Виртуелен читачки клуб (март: „Дипломец“ - Чарлс Веб)

Дали би учествувале во виртуелен читачки клуб?


  • Вкупно гласачи
    110

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.530
Поени од реакции
34.792
Ако не ти е проблем електронски+англиски, scribd. :)
Ќе прашам по колеги да не им се наоѓа скен на македонски ама немам некои надежи.

Ја има и на слово ама на бугарски, јбг.
Ти благодарам.
Веќе ја најдов :vozbud:

Муабетот ми беше дека по библиотеки скоро и да ја нема.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.530
Поени од реакции
34.792
Природен роман - Георги Господинов

Би го нарекла роман на крајности. Роман без средина.
Роман сосема поинаков од се останато што сум прочитала. Оригинален, нетипичен, некласичен, кој почнав да го читам со предрасуди и во прилично тешка бура деновиве. Ми се допаѓаше, ме нервираше, ме смееше. За на крај да ми се допадне и да до засакам.
Роман кој на прв поглед делува крајно хаотично, расфрлано и неповрзано. На моменти збунувачко, ама како целина, баш природно.
Господинов ми понуди еден префинет вкус со совршено добра избалансирана едноставност и комплицираност, секојдневие и филозофија, потреба и желба. Ми се допадна миксот на обичното секојдневие, мачките, растенијата, смислата на животот, човечката природа и односи, случајно прислушкуваните разговори на непознати луѓе од соседните маси. Сетоа тоа кружи наоколу, а точно во центарот се наоѓа разводот со Ема, која што носи дете од друг маж. Заради неговата потресеност од разводот се фокусира на се останато, со цел да ја прикрие болката која ја чувствува.
Во исто време пратиме мешавина од повеќе Господинов. Го запознаваме разведениот Господинов, писателот, уредникот на весник Господинов, преку 47 поглавја од различни приказни. Некои сосема разумни и логични, некои параноични, меланхолични, поучни. И сето тоа проткаено со многу алегорија.
Одличен, ненаметлив, шармантен стил на пишување, дури и кога навидум изгледа едноставно (Ништо, ништо, ништо, ништо. Ништо. Што се крие зад овие 5 букви. Ништо. Целата ништожност на живот.)

5/5

Ако книгава не беше преложена тука, сигурно немаше да ја прочитам. И ќе погрешев :icon_mrgr:
@Sussaro одличен предлог:pipi:
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
164
Поени од реакции
762
Не се напрегај, тука нема норма.
:)

„Природен роман“ е интимно доживување, низ чии редови се крие и Гаустин помеѓу Барт, Селинџер и Станиславски. Надојдена носталгија, (де)кодиран запис за неколку различни животи на еден човек. Или за странци кои го делат истиот живот? Непрестајна игра и загатка, роман во кој секое поглавје може да се чита и како одделен расказ. Роман во роман во роман каде авторот упаѓа во текстот, интервенира и ја крши структурата додека столот за нишање преминува од едно во друго место.

Сакам писатели кои се ослободени од суета, кои не бегаат од себе и не се плашат да пишуваат за нешта што им се блиски, за обични работи. Господинов и тука тргнува од личното, од детството и од сонот. Пишува за работите кои се премолчуваат, за жената која треба да се заборави, за стравот од бесмртноста и за стравот од заборавот.
Никогаш нашата приврзаност кон другите не е не е толку силна, колку во моментот кога ги губиме.

Интересни ми се неговите поврзувања, толку вешто продира во јадрото. Магичниот ум на малото човече кое молњата ја поврзува со коренот на дрвото и неговата љубопитна природа ослободена од гадење. Помеѓу стои транзициската генерациска траума, а на крај заклучокот колкави лицемери сме во бидувањето возрасни. За сѐ што е скриено од погледот низ големата историја на интимните револуции :)

Меѓу неколкуте списоци на задоволства, постои една кратка епизода за вљубеното момче кое од возбуда прави наивен превид - нешто наместо ништо. Мојот лапсус се мери во цел збор. Пред едно поглавје, некаде кон средината, стои цитатот Само валканото ми е интересно, ништо друго толку не ме забавува. Истиот ми е и прва асоцијација на „Природен роман“, само што испадна дека сепак сеќавањето ме изневерило. Само баналното ми е интересно, пишувал Господинов и разобличувајќи го табуто на тоалетот, овој пат го разобличи и моето помнење.

Мудрец и чувар на колективната меморија. Секојпат кога го читам, имам впечаток дека седам со него на астал, и привилегирано чувство што ги сведочам луцидните муабети. Цела болка на светот е собрана во неговите дела, а сепак за неговите зборови нема погрешно време.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Природен роман - Георги Господинов

Отсекогаш сметав, па и сеуште сметам, дека Или-Или имаат неубави корици. Во нив нема значителен маркетинг елемент за спознавање и привлечност. Не се привлечни на голото око. Најголемиот дел од нашите издавачки куќи не се борат за уникатност, туку ја пресликуваат книгата онака како ја замислил некој странски дизајнер на корици. Но во кориците на Или-Или има своевидна уникатност, но и симболика која дури сега ја воочив.

Композиција од зачетоци. Константни наративни раѓања. Фрагменти на животниот летопис. На момент имав впечаток дека го проследувам прелистувањето на животот кој прелетува низ очите на еден давеник. Меѓу тие константни почетоци ја следиме приказната за почетокот на крајот на бракот, на делењето, влечењето и тенчењето на душата која мачтае по тоа единство, а како пропаѓа душата, така пропаѓа и телото. Во еден миг станува крајно непрепознатлив за средината, за пријателите, па и за онаа кон која мечтае.

Досега немав прочитано ништо слично, најблиску до ова ми беше Неподносливата, но таму имаше слеаност во текстурата, редоследност на приказната, а тука фрагменти, делови, кои самите моравме во главите да правиме шеми и да ја сврзуваме оваа конфузија од приказни, да добие текстура, наратив, поврзаност, редоследност, значење. Кохерентноста се воочува откако ќе се заврши последната глава.

И најгадното е природно. И да, пронашол и простор за авангарда. Убав предлог. (y)

По 11 книги во Клубот, за изминатата година, мислам дека само јас ги прочитав сите 11 (иако рецензирав 10, “Чудото“ ја прочитав при крајот на изминатата година, ќе ја рецензирам заедно со наредната книга), сега влегуваме во една нова година, со нови предлагачи (веќе имаме за јануари и февруари, ако некој сака да предложи книга, а притоа досега не предложил, нека ми пише). :pipi:
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
164
Поени од реакции
762
Книжевноста има моќ да вкрсти чудни нишки. Што имаат заедничко Мураками, Памук и Господинов? Освен што тројцата поминале низ клубов :) низ нивните дела се забележуваат траги од наследството на авторот кој ќе го читаме овој месец.

Инспирација за Киш, Еко, Калвино, што и да се каже за генијалноста на Борхесовите записи е премалку. „Алеф“ е збирка составена од 17 раскази и епилог, во превод на Ненад Велковски. Може да се најде во издание на Бегемот, а низ библиотеки подостапно е изданието на Макавеј/КСЦ од 2013та.

Велат дека јануари е најдолгиот месец во годината, па можеби уште некој ќе изнајде време и желба за да нѐ дружи, макар и со еден расказ. Се надевам дека ќе уживате додека талкаме низ лавиринтите на фантазмата и сеќавањето. :)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
Ајмо људи, да ја заживееме малце темава. Со @Dumbledore напраивме мала дискусија што би било добро за овој месец Март, па по кратка елиминација на други два наслова, дојдов(ме) до заклучок дека супер би било да се (пре)прочита еден интересен класик. Поточно се работи за Дипломец од Чарлс Веб, релативно кратко книже кое се чита во еден здив, но има доста длабока поента.
Книгата е издание на Темплум ( одличен македонски превод) и е скоро секаде достапна. Така да, let's get cracking, shall we?
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Кратка авантура на Бен(џамин) со госпоѓа Робинсон, а потоа се заљубува во нејзнината ќерка Елејн. Морав да гуглам за да видам што е извонредното во оваа книга, истото е препишано од поговорот од книгата (можеби е и обратно), а тоа било разочарување од вредностите кои владееле во тоа време. Бен безделничи. Класичен флегматик. Не знае што со себе. Не знае ни што сака. Дури и го оставаат да се испразни, да се издува, па да си се посвети на образованието. Потоа госпоѓа Робинсон ја делела истата душевна празнина, а имаат само една подлабока и подолга интеракција и тоа на самиот крај на нивната кратка авантура. Неисполнета и несакана жена која се втурнала и борела со алкохолизмот. Не видов ништо исклучително во оваа книга.

Секако, тука се и стиховите на Симон и Гарфункел од песната Mrs. Robinson. :love:

Hide it in a hiding place where no one ever goes
Put it in your pantry with your cupcakesIt's a little secret,
just the Robinson's affair
Most of all, you've got to hide it from the kids


Има и слична забелешка каква што имав и од “Тунел“, каде константното “вели“ тука е замененто со “Молам?“ и “Што?“, каде имаме повторување на прашањата во речиси сите дијалози меѓу сите партиципанти.

По оваа книга е снимен и филм, на Мајкл Николс, а улогата на Бен ја игра Дастин Хофман. Дијалозите на филмот се буквално препишани од книгата, нема ништо уметничко во филмот, има блага импровизација во сценариото на самиот крај, каде филмскиот крај е претставен далеку подобро од оној во книгата. Улогата на Бен (Хофман) ми е многу моторична.

Можеби не ми лежат овие тематики. Едноставно не допираат до мене. :oops:

Океј, дечки, убаво е тоа што го активиравме, барем за кратко, овој подзаспан Клуб. Од досега севкупно предложените, уште “Алеф“ ми остана недочитана, се надевам дека ќе ја дочитам во најскора иднина. Воедно, трајно се повлекувам како од овој Клуб, така и од подфорумот Литература, од ова прекрасно катче, кое последниве неколку години живна и покажа и докажа дека навистина може премногу да понуди. Сакам да ви се заблагодарам на сите до еден кои прочитавте барем една книга, напишавте барем една рецензија и не дружевте во овој Клуб оваа година- дена. Веројатно најинтересните години од сето мое постоење на овој форум. :love:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom