Виноскоп 2015

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
12.875
Поени од реакции
5.900
Деветото издание на најпознатиот македонски вински фестивал „Вино Скоп 2015“ ќе се одржи од 30-ти септември до 4-ти октомври...



Потврдено е учеството на над 20 најдобри македонски вински брендови кои како и секоја година по промотивни цени ќе ги презентираат своите вина, а ќе има и вкусни македонски деликатеси кои одлично одат со добра чаша вино.

Како збогатување на богатата винска и гурманска понуда е и музиката за душа. Настапуваат: Бојан Маровиќ, Дани Димитровска, Миле Кузмановски, Куку Леле, Тони Зен и Флека, Лозано, Тијана Дапчевиќ, Суперхикс, Ристо Самарџиев, Тајзи, Бета Хаус и многу други.

„Вино Скоп 2015“ ќе се одржи позади С.Р.Ц „Борис Трајковски“ на паркингот кај Аква Паркот.

Фестивалот е во организација на „Темов“ и со поддршка од Град Скопје.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
11.299
Поени од реакции
23.368
Ти на концерт ќе одиш или вино да дегустираш?!
Абе на нашиве фестивали за пиво и вино апла не е да се дегустира некаков алкохол, цените им се кафански.
На вакви манифестации треба да бидат цените најниски, а нашиве таленти се тепаат кој појак пријател да фати и подобар штанд, се перат еден куп пари, рекет на мртво и од страна на општината и од партиските рекетари ( и ова ти го кажувам од прва рака, а не од рекла казала) и на крај имаш вино/пиво со цени како во ресторан/кафана/кафич.
Кој има желба да дегустира, може да си дегустира во слободно време, имаш разновидно вино/пиво/жестоки пијалоци кои може да се купат секојневно и на раат да си ги пробаш дома (имаш книги/ страни на интернет каде за поголемиот дел имаш и опис во каква чаша се дегустира, топли, ладни и тн.), а ваму и чашата ќе ти ја наплатат, од стоење ќе го пиеш, ќе те изгазат како стока и на крај ќе слушаш некоја група која за љубов кон професијата излегла од гаражата каде што свирела и дрнка на бината.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.270
Види ги ти нив, сакаат без влезница да плаќаат да одат на настан, да слушаат музика и пивото да им е по цена од маркет. Е па тоа го нема никаде.
иначе виноскоп ми е најтапа не ради музиката или цените, туку некако не иде бе вино у гужви на нога да пиеш. Друго е пиво.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Ти на концерт ќе одиш или вино да дегустираш?!
Абе ако е фестивалов за дегустирање вино немало да го праат на паркинг позади сала туку ќе го напраат на некое поотмено место, у некоја галерија кај што ќе свири опера и ќе идат специјално одбрана багра. А не на паркинг да дерам вино од флаша и да го слушам Тајзи.

Демек артистиве што ги викнале се тип топ прилагодени за дегустирање вино, Тони Зен ќе треска глупости на сцена, Пеце ќе урла а Тијана ќе кажува вицови и ќе се смее како Тони Михајловски а ти ќе дегустираш вино, не заебавај.

Крш музичка програма како и да е.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom