Вие и вашите ставови

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Колку вашите ставови и мислења за секоја работа се цврсти и непроменливи?
Дали истите знаете понекогаш благо или скроз да ги промените?
Ако да, зошто го правите тоа?
Дали за да придобиете нечие внимание или да се допаднете некому можете да го промените вашиот став? Дали во разговор со блиски луѓе ви се случува да се согласите за нешто иако не мислите така, само за да не настане некоја расправија или да не променат другите мислење за вас?
Што мислите за таквите постапки ... дали промената на својот став значи компромис за одржување на една нормална врска со луѓето или едно чисто лицемерие?

И најбитното - колку сте храбри да ги кажете вашите ставови? Дали некогаш премолчувате поради страв од нешто?
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.108
Поени од реакции
818
Бројот на цврсти ставови кај мене е многу мал, односно за многу малку работи имам оформено цврсти ставови и би се држел до нив. Како што сум близнаци во хороскоп, за сите останати нешта немам определено став односно еднаш одам по една варијанта а друг пат по друга, често сакам да ги применам и двете а често ми е сеедно и немам никаков став за работата.

Инаку склон сум кон нивна промена во зависност од ситуацијата но не премногу, односно гледам првенствено дали ќе имам позитивен фидбек од тоа што ќе го сменам мислењето само за да се вклопи со тоа на другата личност. Инаку да, се согласувам на компромиси само за да нема расправија или да не смени мислењето за мене.

Не би рекол дека промената на ставот заради одржување на врска со една личност е лицемерие, поскоро е компромизирање за да не се влошат работите. Во секој случај комплетно и драстично менување ставови не сум сретнал никаде ниту пак кај мене некој забележал (како ни јас самиот).
 

vlatkolik

~I'm busy U are UglY,Have a Nice DaY!!!~
Член од
17 мај 2007
Мислења
2.647
Поени од реакции
28
Треба многу време и убедување за некој да ми промени став во целост,ако за нешто сум зацртал во главата дека така треба да биде така и ќе биде...
Придобивање внимание со промена на мој личен став само за да не мисли лошо за мене некој,НЕ...си стојам цврсто зад моето,макар и се мразиме после тоа...но не викам дека не сум се фатил во ситуација кога сум рекол ок во право си,само за да не испадне нешто поголемо,но тоа само со некој ептен близок и кој ептен ми значи во животот,значи некогаш е компромис.
Неколку пати бев испровоциран да кажам некои мои ставови,се отворив до максимум,и тоа ми донесе негативни резултати...од тогаш си ќутам...на некои места најубаво е да се преќути ( се додека не дојде моментот „е*ење у здрав мозок“ ),кај што има сила нема правдина :)
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Значи цел живот расправам за ова и знам дека ќе расправам. Обично дома се дешава тоа. Имам цврст став за скоро се, ретко го менувам ставот, значи некогаш имам став па макар и да е погрешен, ја го имам и стојам позади него. Ретко грешам, зашто 3 пати мислам 1 сечам. Така да и тие ставови не се градени преку ноќ. Никој не вилјае на нив, сама се научив дека ако не си изградиш свој став во животот цел живот ќе го менуваш и со тоа некако не ми личи стабилна особа. Ретко го менувам својот став, одам до крајност, можеби сум повредила луѓе, ама неможат цел живот да живеат под стаклено ѕвоно нели? Ако увидам дека со мојот став јас ќе ги повредам тогаш во поублажена форма го кажувам намисленото или премолчувам во краен случај. Ако на некого не му се свиѓаат моите ставови, ок, секој си има право на свое мислење како и јас. Го почитувам понатаму истиот со иста мера како претходно.:smir:
 
Член од
16 октомври 2007
Мислења
70
Поени од реакции
5
Ponekogas e zdravo da se napravat otstapki.Tenka e linijata pomegju cvrst stav i tvrdoglavost.Ne e predavstvo da poslusas ponekogas.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Колку вашите ставови и мислења за секоја работа се цврсти и непроменливи? ?
Премногу.Јас сум човек што анализира,што полека оформува став,ама откога ќе го оформам исто ко со бетон да сум го зациментирала.Плус кога ќе се додаде фактот дека сум Бик во хороскоп...:a.a:
Сериозно,многу цврсто стојам на своите ставови,ретко,ретко може да се деси да променам мислење.Поголема веројатност има во Сахара да заврне снег.

Дали истите знаете понекогаш благо или скроз да ги промените?
Ако да, зошто го правите тоа?
Нагло,не менувам став.Ама ни под точка разно.
Може,ако се испостави дека сум била во заблуда,или ако увидам нешто,малце да го модифицирам,ама нагло да сменам став не.
Некогаш може да видам дека некој мој став е неоснован(ретко,ама знае да се случи) па затоа и малце го менувам.


Дали за да придобиете нечие внимание или да се допаднете некому можете да го промените вашиот став? Дали во разговор со блиски луѓе ви се случува да се согласите за нешто иако не мислите така, само за да не настане некоја расправија или да не променат другите мислење за вас?
Ма не менувам став,за ништо на светов.Дури знам и да бидам прилично гласна кога бранам мој став,особено пред блиски луѓе.
Моите блиски,ме знаат каква сум,ме знаат дека сум одлучна и дека секој мој збор кога е кажан е кажан.
Можам да се смеам,да се глупирам,ама кога правиме муабети за некои такви ствари,мојот став е тој и не го менувам за никој и по никоја цена.

Што мислите за таквите постапки ... дали промената на својот став значи компромис за одржување на една нормална врска со луѓето или едно чисто лицемерие?
Хм... не мора да значи дека е лицемерие.Има луѓе кои едноставно не сакаат да аргументираат или менуваат свое мислење.
Но има луѓе кои сакаат да се лижат,па сакат да се направат паметни,па ако треба и ќе ги погазат своите убедувања само за да му се упикаат на некого,што страшно ме иритира,а често го гледам тоа и ме запрепастува и згрозува.

најбитното - колку сте храбри да ги кажете вашите ставови? Дали некогаш премолчувате поради страв од нешто
Па..зависи...став не менувам,ама за да не се расправам,кажувам,ок,тоа е твое мислење и завршувам со дискусија.
Обично си кажувам што мислам,барем со тоа немам проблеми.
Сакам да кажам што мислам,иако некогаш ако сум со луѓе што не ги знам многу добро,срамежливо кажувам што мислам.
Сепак во глобала сум храбра да кажам што мислам,макар и сите други да имале различно мислење од мене
 
Член од
16 октомври 2007
Мислења
70
Поени од реакции
5
Licemerie? Ne sekogas e hrabrost da se falis so sopstvento mislenje.
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Колку вашите ставови и мислења за секоја работа се цврсти и непроменливи?
Дали истите знаете понекогаш благо или скроз да ги промените?
Ако да, зошто го правите тоа?
Дали за да придобиете нечие внимание или да се допаднете некому можете да го промените вашиот став? Дали во разговор со блиски луѓе ви се случува да се согласите за нешто иако не мислите така, само за да не настане некоја расправија или да не променат другите мислење за вас?
Што мислите за таквите постапки ... дали промената на својот став значи компромис за одржување на една нормална врска со луѓето или едно чисто лицемерие?

И најбитното - колку сте храбри да ги кажете вашите ставови? Дали некогаш премолчувате поради страв од нешто?
Лесно е да наметнуваш ставови , големината на еден човек е во тоа да ги разбере тугите ставови. Во рационални рамки , се разбира .
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.577
Поени од реакции
2.560
Ako sum 100% siguren deka sum vo pravo za nesto,nema ziva sila da me natera da si go smenam stavot!Ali nikogas ne odam so glava vo zid.Ja islusuvam i drugata strana,i ako zaklucam deka gresam,prifakam toa sto e,i go menuvam stavot!Ne sum tvrdoglav!
 

Mad Maxx

SSG3000
Член од
4 мај 2005
Мислења
1.235
Поени од реакции
64
Непроменливоста неминовно води до изолација и осаменост.Во природа на луѓето е при контакти со други да го наметнуваат своето мислење.
Во мој случај налетуваат на зид.Оние неколку што ги знам,кои имаат способност да водат диалог т.е да го ислушаат соговорникот и да го кажат своето мислење ми се другари.
 

vlatkolik

~I'm busy U are UglY,Have a Nice DaY!!!~
Член од
17 мај 2007
Мислења
2.647
Поени од реакции
28
Непроменливоста неминовно води до изолација и осаменост.Во природа на луѓето е при контакти со други да го наметнуваат своето мислење.
Во мој случај налетуваат на зид.Оние неколку што ги знам,кои имаат способност да водат диалог т.е да го ислушаат соговорникот и да го кажат своето мислење ми се другари.
Дали убаво те разбрав,сакаш да кажеш дека луѓето кои имаат основано цврсти ставови за нешто и кои се непроменливи за нив се почесто се осамени.Мислиш дека само оние другите се спремни за разговори,дали јас имам цврст став за нешто или не,секогаш сум спремен да го сослушам другиот без разлика дали нашите мислења се совпаѓаат или не.
Ако грешно сум те разбрал поправи ме. :wink:
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Колку вашите ставови и мислења за секоја работа се цврсти и непроменливи?
Дали истите знаете понекогаш благо или скроз да ги промените?
Ако да, зошто го правите тоа?
Моите ставови за кои што сум убедена дека се точни- не се менуваат.
Ставовите за кои досегашните околности ми ги прикажале како такви, но сепак имам уште доста да искусам, само ги надоградувам и дооформувам, па понекогаш и изменувам ако искуството ми го докаже спротивното.

Дали за да придобиете нечие внимание или да се допаднете некому можете да го промените вашиот став? Дали во разговор со блиски луѓе ви се случува да се согласите за нешто иако не мислите така, само за да не настане некоја расправија или да не променат другите мислење за вас?
Никогаш не сум прифатила нешто како што ми било сервирано доколку не гледам на тоа исто како мојот соговорник.
Директна личност сум, му се допаѓало на некој или не- не може да го смени тоа.
Никогаш не кажувам нешто кое што не го мислам и чувствувам, зашто нема да бидам во состојба да го бранам со факти и подобро да кажам како навистина мислам и да не ја воодушевам “публиката“, отколку да кажам нешто кое ќе биде површно, неиздржано и без аргументи и пак да ги “разочарам“ останатите. Мене искрено, многу подобар впечаток ќе ми остави некој кој не размислува како мене, но умее да докаже зашто така мисли, отколку некој што само на празно ќе се расправа и ќе млати празна слама.
А ако дојде до расправија поради несогласување и нееднакви ставови- се решава, се додека не дојде до тоа мојот соговорник да ми ги увалува неговите мислења.


Што мислите за таквите постапки ... дали промената на својот став значи компромис за одржување на една нормална врска со луѓето или едно чисто лицемерие?
Се изјазнив погоре во врска со менување ставови само за да и се допаднеш на околината или да не дојде до кавга.
Повеќе ја ценам искреноста.

И најбитното - колку сте храбри да ги кажете вашите ставови? Дали некогаш премолчувате поради страв од нешто?
Порано за многу работи молчев и не кажував мислење додека не ми беше кажано да се изјаснам на некоја тема, но сега немам никаков проблем во искажувањето на ставовите... ќе се држам до тоа во кое верувам дека е така додека не се уверам лично ЈАС во спротивното, па макар и единствена да сум со тој став.
 
Член од
29 ноември 2007
Мислења
1.149
Поени од реакции
38
Колку вашите ставови и мислења за секоја работа се цврсти и непроменливи?
Дали истите знаете понекогаш благо или скроз да ги промените?
Ако да, зошто го правите тоа?
Дали за да придобиете нечие внимание или да се допаднете некому можете да го промените вашиот став? Дали во разговор со блиски луѓе ви се случува да се согласите за нешто иако не мислите така, само за да не настане некоја расправија или да не променат другите мислење за вас?
Што мислите за таквите постапки ... дали промената на својот став значи компромис за одржување на една нормална врска со луѓето или едно чисто лицемерие?

И најбитното - колку сте храбри да ги кажете вашите ставови? Дали некогаш премолчувате поради страв од нешто?
Доколку сум во право за некоја работа и сигурна сум во тоа 100% нема шанси да го променам ставот.Доколку дојде до мала промена тоа значи дека има нешто што сум пропуштила во оформувањето на ставот и го надополнувам а ако го променам целосно значи сум имала погрешен став.Меѓутоа секогаш пред да изградам еден став кон нешто или некого многу анализирам и преработувам информации,а ми се има случено и одма да го формирам без предходно размислување туку водена според инстинктот.Никогаш не ме менувам мислење и став.Ако на некој му се допаднам ок ако не пак ок,неможам на сите да им се допаднам.Кога верувам во нешто упорна сум да го докажам тоа никогаш не ми е важно дали другите ќе ме гледаат поинаку.јас сум искрена личност.Едно е да направиш компромис во некоја врска а друго е да менуваш став.Затоа што компромисот се заснова врз "на ти,дај ми",а менувањето став е менување на својот карактер со што се покажува лабилноста на личноста.Секогаш ги кажувам моите ставови во врска со нешто ако ги премолчам тоа значи дека не се доволно важни за мене,но доколку бидам испровоцирана ги кажувам.Никогаш ниту сум се срамела од моите ставови ниту сум се плашела да ги кажам.
 

jass

Aut viam inveniam aut faciam!
Член од
25 август 2007
Мислења
328
Поени од реакции
4
Stavovite mi se mnogu cvrsti. Tocno e deka nekogas ke popustam i ke otstapam od nesto ama samo ako nekoj ja ima sposobnosta da me uveri deka gresam. Vo princip ne sum licnost koja premolcuva raboti pa taka da i stavovite ne si gi krijam glavno zatoa sto mislam deka nema takva potreba, apsolutno ne se sramuvam a bogami nitu mi e star da si go kazam stavot. Iako nekogas (retko) se slucuva da ne sum vo pravo imam lice da kazam da vo pravo si i da prodolzam ponatamu.
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Имам доста цврсти ставови за многу работи од различни сфери и тешко ги менувам, најчесто се држам до нив. Некогаш може да попуштам малце и тоа не го сфаќам како лицемерие туку како одбегнување на непотребно карање до кое би дошло ако се држам како слеп за стап за се што мислам. Колку и да сме тврдоглави и инати сепак некогаш мора малце да попуштиме. Не се плашам да си ги кажам ставовите, не гледам причина за тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom