- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 2.808
- Поени од реакции
- 1.076
Иран: Очекувајте нови војни на Блискиот Исток
Наивно да се смета дека нема да дојде до нови судири во регионот, предупреди иранскиот министер за одбрана Ахмад Вахиди
Во нестабилниот регион на Блискиот Исток ќе има уште војни. Наивно да се смета дека нема да дојде до нови воени судири, предупреди иранскиот министер за одбрана генерал Ахмад Вахиди.
- Живееме во регион што во изминатите години претрпе неколку војни, како иранско-ирачката од 1980-те години, двете војни во Персискиот Залив, војната во Авганистан и најновиот конфликт во Јемен, па затоа е мошне реално да дојде до нови судири - изјавил Вахиди.
Тој нагласил дека иранските вооружени сили треба да бидат во постојана состојба на готовност и целосно да го демонстрираат својот потенцијал за да им покажат на нивните непријатели дека секој напад врз исламската република е бесмислен, пренесува МИА.
Иранската гарда на исламската револуција во моментов учествува во голема воена вежба на воено-воздухопловните сили, во рамките на која тренира одбрана на нуклеарните објекти при евентуален напад. Воените вежби во Иран сé почесто се одржуваат во изминатиов период откако Израел ги обнови заканите за напад врз иранските нуклеарни објекти низ земјата.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112791035249&id=11&setIzdanie=21848