Висока температура во поткровје, решение?

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Се работи за дел од дуплекс стан кој требаше да е отворен со високи тавани, сега сакаме да го затвориме и изолираме. Да, треба да го покријам со осб табли за да може да биде на исто ниво со плочата, тоа ќе биде место плоча ќе се оди по тоа. Под профили мислев на железната конструкција над која треба да се постави иверицата. Тоа ме интересираше што се користи за добра изолација, фала на одговорот! Исто зградата небеше завршена кога се вселивме и сеуште не е, треба да се изолира и покривот, сега е само лим и некоја фолија. После тоа се греди со 18 цм длабочина. Колку сметате дека е доволно да се направи добра изолација, и ако има некој поупатен дали знае колку би чинело отприлика. ( површината под кровот е околу 60м2) Според планот беше предвидено изолацијата да е 5 цм што е мислам премалце, а на кнауф и ројал инвест страната препорачана дебелина на изолација е околу 25 цм. Секое мислење е добредојдено.
Делот кој треба да стане плоча/под за одење, треба прво да се ,,изгради" со дрвена или метална конструкција (јас лично би одел со дрвена), врз него да се постават ОСБ таблите, одоздола да се исполни со најмалку 10цм минерална волна, да се стави парапропусна водонепропусна фолија, да се заковаат летви и се тоа да се затвори со гипскартон.

Делот кој ќе биде за газење, т.е. ОСБ таблите, треба прво да се изолираат (може, а и не мора) со парапропусна водонепропусна фолија, врз неа да се стави филц, па ламинат или ако се ставаат плочки, прво да се стави стиродур, па врз него да се лепат плочките.

Што се однесува до кровот, лоша ти е изолацијата. Лимот треба да лежи на летви и контралетви, под нив да ја има таа парапропусна водонепропусна фолија која ќе лежи на ОСБ табли или штици, а истите тие табли да лежат на гредите. Тој е распоредот одејќи од надвор кон внатре. Со истата парапропусна водонепропусна фолија се затвара и од внатре просторот помеѓу гредите ако не се поставуваат однадвор ОСБ табли/штици. Делот помеѓу гредите треба целосно да биде исполнет и во должина, ширина, висина/дебелина со минерална волна, па повторно се става парапропусна водонепропусна фолија, се коваат летви и се затвара со гипскартон.

Таа би била постапката. За цена и за поконкретна постапка најдобро е да викнеш мајстор. На лице место најдобро е да се процени што и колку треба, а цената зависи и од квалитетот на работната рака и од материјалите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom