Виртуелен читачки клуб (март: „Дипломец“ - Чарлс Веб)

Дали би учествувале во виртуелен читачки клуб?


  • Вкупно гласачи
    110

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.615
Поени од реакции
21.324
Океј дечки, во месец ноември ќе имаме слободна книга, книга по избор (со исклучок на Мураками кој ни е Писател на тапет). Во меѓувреме дочитајте ги недочитаните книги и напишете некоја реченица за нив. Јас должам две рецензии, и за "Чудото" и за мојата "Марина". Имам по 50тина стр од двете. :sramezliv:

Во месец декември, книга ќе предложи таткото на оваа тема @Sussaro .
Благодарам Дамблдор на оваа укажана чест. Татко или не, мислам дека не е фер јас да предложам книга со оглед на тоа што не учествувам во читањата и рецензиите, освен ако не треба да го затворам кругот или ако консензуално не се согласат сите. Благодариме на довербата :) .
 
Член од
19 април 2014
Мислења
400
Поени од реакции
1.113
Благодарам Дамблдор на оваа укажана чест. Татко или не, мислам дека не е фер јас да предложам книга со оглед на тоа што не учествувам во читањата и рецензиите, освен ако не треба да го затворам кругот или ако консензуално не се согласат сите. Благодариме на довербата :) .
Еве јас се согласувам да ја затвориш сезоната во Декември ама мораш и да напишеш рецензија :D
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.615
Поени од реакции
21.324
@Sussaro , Уисманс да им го предложиш! :sramezliv:
Ако им го дадам Уисманс прво ќе ја запалат книгата, после ќе ја запалат домашната библиотека, па градската библиотека и на крај и мене ќе ме запалат.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Никогаш не оставај ме- Казуо Ишигуро

Оваа дистописка книга е своевидна кула од спомени, започнувајќи од невиното детство на Кети, Томи и Рут поминато во "Хејлшам", адолесценцијата во "Куќарките", па се до залезот за нивниот живот поминат во агонија поради целта за која се создадени.

Огранизацијата на "Хејлшам", иако е училиште, претставува своевидно примитивно општество односно општествена заедница. Темелите му се сведени на едукација, но и на продуктивност, развивање на свест на заедништво, но има и своевидни пари, "богатството", хиерархијата, дури има и извесно табу.

Секако, за децата, "Хејлшам" претставува целиот свет, во кој ги подготвуваат за нивната мисија, од една страна како негуватели, а од друга страна како донатори. Дури и има своевидна алегорија на рајот, за наградата која може некогаш да ве стигне, како трофејот на галеријата на Мадам која всушност е музејски споменар во мрачна и зафрлена куќа.

Со оглед на тоа дека децата стануваат повозрасни, се разгорува и детската љубопитност, и теми за кој се раскажува стануваат посериозни. Од јавањето на замислени коњчиња преминуваме на сексот и тука книгата станува премногу тупаџиска. Овој дел беше досаден и напорен за читање. Разговорите беа досадни, настаните уште подосадно. Потерата по градот и барањето на донаторот на Рут, скицирањето на Томи, листањето списанија, па дури и потрагата по загубената касета можеа комотно да бидат сместени во едно до две поглавја и воопшто да не читавме за "Куќарките". Збогувањето беше доста штуро, без посебна емоција, можеби затоа што е пишувано ретроактивно, па повторно се обединуваат, не знам, но тој сегнемт од книгата воопшто не ми се допадна.

Дури и од емоционална гледна точка, книгата е штура, Рут умира, ништо. Сфаќаме дека Кети отсекогаш имала компеж кон Томи, стануваат пар со цел да ја пролонгираат неговата последна донација, и нема водење љубов, смеење, бакнување или некој интересно-сладок-лигав сентиментален опис туку "почнавме да се сексаме"!

Едно од големите философски прашања, кое задира уште од античка Грција, е прашањето за значењето на животот. Во оваа дистопија, тоа прашање е заклучено. Клонираните деца се раѓаат со единствена намена, првично да ги негуваат донаторите, а подоцна истите да донираат органи и за потонат во светот на заборавот. Избувливоста на Томи и конфронтизмот на Рут, а воедно и талентираноста, ги прават и карактери, а не само обично парче месо.

Ја земав како книга по избор и очекував нешто слично како "Убав, нов свет", книга која и не ми се допадна пак. Згора на сѐ, Ишигуро е накитен со Нобеловата награда за книжевност, но ништо во оваа книга не приметив кое би истакнало во однос на останатите просечни писатели. Книжевниот јазик му е доста штур.

Ако би морал да ја оценам, 3/5.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.530
Поени од реакции
34.792
Марина - Карлос Руиз Зафон
(ја должам од минатиот месец)

„Сите ние чуваме под клуч некоја тајна на таванот на душата. Ова е мојата тајна“.
Вака Оскар Драј го започнува своето сеќавање и исповед, кое го навраќа во времето додека тој бил младо момче од 15 години и моментот кога ќе ја запознае Марина.
Станува збор за едно кратко пријателство, една недоречена младешка љубов. Приказна која се одмотува и се лушти слој по слој во совршена низа на лавиринти од споредни ликови.
Мистериозна дама во црно, стар доктор, пензиониран инспектор, Херман Блау се само дел од споредните ликови кои ги раскажуваат нивните приказни поврзани со фамозниот Михаил Колвеник, ама секогаш дел од приказната останува прикриен, мистериозен, таинствен.
Книга која со внимание ќе ве држи до последната страна, а последните страници се за плачковци како мене. Книга која се чита во еден здив. Одличен наративен стил, од мајсторското перо на Зафон.
Ми врати преубави спомени од готските улички на Барселона. Живописниот портрет на Барселона му е еден вид на спореден лик :love:
 
Член од
29 ноември 2018
Мислења
15
Поени од реакции
44
Better late than never - „Марина“ ја читав пред речиси 10 години и ми обои едно прилично досадно лето. Си го помнам по тоа што си најдов нова омилена книга. :pipi:

Баш се израдував, навистина спаѓа во книгите кои со задоволство би ги препрочитала безброј пати. Магична и виртуозна, поинаква не ни може да биде со оглед на тоа што доаѓа од Зафон. Башка што, доцна есен + готски роман = магија.

На прв поглед личи на наивен young adult роман, во кој младиот дечко ќе сретне некоја девојка со занесна убавина и лудо ќе се заљуби во неа, а во суштина е многу повеќе од тоа. Тинејџерите и нивната неуморна жед да нурнат во нови мистични приказни кои се вртат ни помалку, ни повеќе - околу напуштени куќи, запуштени градини и стари гробишта.

Што може да се крие таму? - Еден цел нов свет, за кој сигурно не сме знаеле претходно. Некои стари приказни одамна заборавени и една безимена дама која секогаш остава по една роза на безимениот гроб.

Меѓутоа, од старото се раѓа ново, а од руините се наѕира нежниот 'ртулец - едно ново пријателство кое со себе носи нова љубов. Нови, многу важни битки кои треба да ги водат Оскар и Марина, за да дојдат до решението на мистериозната приказна од минатото. Никогаш нема да му простам на Зафон за некои работи, па мислам дека е прилично јасно дека и јас сум во клубот на плачковци. :sramezliv:

Барселона уште еднаш блеснува во познат Зафоновски сјај. Всушност, секое негово дело си е Барселона во мало - секоја уличка со сите свои тајни, над и под земја. И навистина, ретки се авторите кои можат да испреплетат толку многу жанрови во толку мала книга и сето тоа не само да звучи, туку и да изгледа совршено.
 
Член од
19 април 2014
Мислења
400
Поени од реакции
1.113
Мојата книга за Ноември е

Човекот по име Уве - Фридрик Бакман

Смртта е чудна работа. Луѓето живеат цели животи како таа да не постои, па сепак таа поголем дел од времето претставува една од најважните причини за живеење. Некои од нас со текот на времето стануваат толку свесни на неа што живеат посилно, потврдоглаво, поалчно. На некои им е потребно нејзиното постојано присувство за да сфатат што е нејзина спротивност.

Скоро сите имаме по некој намрштен чичко во маало на кој се му смета, со сите е скаран и ги одбива луѓето околу себе.
Е па приказната е баш за тој чичко по име Уве кој е намрштен цело време и секое утро врши инспекција во населбата.
Книгата брзо се чита и е напишана на лесен стил. Зачинета со малку хумор и многу тага(првата книга која ме насолзила во мојот живот).

Бев малку скептичен за Бакман ама сега дефинитивно ќе прочитам и други книги од него.
Screenshot_20221130_121143_Goodreads.jpg
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.530
Поени од реакции
34.792
Идентитет - Милан Кундера

Евидентна е разликата помеѓу „чешкиот“ и „францускиот“ Кундера. Романот „Идентитет“ е завршен есента, 1996 година, пишуван на француски јазик. Роман составен од 51 поглавје
Ни трага од оној Кундера кој на сатиричен начин го прикажува тоталитаризмот во комунизмот, нити за политичките редефинирања. Како на некој начин намерно да се труди да ја заборави Чехословачка.
„Идентитет“ е целосна спротивност на „Неподносливата леснотија на постоењето“.
Се она што Томаш нема, го има Жан-Марк. Се она што не е Тереза, тоа е Шантал (дури избрал и префранцуски имиња).
Повторно станува збор за кршливата природа на човекот и неговите постапки.

„Мажите повеќе не се вртат по мене“ е клучната реченица која ќе внесе немир во животите на Жан Марк и неговата девојка Шантал. И телево тргнува по нејзиниот памет. За да ја направи среќна почнува сам да и праќа писма од „анонимен обожавател“, а госпоЖава наместо да му ги покаже на нејзиниот партнер писмата кои ги добива, таа започнува да мечте за испраќачот на писмата и започнува играта на мачката и глушецот.
Додека ја читав книгава, цело време ме фаќаше нервоза. :icon_mrgr:
Од една страна имаш маж со носталгија по изгубенио свет на пријателството, кој медицината ја смета за единствена неоспорно корисна професија за човекот и кој после 3 години студирање ја напушта медицината. Маж кој сфаќа дека сите возови му се веќе заминати и се откажува од своите амбиции. Маж без цел. Маж кој својата девојка ја смета за единствената сентиментална врска со светот. Само таа и никој друг е онаа која што го ослободува од неговата рамнодушност. Само со нејзиното посредство тој е способен да го чувствува животот. Во кратки црти, маж паразит.
А од другата страна имаме жена, на која не и потребен љубовен поглед (затоа што го има на претек), туку и е потребен наплив од непознати погледи, безобразни, сладострасни погледи, кои ќе паѓаат врз неа без симпатии, без избор, без нежност, без учтивост.
Во нејзината врска во Жан Марк, секогаш тој беше посилниот, а таа послабата. А таа се смета за послаба, затоа што е постара од него.

И секако, Кундера не би бил Кундера, доколку целава оваа навидум обична љубовна приказна, не би ја зачинил со филозофска димензија, а главното прашање е „Како може човек да чувствува носталгија поради отсуство на оној што е веќе присутен?“

И на крај, „чешкиот“ Кундера ми се допаѓа далеку повеќе од „францискиов“.

 
Член од
29 ноември 2018
Мислења
15
Поени од реакции
44
Ја одбрав „Сета светлина што не можеме да ја видиме“ од Ентони Дор.

За книгава само знаев дека:
a) е обемна
б) главен лик е некое слепо девојче кое живее во Париз за време на ВСВ

Толку. :D
Изгубив навика да читам кратка содржина затоа што сакам малку да се изненадам, но и бидејќи книгите што ја обработуваат оваа тема ми станаа досадни. Не негирам дека можеби одбирам погрешни книги од жанров (на пример, комерцијална фикција :sramezliv: ), но ајде да не навелгувам во детали без потреба.

И мојот краен заклучок е дека книгава слободно може да им парира на книги од рангот на класици, зашто ова навистина не беше само уште една во низата книги за Втора Светска војна. И секогаш ме радува кога ќе наидам на нешто вакво. Од малиот милион новокомпонирани романчиња со воена тематика, ова без сомнеж е дијамант (no pun intended).

Баш ја развлеков, зашто сакав да трае, да уживам во неа уште малку подолго. Иако морам да признаам дека беше жива зараза и некогаш стануваше невозможно да се остави книгава. Поготово поради кратките поглавја - дури се внесеш, почнало ново, па уште едно и уште едно и...

Малата Мари-Лор Лебланк не само што живее во близина на Природонаучниот музеј во Париз, туку добар дел од раното детство го поминала низ тие добро познати ходници. Одгледана од самохран татко, деноноќно посветен на својата работа како главен клучар во музејот, Мари-Лор сакала или не, ги знае сите тајни кои ги кријат просториите таму. На само шест години, ослепува и едноставно е принудена да научи животот да го живее малку поинаку од останатите деца. Но, нејзиниот татко ќе се погрижи таа да научи да се снаоѓа во светот без нечија помош и ќе ѝ моделира минијатура од нивната населба. Зашто да, таа мора напамет да го знае секое ќоше, а окото не е ништо друго освен еден мал дел од медиумите кои ни помагаат просторно да се ориентираме.

Војната почнува, светот во кој живее малата Мари-Лор се урива, а макетата која ѝ ја изработил татко ѝ не вреди ништо кога доаѓа моментот да се преселат во Сен-Мало кај некој нивен роднина. Меѓутоа, војната е само мала капка во океанот причини за преселба. Во целава приказна е испреплетена една легенда за скапоцениот камен наречен „Пламено море“, кој мора да се заштити по секоја цена. Легендата навистина е интересна, како бајка извадена од некоја книга на браќата Грим.
Големците трагаат по скапоцениот камен, се раѓаат неколку негови копии и некој е на само еден чекор да ја реши равенката и да му светне дека Даниел Лебланк го изнел дијамантот од музејот и мора да биде фатен по секоја цена.

Има и други ликови, интелигентни и проникливи, просто генијални. Но, јас на книгава ѝ влегов вака ко падобранец и толку и ќе раскажам. Останатото сепак ќе го препуштам на читателската љубопитност на секој од вас.

Навистина има уште многу да се каже и да се раскаже, да се изанализира. Има толку многу алегорија, симболика, но ако се расплинам надолго и нашироко, мислам дека ќе откријам премногу работи и нечија желба за читање ќе изгуби смисла. А пак ќе повторам, навистина е неописливо добро кога работиве напишани во книгава ќе се прочитаат и секој ќе си ги доживее од свој агол.

Епска книга, магична. Навидум премногу наративна, но на крај сè ќе има смисла, секоја страница и секој збор напишан на неа.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Марина- Карлос Руиз Зафон

Пријателството помеѓу Оскар и Марина започнува доста спонтано, каде детстката љубопитност ги носи на каталонските гробишта и се започнува со црвена роза, дама во црно и необележан гроб. Постепено се запознаваме со мистеријата поврзана за Михаил Колвеник, трагање по старите актери, трпеливо сослушање на нивните приказни и повторно оживување на старата заборавена мистерија на Барселона. Се фрла грам светлина и кон најмрачните коридори на Барселона кои, денес, се само слој земја и спомени под новиот град.

Колвеник, е олицетворие на гротескноста на доктор Франкенштајн, но оди чекор понатаму, не изобличува само мртви тела. Меѓу последните зрна песок во животниот часовник каде телото уморно му откажува послушност и последните разумни секудни во таа песочна бура, посегнува и по самиот себе, се изобличува, започнува да се трансформира во суштество од ноќните мори каде зад себе остава трага на трулост. Живее живот полн со агонија, во изолација на своето лудило, далеку од очи, далеку од срце. Се издигнува од канализациите, се враќа во канализациите. Колвеник, истовремето, е визионер, master of puppets, каде го подигнува барјакот и тргнува против самата смрт. Дури и кога Оскар се соочува со дилемата живот или смрт, тргнува по неговите стапки, постапува како што би постапил и Колвеник. Затоа и одлучува да не го осудува.

Тука е и пријателството меѓу Марина и Оскар, кое започнува со ненамерно заскитување на Оскар во навидум стара и напуштена куќа, до поминување на празниците со Марина, нејзиниот татко Херман и нејзниот мачор Кафка. Воено, книгава треба да преставува реализирање на сонот на Марина да стане писателка, која ја започнува во крајните етапи на нејзиниот краток живот, каде подоцна, Оскар го презема наративот. Ако мора да барам некоја адекватна метафора за оваа книга, тоа е повеќеслоен мазен ѕид кој постепено пука, се лупи, се рони, ги покажува првите знаци на влага и на крајот попушта пред духот на времето.

Претходно веќе ја имав прочитано оваа книга, ја прочитав доста прзо и само низ магла се сеќавав на дел од настаните. Тогаш не и дадов фер шанса, не беше дел од серијалот, па не и обрнав премногу внимание. Дефинитивно интересен предлог за во Клубот, модерен класик, кратка загаданочна авантура низ Барселона. Се на се, ми се допадна.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.615
Поени од реакции
21.324
Доаѓа Нова Година и нема да ве замарам со нешто долго или прекомплицирано, а и немам некоја идеја. Завчера беше гостин во Македонија па еве прилика и да се запознаеме со него, овој роман му го имам читано ама ќе препрочитам пак, се чита за ден до два и е типичен балкански ама и многу луциден, хумористичен и финтаџиски.

ГЕОРГИ ГОСПОДИНОВ-ПРИРОДЕН РОМАН

Може да го најдете во Или-Или. Првото издание на македонски јазик е на Темплум, ама мислам дека е распродадено.

Уживајте :)
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.530
Поени од реакции
34.792
Според Кобис книгава ја има само во Браќа Миладиновци во Скопје, Куманово и Кочани. Има и во Универзитетска библиотека во Битола, ама само 1 примерок и не го издаваат, за нов си го чуваат :icon_mrgr:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
„Природен роман“ - Георги Господинов

Го читав пред некоја година. Сега му се навратив на кратко, препрочитав некои делови. Ова е еден од оние романи кои веројатно цел живот ќе одѕвонуваат во мене, роман кој е тешко да се заборави. Максимално оригинален, нема да сретнете ништо налик него (иако читав дека постоеле слични ствари и пред него). Можеби на некои ќе им биде малку тежок, зашто навистина не е нешто секојдневно, но на крај, кога ќе ја составиш целината, впечатокот остава без зборови. Еве што сум пишал на Goodreads по читањето тогаш:

Генијалноста на овој (природен) роман е во луцидната едноставност и манирот на раскажување на една приказна за деградацијата на нараторот по разводот од неговата жена заради нејзината бременост со друг маж, преку четириесетина кратки приказни, или поточно - четириесетина почетоци на приказни, секоја од нив засебно функционирајќи како посебна целина, а кои заедно создаваат една кохерентна структура, исполнета со саркастични опсервации за животот, но и со беседи за уште ,,поважни" прашања, како историјата на клозетот, говорот на мувите, споредбата на Господ со електричните светилки и сл. Ингениозно! 5/5

Според Кобис книгава ја има само во Браќа Миладиновци во Скопје, Куманово и Кочани. Има и во Универзитетска библиотека во Битола, ама само 1 примерок и не го издаваат, за нов си го чуваат :icon_mrgr:
:P
 
Последно уредено:
Член од
9 мај 2019
Мислења
164
Поени од реакции
762
Според Кобис книгава ја има само во Браќа Миладиновци во Скопје, Куманово и Кочани. Има и во Универзитетска библиотека во Битола, ама само 1 примерок и не го издаваат, за нов си го чуваат :icon_mrgr:
Ако не ти е проблем електронски+англиски, scribd. :)
Ќе прашам по колеги да не им се наоѓа скен на македонски ама немам некои надежи.

Ја има и на слово ама на бугарски, јбг.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom