Виртуелен читачки клуб (март: „Дипломец“ - Чарлс Веб)

Дали би учествувале во виртуелен читачки клуб?


  • Вкупно гласачи
    110

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.615
Поени од реакции
21.324
Јас имам едно прашање само. Дали доколку ја најдеме книгата во електронско издание имаме право овде да го постираме линкот. Ќе ве разберам и ако е забрането, сепак ова е јавен форум, и треба да се заштити од пиратска содржина.
Ако е легално, тогаш не гледам зошто не би можел да стои линк. На пример колку што знам Проект Гутенберг е легална веб страна за е-книги http://www.gutenberg.org.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Јас пошто ја читам Тројцата мускетари, ургирам што побргу да ја ставите на тапет овде. Иначе како ќе бидам со време зависи, ама ми се допаѓа идејата и ќе гледам што повеќе да учествувам.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
Гласав за можеби, поради недостиг од време (читам стручна литература машинство, читам книги програмирање и дизајн) не можам да читам многу балетристика а сакам и сум љубител на пишаниот збор, ги пратам книгите и одвреме навреме си купувам книги за во мојата домашна библиотека...
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.615
Поени од реакции
21.324
Потсетување-Крајниот рок е утре. Книгата се чита за максимум 3 саата, убаво би било да направиме еден солиден почеток.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.683
Ајде ќе почнам јас.

Михаил Шолохов е претставник на рускиот реализам, а после „Тивкиот Дон”, долгиот расказ „Судбината на човекот” е негово најдобро остварување.
Причината најверојатно е потресната приказна и начинот на кој е раскажана, а е раскажана едноставно, односно е исповед на Андреј Соколов за неговиот живот.
Пред да биде мобилизиран за време на Втората светска војна, Андреј Соколов имал еден обичен живот. На свои 18-19 години за време на граѓанската војна се бори за Црвената армија, неговите родители умираат од глад, а тој се вработува во фабрика и го изучува браварскиот занает. Се жени со Ирина, сиромашна, мила, работлива девојка и имаат три деца. Живеат во една куќичка со две соби, тој се вработува како возач на камион и тоа им е сосема доволно на овие скромни и среќни луѓе. И потоа следува неговото мобилизирање кога тој треба да тргне на фронтот. Ќе ја цитирам разделбата меѓу него и Ирина:
Другите жени со мажите, со синовите, разговараат, а мојата се залепила за мене како лист на гранката и сета трепери, збор не може да изусти. Јас и' велам: Соземи се, моја мила Иринка! Кажи ми барем убав збор за разделба. Таа зборува, но трепери сета: Роден мој... Андјруша... нема да се видиме... јас и ти...повеќе..на овој... свет.
И подоцна кога Андреј ќе помине низ многу искушенија и маки на фронтот (бил заробен во германски логори со минимум храна, бескрајно истоштување, тортури...) и кога ќе успее да избега од логорот и да се врати кај своите, руските војници - ќе разбере дека врз неговата куќа паднала бомба и неговата жена и двете ќерки се мртви. Што навраќајќи се на цитатот горе Ирина на некој начин ја предвидела нејзината смрт.
Во овие моменти единствената надеж на Андреј е неговиот преживеан син. Но и таа радост трае кратко бидејќи непосредно пред завршувањето на војната тој загинува.
И по завршување на војната, кога сите започнуваат со нов живот, Андреј е тој кој нема каде да се врати. Нема покрив на главата и никој никаде не го чека да се врати. Тогаш го сретнува малото момче на патот и после неколку дена решава да му пристапи. Бидејќи тоа е сираче решава да го посини и му кажува дека тој е неговиот татко. Среќата на момченцето е бесцената во тој момент кога го нарекува тато и му се фрла во прегратка, го бакнува и плаче.

Со оглед на тоа се работи за војна, судбината на Андреј на некој начин е вообичаена. На луѓето им се случувале и полоши работи како убивање на татковци и синови меѓу себе и слично.
Но хуманистичката порака која треба да ја носи расказот е дека човекот и во такви моменти треба да најде длабока причина која ќе му ја врати радоста и смислата на животот.
Во случајот на Андреј, детенцето го симболизира тоа продолжување на животот по пустошот што го создава и остава зад себе војната. Детето е новата надеж, новата енергија што значи обновување на постоењето и смислата на животот.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Топла човечка приказна. Иако се гледа дека писанието треба да биде и пропагандна, тоа не е во прв план. Раскажувањето тече лесно, од неколку реченици се гледаат цели слики, цел еден живот и минат и сегашен.

Ќе продолжам вечерва.:)
 
L

Luki Junior

Гостин
Кратка книга, краток коментар од мене...
ЕПП за татковинската војна, за добрите Совети и лошите Германци.
Иначе шо разбрах јас откоа го оттргнах ЕПП-то

Војната го е испразнила и исцицала секоја човечка карактеристика од Соколов. На цело... И Вањушка е само ангел испратен од негде да го науче Соколов повторно да осеќа јад, тешкотии, да мразе, да сака, да плаче, да се смее, да споделува, да може да се осеќа како човек.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Што значи да се живее? Дали тоа значи да се биде богат, да се биде херој? Да се има власт и моќ?

Оградувајќи се од целата општествена ситуација во периодот кога Шолохов ја напишал „Судбината на човекот“ кај мене останаа единствено овие прашања, но и одговор на најважното од нив. Да се живее значи да се имаат блиски луѓе покрај себе, луѓе кои засекогаш ќе бидат тука. Кога ќе го изгубиш тоа ќе си бидеш странец на самиот себе, а ќе ти останат само спомените.

Потврдата за тоа дека јас СУМ ја добивам единствено гледајќи го ликот на ближниот до себе, моето постоење и моето присуство го потврдувам преку неговата Другост. Затоа Андреј Соколов и покрај сета трагедија може да се смета себеси за среќен човек, најпосле тој сепак ја откри смислата, вредноста и полезноста на неговиот живот.

За мене најтрагична беше разделбата со неговата жена Ирина.

„Другите жени со мажите, со синовите разговараат, а мојата се залепила за мене како лист на гранката и сета трепери, збор не може да изусти. Јас и` велам: „Соземи се, моја мила Иринка! Кажи ми барем убав збор на разделба“. Таа зборува, но трепери сета: „Роден мој... Андрјуша... нема да се видиме... јас и ти... повеќе.... на овој... свет“.

Ирина со овие зборови ја антиципира иднината што следи. Навистина тие нема повеќе да се видат, но не заради неговото одење во војна, ами заради нејзината смрт.

За иронијата да биде уште поголема, неговиот син умира, токму на денот пред да заврши војната.

Во ликот на младото момче Соколов ја гледа својата иднина, преку неговата Другост тој се пронаоѓа и себе, но и него го прави среќен. Впрочем, ми се наметна уште една дилема: Колку е правилно Соколов да го излаже малото момченце дека тој е неговиот татко, колку лагата може да биде добра макар била и привремена? Дали за да го направи среќно момчето, или пак заради потсвесната желба навистина да биде негов татко. А продолжувањето на лозата и фамилијата, па нели се тие најголемата смисла на живеењето?
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Неговата лага ме потсети на лагата на Калина Брашнарова од „Разбој“, кога ја излажува мајката на Стојан Дабовјански велејќи дека детето е на Стојан (кој е загинат).
Се’ добива нова смисла и ново значење. Благуна го отвора разбојот и става бел конец, да ткае пелени за бебето .Таа лага ќе им биде стреа на двете ластовици - мајката и несудената невеста Дабовјанска, која ќе каже: „Не била само вистината праведна.“

Воздишките
Во „Аникина времена “ на Андриќ има еден момент кога главниот лик (заборавив како се викаше) вели дека (парафразирам): Пушењето цигара е единствен начин човек да воздивне, а никој да не го забележи тоа...

И ова малото врапче Вањушка воздивнува... Една воздишка предизвикува ураган од чувства кај Андреј и тој одлучува да го посвои...

Никогаш нема да престане да ме восхитува неспознатливоста на состојките од кои сме направени...
 
Член од
19 ноември 2012
Мислења
171
Поени од реакции
317
Кога би го претпоставиле текот на настаните, со созревањето на Вања, би се открила и вистината. Но, во овој случај таа нема никаква важност. Се работи за две души, останати сами на овој свет и фактот што Андреј не е биолошки татко на момченцето не ја порекнува заемната потпора која тие двајца си ја пружаат, откако се соочуваат со личната трагедија. Двајцата подеднакво имаат потреба еден од друг, едниот за да созрее и да се изгради во нормална личност, другиот за одново да ја пронајде смислата на животот.

Сте се запрашале ли, колкумина од нас се Андреј на свој начин ? Колкумина од нас би ја имале таа сила да не се откажат од се’ кога индивидуалната катастрофа ќе не’ уништи, кога образованието, општеството и се’ друго ја губи својата вредност...
И дали трагедијата од вакви размери, загубата на домот и семејството е всушност начин да се види кој од што е „направен“ ?

Новелата на Шолохов навистина успева да предизвика восхит, бидејќи прикажува еден херој кој нема споменик, обичен човек кој е сепак ГОЛЕМ во својата издржливост, човек кој, според мене правилно се справил со една ситуација која од повеќето од нас би го одземала човечното, доброто, би не’ направила огорчени сенки на минатото...
 
L

Luki Junior

Гостин
Нешто шо ми боде у очите е шо миро е потпишан на 7ми мај, а заради Русите церемонијата е преповторена за Жуков на 9ти. И сино е утепан на 9ти..... Иако војната е била завршена....
Пропаганда... :(:(
Првио пат ја читах коа беех ногу мал и наивен. Паднах на неа...
Последен пат коа ја читах (пред неколку дена), едноставно социјал реализамо ја утепа приказната за мен. Оти истите тија величија, комесари, чуда, и партиски паразити са пукале у грбо на такви како Соколов по сите места на источнио фронт... :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom