Вие и вашите ставови

Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Па добро сега ако знам дека би можела да предизвикам караница со мојот став во тој случај би ја сменила темата или едноставно не би коментирала на таа тема,но во никој случај не би кажала дека се согласувам со нешто со кое навистина не се согласувам.Попрво би молчела.А за да се допаднам некому или за да се здопијам со нечие внимание во никој случај.Ако не се допаѓа некому моето мислење ОК но тоа мое си е.Па зашто и да му се допадне?Па и мене не ми се допаѓаат сите мислења?И јас не се согласувам со сечие мислење?Не гледам причина зошто би се правела нешто што не сум.А за тоа дали менувам мислења ДА но само затоа што тоа ми дошло самото од себе и сум размислувала поинаку а сега размислувам поинаку.Едноставно: се менуваат луѓето-се менуваат и мислењата.
 
Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Колку вашите ставови и мислења за секоја работа се цврсти и непроменливи?
Дали истите знаете понекогаш благо или скроз да ги промените?
Ако да, зошто го правите тоа?
Дали за да придобиете нечие внимание или да се допаднете некому можете да го промените вашиот став? Дали во разговор со блиски луѓе ви се случува да се согласите за нешто иако не мислите така, само за да не настане некоја расправија или да не променат другите мислење за вас?
Што мислите за таквите постапки ... дали промената на својот став значи компромис за одржување на една нормална врска со луѓето или едно чисто лицемерие?

И најбитното - колку сте храбри да ги кажете вашите ставови? Дали некогаш премолчувате поради страв од нешто?
Ако се согласам за нешто, тоа ќе биде само затоа што така мислам. Изградени ставови не менувам. Е сега, кога би се нашла во ситуација за нешто да немам утврден став, не ми треба многу време да размислам во врска со конкретното и да го оформам врз основа на своето искуство, размислувања, принципи и сл. Но, никогаш не одбирам став само за другиот да се чувствува подобро или за да не го смени мислењето за мене.

Промената на ставот не сметам дека е лицемерие. Човек кој го користи својот мозок и размислува не може да менува мислење само заради некој друг. Паметот ни е даден сами да оценуваме дали одредено мислење е правилно или не. Одлуката каков став ќе заземеме ни припаѓа нам, па ако се прифати туѓо мислење не значи дека сме лицемерни или прости.

Не премолчувам ништо, секогаш сум подготвена да искажам и да го бранам сопствениот став затоа што знам што мислам.
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.507
Поени од реакции
1.722
Колку вашите ставови и мислења за секоја работа се цврсти и непроменливи?Дали истите знаете понекогаш благо или скроз да ги промените?
Ако да, зошто го правите тоа?
Ах, не би рекол дека никогаш не ми се случило да променам став, но најчесто она кое ми е првично мислење ми останува и понатаму. Сепак, се случува и да увидам дека мојот став не е правилниот и делумно да го прифатам туѓиот врз чиј основ би формирал еден нов став кој до некаде ќе содржи некои принципи и размислувања од претходниот мој став.
Дали за да придобиете нечие внимание или да се допаднете некому можете да го промените вашиот став? Дали во разговор со блиски луѓе ви се случува да се согласите за нешто иако не мислите така, само за да не настане некоја расправија или да не променат другите мислење за вас?
Никако. Ако менувам став тоа е затоа што сум убеден дека мојот ства не е правилниот. За да му се допаднам на некого не ми е потребно да си го сменам ставот. Почитта и допаѓањето не доаѓаат од формата на ставовите. Доаѓаат од начинот на кој сме способни да ги произнесеме.
Ми се има случено да се согласам со нешто, меѓутоа не пропуштам да го кажам и она кое јас го гледам како опција и можност. Сепак, заедничкиот труд вродува повеќе плод:)
Што мислите за таквите постапки ... дали промената на својот став значи компромис за одржување на една нормална врска со луѓето или едно чисто лицемерие?
Промената на ставот, кажав, може да значи само исправка на нешто за кое ние лично сме имале погрешни сфаќања. Е сега, има и такви кои со промената се обидуваат да постигнат компромис, а и такви кои го прават тоа од чисто лицемерие.

И најбитното - колку сте храбри да ги кажете вашите ставови? Дали некогаш премолчувате поради страв од нешто?
Храбар сум додека знам дека сум во право. Меѓутоа и ако знам дека не сум, сепак се обидувам да ги искажам моите размислувања до степен кој повеќето би ги сфатиле.
Премолчувам само кога знам дека некоја дискусија навистина би немала крај. Поточно, премолчувам во ситуации кога ќе треба да имам работа со тврдоглави личности. ТУка не вреди ниту став, ниту инаетење.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
788
Поени од реакции
23
ги кажувам моите ставови јасно пред секого не го менувал лесно мислењето а најмалце не се согласувам со нечто што сметам дека не е така или не ми одговара лично мене и секогаш ги искажувам без разлика колку би била напаѓана од другите
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.523
Јасно и гласно пред било кого :helou:
Сепак кон одредени личности почитта е пред ставот, што е и нормално.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Колку вашите ставови и мислења за секоја работа се цврсти и непроменливи?
Дали истите знаете понекогаш благо или скроз да ги промените?
Ако да, зошто го правите тоа?
Дали за да придобиете нечие внимание или да се допаднете некому можете да го промените вашиот став? Дали во разговор со блиски луѓе ви се случува да се согласите за нешто иако не мислите така, само за да не настане некоја расправија или да не променат другите мислење за вас?
Што мислите за таквите постапки ... дали промената на својот став значи компромис за одржување на една нормална врска со луѓето или едно чисто лицемерие?

И најбитното - колку сте храбри да ги кажете вашите ставови? Дали некогаш премолчувате поради страв од нешто?
Сигурен сум прилично во себе кога искажувам свој став.
Кога ќе увидам дека не сум во право го променувам ставот за да си бидам во право.
Не го променувам својот став за да му се допаднам на некому, туку поинаква техника употребувам :), го замолкнувам човекот слушајќи ме мене колку многу познавања имам од многу теми :).
Гледам никогаш да не правам компромис со реалноста, ако јас лично гледам дека ѕидот е бел тогаш е бел за мене, не битно кој колку сака нека ме убедува дека е црн, јас го гледам како бел затоа што е бел.
Прилично сум храбар во искажување на моите ставови, ако нешто премолчам нема да биде од страв туку заради општо добро на сите.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Да имаш став не значи дека треба да е непроменлив... Нешто што сакам кај себеси е што признавам кога нешто не знам, признавам кога грешам и перцепирам издржани образложениа... Ако факти и логика укажуваат на некоја моја заблуда или неиздржаност во мислењето, не гледам причина (освен сулуда тврдоглавост) зошто би одела со глава во ѕид...

Не е реално да се почитува „ставност“ на некого доколку истиот не е доволно зрел да ги менува...

п.с. не сум политичар :smir:
 
AdRi*

Obscenely Delicious
Член од
10 декември 2007
Мислења
651
Поени од реакции
41

Се согласувам.Глупаво е нон стоп да менуваш ставови ама не е страшно ништо доколку гледаш дека не си во право да сменеш мислење за некоја работа.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Мислам дека променив дел од ставовите за овие 7 години тука. Прво едно време бев за смртната казна, сега сум отворено против. Бев За хемиската кастрација, и за тоа го променив ставот, и на таа тема, против сум јавно да бидат објавувани педофилите. Не може да се спречи линчот против нив иако во тој момент не прават ништо (пр. шетаат низ парк и бидат нападнати од родители кои ја виделе нивната слика). Педофилијата ми е една од најодбратните нешта, ама ако имаш јавен архив секогаш ќе бидат предмет на линч. Доволно е да не смеат да се приближуваат до градинките и училиштата, да речеме, на 500 м.

Интересно е и тоа што го променив мислењето и за Трамп. Во прво време гледав СиЕнЕн и сите негови изјави, кои беа саркастични, они ги пренесуваа како негов став. Потоа ја гледав третата дебата на републиканците (мислам дека на втората не отиде, па потоа ја гледав првата на ЈуТуб, небитно) и ми се промени ставот за 180С. Затоа треба да се сослушаат и двете страни.

Си ја читам еволуцијата на моите разлислувања и темите низ кои се движам овие години на форумов и сфаќам дека се помалку ми е грижа и дека се помалку влегувам во сериозни дебати. :(
 
Последно уредено:
Член од
13 април 2021
Мислења
10
Поени од реакции
1
Сакам да прашам дали имате некое искуство или мислење да споделите за Архитектура на ФОН ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom