Вирус на мајмунски сипаници

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.595
Поени од реакции
34.781
On July 18, 2022, Shapira said: “I am not anti-vaccine, I am anti-stupidity, anti-fake science, and anti-incompetent management.” (y)
Ova go citav vcera za majmunskite sipanici
Inaku ovoj e cenzuriran od twitter
 
Член од
16 ноември 2020
Мислења
826
Поени од реакции
1.909
Види го педерот...го фатила природната селекциjа.

Епа треба да се селектираме, да бегаме по далеко од педери.
Нема што да бегаме, они нека си се заразуваат преку нивното педерско клецањe.
 
Член од
22 јуни 2019
Мислења
816
Поени од реакции
1.296
Види го педерот...го фатила природната селекциjа.


Нема што да бегаме, они нека си се заразуваат преку нивното педерско клецањe.
Они нека се заразуват, него да не испадне и оваа вирусна инфекција како короната па да се заразува од човек на човек? Па луѓето ни криви ни должни да почнат да се заразуват од педерите и се тоа да се прошире..
 
Член од
16 ноември 2020
Мислења
826
Поени од реакции
1.909
Они нека се заразуват, него да не испадне и оваа вирусна инфекција како короната па да се заразува од човек на човек? Па луѓето ни криви ни должни да почнат да се заразуват од педерите и се тоа да се прошире..
Не даj Боже тоа да се случи.
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
19.807
Поени од реакции
15.728
On July 18, 2022, Shapira said: “I am not anti-vaccine, I am anti-stupidity, anti-fake science, and anti-incompetent management.” (y)
воа вирусот да не е нешто слично како Херпес што ги напаѓа старите. ама овој напаѓа друга група луѓе, со намален некој специфичен имунитет ??
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.595
Поени од реакции
34.781
воа вирусот да не е нешто слично како Херпес што ги напаѓа старите. ама овој напаѓа друга група луѓе, со намален некој специфичен имунитет ??
... вирус како вирус, зарем херпес ги напаѓа старите, спаднат имунитет причина да збувнат сите вирусни инфекции, но тоа не значи дека телото нема да се избори, но му треба време и наша соработка, новородените и децата според задолжителниот календар за вакцинирање примаат:

Screenshot 08-08-2022 23.22.45.png

Screenshot 08-08-2022 23.27.39.png

Активна имунизација против вирусот на мали сипаници

Задолжителна имунизација против вирусот на мали сипаници ако постојат епидемиолошки индикации се врши и кај деца на возраст од 6 до 12 месеци од животот, но тие повторно мора да се вакцинираат од 15 до 24 месечна возраст. На задолжителна имунизација против вирусот на мали сипаници подлежат и деца од навршени 15 месеци до 14 години од животот, кои се имунизирани против вирудот на мали сипаници, ако за тоа постојат епидемиолошки индикации (заболување на вакцинирани, епидемија со виеусор на мали сипаници кај деца од таа возраст), што ги утврдил надлежниот орган на државата и ако од претходната вакцинација против вирусот на мали сипаници поминало повеќе од една година.

Додека со искоренувањето на болеста од големите сипаници во 1980 година и последователниот прекин на вакцинацијата, вирусот на мајмунските сипаници станаа најважен „orthopox virus“ како ризик за јавното здравје.

и сега што вели Институтот за Јавно здравје:

„ Клиничката слика на болеста на мајмунски сипаници наликува на болеста на големи сипаници, слична ortopoxvirus-на инфекција која е искоренета. Вирусот на големите сипаници полесно се пренесувале и почесто биле фатални, бидејќи околу 30% од пациентите починале. Последниот случај на природно стекнати вирус на големи сипаници се случи во 1977 година, а во 1980 година, по глобалната кампања за вакцинација, беше прогласена дека е искоренета ширум светот.

Поминаа 40 или повеќе години откако сите земји ја прекинаа рутинската вакцинација против големи сипаници со вакцини базирани на vаccinia-вирус. Со оглед на тоа што вакцинацијата, исто така, штити од вирусот на мајмунски сипаници во Западна и Централна Африка, невакцинираните популации сега се исто така поподложни на инфекција со вирусот на мајмунски сипаници.

Додека вирусот на големите сипаници повеќе не се јавуваат природно, глобалниот здравствен сектор останува внимателен во случај повторно да се појави преку природни механизми, лабораториска незгода (хаварија) или намерно ослободување. За да се обезбеди глобална подготвеност во случај на повторно појавување на вирусот на големи сипаници, се развиваат понови вакцини, дијагностики и антивирусни агенси. Тие, исто така, сега може да се покажат корисни за превенција и контрола на вирусот на мајмунските сипаници.


„Вирусот на мајмунските сипаници првенствено се појавуваат во Централна и Западна Африка, често во близина на тропските дождовни шуми, но се повеќе се појавуваат и во урбаните области. Домаќини на заболувањето се животните и вклучуваат голем број глодари и примати.
  • Болеста на мајмунските сипаници се предизвикани од истоимениот “вирус на мајмунски сипаници”, припадник на родот на Orthopoxvirus од фамилијата Poxviridae.
  • Болеста мајмунските сипаници се вирусна зоонозна болест која се јавува првенствено во областите на тропските прашуми во Централна и Западна Африка и повремено се пренесува во други региони.
  • Болеста на мајмунските сипаници сe манифестираат клинички типично, со треска, исип и отечени лимфни јазли и може да доведе до низа медицински компликации.
  • Болеста на мајмунските сипаници обично се самоограничувачка болест, со симптоми кои траат од 2 до 4 недели. Може да се манифестираат и со тешка клиничка форма. Во последно време, смртноста е околу 3-6%.
  • Вирусот на мајмунските сипаници се пренесуваат на луѓето преку близок контакт со заразено лице или животно или со предмети контаминирани со вирусот.
  • Вирусот на мајмунски сипаници се пренесува од едно на друго лице преку близок контакт со оштетена кожа, слузокожа, телесни течности, респираторни капки и контаминирани материјали како што е постелнината.
  • Клиничката презентација на болеста на мајмунските сипаници наликува на големи сипаници, инфекција која беше прогласена за искоренета ширум светот во 1980 година.
  • Вакцините користени за време на програмата за искоренување на вирусот на големите сипаници, исто така, обезбедуваат заштита од вирусот на мајмунски сипаници. Развиени се и понови вакцини, од кои една е одобрена за превенција од вирусот на мајмунските сипаници.
  • Антивирусно средство кое претходно е развиено за третман на болеста на големите сипаници, исто така е лиценцирано за третман и на вирусот на мајмунските сипаници.

Вирусот на мајмунските сипаници е обвиен двоверижен ДНК вирус кој припаѓа на родот Orthopoxvirus од фамилијата Poxviridae. Постојат две различни генетски линии на вирусот на мајмунски сипаници – централно-африканска (Конго) и западно-африканска. Централно-африканската линија историски предизвикува потешка болест и се смета дека е повеќе пренослива.
Различни животински видови се идентификувани како домаќини на вирусот на мајмунски сипаници (верверички, гамбиски стаорци, глувци, примати и други видови). Останува неизвесноста за природната историја на вирусот на мајмунски сипаници и потребни се дополнителни студии за да се идентификува точниот резервоар и начинот како се одржува циркулацијата на вирусот во природата.

Вирусот на мајмунска сипаница кај луѓе за прв пат била идентификувана во 1970 година во Демократска Република Конго кај 9-годишно момче во регион каде што големите сипаници биле елиминирани во 1968 година. Оттогаш, повеќето случаи се пријавени во руралните, дождовни шуми на Сливот на Конго, особено во Демократска Република Конго, а случаи на луѓе сè повеќе се пријавуваат од цела Централна и Западна Африка.

Од 1970 година, случаи на болеста на мајмунски сипаници се пријавени во 11 африкански земји – Бенин, Камерун, Централноафриканска Република, Демократска Република Конго, Габон, Брегот на Слоновата Коска, Либерија, Нигерија, Република Конго, Сиера Леоне и Јужен Судан. Вистинскиот товар за здравствениот систем од вирусот на мајмунска сипаница не е познат. На пример, во 1996-1997 година, беше пријавена епидемија во Демократска Република Конго со помала смртност и повисока инциденца од вообичаеното.
Откриена е истовремена епидемија на овчи сипаници (предизвикана од вирусот на варичела, кој не е orthopoxvirus) и вирусот на мајмунски сипаници што може да ги објасни реалните или очигледните промени во динамиката на преносот во овој случај.

Во 2017 година, Нигерија регистрира голема епидемија, со над 500 сомнителни случаи и над 200 потврдени случаи, со смртност од околу 3%. Случаи продолжуваат да се пријавуваат до денеска.
Вирусот на мајмунските сипаници се болест од глобално значење за јавното здравје бидејќи ги погодува не само земјите во Западна и Централна Африка, туку и остатокот од светот.

Во 2003 година, првата епидемија на вирусот на мајмунски сипаници надвор од Африка се случи во Соединетите Американски Држави и беше поврзана со контакт со заразени миленичиња од прериските кучиња. Овие миленичиња биле сместени заедно со гамбиски стаорци кои биле увезени во земјата од Гана. Оваа епидемија доведе до над 70 случаи на болеста на мајмунски сипаници во САД.

Болеста на мајмунските сипаници е пријавена и кај патници од Нигерија во Израел во септември 2018 година, во Обединетото Кралство во септември 2018 година, декември 2019 година, мај 2021 година и мај 2022 година, во Сингапур во мај 2019 година и во Соединетите Американски Држави во јули и ноември 2021 година. Во мај 2022 година, беа идентификувани повеќе случаи на вирусот на мајмунски сипаници во неколку неендемични земји.
Во моментов се водат студии за понатамошно разбирање на епидемиологијата, изворите на инфекции и патиштата на пренос.

Заклучно со 21.05.2022, вкупно 92 лабораториски потврдени случаи и 28 сомнителни случаи на вирусот на мајмунски сипаници се пријавени до СЗО, од 12 земји-членки кои не се ендемични за вирусот на мајмунски сипаници, во три региони на СЗО. Досега не е регистриран смртен случај.

monkeypox.jpg

Преносот од животно на човек може да се случи преку директен контакт со крв, телесни течности или кожни или слузокожни лезии кај заразените животни. Во Африка, докази за инфекција со вирусот на мајмунска сипаница се пронајдени кај многу животни, вклучувајќи верверички, гамбиски стаорци, глувци, различни видови мајмуни и други. Природниот резервоар на мајмунски сипаници сè уште не е идентификуван, иако најверојатно тоа се глодарите. Консумирање на несоодветно зготвено месо и други животински производи од заразени животни е можен фактор на ризик. Луѓето кои живеат во или во близина на шумски области може да имаат индиректна или ниска изложеност на заразени животни.

Преносот од човек на човек може да настане при близок контакт со респираторни секрети, оштетувања на кожата на заразено лице или неодамна контаминирани предмети. Преносот преку респираторни честички обично бара продолжен контакт лице в лице, што ги става здравствените работници, членовите на домаќинството и другите блиски контакти на активни случаи во поголем ризик. Сепак, најдолгиот документиран синџир на пренос во заедницата се зголеми во последниве години од шест на девет последователни инфекции од човек на човек. Ова може да го одрази опаѓањето на имунитетот во сите заедници, поради прекинот на вакцинација против вирусот на големите сипаници. Преносот може да се случи и преку плацентата од мајка на плод (што може да доведе до појава на вродени вируси на мајмунски сипаници) или за време на близок контакт за време и по раѓањето.
Додека блискиот физички контакт е добро познат фактор на ризик за пренесување, во моментов не е јасно дали вирусот на мајмунските сипаници може да се пренесат конкретно преку сексуални патишта на пренос. Потребни се студии за подобро да се разбере овој ризик.

Периодот на инкубација (интервал од инфекција до почетокот на симптомите) на мајмунска сипаница е обично од 6 до 13 дена, но може да се движи во интервал од 5 до 21 ден.

Инфекцијата може да се подели на два периоди:

  • Периодот на инвазија (трае помеѓу 0-5 дена) кој се карактеризира со треска, интензивна главоболка, лимфаденопатија (отекување на лимфните јазли), болки во грбот, миалгија (болки во мускулите) и интензивна астенија (замор, недостиг на енергија).
Лимфаденопатија е карактеристична за вирусот на мајмунските сипаници и ги разликува од другите болести кои првично може да изгледаат слично (вирус на овчи сипаници, вирус на мали сипаници, вирус на големи сипаници);
  • Ерупцијата на кожата обично започнува во рок од 1-3 дена по појавата на треската. Исипот има тенденција да биде повеќе концентриран на лицето и екстремитетите отколку на трупот. Го зафаќа лицето (во 95% од случаите) и дланките на рацете и стапалата (во 75% од случаите). Засегнати се и оралните мукозни мембрани (во 70% од случаите), гениталиите (30%) и конјунктивите (20%), како и рожницата. Исипот еволуира последователно од макули (лезии со рамна основа) до папули (малку подигнати цврсти лезии), везикули (лезии исполнети со чиста течност), пустули (лезии исполнети со жолтеникава течност) и кора кои се сушат и паѓаат. Бројот на лезии варира од неколку до неколку илјади. Во тешки случаи, лезиите може да се спојат додека не се отстранат големи делови од кожата.

Болеста мајмунските сипаници обично се самоограничувачка болест, со симптоми кои траат од 2 до 4 недели. Тешките случаи се јавуваат почесто кај децата и се поврзани со степенот на изложеност на вирусот, здравствената состојба на детето и природата на компликациите.

Основните имунолошки недостатоци може да доведат до полош исход.
Иако вакцинацијата против вирусот на големи сипаници даваше заштита во минатото, денес лицата помлади од 40-50 години (во зависност од земјата) може да бидат поподложни на вирусот на мајмунски сипаници поради престанокот на кампањите за вакцинација против големи сипаници на глобално ниво, по искоренувањето на болеста.
Компликациите од вирусот на мајмунските сипаници вклучуваат секундарни инфекции, бронхопневмонија, сепса, енцефалитис и инфекција на рожницата на окото со последователно губење на видот. Степенот до кој може да се појави асимптоматска инфекција е непознат.

Смртност од мајмунски сипаници историски се движел од 0 до 11% во општата популација и бил поголем кај малите деца. Во последно време, стапката на смртност е околу 3-6%.

Дијагноза

Клиничката диференцијална дијагноза која мора да се земе предвид вклучува други болести со исип, како што се вирус на овчи сипаници, вирус на мали сипаници, бактериски инфекции на кожата, шуга, сифилис и алергии поврзани со лекови. Лимфаденопатија за време на продромалниот стадиум на болеста може да биде клиничка карактеристика за разликување на вирус на мајмуни сипаници од вирус на овчи сипаници или вирус на големи сипаници.

Ако постои сомневање за болеста на мајмунски сипаници, здравствените работници треба да соберат соодветен примерок и безбедно да го транспортираат во лабораторија со капацитет за ваков вид тестирање. Потврдата за вирусот на мајмунски сипаници зависи од видот и квалитетот на примерокот и видот на лабораторискиот тест. Примероците треба да се пакуваат и испраќаат во согласност со националните и меѓународните барања за начин на пакување и транспорт на инфективен маттеријал.

Полимеразна верижна реакција (PCR) е префериран лабораториски тест со оглед на нејзината точност и чувствителност. Оптимални дијагностички примероци за вирусот на мајмунски сипаници се примероци од кожни лезии – кората или течност од везикули и пустули, и крусти. Примероците од лезијата мора да се чуваат во сува, стерилна туба (без медиум за транспорт на вируси) и да се чуваат на ладно. PCR тестовите на крв обично се неубедливи поради краткото времетраење на виремија во однос на времето на собирање примероци по почетокот на симптомите и не треба рутински да се собираат од пациентите.

Бидејќи ortopoxvirus-ите се серолошки вкрстено-реактивни, методите за откривање на антигени и антитела не обезбедуваат специфична потврда за вирусот на мајмунските сипаници. Затоа, серологијата и методите за откривање на антиген не се препорачуваат за дијагноза или испитување на случај, каде ресурсите се ограничени. Дополнително, неодамнешната или поранешна вакцинација со вакцина која е базирана на vаccinia-вирус (на пр., секој вакциниран пред искоренувањето на вирусот на големите сипаници, или неодамна вакциниран поради поголем ризик како што е персоналот во лабораторијата за ortopoxvirus) може да доведе до лажни позитивни резултати.

Со цел да се интерпретираат резултатите од тестот, од клучно значење е да се обезбедат информации за пациентот со примероците, вклучувајќи: а) датум на појава на треска, б) датум на појава на исип, в) датум на собирање на примерокот, г) моментален статус на поединецот (фаза на исип) и д) возраст.

Терапија

Клиничката нега за болеста на мајмунски сипаници e од исклучителна важност и треба да биде целосно оптимизирана со цел да се ублажат симптомите, да се справи со компликациите и да се спречат долгорочни последици. На пациентите треба да им се понудат течности и храна за да се одржи соодветен нутритивен статус. Секундарните бактериски инфекции треба да се третираат.

Антивирусен агенс познат како tecovirimat кој беше развиен за лекување на боелста на големи сипаници, беше лиценциран од Европската медицинска асоцијација (EMA) за болеста на мајмунски сипаници во 2022 година, врз основа на податоци од студии на животни и луѓе. Сè уште не е широко достапен.

Ако се користи за терапија на пациенти, употребата на tecovirimat треба да се следи, во контекст на клиничко истражување со проспективно собирање податоци.

Вакцинација

Преку неколку опсервациони студии, докажано е дека вакцинацијата против болеста на големи сипаници е околу 85% ефикасна во спречувањето на вирусот на мајмунските сипаници. Претходна вакцинација против болеста на големи сипаници може да резултира со полесна клиничка слика при заразување со вирусот на мајмунски сипаници. Доказите за претходна вакцинација против вирусот на големи сипаници обично може да се најдат во вид на лузна на надлактицата. Во моментов, оригиналните (првата генерација) вакцини против вирусот на големи сипаници повеќе не се достапни за пошироката јавност. Некои здравствени работници или лабораториски персонал можеби примиле понова вакцина против вирусот на големи сипаници, за да ги заштити во случај на изложеност на ortopoxvirus-и на работното место.

Една понова вакцина, заснована на модифициран атенуиран вирус на vаccinia-вирус (вирус Анкара) беше одобрена за превенција од вирусот на мајмунски сипаници во 2019 година. Ова е вакцина со две дози за која достапноста останува ограничена. Вакцините против вирусот на големи сипаници и вирусот на мајмунски сипаници се развиени во формулации засновани на вирусот vаccinia-вирус и овозможуваат имунолошки одговор поради вкрстена реакција на ortopoxvirus-ите....“
 
Последно уредено:
Член од
3 јуни 2018
Мислења
308
Поени од реакции
134
Втф што е ова сега и мајмунски вирус....ццц
Btw што бидна со корона вирусот не сум во тек или се исчисти
 
Член од
16 ноември 2020
Мислења
826
Поени од реакции
1.909
Втф што е ова сега и мајмунски вирус....ццц
Btw што бидна со корона вирусот не сум во тек или се исчисти
Короната е на одмор во Миконос. Разбрала дека има многу педери таму, па да се запознае со маjмунскиот вирус. Има обjава на своjот Twitter профил и кажува дека ќе се врати на есен.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.964
Поени од реакции
14.714
Втф што е ова сега и мајмунски вирус....ццц
Btw што бидна со корона вирусот не сум во тек или се исчисти
Неофицијално го добивме првиот...и тоа од моето Кичево...:vozbud:
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.807
Поени од реакции
15.728
Неофицијално го добивме првиот...и тоа од моето Кичево...:vozbud:
ПРПА :icon_mrgr:
Кичевската брза помош одбила да го пренесе, па тој со сопствено возило се упатил кон клиниката во Скопје.

Не кажуваат од каде е УВЕЗЕН, да не бил на одмор на Миконос:cool:
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.283
Поени од реакции
45.747

Kajgana Shop

На врв Bottom