Понекогаш ме фаќа страв од сопствената тврдоглавост и кога ќе насетам дека никој не може да ме убеди во ништо, бидејќи тоа веќе е сигурен знак на зрелоста или полошата варијанта на зборот ,,стареењето,,. А најмалку од се сакам да бидам личност која не прифаќа туѓо мислење и не се ,,помачува,, да го разбере туѓиот став. Тоа е нешто како предубедување дека сме ,,попаметни,, и дека никој не може да ни каже ништо ново (нели, се сме научиле).
Проблемот со прецврстите ставови е тој што не ,,онеспособуваат,, да научиме нешто ново или одредена работа да ја доживееме на поинаков начин.
Во врска со ставовите на условно кажано авторитетите во мојот живот (личностите кои ги ценам) можам да кажам дека тие имаат влијание врз мене и мојот начин на размислување и тоа го сметам за позитивно од аспект дека ете на мене сеуште може да се влијае во промена на мислење, став и воопшто промените ги доживувам како позитивна работа.