Виртуелен читачки клуб (март: „Дипломец“ - Чарлс Веб)

Дали би учествувале во виртуелен читачки клуб?


  • Вкупно гласачи
    110
Член од
13 април 2021
Мислења
3.105
Поени од реакции
10.393
И јас би пробала да учевствувам...доколку постои нешто вакво. Само не знам колку би успеала да се придржувам до темпото искрено. Значи, рачунајте ме со резерва ако може. Али би сакала да пробам!
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.444
Поени од реакции
5.441
И јас би учествувал, можиме да пробаме со 1 книга месечно
 
Член од
1 септември 2018
Мислења
248
Поени од реакции
642
Како да има доволно интерес за почеток а? 1 книга месечно е таман. Кој е надлежен нека ја стартува работава многу да не му ја мислиме.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Како да има доволно интерес за почеток а? 1 книга месечно е таман. Кој е надлежен нека ја стартува работава многу да не му ја мислиме.
Ми се допаѓа идејата да се започне со една книга месечно, се надевам дека и оние членови кои имаат поспецифичен вкус за читање ќе ни се придружат и ќе препорачаат некое интересно четиво. А најдобро е да се вклучи некој од модераторите за координација за препораките.

Од старт кажувам дека би читал сѐ. Кога можат оние во Филмскиот клуб да мешаат жанрови, можам и јас да помешам некој поспецифичен книжевен вкус. :noze:
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Ми се допаѓа идејата да се започне со една книга месечно, се надевам дека и оние членови кои имаат поспецифичен вкус за читање ќе ни се придружат и ќе препорачаат некое интересно четиво. А најдобро е да се вклучи некој од модераторите за координација за препораките.
Предложете книга кај мене во ПП и ќе ја поставиме за дискусија во јануари.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
I'm in. :D
Од прилика од кога би почнале?
Ако сте согласни за еднаш месечно да се менуваат книгите, може да почнеме сега во јануари како тест период. Сите што ќе дискутираат за книгата ќе ги вметнам во список и ќе може да предложат книга следните месеци, по ред како што пишале рецензија во темата. Некој сличен концепт ко во филмскиот клуб.

Ве замолувам само во ПП да ми предложувате конкретни наслови. :X3:
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Добив неколку предлози во порака. Се одлучив за „Храбар нов свет“ - Олдос Хаксли (Brave New World - Aldous Huxley).

Ќе може да се дискутира цел јануари. Од 1 февруари предложува тој што прв ќе отвори дискусија за книгата.
Некои издавачки куќи ја објавија под наслов „Убав нов свет“ (Магор) и секако може да се најде по нетов на англиски.

Станува збор за дистописки роман што го портретира општеството на поинаков начин од оној на којшто сме навикнале. На почеток малку тешко се вари поради фактите и научниот дел, но кога ќе навлезете во содржината нуди едно убаво искуство, еден свој, посебен „розов свет“.

Тие што веќе ја прочитале книгата секако може да пишуваат по сеќавање, но добро би било да се потсетите повторно за да имате свежи импресии.

Го прогласувам читачкиот клуб за отворен иииии време тече СЕГА!

:masa:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom