Ветеринарно катче

Член од
9 декември 2009
Мислења
87
Поени од реакции
25
Кучката ми е скучна, денес и е 60ти ден, како да знам кој ден ке почне да се пораѓа дали има некои симптоми што треба да ги забележам ? не сум имал до сеа вакво искуство добро би ми дошло некој совет :)
 
Член од
26 јуни 2012
Мислења
89
Поени од реакции
57

Ке препознаеш многу лесно,ке биде вознемирена ке шета како да бара нешто,односно бара најпогодно место да се кучи,во моментот на кучење ке забележиш контракции на стомачната мускулатура и нормално плодова вода ке истекува и тн.Кога ке сметаш дека кучењето е завршено,носи ја на вет.затоа што они носат поголем број на кутриња,па можно е да има останато некое внатре,по што кучењето зане да трае долго а ти да мислиш дека е завршено,башка во тој период добро би и дошло малку и рехидратација со физиолошки раствор како и инекција која ке и ги поттикне трудовите контракции,затоа што при долго кучење знаат да прекинат и да остане нешто во матката без разлика дали е плод или плацента кое ако не излзе знае да направи многу проблеми.
PS.немај гајле во најголем процент кучките лесно се пораѓаат без никакви компликации.
 
L

Ligeia

Гостин
Кучката ми е скучна, денес и е 60ти ден, како да знам кој ден ке почне да се пораѓа дали има некои симптоми што треба да ги забележам ? не сум имал до сеа вакво искуство добро би ми дошло некој совет :)
Првиот симптом дека се наближува породувањето е дојки полни со млеко,тешки и видно зголемени.На два можно е до три дена пред окучувањето ќе забележиш дека е немирна,долго време душка низ просторот каде што е сместена барајќи погодно место за да се окучи.Можете во некое ќоше или местото каде што ќе ја забележите дека најмногу оди да и ставите картонска кутија со ќебе или некој мек материјал а одоздола весници-она би требало да ја прифати сугестијата затоа што вообичаено бараат тивок простор за да се окучат. :) Породувањето завршува со исфрлување на плацентата и така ќе препознаеш дека сите кученца се надвор.Доколку забележиш да квичи подолг период откако ќе легне на местото,да дише забрзано и да има излезено само едно до две кученца значи дека и треба инекција со окситоцин кој ги зголемува мускулните контракции и го продолжува и олеснува породувањето па во тој случај обрати се на ветеринар.Поздрав и со среќа. :)
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14
Поени од реакции
1
http://www.veterina.com.mk/ , фирма за продажба на ветеринарни лекови, храна за добиток, отрови против штетници (специални ампули за кучиња и мачиња против болви и крлежи), вакцини, плус може да ги контактирате за секаков вид совети...
 
maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Имал некој проблеми со паранални жлезди? Некое куче да примало терапии за нив? И да не знаете цена каде колку е нивно чистење? :)
 
апец

Јувентус фан
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.083
Поени од реакции
60
Првиот симптом дека се наближува породувањето е дојки полни со млеко,тешки и видно зголемени.На два можно е до три дена пред окучувањето ќе забележиш дека е немирна,долго време душка низ просторот каде што е сместена барајќи погодно место за да се окучи.Можете во некое ќоше или местото каде што ќе ја забележите дека најмногу оди да и ставите картонска кутија со ќебе или некој мек материјал а одоздола весници-она би требало да ја прифати сугестијата затоа што вообичаено бараат тивок простор за да се окучат. :) Породувањето завршува со исфрлување на плацентата и така ќе препознаеш дека сите кученца се надвор.Доколку забележиш да квичи подолг период откако ќе легне на местото,да дише забрзано и да има излезено само едно до две кученца значи дека и треба инекција со окситоцин кој ги зголемува мускулните контракции и го продолжува и олеснува породувањето па во тој случај обрати се на ветеринар.Поздрав и со среќа. :)
А кое е решението да се прочисти кучката пред да роди ? Има ли некакви методи на стерилизација, или инекција за исфрлање на плодот ?
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
^ Нешто што се вика абортус.;) Не знам дал постои одреден период/ограничување како кај човекот, али процедурата е таа...
 
Член од
26 јуни 2012
Мислења
89
Поени од реакции
57
А кое е решението да се прочисти кучката пред да роди ? Има ли некакви методи на стерилизација, или инекција за исфрлање на плодот ?
Да има начин како што и самиот кажа,стерилизација комплетно отстранување на матката и јајниците заедно со плодовите во неа,a а што се однесува до инекции да постојат се во зависност колку дена ти е скучна.Доколку си сигурен дека после спојувањето нема поминато 24-48 часа тогаш се аплицира естардиол(хормон) кој спречува зафаќање на оплодената јајцеклетка за слузницата на матката(има опасност од пиометра,пореметување на коскената срцевина како и продолжување на циклусот),а доколку има поминато повеке денови тогаш се даваат други препарати кои освен простагландините и дексаметазонот не знам дали ги има регистрирано во Македонија обично с е аплицираат 42 ри ден од бременоста .
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Значи со кучево мое...Господ сум го видел ! Веќе долго време кога се чеша кај само десното уво подквичнува ,проверив во увото ништо нема ,ампула има примено не се крлежи значи...

Сум го приметил со ногата не позади увото туку во увото се чеша (стафорд ,сечени му се ушите)...треба за нешто да се секирам или е мутаво кучево ептен ,пошто стварно е легенда...?
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Значи со кучево мое...Господ сум го видел ! Веќе долго време кога се чеша кај само десното уво подквичнува ,проверив во увото ништо нема ,ампула има примено не се крлежи значи...

Сум го приметил со ногата не позади увото туку во увото се чеша (стафорд ,сечени му се ушите)...треба за нешто да се секирам или е мутаво кучево ептен ,пошто стварно е легенда...?
Можно е да има внатрешна инфекција, јас имав сличен проблем со моето. Му го исчисти каналчето братучед ми, и после како ново беше.
 
Член од
26 јуни 2012
Мислења
89
Поени од реакции
57
Значи со кучево мое...Господ сум го видел ! Веќе долго време кога се чеша кај само десното уво подквичнува ,проверив во увото ништо нема ,ампула има примено не се крлежи значи...

Сум го приметил со ногата не позади увото туку во увото се чеша (стафорд ,сечени му се ушите)...треба за нешто да се секирам или е мутаво кучево ептен ,пошто стварно е легенда...?
Не знам како си го проверил кучињата имаат премногу дог канал и скоро е невозможно да го видиш целиот канал со голо око без посебен инструмент,со голо око ке го видиш само вертикалниот дел од каналот но нема шснси и хоризонталниот кој води до ушното тапанче,можно е да има некое страно тело,а ти д а не можеш да го видиш само со ѕиркање во уво,можно е д е инфекција,а можно е како и секогаш и двете носи го на вет.они си ја знаат работата ти не пипкај ништо не масирај и сл.да не направиш поголема штета(y) без претходно да го види стручно лице.
 
L

Ligeia

Гостин
А кое е решението да се прочисти кучката пред да роди ? Има ли некакви методи на стерилизација, или инекција за исфрлање на плодот ?
Обично кај нас инектираат дексаметазон но не сум сигурна.
 
M

Moon Child

Гостин
Луѓе ве молам помогнете ми оти стварно веќе незнам што да направам. Мојов мачор полуде, нон стоп се гризе по грбот, парче се прави. Болви нема, има и ампула, и со нео питроид го прашев, му немам приметено болва редовно го прегледувам, значи од тоа не е. Нешто друго е во прашање, како да се мрдна, две секунди да начека веднаш почнува да се гризе. Си ја тегне кожата со забите, отвори рани на грбот се крвоса целиот. За да го спречам му врзав едно крпче на грбот за колку толку да го заштитам, ама џабе е, на места каде што може пак се гризе/кине. Не е од жештината, затоа што кога беше најжешко не правеше овака, сега почна, стварно незнам како да го спречам. Еве сега и празник фати неколку дена неможам на ветеринар да го однесам, тек утре. Неможам да го гледам повеќе како се гризе, ме ежи и се нервирам. Помош!
 
На грбот се гризе само на одредено место или повеќе места?
 
M

Moon Child

Гостин
На грбот се гризе само на одредено место или повеќе места?
Па на повеќе места си направи како дупки без крзно крвосани. Отворени рани... Што може да е ? Му ставав кантарионово масло ама тпгаш за тогаш помага, после тоа пак почнува.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom