Виртуелен читачки клуб (март: „Дипломец“ - Чарлс Веб)

Дали би учествувале во виртуелен читачки клуб?


  • Вкупно гласачи
    110
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Што се случи со темава? Има ли шанси повторно да се актуелизира читачкиов клуб? :)
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Дајте книга за читање де @мартини, @Velvet She, и ете ќе се актуелизира.
Јас не учествувам бтв, не ме бројте.
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Мене лично ми се допаѓа и „Авантурите на Хаклбери Фин“ - читана ми е, додуша одамна и ќе треба пак да ја разлистам :)

Ако смеам да бидам малку себична, ја предлагам „Мадам Бовари“ или „Госпоѓа Бовари“ од Густав Флобер затоа што само што почнав да ја читам :)

Мислам дека релативно лесно може да се најде по библиотекиве, интересна тема има и би можело да се развие дискусија.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Колку време ќе имаме за читање?
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Колку време ќе имаме за читање?

Првичната идеја беше да се одвојат 10 до 15 дена за книга. Според Goodreads и двете книги кои моментално се предложени се блиску по број на страници, околу 350, па мислам дека рокот е доволен. Уште останува да одлучиме која книга ќе ја читаме.

Бубамаро, што се однесува до мене и нормално ако сакаш - ти можеш и да пресечеш во изборот, па и официјално да го обновиме виртуелниов читачки клуб уште вечерва :D
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Првичната идеја беше да се одвојат 10 до 15 дена за книга. Според Goodreads и двете книги кои моментално се предложени се блиску по број на страници, околу 350, па мислам дека рокот е доволен. Уште останува да одлучиме која книга ќе ја читаме.

Бубамаро, што се однесува до мене и нормално ако сакаш - ти можеш и да пресечеш во изборот, па и официјално да го обновиме виртуелниов читачки клуб уште вечерва :D
Не знам дали ќе можам во наредните 15 дена да прочитам било која од овие две книги. Само сакав да знам колку време имаме за читање. Ама ако треба да сечам, нека биде твојот избор, таа книга не ми е читана. Ќе ве дружам некој нареден пат со читањево, сега едноставно немам време...
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
А место вака, да се подизмени замислата и да биде како у музика подфорумот нешто као писател на тапет или книга на тапет, па кој го/ја има читано да коментира и да се создаде дискусија?
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
А место вака, да се подизмени замислата и да биде како у музика подфорумот нешто као писател на тапет или книга на тапет, па кој го/ја има читано да коментира и да се создаде дискусија?
Има тема Писател на тапет. А оваа тема е нешто слично како книга на тапет, само што има поинаков наслов. Обично членовите предлагаат кое дело да биде следно за читање, но темите замреа заради слаб интерес.

Во обид да ја живнеме темата ете следна нека биде „Госпоѓа Бовари“ погоре предложена од @Velvet She.
 
Член од
14 декември 2011
Мислења
96
Поени од реакции
115
И до кога трае рокот со Госпоѓа Бовари? Јас денес почнав да ја читам па да знам дали ќе може да се вклучам во дискусија или ќе задоцнам? Бидејќи беше предложена на четврти март, а на четврти април е повторно предложено. Значи до 19-ти важи? тамам одмор за Велигден и потоа почнуавме со нова книга ;)
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
И до кога трае рокот со Госпоѓа Бовари? Јас денес почнав да ја читам па да знам дали ќе може да се вклучам во дискусија или ќе задоцнам? Бидејќи беше предложена на четврти март, а на четврти април е повторно предложено. Значи до 19-ти важи? тамам одмор за Велигден и потоа почнуавме со нова книга ;)
Нема да се ограничуваме, кога ќе се исцрпи дискусијата ќе зададеме ново дело. :)
 
Член од
14 декември 2011
Мислења
96
Поени од реакции
115
Денес ја дочитав „Госпоѓа Бовари“ и... Или е до мене, односно сум презаситена од оваа тематика или пораснав па не ми e повеќе интересна :) но... Не знам зошто, книгата ме потсеќа на „Оркански височини“ , иако одамна ја имам читано и не се сеќавам на се’. Воглавно се работи за животот на госпоѓа Бовари, логично, која никако не може да го најде убавото во животот или задоволството од она што го има. Секогаш бара нешто ново, поинакво, посилно, поубаво. Се мажи млада за човек кој ја сака и и’ верува безрезервно до крај без разлика на се’. Толку е заслепен од таа љубов што воопшто не гледа што се случува околу него, во неговиот брак, со неговата жена. Таа раѓа ќерка, па наоѓа еден љубовник со кој ќе се презаситат и ќе се разделат по што таа полудува, па наоѓа утеха во друг и пак истото. Со двајцата сонува за друг живот, на друго место, далеку од сите познати луѓе. Тоа никогаш не се случува. Госпоѓата запаѓа во големи долгови, полудува и.. умира на, според мене, глупав начин. Изгледа дека само додека била во училиштето кај калуѓерките го наоѓала спокојството со самата себе и со останатиот свет. Според мене добро ќе и’ беше да си зминеше во манастир за доброто на сите но... Густав Флобер не мислел така :) За крај - толку имам читано пофалби и предлози за книгава, но за мене не беше ништо посебно. Чекам друго мислење, до мене е или до книгата? :)
 
Член од
14 декември 2011
Мислења
96
Поени од реакции
115
Во моментов ја читам „Дневникот на хулиганот“ од Сашо Димоски (денес ќе ја дочитам;) ) Знам дека е нова и дека, не знам, се наоѓа по библиотеки? Книгата според мене е преубава. Воглавно пишува за љубовта. Нема реченица во која не се пронаоѓам. Би сакала ако може следна да е таа на листата за... па да видам дали само јас се пронаоѓам или книгата навистина е универзална и севременска?
 
Член од
26 јануари 2010
Мислења
8
Поени од реакции
11
Мене ме интересира дали би имало кворум за вистински Book club, да може човек со човек да седне на едно кафе, или добро винце и да се дискутира некоја книга. Еднаш месечно да си менуваме 'домаќин' - кој бира наслов, организира собирање и слични активности... Доста ми е од вирутелни клубови и групи :)

п.с. Не сум некој голем читател, а сакам да читам, и ми треба некоја ваква мотивација да си читам наместо да дремам по социјални мрежи и форуми :/
 

Kajgana Shop

На врв Bottom