Видео монтажа и обработка

Член од
24 ноември 2009
Мислења
32
Поени од реакции
15
Здраво дечки, ја создадов темава за да може да се разменат искуства од областа на видео монтажата, како и решавање на некакви проблеми. Видов дека нема никаде по македонскиве форуми отворено ваква тема па решив јас да ја отворам.
Еве како за старт, ме интересира со која програма преферирате да работите и зошто? Исто така ако некој знае по интернетов каде има туториали (ама поозбилни) или некоја литература поврана со монтажа нека каже. :)
 
Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.729
Поени од реакции
15.240
sony vegas, adobe after effects и други ама со овие скоро целата работа ја завршам :) туторијали не сум гледал ич све сам си научив чачкајки, многу работи сум импровизирал ама сега сум бааги искусен, да не се фалам :D
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
32
Поени од реакции
15
www.creativecow.net/

www.video2brain.com

Се што ти треба имаш тука..и авторите можеш да ги ѕирнеш посебно низ нет ќе најдеш доста ствари:)
Овде има доста добри ствари, фала многу! :)
Иначе од кога се занимавате со монтажа? Мислам имате ли нешто попрофесионално работено некаде? Јас до сега само аматерски сум работел (читај средување домашни видеа и праење аматерски спотови за другари), али годинава се упишав на ФДУ кај нас на катедрата по филмска и ТВ монтажа и малце посериозно навлегов у целава работа :)
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.323
Поени од реакции
1.329

Сакаш да научиш да монтираш или да работиш со програм за монтажа? Тое се две сосема различни работи. На ФДУ верувам ќе учиш за првото, а треба да ти дадат и литература, да не бараш по форуми.
Јас лично користам Media Composer.
 
Две различни работи кои паралелно сакам да ги развијам. Имам доволно литература што ми е дадена од факултет за учење и читање, ја отворив темава чисто да ја има и да може сите кои ги интересира оваа област да се вклучат во некој разговор. А иначе, знаеш дека има работи кои само на интернет може да се најдат, затоа прашав за туториали или некоја интересна литература.
Иначе Avid Media Composer го имам еднаш симнато, инсталирано и отворено и само што го напраив тоа кликнав Close и го деинсталирав. xD Колку што знам тој се користи за посериозни проекти како документарци и играни филмови. Јас почнав со Vegas Pro, а сега се фокусирам стрикно на Premier да го научам убаво. И доста добро ми иде, далеку подобар ми е од Вегасот :)
 
Член од
15 октомври 2009
Мислења
799
Поени од реакции
244
Adober After Effects, Sony Vegas, а некогаш кога ме мрзи користам Blufftitler.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.323
Поени од реакции
1.329
Иначе Avid Media Composer го имам еднаш симнато, инсталирано и отворено и само што го напраив тоа кликнав Close и го деинсталирав. xD Колку што знам тој се користи за посериозни проекти како документарци и играни филмови. Јас почнав со Vegas Pro, а сега се фокусирам стрикно на Premier да го научам убаво. И доста добро ми иде, далеку подобар ми е од Вегасот :)
Терај со премиер. Што повеќе програми научиш тоа подобро. Кога ќе го научиш целосно, ќе ги воочиш мааните и ограничувањата што ги има и ќе бараш подобар. Така со време ќе стигнеш до Media Composer ;). Сепак зависи и што монтираш. За спот или реклама или нешто да скратиш, со било кој ќе завршиш работа, нема тука многу финеси. Ама за сериозна работа, треба и сериозен алат.
 
M

Mr.InF3ction

Гостин
moongoses

Не знам дали те сфатив точно но на некој начин сакаш да кажеш декa Premiere Pro не е за сериозна рабта и има недостатоци кои што во Media Composer ги нема?
Ако сум те сфатил како што треба, објасни кои се тие маани ?
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.323
Поени од реакции
1.329
moongoses

Не знам дали те сфатив точно но на некој начин сакаш да кажеш декa Premiere Pro не е за сериозна рабта и има недостатоци кои што во Media Composer ги нема?
Ако сум те сфатил како што треба, објасни кои се тие маани ?
Не реков дека не е за сериозна работа, меѓутоа Media Composer многу подобро се снаоѓа на големи проекти, заради одличниот медиа менаџмент и остантите „напредни“ алатки, целосната имплементација на MXF стандардите итн.
Пробај стави >48ч материјал на премиер, од повеќе извори, направи повеќе од 50 секвенци, сето тоа во ист проект и спореди со истото во МС.
 
Член од
15 октомври 2009
Мислења
799
Поени од реакции
244
Мене ми треба некое програмче како што е LIFE FRAME ама колку што знам тоа работи само на Асус лаптопи, сакам нешто да снимам со лаптоп. . . па ако може малку помош ?
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.230
Поени од реакции
389
Не реков дека не е за сериозна работа, меѓутоа Media Composer многу подобро се снаоѓа на големи проекти, заради одличниот медиа менаџмент и остантите „напредни“ алатки, целосната имплементација на MXF стандардите итн.
Пробај стави >48ч материјал на премиер, од повеќе извори, направи повеќе од 50 секвенци, сето тоа во ист проект и спореди со истото во МС.
-Ако ти се базите организирани добро, нема никаков проблем. Најпосле ни со Media Composer не можеш мазно да рботиш со расфрлани 48 саати материјал во разни фајлови. За моментот наречен "user friendly" ич да не спомињам. Со Adobe Premiere во сите свои верзии до сега 100 пати полесно, побрзо и поедноставно се работи. Ако треба да си го арчам умот на технички заебанции, што ќе остане за креативност? ;) :D
 
На врв Bottom