Виртуелен читачки клуб (март: „Дипломец“ - Чарлс Веб)

Дали би учествувале во виртуелен читачки клуб?


  • Вкупно гласачи
    110

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.702
Поени од реакции
22.065
За ќотек сум знам, иако не заборавив ни ден дека тука треба да пишам, а книгата ја прочитав во рокот. Како и да е нема оправдување.

Судбината на човекот е кратка но интересна книга од нобеловецот Михаил Шолохов. Мислам дека Луки рече дека книгата е и еден вид на пропаганда но мораме да земеме во предвид какво било времето во СССР. И Шолохов и Пастернак како единствени руски нобеловци во времето на Советскиот сојуз си имале проблеми со властите кога било известено дека ја добиле наградата.
Книгата започнува кога нараторот кој се обраќа во прво лице во книгата среќава еден човек по име Соколов кој оди во спротивен правец од својот. ДОдека нараторот чека другарот да ја помине реката тој се размуабетува со Соколов и Соколов почнува да му ја раскажува својата животна приказна.
Соколов прво бил дрводелец, потоа работел во задругата и на крај пред војната завршил како шофер на камион. За време на Втората Светска Војна Соколов е назначен да управува со воен камион. Тој ги остава жената и трите деца односно двете ќерки и синот, на самата разделба жената со претчуство се збогува со него велејќи му дека тоа е нивно последно видување. Претскажувањето се остварува, жената и двете ќерки загинуваат во бомбардирање, додека пак синот стапува во војска. При една од мисиите со својот камион, Соколов е заробен од германската војска при што е принуден како заробеник да аргатува за буквално парче леб и вода. Уште од старт има еден неуспешен обид за бегство. За време на целото заробеништво е подложен на постојано тепање од германските војници и при една пригода неговото име било споменато како следно за отстрел но тој успева кај надлежниот претпоставен германец во последен момент да му се допадне со цврстиот карактер и донекаде хуморот и тоа било спасоносно во последниот миг, германскиот функционер да му го поштеди животот. Подоцна станува личен возач на висок воен германски службеник работејќи во една малку полабава и не толку надгледувана средина. Соколов тоа го користи за да побегне кидпаирајќи го воениот службеник и преминувајќи од едната на другата страна на фронтот под куршумите од двете страни, од едната германците кои се освестиле дека се работи за обид за бегство, а од друга руските војници кој пукале на германското возило кое надоаѓало. За негова среќа тој негов налудничав потег го спасил. После тоа бил малку на рехабилитиација и стапил во контакт со синот кој одел со армијата на СССР накај Берлин. Во писмата, таткото и синот се договориле да се сретнат во Берлин но за да биде злата несреќа на Соколов комплетна, стигнало писмо дека неговиот син бил убиен во Берлин од германски снајпер. После трагичната смрт на жената и ќерките, оваа вест го дотолчила Соколов кој ментално и духовно се нашол на самото дно, и не сакајќи да се враќа во своето место тој ја прифаќа понудата на некој пријател од друго место и оди да живее таму. Во тоа место се врткало и некое дете сираче кое било без дом и родители. На детето му помгале кој колку можел давајќи му по малку храна и некогаш засолниште. Соколов одлучува дека е сурово и двајцата да страдаат и решава од две несреќи да направи заедничка среќа. Му пристапува на детето и првин го распрашува зошто е сирак и што се случило. Детето објаснило дека родителите му загинале во војната. Соколов тогаш на детето му рекло, поточно го излажало дека тој е неговиот татко кој не е бил мртов и дека долго време го барал Вања (детето) и ете конечно го нашол. Соколов одел на картата дека може да излаже бидејќи детето е премало да се сеќава како изгледал неговиот татко, а од друга страна не можел да му ја каже вистината дека само го посвојува затоа што сакал Вања да биде навистина среќен. Обидот му успева, Вања станува неизмерно среќен и од тогаш тој му е негов татко. Само понекогаш Вања го прашувал Соколов каде му е кожниот мантил. Соколов сетил дека како што и самиот тој кажува на крајот на книгата дека детскиот памет е како молња, ќе светне силно и жестоко и веднаш ќе се изгуби. Така и на малиот му останал тој кожен мантил од вистинскио му татко во паметење.

Книгата доловува неколу аспекти и пораки.

-Ужасите на војната, смртта, несреќата, злосторствата, ужасниот живот во заробеништво, стравот, очајот, разорната моќ.

-Профилот на обичниот граѓанин (класичен соц реалистички мотив). Обичниот човек и неговата зла судбина. Трагедиите, личните хорори, личните маки, сопстевните падови, губењето на се, трансформацијата од среќен човек во страдалник но и истрајноста, упорноста, непоколебливоста и конечната насока кон издигнување, наоѓањето смисла за продолжување со животот и зацврстувањето на човечкото битие.

-Опис на непријателот. Ова е делот што може да влезе под пропаганда. Начинот како Шолохов ги портретира германците, нивните карактери на крвници, садисти, мачители. Човек да ја замрази цела Германија од напишаното. За непријателот се најлошо, кога си на едната страна секако дека ќе си пристрасен.

-Завршната и најбитна порака е хуманоста. Во скоро цела книга се опишани трегдии, ужаси, хорор доживувања. Само на крајот Шолохов сака и завршува со хепиенд. Дека и покрај сите зли случувања, мачења и трагедии кои можат секого да доведат до нервен слом, хумаността, добродетелта, љубовта можат да се издигната над се и да триумфираат над злото. Со посвојувањето на малиот Вања, со тој доброчин Соколов успева да порасне пред сите удари што животот дотогаш му го сервирал.


Приказната за Соколов не е воопшто далеку од вистинита. И за време на Втората светска Војна па се до сега во светот има се случено премногу зло, па луѓето останувале цврсто на нога. Чисто да си знаете кога ќе плачете дека немате Ајфон, дека животот ви е многу стресен поради екстерното тестирање или дека ви раскинала девојката со која сте иделе дури 2 месеца колку сте во суштина смешни и патетични, колку сте само ова мемево.

 
L

Luki Junior

Гостин
Наредна, може Робинзон Крусо... Лесна, интересна, поучна за младите деца.. :)
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
По барање на Mary Poppins следна книга за читање е „Смрт во Венеција“ од Томас Ман.

Периодот за читање е до 10ти јуни.

Потсетување: Предлози за наредни дела кај мене во порака или на профил. :)
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.645
Поени од реакции
1.894
Ми се допаѓа идејата за читачки клуб, ама виртуелниот аспект и не баш. Во период сум кога сакам постепено да намалам на виртуелно дружење и генерално седење пред компјутер....

Но, некогаш, ако ми се допадне некој наслов може и да ви се приклучам.
 
Член од
3 септември 2012
Мислења
127
Поени од реакции
117
Може и јас да се вклучам во читачкиот клуб?
Се даваат предлози по некоја шема или може преку ред? :)
Ќе го замолам Sussaro ако може да поднесе подолга предлог -листа на неодредено. Пред некое време му го студирав профилот и освен што според мене е најпаметен член на форумов,а веројатно и пошироко, видов (што е сосем логично, нели) и дека има одличен вкус за книги.
 

%naked%

born to be wild
Член од
28 мај 2013
Мислења
550
Поени од реакции
1.480
Одлично. ..јас ке ве следам стално ..ќе ги читам книгите и ќе давам предлози, ама да давам мислење тешко. Не сум баш по пишувањето. Ако може така,тогаш и јас сум со вас
 
Член од
14 декември 2011
Мислења
96
Поени од реакции
115
Даааа!! Кога ќе можам ќе ви се приклучам. Но, морам да речам - БРАВО за иницијативата, лично ми требаше едно вакво друштво бидејќи немам некој со кој би можела сериозно да дебатирам на темата книга. А и кафе-дебатата не е лоша идеја, но сигурно сме од цела држава па малку ќе е тешко изводливо но ете од мене - драги битолчани (ако ве има).. да се обединиме :)) во некои подобри времиња :)
--- надополнето: 30 мај 2013 во 21:56 ---
За ќотек сум знам, иако не заборавив ни ден дека тука треба да пишам, а книгата ја прочитав во рокот. Како и да е нема оправдување.

Судбината на човекот е кратка но интересна книга од нобеловецот Михаил Шолохов. Мислам дека Луки рече дека книгата е и еден вид на пропаганда но мораме да земеме во предвид какво било времето во СССР. И Шолохов и Пастернак како единствени руски нобеловци во времето на Советскиот сојуз си имале проблеми со властите кога било известено дека ја добиле наградата.
Книгата започнува кога нараторот кој се обраќа во прво лице во книгата среќава еден човек по име Соколов кој оди во спротивен правец од својот. ДОдека нараторот чека другарот да ја помине реката тој се размуабетува со Соколов и Соколов почнува да му ја раскажува својата животна приказна.
Соколов прво бил дрводелец, потоа работел во задругата и на крај пред војната завршил како шофер на камион. За време на Втората Светска Војна Соколов е назначен да управува со воен камион. Тој ги остава жената и трите деца односно двете ќерки и синот, на самата разделба жената со претчуство се збогува со него велејќи му дека тоа е нивно последно видување. Претскажувањето се остварува, жената и двете ќерки загинуваат во бомбардирање, додека пак синот стапува во војска. При една од мисиите со својот камион, Соколов е заробен од германската војска при што е принуден како заробеник да аргатува за буквално парче леб и вода. Уште од старт има еден неуспешен обид за бегство. За време на целото заробеништво е подложен на постојано тепање од германските војници и при една пригода неговото име било споменато како следно за отстрел но тој успева кај надлежниот претпоставен германец во последен момент да му се допадне со цврстиот карактер и донекаде хуморот и тоа било спасоносно во последниот миг, германскиот функционер да му го поштеди животот. Подоцна станува личен возач на висок воен германски службеник работејќи во една малку полабава и не толку надгледувана средина. Соколов тоа го користи за да побегне кидпаирајќи го воениот службеник и преминувајќи од едната на другата страна на фронтот под куршумите од двете страни, од едната германците кои се освестиле дека се работи за обид за бегство, а од друга руските војници кој пукале на германското возило кое надоаѓало. За негова среќа тој негов налудничав потег го спасил. После тоа бил малку на рехабилитиација и стапил во контакт со синот кој одел со армијата на СССР накај Берлин. Во писмата, таткото и синот се договориле да се сретнат во Берлин но за да биде злата несреќа на Соколов комплетна, стигнало писмо дека неговиот син бил убиен во Берлин од германски снајпер. После трагичната смрт на жената и ќерките, оваа вест го дотолчила Соколов кој ментално и духовно се нашол на самото дно, и не сакајќи да се враќа во своето место тој ја прифаќа понудата на некој пријател од друго место и оди да живее таму. Во тоа место се врткало и некое дете сираче кое било без дом и родители. На детето му помгале кој колку можел давајќи му по малку храна и некогаш засолниште. Соколов одлучува дека е сурово и двајцата да страдаат и решава од две несреќи да направи заедничка среќа. Му пристапува на детето и првин го распрашува зошто е сирак и што се случило. Детето објаснило дека родителите му загинале во војната. Соколов тогаш на детето му рекло, поточно го излажало дека тој е неговиот татко кој не е бил мртов и дека долго време го барал Вања (детето) и ете конечно го нашол. Соколов одел на картата дека може да излаже бидејќи детето е премало да се сеќава како изгледал неговиот татко, а од друга страна не можел да му ја каже вистината дека само го посвојува затоа што сакал Вања да биде навистина среќен. Обидот му успева, Вања станува неизмерно среќен и од тогаш тој му е негов татко. Само понекогаш Вања го прашувал Соколов каде му е кожниот мантил. Соколов сетил дека како што и самиот тој кажува на крајот на книгата дека детскиот памет е како молња, ќе светне силно и жестоко и веднаш ќе се изгуби. Така и на малиот му останал тој кожен мантил од вистинскио му татко во паметење.

Книгата доловува неколу аспекти и пораки.

-Ужасите на војната, смртта, несреќата, злосторствата, ужасниот живот во заробеништво, стравот, очајот, разорната моќ.

-Профилот на обичниот граѓанин (класичен соц реалистички мотив). Обичниот човек и неговата зла судбина. Трагедиите, личните хорори, личните маки, сопстевните падови, губењето на се, трансформацијата од среќен човек во страдалник но и истрајноста, упорноста, непоколебливоста и конечната насока кон издигнување, наоѓањето смисла за продолжување со животот и зацврстувањето на човечкото битие.

-Опис на непријателот. Ова е делот што може да влезе под пропаганда. Начинот како Шолохов ги портретира германците, нивните карактери на крвници, садисти, мачители. Човек да ја замрази цела Германија од напишаното. За непријателот се најлошо, кога си на едната страна секако дека ќе си пристрасен.

-Завршната и најбитна порака е хуманоста. Во скоро цела книга се опишани трегдии, ужаси, хорор доживувања. Само на крајот Шолохов сака и завршува со хепиенд. Дека и покрај сите зли случувања, мачења и трагедии кои можат секого да доведат до нервен слом, хумаността, добродетелта, љубовта можат да се издигната над се и да триумфираат над злото. Со посвојувањето на малиот Вања, со тој доброчин Соколов успева да порасне пред сите удари што животот дотогаш му го сервирал.


Приказната за Соколов не е воопшто далеку од вистинита. И за време на Втората светска Војна па се до сега во светот има се случено премногу зло, па луѓето останувале цврсто на нога. Чисто да си знаете кога ќе плачете дека немате Ајфон, дека животот ви е многу стресен поради екстерното тестирање или дека ви раскинала девојката со која сте иделе дури 2 месеца колку сте во суштина смешни и патетични, колку сте само ова мемево.



Знам дека завршивте со оваа книга сепак да си прашам дали има филм за неа? Некако ова раскажување ме потсеќа на некои сцени од некој филм, ама врска немам кој. Или книгата ја има и во филм- верзија или одамна ја имам читано ама толку имам навлезено во неа што сум помислила дека гледам филм :)
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Знам дека завршивте со оваа книга сепак да си прашам дали има филм за неа? Некако ова раскажување ме потсеќа на некои сцени од некој филм, ама врска немам кој. Или книгата ја има и во филм- верзија или одамна ја имам читано ама толку имам навлезено во неа што сум помислила дека гледам филм :)
Да, има филм за книгава. :)

И да посочам, нема потреба да коментирате веќе за идејата дали е добра, дали ќе се вклучите или не, веќе се трудиме да ја реализираме па следните коментари нека бидат исклучиво за „Смрт во Венеција“, сè останато ќе биде избришано.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Потсетување дека од утре може да се пишуваат коментарите за „Смрт во Венеција“ на Томас Ман. :)
 
Член од
19 ноември 2012
Мислења
171
Поени од реакции
317
Ајде, ќе се обидам.. :)
Оваа година завршив средно и како што знаете, оваа е една од книгите за обработка во четврта година. Сепак, нашата професорка реши да ја прескокне образложувајќи дека е „сложена, компликувана, тешка за наша возраст“. Ова беше предизвик за мене :) Ја зедов во издание на Феникс. Првите неколку страни беа навистина тешки, онака за читање.

Густав фон Ашенбах, главниот лик во оваа новела е стар и успешен уметник, но сепак осамен и сеуште со немирен дух. Го посветил својот живот на интелектуалните достигнувања и внимателно ги контролира својот духовен и уметнички живот.

Што се случува кога тој ќе отиде на одмор во Венеција ?
Во Венеција, би можеле да кажеме дека потиснатото ’ Id ’ на Ашенбах излегува на површина. Потиснатата сексуалност и неговите нагони се разбудуваат кога тој го здогледува Таџо, 14 годишно момче кое престојува во Венеција заедно со својата фамилија. Иако тој е привлечен од момчето тој никогаш не му пристапува директно. Неговото обожавање ( љубов? похотност? естетско задоволство?) на младото момче е доста контроверзно. Затоа за некои оваа книга е ода на педофилијата.

Во меѓувреме, во Венеција се појавува епидемија, тоа станува јавна тајна, луѓето заминуваат оттаму, а се чувствува и реата на смртта во воздухот. Ашенбах, предаден на хедонизмот и декаденцијата, немоќен пред своите страсти и покрај сите предупредувања останува во Венеција само за да биде блиску до Таџо, да може да го гледа. Книгата завршува со смртта на Ашенбах на плажата во Венеција.

Оваа новела изобилува со грчки симболи, пасажи за Убавината, алузии кон Платон, неговите дијалози ( Федар ) и размислувања на авторот за уметноста. Долги реченици. Како главен контраст би ги посочил аполоновата прибраност ( на почетокот од новелата ) и дионизиската распуштеност која следува. Стилски малку ми беше заморна и не е една од оние книги на кои би се навратил некогаш подоцна, иако содржината може да се анализира одново и одново.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.683
Смрт во Венеција е реалистичен роман напишан од нобеловецот Томас Ман. Најмногу е обрнато внимание на психолошката состојба на ликот и на тие детални описи на природата кои се во функција на поттикнување асоцијација кај читателот. Авторот е познат по тоа што во сите негови дела внесува автобиографски елементи, а во овој случај, она што прво станува воочливо за читателот, а што воопшто не е предмет на анализа е склоноста кон хомосексуалноста на главниот лик.

Имено, во делото станува збор за еден писател (Густав Фон Ашенбах ) во поодминати години кој поради напорната работа, напнатоста, премореноста губи секаква инспирација за понатамошно пишување. Односно, после посветување на целиот свој живот на обврските и на творењето кај него се јавува стравот на уметникот-кој-нема-да-го-заврши-своето-дело. Поради ова се решава да си дозволи одмор и да отпатува на југ, односно Венеција каде што ќе остане до крајот на животот. Уште од самото негово пристигнување во Венеција му се случуваат чудни работи кои навестуваат дека ќе се случи нешто што нема да биде добро. Тие асоцијации се неговата прошетка покрај сандаците, црните гондоли во Венеција, мистериозниот гондолиер кој ќе го префрли до брегот и кога Ашенбах ќе го праша “Што барате за возењто?”, тој ќе му одговри “Вие ќе платите”,потоа старецот кој се преправа во младич и други такви слични детали кои не се случајно таму каде што се. Пресвртот во животот на писателот настанува кога го здогледува младото четиринаесетгодишно момче Таѓо. За Ашенбах ова момче е најсовршенота фигура што постои, односно во ликот на Таѓо е отелотворен богот на страста –Ерос од старогрчката митологија. Зошто? Затоа што според митологија и Ерос бил момче на возраст од 14-15год. А возраста укажува на тоа дека е во период кога не е ни дете ни маж. Исто така за боговите се верувало дека се многу убави, со цврсто градено тело и руса коса со кадрици – баш како што е опишан Таѓо. А подоцна ова естетското кое прво било забележано од Ашенбах ќе премине во еротско, еротски чувства на писателот кон младото момче. Она што цело време го мачи Ашенбах е тоа што не може да се помири дека нему – човекот кој целиот свој живот се стреми кон достоинството наеднаш му се случува љубовта и тоа во облик кој целосно се коси со неговите морални норми. Авторот на делото подоцна повторно ќе се повика на мудроста на старите грци односно на Платоновото дело “Федар” (дијалог меѓу Федар и Сократ), каде Сократ вели дека убавината односно сетилното е патот на уметникот кон духовното. А човек не може да биде мудар ако се ослонува само на сетилата. Затоа поетите не можат да бидат и мудри и достоинствени. Развратноста е таа што ги привлекува и кон која секогаш ќе се враќаат. За првпат во животот на Ашенбах победува сетилното и тоа го убива. (Свесен за колерата во градот, тој намерно останува затоа што во смртта го гледа единствениот спас.)


Значи она што јас го сфатив е дека Ашенбах никогаш не успеа да стане вистински уметник затоа што целиот свој живот живееше според норми и правила кои тој си ги имаше поставено и никогаш не ги погазуваше. Живееше според некоја шема за тоа како да се однесува и да пишува, а уметност не се создава на памет. И инспирацијата пред уметникот може да се појави во било каква форма (Во овој случај преку момчето Таѓо кое ја разбуди хомосексуалната страна на писателот). Не можејќи да го прифати тоа, тој умира.
 
Член од
3 мај 2011
Мислења
32
Поени од реакции
37
Касно палам јас многу но ова е многу интересен предлог, ајде да се активираме повеќе:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom