Вести од Иран ( тривијална тема )

S

Sheldon Cooper

Гостин
Католички е.
НЕ се расправам повеќе.
Каков сака нека е, јас решив да не бидам религиозен и сепак ќе го славам Св. Валентин. Нашава влада не се разликува многу од Иранската. Забранува се што е спротивно од православието, Македонците муслимани не ги признава за Македонци и сака да ги направи друга нација само затоа што не биле христијани. Од кога Македонецот почнавме да го дефинираме според религијата? Па ние постоиме 1000 години пред самото христијанство. Дали тоа значи дека Владата го признава Александар Македонски кој очигледно не бил христијанин а ги негира Македонците муслимани (Торбеши)? Можеби ова нема врска со самата тема но сум многу исфрустриран од сегашнава гарнитура која до пред неколку месеци и самиот ја почитував и бев нејзин поддржувач.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.140
Поени од реакции
15.885
Ја дали сум православен, католик, муслиман, атеист, нерелигиозен, марсовец, тоа нема врска. Љубовта е универзална и заслужува официјален ден за славење. Кој си го сака Трифун пијаницата, нека си го слави, негово право.

Тоа што е убаво и универзално, не е кич. И никакви мерки од типот на иранските, нема да ја убијат човечноста и славењето на тоа прекрасно чуство.
Бре, бре, БРЕ!
Никој од овде што постираа не рече дека љубовта не заслужува ден за славење. Само зашто да мора тој ден да биде токму 14 февруари, денот кога најголемиот дел од населението што живее тука си има празник соодветно на неговата религија. Еве на пример, јас сакам ден на вљубените да ми биде 22 август и тој ден ќе си го славам, а на 14 февруари ќе си одам у лозје да си го закроам лозјето и да се напијам винце кое сум го добил од моето лозје.
Друга работа, зашто да се слави само љубовта кон партнерот, само таква љубов постои ли таа го има ли екслузивното право да има таков официјален ден? Зашто не прифатиме некој друг "универзален" празник кој што пропагира љубов, кон семејството да речеме или пријателите.
Премногу значење му се дава на празников, а нема потреба од тоа. Не викам дека ова што е направено во Иран е правилно, не треба до толку да се радикализира кој сака нека си го слави, ама да биде во прв ред овој празник пред оној празник кој го празнува религијата на која сум јас верник нема шанса.
 
V

Vollstandig

Гостин
Каков сака нека е, јас решив да не бидам религиозен и сепак ќе го славам Св. Валентин. Нашава влада не се разликува многу од Иранската. Забранува се што е спротивно од православието, Македонците муслимани не ги признава за Македонци и сака да ги направи друга нација само затоа што не биле христијани. Од кога Македонецот почнавме да го дефинираме според религијата? Па ние постоиме 1000 години пред самото христијанство. Дали тоа значи дека Владата го признава Александар Македонски кој очигледно не бил христијанин а ги негира Македонците муслимани (Торбеши)? Можеби ова нема врска со самата тема но сум многу исфрустриран од сегашнава гарнитура која до пред неколку месеци и самиот ја почитував и бев нејзин поддржувач.
Зато што истите, тие македонци-муслимани се едно со останатите муслимани. Земаат албанки за жени, босанки и сл, ретко има брак меѓу македонка и македонец со различна вера.
После кој се дели? Владата сак да ги направи различни или самите тие се изјаснуват како торбеши демек посебна нација?
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Мислам дека и во православието има ден на вљубените.30 Септември изгледа беше,посветен на Св.Вера,Надеж и Љубов.
Но сепак Валентајн го слават западњаците,по фенси е,а?
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
648
Поени од реакции
550
Каков сака нека е, јас решив да не бидам религиозен и сепак ќе го славам Св. Валентин. Нашава влада не се разликува многу од Иранската. Забранува се што е спротивно од православието, Македонците муслимани не ги признава за Македонци и сака да ги направи друга нација само затоа што не биле христијани. Од кога Македонецот почнавме да го дефинираме според религијата? Па ние постоиме 1000 години пред самото христијанство. Дали тоа значи дека Владата го признава Александар Македонски кој очигледно не бил христијанин а ги негира Македонците муслимани (Торбеши)? Можеби ова нема врска со самата тема но сум многу исфрустриран од сегашнава гарнитура која до пред неколку месеци и самиот ја почитував и бев нејзин поддржувач.
Православните верници имаат свој празник на истиот датум , а и исто така имаат посветен ден за чествување на љубовта. А ова со македонците муслимани кај го ископа дека не се признаени од владава за македонци незнам, или онака колку само нешто да трупнеш.
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.557
Поени од реакции
1.502
Забранува се што е спротивно од православието, Македонците муслимани не ги признава за Македонци и сака да ги направи друга нација само затоа што не биле христијани. ОДали тоа значи дека Владата го признава Александар Македонски кој очигледно не бил христијанин а ги негира Македонците муслимани (Торбеши)?
Каде виде ти дека оваа влада забранува се што е спротивно од православието, ако е така требаше и Исламот да го забрани и католицизмот и јудаизмот во Македонија. Како што гледаме секој си има слобода и право да си ја следи својата религија и секта Точно дека малце претерува нашава влада и го цица народот финаниски и економски но смешно е да ги споредуваш иранската и македонската влада кога се работи за религиозните слободи во Македонија. во Македонија има најголема верска слобода ако се работи за тоа. Затоа размисли и гледај ги убаво работите а не да зборуваш глупости и да ги извртуваш работите зошто ќе ти се смеат

И како второ Торбешите сакаат да си бидат посебна нација, така се изјасниа и некои членови на форумов.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Православните верници имаат свој празник на истиот датум , а и исто така имаат посветен ден за чествување на љубовта. А ова со македонците муслимани кај го ископа дека не се признаени од владава за македонци незнам, или онака колку само нешто да трупнеш.
Не трупнувам јас ништо без потреба не грижи се. Еве каде го „ископав“ тоа, http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=5443, http://www.dw-world.de/dw/article/0,,6220165,00.html.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
ЛОЛ, а кога Св Валентајн бил дел од Иран и иранската култура? Па сега да констатираме... се исели?
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Каде виде ти дека оваа влада забранува се што е спротивно од православието, ако е така требаше и Исламот да го забрани и католицизмот и јудаизмот во Македонија. Како што гледаме секој си има слобода и право да си ја следи својата религија и секта Точно дека малце претерува нашава влада и го цица народот финаниски и економски но смешно е да ги споредуваш иранската и македонската влада кога се работи за религиозните слободи во Македонија. во Македонија има најголема верска слобода ако се работи за тоа. Затоа размисли и гледај ги убаво работите а не да зборуваш глупости и да ги извртуваш работите зошто ќе ти се смеат

И како второ Торбешите сакаат да си бидат посебна нација, така се изјасниа и некои членови на форумов.
Не зборував за Исламот, очигледно е дека Исламот никој нема сила да го забрани туку напротив тој ќе се шири уште повеќе. Зборот ми беше дека Торбешите како што ги нарекувате сите се под силен политички притисок без разлика дали е од македонска, албанска или турска партија и се врши асимилација врз нив. Тие членови на форумот кои се изјасниле како такви можам комплетно да ги споредам со македонците од Пиринска Македонија коишто се изјаснуваат како бугари - луѓе врз кои е вршена пропаганда или притисок и од немајкаде прифаќаат друга националност. Еве дури и вие (форумаџиите) не ги прифаќате тие луѓе како припадници на Македонскиот ентитет само затоа што се муслимани.
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.557
Поени од реакции
1.502
Еве дури и вие (форумаџиите) не ги прифаќате тие луѓе како припадници на Македонскиот ентитет само затоа што се муслимани.
Кој ти кажа дека не ги прифаќаме, без разлика дали се муслимани католици или евреи, туку на темата Прв торбешки форум еден дел се изјасниа дека не се Македонци. Најди ја и разгледај ја
 

Kajgana Shop

На врв Bottom