Виртуелен читачки клуб (март: „Дипломец“ - Чарлс Веб)

Дали би учествувале во виртуелен читачки клуб?


  • Вкупно гласачи
    110

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.544
Поени од реакции
34.850
А во суштина мислам дека Горан е добар човек
Зошто мислите дека средбата им е исценирана?
Да, на почетокот бил храбар и силен, арно ама алкохолот си го земал данокот и повеќе не е тоа што бил.

Не велам дека Горан бил лош, туку Невена го гледа како причина и смисла за нејзиниот живот. Нејзе ја ужаснува стравот дека ќе го изгуби човекот во кој секогаш има љубов, онолку колку што им е потребна. Јас таму од негова страна видов се, освен љубов.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.128
Поени од реакции
10.473
Зошто мислите дека средбата им е исценирана?
Заради ова:
Јас таму од негова страна видов се, освен љубов.
Невена всушност се плаши да не остане сама. А и покрај тоа што нели не е сама, се добива впечаток дека е многу осамена личност. И многу наивна и покрај тоа што има 'помодерни' сфаќања од другите во тоа време.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.544
Поени од реакции
34.850
Невена всушност се плаши да не остане сама. А и покрај тоа што нели не е сама, се добива впечаток дека е многу осамена личност. И многу наивна и покрај тоа што има 'помодерни' сфаќања од другите во тоа време.
Во сите 3 циклуси се случува истото.
На некој начин се чувствува како должник на секоја радост и секоја болка. Преку нив, таа си го цени и си го сака сопствениот живот. Жално нели?

И повторно ќе се навратам на последната страна. Дали сепак постои 1? Или во сите тројца бара едно нешто?
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Зошто мислите дека средбата им е исценирана?
Зошто мислам дека е исценирано? Тројца ја напаѓаат и се појавува Горан. Таа си ги покрива очите со раката и гледа како паѓаат и бегаат. Херојот ја спасува девојката во неволја.

Во нивниот однос нема љубов, нема искри. Генерално проследуваме ладнокрвност, бледо посматрање на околината и внатрешно страдање. Можеби има дефицит во приказната, која и дава штурост и површност, можеби тоа е направено со намера со цел фокусот да ни биде на друго место. Но дефинитивно нема обострана искрена љубов, а тоа може да се заклучи по описите во паркот (кои се никулците на нивната "романса"), по бледоста на очите на Игор, кога одат на пикник, додека нивните пријатели одат во шумата, а него фокусот му е во шишето (тука почнува да си игра со шишето), па се до целокупниот очај кога дури по неуспешната рехабилитација одат на риболов и проследување некоја љубовна искра. Тука Невена го губи фокусот и мисли на желката (тој момент ми отвори многу прашалници). Притоа таа цело време за тоа мечташе, таа сонуваше, таа го посакуваше. И имаше нејзина реплика "не знам од каде произлезе оваа искра" (или нешто така).

При крајот на книгата има краток опис и на нивниот прв сексуален однос, кој е онака, површен. Пар реплики и тоа е сѐ. Затоа не зборуваме за храбрости и сила т.е. улога на заштитник, кога недостасуваат многу суштествени елементи во неговиот карактер како сопруг. Да, покажува сензитивност кога го губи бебето, да, и има пар трошки на надеж, расфрлани низ книгата, во неговите утешителни зборови додека се тегави во постелата, што во очај, што во мамурлак.

Единствениот нормален суштински разговор, меѓу него и Невена, е во болницата, кога ја моли да излезе оттаму. На крајот гледаме дека моли за себе, а не за нив.

Она што не може, а го посакува, да го добие кај Горан, го добива кај Дејан. :noze:
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.544
Поени од реакции
34.850
Тројца ја напаѓаат и се појавува Горан. Таа си ги покрива очите со раката и гледа како паѓаат и бегаат
Не го видов јас тоа толку параноично :icon_mrgr:, како баш да било исценирано, намерно. Туку како средба нешто како „во вистинско време, на вистинско место“.
СО останатиот дел се сложувам во целост
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.128
Поени од реакции
10.473
Вас да ви шушни желка in the middle of nowhere, нема да помислите дека може да биде змија, или човек, или мечка, или whatever?! :D

Пресмешна е сцената заради погледот на желката и заради фактот што се скрила во куќарката....(веројатно заради тоа што се исплашила, а не заради тоа што и е срам да биде хм воајер). :pos:
 

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.665
Поени од реакции
11.694
А во суштина мислам дека Горан е добар човек. Па можеби ете и грижата на совест замешала прсти, па откога ја сфатил грешката (зошто во неколку наврати и велеше на Невена колку е таа добра и не го заслужува него), посегнал по алкохолот. :D
Или, како што, ако добро се сеќавам, во ,,Малиот Принц" течеше разговорот:

Малиот Принц: Зошто пиеш?
Тој Што Пиеше: Затоа што се срамам.
МП: А зошто се срамиш?
ТШП: Затоа што пијам.

Тој е тој магичен круг во кој е заробен подоцна, грижата на совест ублажена на најпогрешниот начин...

А мислам дека статистички од професии, кај заболекарите биле најзачестени депресиите и самоубиствата. Сум сретнал некаде што не мора да биде точно ама ми се поклопи :)

Абе...
Абе...како пишувате вакви одлични рецензии? Алал да ви е! Еве јас никако не можам, ќе се загинам после втората реченица и после се думам што сум сакал да кажам :ROFLMAO:
Браво, алал да ви е! Со мерак човек да ве чита! (y)
Автоматски споено мислење:

Зошто мислите дека средбата им е исценирана?
За да фати женска, се разбира. Игра на картата херој спасител, на која големи се шансите некоја да ,,падни", со претходно исценирана критичка, опасна ситуација, каде тој е решението со тоа што Ѕверски ја спасува, како Тарзан ебаму ѕверот ебаму :ROFLMAO:
 
Последно уредено:

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.544
Поени од реакции
34.850
За да фати женска, се разбира. Игра на картата херој спасител, на која големи се шансите некоја да ,,падни", со претходно исценирана критичка, опасна ситуација, каде тој е решението со тоа што Ѕверски ја спасува, како Тарзан ебаму ѕверот ебаму :ROFLMAO:
Невена нивната средба ја доживува само како несреќна случајност. Зарем сите луѓе во животот се појавуваат со некоја намера?

Би сакала да живеам во заблуда мислејќи дека сепак навистина не било само „подло исценирана сцена“, под изговор „само да фати женска“ :icon_mrgr:
 

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.665
Поени од реакции
11.694
Невена нивната средба ја доживува само како несреќна случајност. Зарем сите луѓе во животот се појавуваат со некоја намера?

Би сакала да живеам во заблуда мислејќи дека сепак навистина не било само „подло исценирана сцена“, под изговор „само да фати женска“ :icon_mrgr:
Познавајќи ја машката душевна девијација, па и општо биолошката девијација XXXY каде Y е закржлавен, мутиран X, па личел на Y кој пак го одредува полот, не би ме чуделе такви финти од машка страна :pipi:
Си мислам таа беше приказната со хромозомите, а и да грешам, со сигурно не грешам за душевната, односно карактерот...

Простете што излегов од темата :)
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Не го видов јас тоа толку параноично :icon_mrgr:
Не е параноично, зборувавте за женската психологија, ти кажувам како ја перцепирам и живеам машката. Сѐ што треба е добра воиграност. Тоа се доста чести прикази по кафичите, каде едниот другар ѝ досадува на некоја девојка, ја навредува, се однесува доста агресивно и другиот влетува, го брка и ја части пијачка. Следствено на тоа е испраќањето до дома. Гледаш патент? Класично машко однесување за да се ќари женска! Секако дека немаме докази тоа да го поткрепиме, тоа е плод на нашата имагинација, ама на некој начин е и дел од нашето секојдневие. :noze:

Кога приказната стигна до Дејан, одма светна црвениот аларм во мојот конзервативен мозок. Да, има општествени реакции за нивната врска, па дури и од самиот директор, пријателите и го вртат грбот, соседите ги спуштаат главите, другите наставнички слепо ја гледаат. Тоа е, до некаде, непрофесионално, но јамката во наративот се ослободува затоа што таа го губи работното место, а тој ја положува матурата!

Дејан е сеуште зелен, дете, ама уште од првиот разговор со неа, таа сфаќа дека е бунтовен (беше нешто за чоколадите) и своеглав. Кога го затвораат дома, таа мечтае по него. Кога го прима дома, го пушта да прави што сака со неа. Кога тој носи одлука во брзање дека го напуштаат Скопје, не поставува многу прашања туку тргнува по него! Знае и дека има пиштол, знае дека има потера по нив (мислам дела татко му е полицаец, или нешто слично), па дури и во таа потера страда од халуцинации и е во делириум.

Имам уште низа прашања и полемики, нема да ги начнам сите, туку само уште едно. Лудиот старец ја убива родилката, затоа што родила уште едно женско дете, и наредува бебето да се закопа живо, а Невена цело време мечтае да стане мајка. Очекував дека ќе го земе детето! Очекував некој мајчински инстинкт да се пробуди во неа, некоја воинствена сила, некој бунт...а таа само побегна.

Што говори сето ова за карактерот на Невена? :noze:
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.544
Поени од реакции
34.850
Секако дека немаме докази тоа да го поткрепиме, тоа е плод на нашата имагинација
Не дека го нема, не дека не постои. Ама сакам да верувам дека сепак средбата била „несреќна случајност“. Така барем Невена ја опишува и доживува таа средба. Па со оглед на фактот дека немаме докази тоа да го поткрепиме, ќе си го оставиме како плод на нашата имагинација.

Во однос на Дејан, мислам дека тука главна улога одигрува неговата дрска решителност. Неговата самодоверба и сигурност што и ја влева. Таа во него го гледа својот нов почеток. Повторно по 3 пат таа го става нејзиниот живот како безвреден, без неговото присуство.
„и за 100 години да задоцниш, јас пак ќе те чекам“. Таа во него гледа се што предходните двајца немаат. Од тука ме копа таа последна страна. Дали сепак е само 1, или сепак само сонува и посакува сите тројца во 1.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Во однос на Дејан, мислам дека тука главна улога одигрува неговата дрска решителност. Неговата самодоверба и сигурност што и ја влева. Таа во него го гледа својот нов почеток. Повторно по 3 пат таа го става нејзиниот живот како безвреден, без неговото присуство.
„и за 100 години да задоцниш, јас пак ќе те чекам“. Таа во него гледа се што предходните двајца немаат. Од тука ме копа таа последна страна. Дали сепак е само 1, или сепак само сонува и посакува сите тројца во 1.
Мислам дека не се работи за решителноста, тој ја опива со неговиот поглед, нејзиното тело се опушта на неговиот допир. Мечтае по љубов, мечтае за допир, за разбирање, за поддршка. Не се таложат само нејзините проблеми, туку и самиот лик, при крајот на книгата, е изолиран од сите, и од семејството и од пријателите. Немаше што да изгуби пред да се даде во бегство со Дејан, веќе има изгубено сѐ.

Но, моите аргументи сеуште се валидни, околу зрелоста (момчињата созреваат околу својата 25-та година), а Дејан има 17 или 18 години. Крајно е своеглав и бунтовен, одлуките му се несмасни, избрзани и недобро обмислени. Дали престапот е тоа што го украл пиштолот или што избегал од дома, не знаеме. Мислам дека овој лик е добро концептуиран. Плус ѝ ветува на Невена брда и планини, а потоа се дава во бегство.

Имаше една логичка задача, во куќата се случува убиство и секој од персоналот кажува 3 реченици, 2 вистини и 1 лага. Преку логиката треба да се најде виновникот. Така и сега, ако се прашувам јас, тој еден кој го сакала е Игор. Мислам дека доволно образложив и зошто, но и тезата со генезата, на трите машки ликови кои се инкорпорирани во еден е интересна. :noze:
 
Последно уредено:

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.544
Поени од реакции
34.850
Мислам дека не се работи за решителноста,
Нели е дрска решителност „Најдете малку место и за мене, макар покрај него“?
Нели е решителност, да прекршиш многу правила и да урнеш многу забрани?

Така и сега, ако се прашувам јас, тој еден кој го сакала е Игор. Мислам дека доволно образложив и зошто, но и тезата со генезата, на трите машки ликови кои се инкорпорирани во еден е интересна.
Поинтересна ми е генезата на трите машки ликови инкорпорирани во 1. Затоа што сите тројца се толку различни. Секој има тоа што нема другиот, а сите заедно имаат тоа што таа нема.
На крајот сите и недостасуваат подеднакво, па се теши дека сите подеднакво ги сакала (жените навистина не знаат што сакаат :icon_mrgr:женска душевна девијација). Затоа што кога плаче за едниот, не знае дали не плаче за другиот и за сите одеднаш. И сето тоа го сведува како да сепак да плаче за 1 човек.

И оди разбери ја. Невено мориииииии:icon_mrgr:
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Нели е решителност, да прекршиш многу правила и да урнеш многу забрани?
Зависи какви се правилата, но во принцип тоа е дефиниција за. глупавост. Кај тинејџерите клокотат хормоните, повеќе се водат од импулс него по разум, тие години се расчекорот меѓу дете и возрасен човек. После тие години следува одговорноста, која Дејан ја нема (затоа што е дете), но Невена треба да ја има. Парадигмата е јасна како ден, нејзината одлука е глупава, буквално се дава во потера со дете, оди некаде, не знае точно каде. Некој, можеби, ја брка, не знае точно кој ја брка.

Некој погоре пишуваше за мешањето на родителите во одлуките на децата. До одреден степен до одредена возраст мора и треба да се мешаат. Нивна задача е воспитувањето на децата. Децата се огледалото на родителите. Така, при, анализата на Дејан, тој е класично напалено незрело дете, кое ја демне својата наставничка, кое е во судир со своите родители, кое краде огнено оружје, кое отвора оган кон граничната полиција. Тој е антихеројот во целата приказна, плус на крајот и ги повредува чувствата и ја остава со низа прашалници. Но никој ништо не го обвинува, затоа што е само дете.

Прашањето кое се отвора е, дали може некој да го обвини, за нешто, Горан? :noze:

Не очекував да се отвори волку дебата. :icon_mrgr:
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.128
Поени од реакции
10.473
Некој погоре пишуваше за мешањето на родителите во одлуките на децата. До одреден степен до одредена возраст мора и треба да се мешаат. Нивна задача е воспитувањето на децата. Децата се огледалото на родителите. Така, при, анализата на Дејан, тој е класично напалено незрело дете, кое ја демне својата наставничка, кое е во судир со своите родители, кое краде огнено оружје, кое отвора оган кон граничната полиција. Тој е антихеројот во целата приказна, плус на крајот и ги повредува чувствата и ја остава со низа прашалници. Но никој ништо не го обвинува, затоа што е само дете.
Ова се однесуваше на мешањето на родителите на Невена во нејзините одлуки, а не на Дејан.

За Дејан се согласувам со сите твои описи за неговата незрелот. Но тоа ајде го препишуваме на пубертетот. Она што повеќе загрижува во случајот е незрелоста на Невена. И не знам зошто, ама мислам да беше обратна ситуација, Дејан да беше двојно постар од Невена, а таа малолетна средношколка...мислам дека сега ќе зборевме за педофилија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom