме скептици кон поимот независен новинар и новинарство, шамански се обидуваме меѓу двата обоени новинарски табори, да ги прочитаме меѓу редови фактите, а да ги отфрлиме наведувањата. Меѓутоа, прашањето е дали сме на пат кон ера на уште поголем информационен мрак и молк, бидејќи од толку претпазливото ,,прочистување,, на информациите, ќе изостане правата информативна вредност на медиумите.

Еве ги линковите, од каде користев дел од податоците

http://www.time.mk/read/f7256871b5/c2f9836244/index.html

http://www.plusinfo.mk/vest/39269/Goran-Mihajlovski-So-predvidenite-kazni-kje-gi-zamenat-novinarite-so-daktilografki

Ме интересираат вашите размислувања, околу висината на казните и поглавното, дали е ова чекор напред кон поголем медиумски молк или чекор напред кон посовесно новинарство?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Фала богу дека ова е чекор напред. Треба да се мисли што се пишува, не само лупај глупости за гледаност и кликови. Само ова во нормални држави, кај нас ништо чудо новинар некој и да пише некоја вистина ќе го најдат во багажник , камоли парична казна.
 

BloodyJesus

патенирана чепкалка
Член од
15 февруари 2012
Мислења
1.205
Поени од реакции
1.238
Фала богу дека ова е чекор напред. Треба да се мисли што се пишува, не само лупај глупости за гледаност и кликови. Само ова во нормални држави, кај нас ништо чудо новинар некој и да пише некоја вистина ќе го најдат во багажник , камоли парична казна.
Мислиш дека на владата и дошло до тие глупости? Друга е играта, се плашам да не има селективност.
Ти лафеше реалност за мене која не ми прилегаше -- Ќорка
Ти лафеше за него „шпекулации“ -- Ако му е

ехеееее дежа ву
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Новинари !
Па зар познава некој барем еден објективен и партиски неутрален новинар во нашава држава, јас не познавам таков новинар ................. кај нас има полтроно-новинари(купени) едните ги извртуваат фактите во корист на власта, а други новинари ги извртуваат фактите во корист на опозицијата, епа тоа не е објективно новинарство, тоа повеќе наликува на меѓу-партиска пресметка(власт вс опозиција) !
Всушност во Македонија ништо не е објективно, телевизиите се поделени на про-владини и про-опозициски(ѓоа неутрални), весниците и списанијата/магазините исто така се поделени на про-владини и про-опозициски, за новинарите пак опишав погоре ! :tapp:
На Македонецот му треба објективност, а не извртување на фактите, по дифолт кај нас про-владините новинари и медиуми нон-стоп трубат како тоа Македонија е инвестициска мека, како тоа се е мед и млеко, напредок во секое можно поле и сл. додека пак про-опозиционите медиуми и новинари исто така ги извртуваат фактите со тоа што на пр. ќе најдат некој питач/скитник или собирач на пластика или железо на улица и демек сите до еден сме такви, умираме за корка леб и мораме да питаме по улици, или пак ќе отидат да снимаат во Шутка и демек цела Македонија е таква ............. објективност е објективност, инаку лесно е да се извртат фактите и реалноста, ако сакаш да ја пофалиш власта ќе одиш да снимаш во некој побогат кварт и ќе интервјуираш некој поситуиран и задоволен човек, додека пак ако сакаш да ја оцрниш власта се знае ќе снимаш и интервјуираш некој што спие и проси на Камени или пак некој што чепка по контејнери ............ веќе и малите деца ги научија ’’јаките‘‘ финти на нашиве новинари(и про-владини и про-опозициски) !
Накратко кажано новинарството(целокупно/100%) во МКД е превара, кич, гола вода и мижи Асан да ти бајам !
 
Z

Zona Pelucida

Гостин
Се плашам да не под клевета се подразбира замрачување и подмачкување на реалната слика за ситуацијата во нашата мед и млеко земја.
 
Член од
2 ноември 2011
Мислења
68
Поени од реакции
81
Ова ќе го подржам кога ќе почне навистина да функционира новинарството како професија ... се додека се новинарите необјективни односно пристрасни нема да постои праведност...А, тие казни и те како ќе бидат за оние кои што ќе пишуваат против власта, без разлика дали ја пишуваат вистината или не. Во повеќето случаеви до сега, сите што се тужени за клевета ја пишувале вистината. Јасно е дека подмукло сакаат да цензурираат...
--- надополнето: 25 април 2012 во 19:54 ---
Владата предлага екстремно високи казни за новинарите за клевета, односно од 3.000 до 10.000 евра за новинарот, 40.000 евра за уредникот и 80.000 евра за сопственикот, па е во преговори со Здружението на новинари, кое стои зад ставот дека овие суми се фантастично високи, па можат да доведат до затворање на бизнисот на некои од медиумите и до приватен банкрот на новинарите или на уредниците.

Од друга страна, правната фела и адвокатите упатуваат дека губењето на угледот и честа, може да предизвика загуба на материјалната егзистенција, или да доведе до развод, или во екстремни случаи и до смрт или сериозно нарушување на здравјето на оклеветениот или член на неговото најблиско семејство. Па тие прашуваат која е цената на загубата на се‘ ова?!

Всушност, ова повлекува размислување во доста насоки. Едно, секако дека во име на правдата фер е да не бидат изземени од одговорност новинарите, бидејќи секој граѓанин би одговарал правно за клевета на друг, ама поради специфичноста на професијава, клеветата на еден новинар е со далеку покатастрофални последици од онаа меѓу двајца соседи. Друго, морам да напоменам дека и ми е донекаде мило што оние новинари-лешинари, кои се крајно бескрупулозни и безобразни, ќе размислат во ваков случај, барем уште еднаш, пред да делуваат во нивни стил. Трето, не сакам да шпекулирам, ама се ми се чини дека пак ќе бидат казнувани ситните ешалони на новинарството, оние кои заедно со лаптопот ,,чинат,, 300 евра, а ,,непристрасната новинарска елита,, ќе биде поштедена. Четврто, во споровите меѓу јавна и позната личност и т.н. ,,(по)ситна риба,, голема е шансата таа јавна личност да го добие спорот и наклонетоста на судот, иако новинарот сепак бил во право и клеветата всушност била чиста вистина. Петто, мислам дека висината на казната треба да се формира на реално ниво, а овие казни се чинат превисоки.

Долги години и онака сме скептици кон поимот независен новинар и новинарство, шамански се обидуваме меѓу двата обоени новинарски табори, да ги прочитаме меѓу редови фактите, а да ги отфрлиме наведувањата. Меѓутоа, прашањето е дали сме на пат кон ера на уште поголем информационен мрак и молк, бидејќи од толку претпазливото ,,прочистување,, на информациите, ќе изостане правата информативна вредност на медиумите.

Еве ги линковите, од каде користев дел од податоците

http://www.time.mk/read/f7256871b5/c2f9836244/index.html

http://www.plusinfo.mk/vest/39269/Goran-Mihajlovski-So-predvidenite-kazni-kje-gi-zamenat-novinarite-so-daktilografki

Ме интересираат вашите размислувања, околу висината на казните и поглавното, дали е ова чекор напред кон поголем медиумски молк или чекор напред кон посовесно новинарство?
Дефинитивно кон молк. Посовесно новинарство кај не постоело и за сега нема ни да постои, за жал,
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Објективност НЕ може да постои, според мене, никогаш и никаде не постоела. Ама може да постои известување без ИЗМИСЛУВАЊЕ и ДОДАВАЊЕ на информации и изјави.
 
I

Iblis

Гостин
Објективност НЕ може да постои, според мене, никогаш и никаде не постоела. Ама може да постои известување без ИЗМИСЛУВАЊЕ и ДОДАВАЊЕ на информации и изјави.
Која е разликата меѓу објективноста и ова ти што го тврдиш?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Мислиш дека на владата и дошло до тие глупости? Друга е играта, се плашам да не има селективност.
Ти лафеше реалност за мене која не ми прилегаше -- Ќорка
Ти лафеше за него „шпекулации“ -- Ако му е

ехеееее дежа ву
абе тоа јасно, затоа потенцирав "во оваа држава"
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Зависи како се гледаат работите, јас на пр. сум политички неутрален и според мене(напишав и погоре) во МКД нема воопшто објективни новинари и објективно новинарство, ниту пак има објективни весници, магазини, телевизии(освен нешто во последно време 24ч) секоја чест за дечките од 24ч навистина горе-доле реална ТВ и само нејзе ја следам(вести 24ч), а Латаси-Матаси ЈОК !
Е сега за про-владините членови и симпатизери про-владините телевизии, весници, новинари важат за најобјективни, додека пак за про-опозициските членови и симпатизери про-опозициските медиуми, весници, новинари важат за најобјективни, но пак ќе повторам тоа не е објективност, со едното око замижи, а со другото гледај(ова важи и за двете страни) !
За мене исто(необјективни) се и една А1(екс) и еден Сител/Канал5/МТВ ....... за мене потполно исто(необјективни) се и еден Латас, Ивона, Миленко, Јанко, Томиќ и еден Чадиковски, Борјан, Секуловска, Бишевац, Ленче и.т.н. се се тоа купени луѓе, а каде има купи-продај-новинарство таму објективност не постои и нема да постои, се додека новинарите не се ослободат од партиските стеги во Македонија нема да има објективно новинарство !
П.С. Незнам дали на некое друго место во светот го има тоа, до вчера си бил новинар/уредник/водител во некоја ТВ-куќа и поради тоа што си и бил верен и си лаел за некоја партија, како награда те ставаат на пратеничка листа и те седнуваат на собраниска(пратеничка)фотеља(Ленче и Сафет Б.) а исто така незнам дали на некое друго место во светот до толку се фали владата и нејзината работа(демек се месии и ангели спуштени од небесата) - Шител ! :tapp:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Која е разликата меѓу објективноста и ова ти што го тврдиш?
Разликата што, иако може да се направи спин на муабетот односно да се накити или одземе убавината на напишаното, информациите во самиот текст да не се измислени, туку навистина да се случиле.
На пример, Петко и Борче се расправаат и настанува тепачка. Весникот А го опишува настанот низ призмата на Борче, весникот Б го опишува настанот низ призмата на Петко, ама во суштина настанот е опишан како што бил. Се начукале, си удриле два бокса, може само прашањето ЗОШТО да биде одговорено различно. Ама нема додавање на информации што никогаш не се случиле и сл. Разбираш разлика?
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Како може да барате објективен медиум и објективен новинар. Јас таков во светов не познавам. Секој медиум и секој новинар си фаќа страна. Каде на газдата му е интересот таму кон таа страна ќе му пишуваат и новинарите. Казни нека има, неможе секој да биде новинар. Оние кои немаат знаење и се незналици пробуваат да го креваат рејтингот на весникот, телевизијата или порталот со жолта штампа, измислици, клевети кои не се поткрепени со докази, како некој си Перо директорот бил виден со некоја добра риба плавуша во дебар маало на ручек. Мизерии.

Борбата нека си ја водат кај оние газди на медиуми на кои не смеат да им писнат и им ја убиваат слободата на говор и изразување. Односно им нарачуваат текстови од корист на некого.
 
I

Iblis

Гостин
Разликата што, иако може да се направи спин на муабетот односно да се накити или одземе убавината на напишаното, информациите во самиот текст да не се измислени, туку навистина да се случиле.
На пример, Петко и Борче се расправаат и настанува тепачка. Весникот А го опишува настанот низ призмата на Борче, весникот Б го опишува настанот низ призмата на Петко, ама во суштина настанот е опишан како што бил. Се начукале, си удриле два бокса, може само прашањето ЗОШТО да биде одговорено различно. Ама нема додавање на информации што никогаш не се случиле и сл. Разбираш разлика?
Ова е она што го имаме и денес и е крајно проблематично бидејќи :1) Верзијата на Борче и Петко,во примеров, ќе е крајно субјективна, за Борче, Петко секогаш ќе е виновен, оној кој го започнал актот, употребил непотребно сила и vice versа; 2) Доколку е медиумот или известувачот е близок до еден од учесниците, повторно веста ќе биде субјективно пренесена. Она "зошто" настанал актот е најчесто пресудно кога судиме за истиот.
Објективноста е дефинирана како пресуда базирана на набљудувани феномени врз која не влијаат емоции и лични предрасуди.
Се согласувам, објективноста е речиси неостварлива кога станува збор за луѓе, без разлика за која странка станува збор, ама објаснувањето она "зошто" треба да се избегнува, само проверените информации да се пласираат на јавноста.
 
S

Sagan

Гостин
Ова е предлог-закон кој целосно го поддржувам.

Се надевам на уште поголеми глоби за новинарите и уредниците кои дозволиле во нивен весник или друг медиум да се пушти информација со која не е испочитувана уставно-загарантираната презумпција на невиност и кога новинарите за едно приведено или осомничено лице пишуваат сензационалистички, како да читале правосилна пресуда (некористење на изрази како „полицијата го сомничи дека“, „заради сомневање дека“, „според обвинението“ и сл.)
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.672
Поени од реакции
21.775
Замислете оној месарон уствари да ти имал уствари привремена тетоважа и да ми ти сечел со нож 10 грама пршута во 100 парчиња. Затоа под итно тендер за серум истине и полиграфи такозвани лај детектори. Пред да седнеш на тастатурата како превентива ги добиваш и двете. Може и Жанета Кончишки да се викне како експерт на тоа поле и без нејзин амин да не се објавува ништо во медиумите. За да се избегнат казните мислам дека треба да се издава лиценца за лага и клевета. И тоа врз база на некој паушал. Пример по 1000 евра од новинар на година и добива лиценца да прави што сака. За новинарите метеоролози со оглед на зголемениот ризик од утка, таа да изнесува 1500, а за спортските новинари поради малиот ризик 500 евра. Да се отвори министерство или во најмала рака агенција за антиклевета пожелно пред изборите во кои ќе бидат вработени 2500 административци. Интернетот да не биде иземен. Со оглед на тоа што блогерите и статиите по порталите се зголемуваат секој граѓанин кој учествува во виртуелното пишување да извади лиценца од кај Иво Ивановски. Со оглед на тоа што се обични граѓани лиценцата да биде 50 евра а доколку се плати во рок од 8 дена да важи клаузулата 3 за 100 при што останатите 2 корисникот може да ги оттуѓи на 3-ти лица или да ги задржи за наредните 3 години. Судските органи да бидат задолжени за испитување на вистинитоста на клеветата. На пример доколку е посочено дека некој новинар или граѓанин објавил за некој друг дека криво моча и доколку оштетениот покрене тужба, ќе мора оштетениот да докаже со тоа што ќе треба да моча пред овластени лица од гореспоменатата агенција за антиклевета притоа истата постапка да биде проследена со видеозапис. Павле Драгановиќ по основ на посебни заслуги за новинарството во РМ да биде исклучен од законот. Специјални инспектори од инспекторатот при горенаведената агенција со помош на угледометар ќе го мерат оштетувањето. На пример пад на угледот од 1 венко да се казнува со 100 евра. Пад на угледот од 100 венковци односно сентивенко или 1 секула по метричка скала да се казнува со 10 000 евра и одземање на новинарската лиценца и автоматска депортација во ГЕМ клубот каде што партиципантите ќе бидат потурувани со катран и пердуви. Секоја година најсовесниот новинар да биде одликуван со Златен Миленко со која следува и ЛЦД телевизор и 1 свински бут (доколку е муслиман може да се компензира со јагнешки или јарешки) од градоначалникот Коце Трајановски на молитвениот ручек на Камениот Мост. За подобра информираност не е лоша и една кампања под мотото-Само пробај осмели се! каде што Мајк Зафировски ќе спика хау д комјунистс му ја клеветеле д фемили, и тие морале ту имигрејт каде што во Стејтс д ленд витаут клевета успеал да го ричнува неговиот фул потенцијал.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom