Википедиа > 10000

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Сите знаеме дека Википедиа е слободна интернет енциклопедиа, и дека секој може да пише што сака без разика дали тоа е точно или не, сите знаеме дека њикипедиа е a priori нерелевантен извор на информации токму поради неговата природа, ама секогаш кога нешто не ни текнува прво гледаме што ќе каже нашата интернет „Вики“. Многу од работите кои не интересираат ги наожаме на англиската верзија, но полека тоа се менува, денес има над 10000 статии на Македонски јазик со што Македонската верзија на Википедија е влезена во втората група на јазици по бројност на статии. Ова е доказ дека иако официјално нема многу корисници на интернет кај нас, сепак се искористува до максимум.

 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Браво за сите што напишале некаква статија. Незнам дали има тука не форумов некој шо напишал по нешто. Кој за шо го бива и се разбира мислам треба да се потруди да напиши нешто. Или ако веќе има некој семинарска на некоја тема можи малку да ја прилагоди за Вики.
Патем за релевантноста морам да кажам дека прочитав за Германците дека владата финансира тим кој ќе се грижи за германската вики. Браво, се чудам дали ќе му текни на нашите да го направат то нешто.

п.с. постојат статии кои мислам дека ги надгледува само одреден тим и не можи да се менуваат. А и ако можи да се менуваат како на пример пропагандите на Грците. Постојано ги освежуваат во нивни интерес :(.

п.п.с. wow Земјите во 3тата категорија и дијалектите се закон. Дефинитивно не треба да дозволиме да не мешаат со нив.
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
Имам само една статија напишано. И после паузирав, и за време на таа пауза испомењале начинот на пишување и баталив.

Википедија колку сакате викајте дека не е релевантна, според мене не е толку вистина колку што е вистина дека истите тие статии/податоци/факти можат да се најдат по други сајтови, само што овде се споени во едно. Меѓутоа тоа се однесува на оние обични пишувачи што не пишуваат политички и што ти знам статии.
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
A-ха, конечно! Неколку од тие 10.000 се мои :)
Секоја чест на Цобе, Милош, Ивица и сите оние што напишале барем една нова статија.. се надевам дека до 100.000 ќе ни треба помалку од овие скоро 4 години :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom