Вино

Член од
8 мај 2013
Мислења
11.175
Поени од реакции
35.726
Кај нас за најквалитетни винарии со најдобри вина ги сметам дефинитивно Камник, Бовин и Попова Кула иако од другите винарии може да излезе нешто добро. Од трите набројани нема утка со вино дефинитивно.

Најпреценето вино ми е дефинитивно Александрија, што е за масовно производство а држи цена од 200 и нешто денари. За скоро исти пари, некој денар повеќе може да се земе нешто од Попова Кула или Далвина.

Сега за преку лето одлично иде нешто како темјаника или мускат, мускат отонел.

Од странските има еден куп добри вина, зависи по вкусот. Мене многу ме имаат бендисано шпанските, чилеански и италијански вина, али во главно од винскиве земји ако е од добра винарија нема утка.

Исто за целосно точна ја сметам изреката "колку помала винарија, толку подобро вино"
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490

Делумно точна изрека, поточно би било „колку повеќе сопствено производство на грозје, толку подобро вино“.

Камник самите си го одгледуваат грозјето, сум имал можност да прошетам. Другите винарии, особено поголемите во Македонија, имаат проблем со кавадарчани и неготинчани, што со квалитет, што со цени.
 
Дефинитивно да. Голема разлика е кога вино се прави од свои насади и кога се откупува од различни места. Друго е кога производителот на вино има целосен преглед на процесот на одгледувањето на грозјето а друго е кога само го откупува.

Исто мислам дека е битно и грозјето од кое го прават виното да е локално од една област. Ако не се лажам Попова Кула откупува грозје али само од локалните жители кои го одгледуваат во близина на винаријата, со што се зачувува влијанието само од едно поднебје на грозјето.
 
A

Avenger99

Гостин
Како прво нема врска помала винарија подобро вино бидејќи и големи винарии како што се Тиквеш,Сковин и Стоби имаат свои локалитети и микролокалитети кои сами ги одржуваат и одгледуваат,како пример е локалитето Лепово на Тиквеш http://www.telegraf.mk/aktuelno/ekonomija/162717-ultra-ekskluziven-domein-lepovo-nov-vinski-brend-na-tikves
Друго, речиси секое врвно вино од поголемите винарии( Барово Бела Вода,Марков Манастир и др) е од свои локалитети и виногорја со врвен квалитет на суровина т.е. грозје. Дека Камник, Попова Кула и другите бутик винарии прават добри вина нема збор, меѓутоа немој да мислите дека целото грозје што го преработуваат е од нивни насади.
 
П

Пепси_

Гостин
Не сме германија па еден сопственик да има 2.000 декара,нормално е и сега повеќе гледат да имат пристап до нивите од каде се прибира со нивни технолози одат на терен за проверка и совети до земјоделците.

Квалитетно со чкарт + - се фаќа некоја средина :icon_lol:
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Дефинитивно да. Голема разлика е кога вино се прави од свои насади и кога се откупува од различни места. Друго е кога производителот на вино има целосен преглед на процесот на одгледувањето на грозјето а друго е кога само го откупува.

Исто мислам дека е битно и грозјето од кое го прават виното да е локално од една област. Ако не се лажам Попова Кула откупува грозје али само од локалните жители кои го одгледуваат во близина на винаријата, со што се зачувува влијанието само од едно поднебје на грозјето.
Многу јасно, да имаш постојан преглед на сопствените насади е предност, можеш да влијаеш и на квалитетот на грозјето, а со тоа и квалитетот на виното.

Како прво нема врска помала винарија подобро вино бидејќи и големи винарии како што се Тиквеш,Сковин и Стоби имаат свои локалитети и микролокалитети кои сами ги одржуваат и одгледуваат,како пример е локалитето Лепово на Тиквеш http://www.telegraf.mk/aktuelno/ekonomija/162717-ultra-ekskluziven-domein-lepovo-nov-vinski-brend-na-tikves
Друго, речиси секое врвно вино од поголемите винарии( Барово Бела Вода,Марков Манастир и др) е од свои локалитети и виногорја со врвен квалитет на суровина т.е. грозје. Дека Камник, Попова Кула и другите бутик винарии прават добри вина нема збор, меѓутоа немој да мислите дека целото грозје што го преработуваат е од нивни насади.
Се согласувам за Барово и Бела вода, али тоа е мал дел од производството на Тиквеш, и тоа е најквалитетното, баш дека е нивно лозје. Не би знаел да кажам точно, али можда Камник=Тиквеш во поглед на сопственото производсто, односно Камник наспроти Барово и Бела вода.
За ПК не знам, али мислам дека Камник самите го произведуваат бидејќи немаат големо производство и вината им се во ограничени количини. Пак претпоставувам, некој што знае со сигурност нека каже.
 
A

Avenger99

Гостин
Многу јасно, да имаш постојан преглед на сопствените насади е предност, можеш да влијаеш и на квалитетот на грозјето, а со тоа и квалитетот на виното.

Се согласувам за Барово и Бела вода, али тоа е мал дел од производството на Тиквеш, и тоа е најквалитетното, баш дека е нивно лозје. Не би знаел да кажам точно, али можда Камник=Тиквеш во поглед на сопственото производсто, односно Камник наспроти Барово и Бела вода.
За ПК не знам, али мислам дека Камник самите го произведуваат бидејќи немаат големо производство и вината им се во ограничени количини. Пак претпоставувам, некој што знае со сигурност нека каже.
Мм види, Камник е мала бутик винарија, да имаш сопствено лозје е предност ама не и гаранција за квалитет.. Друго, Сковин а посебно Стоби имаат над 300 хектари нивно лозје ако веќе гледаш според тоа сопствено лозје=квалитет..Немора да значи, еве на пример АгроЗимак од Росоман се откупувачи на грозје и откупуваат само квалитетно и здраво грозје и после АгроЗимак го препродава во винариите, нормално ако не е нешто во ред со квалитетот на грозјето винариите можат и да го вратат.. Барово е зреено во барик буриња, а барикот не секогаш значи добар квалитет, има луге го сакаат барикот има луге и неможат да го поднесат,посебно белите вина зреени во барик..Еве на пример пробај го Спешл селекшн на Тиквеш, вранецот, цената му е околу 300 денари а е со многу добар квалитет.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.130
Поени од реакции
18.127
Да, за тие пари Т'га ти е веројатно најдобро решение. Класик линијата на Тиквеш е исто добра за 150-160 ден. На Попова кула винцата исто не се лоши. Немој во никој случај виното да го мешаш со било што друго(вода, сок..), освен можеби со Смедеревка итоа само на Тиквеш( едино таа вреди) да го мешаш со Кисела вода ама и тоа некако не.:D
Мала поправка.Двојка место кецојте :D

Јас освен црвено и бело незнам друго:icon_mrgr::нинџ:
Пошо незнам ни како се движат цените ево нека биде околку 200-300 денари.
Бело:Совињон Блан (или други Жупљанка, Ркацители) од Далвина (~250 ден. во Тинекс или по кафичиве и ресторани доста се проширија последно време, нешто ко хит винарија) и за поблаго Астибо Мускат Имако (150-160 во Стоп Шоп, Тамаро).Од Тиквеш ти се стандард сите само цената им е една класа погоре.За црни (па и бели) влези си во Попова Кула кажи им исто ко овде, доста се услужливи, ќе ти понудат, ќе ти објаснат до ситници.Цените им се од 240 до 330.[/quote]
 
A

Avenger99

Гостин
Мала поправка.Двојка место кецојте :D

Бело:Совињон Блан (или други Жупљанка, Ркацители) од Далвина (~250 ден. во Тинекс или по кафичиве и ресторани доста се проширија последно време, нешто ко хит винарија) и за поблаго Астибо Мускат Имако (150-160 во Стоп Шоп, Тамаро).Од Тиквеш ти се стандард сите само цената им е една класа погоре.За црни (па и бели) влези си во Попова Кула кажи им исто ко овде, доста се услужливи, ќе ти понудат, ќе ти објаснат до ситници.Цените им се од 240 до 330.
Не. Гренашот бел, последен пат кога проверив во Веро Центар во Скопје беше 140 денари, Траминецот исто.Темјаниката тука така беше. Спешл селекшанот им се поскапи.[DOUBLEPOST=1408320543][/DOUBLEPOST]Иначе Попова Кула за мене прават интересни винца. Посебно станушината ми остави добар впечаток. Далвина не ги можам, не ми се нешто посебно а и шишето и етикетата не ми се свиѓаат. Имако исто. Тој Мускатот го иам пиено и е полуслатко вино, јебига за некој е убав али премногу е благ. Тиквеш си се стандард, одличен сооднос, квалитет-цена.
 
Последно уредено од модератор:
A

Avenger99

Гостин
10638138_10205124268613288_1774032224_n.jpg

Предобра купажа. Совињон и Бургунде сив. Кај нас скоро и да го нема сивиот Бургундец едино Камник го имаат во мали количина. Свежо, питко богато со киселини, полно вино.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.130
Поени од реакции
18.127

И Шато Сопот работат Пино Грис, лозјата се исто сопствени, мала локација кај Велешко езеро до и северно од наплатната рампа во правец СК-ВЕ.Интересно, одма спроти ова лозје од другата страна е локалитетот Бела Вода на Тиквеш и малата винарија Тристо.До сулфурот ќе да е :D
 
A

Avenger99

Гостин
Ова погоре е словенско, рачно берено. Кога бев на дегустацијија на технолошки факултет ни го сервираа ова (словенското). Ми се допадна и порачав преку еден другар 1 флаша. Едино затварачите не им чинат, иначе купажата е топ, перфектно одговара. Ова на Сопот не сум го пробал.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.840
Поени од реакции
5.120
Иначе Попова Кула за мене прават интересни винца. Посебно станушината ми остави добар впечаток.
Ако можеш да најдеш Станушина Розе од Попова Кула, поубаво розе вино не сум пробал досега. Исто многу ми се свиѓаат Жилавката и Прокупецот.
 
A

Avenger99

Гостин
Ако можеш да најдеш Станушина Розе од Попова Кула, поубаво розе вино не сум пробал досега. Исто многу ми се свиѓаат Жилавката и Прокупецот.
Сум пробал. Мислам дека се и едниствени на пазарот за вино со Станушина моментално. Не е лоша, има овошна аром станушината.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom