Вести за Lap Top компјутери

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Вегас, ајде напраи ми го тоа добро! :) Ќе ти вратам со контра "изненаџење"!:))
 

StenmarC

Скијач
Член од
24 март 2005
Мислења
2.179
Поени од реакции
49
Лекарите препорачуваат - Не ги користете лап-топ комјутерите како декстоп компјутери

Лаптоп компјутерите се мали, лесни и елегантни и секој ден се повеќе и повеќе ги истиснуваат бучните и големи десктоп компјутери. Меѓутоа, лаптоп компјутерите истовремено се и ергономски ужас и многу лекари препорачуваат да не се користат како замена на десктоп компјутерите - за што никогаш не биле замислени.
Според податоците на американското Министерство за работа, преку 9200 работници во САД, во 2003та година биле на боледување, а причината за нивното боледување биле токму лаптоп компјутерите. Малата тастатура на лаптопот повеќе ги оптеретува зглобовите на дланките, а поради ниската поставеност на екранот, главата на лицето кое користи ваков компјутер е постојано поднаведната надоле, што доведува до болки во вратот. Исто така се споенува и опасноста од стерилитет кај мажите, кои лаптоп компјутерите ги држат во својот скут.
Овие болести се со тенденција на се поголемо растење, ако се земат податоците дека секаде во светот бројот на продадени лаптоп компјутери секој ден се зголемува. Минатата година биле продадени 49 милиони лаптоп компјутери-речиси два пати повеќе отколку пред четири години.
Затоа, корисници на лаптоп компјутери внимавајте, особено тие што лаптопот, кога работат го држат во скутот :)
 
C

cige

Гостин
Dell ги претстави новите професионални Precision лаптоп и десктоп компјутери
Уредите за кои најчесто пишуваме се наменети за широките народни маси, што е сосема различно од Precision серијата на Dell за која ќе пишуваме тука, а која е наменета за бизнис корисниците и големите фирми и компании.


Лаптопите се претставени со четири различни верзии – три со 15 инчен дисплеј и еден со 17 инчен дисплеј, со понуда на Full HD и Ultra HD резолуции. Понудата на внатрешни компоненти е многу голема и купувачот ќе може да избере конфигурација која вистински му одговара, со можност за избор на графичка картичка од AMD или Nvidia и скоро целата гама на Intel процесори од новата Skylake генерација, вклучувајќи ги и чиповите од моќната Xeon серија, пишува Smartportal.
Помалите модели ќе можат да бидат опремени со максимум 32 GB рам меморија, додека 17 инчниот модел ќе може да се опреми со дури 64 GB рам меморија, поделена на четири слотови. Покрај големиот избор на внатрешни компоненти, лаптопите ќе се нудат и со цела плејада на оперативни системи, вклучувајќи ги Windows 7, Windows 8.1, Windows 10 и неколку популарни Linux дистрибуции.
Цените на лаптоп Precision моделите почнуваат од 999 долари за основниот модел 15 3000 Series, 1199 долари за 15 5000 Series, 1399 долари за 15 7000 Series и 1699 долари за 7000 Series со 17 инчен дисплеј. Нормално, цените може значително да се покачат зависно од изборот на компонентите и оперативните системи (Windows верзиите се поскапи).
Десктоп верзиите пак доаѓаат во две големини на куќиштата и имаат скоро неограничени можности за различни конфигурации, со понуда на Intel процесори од Core и Xeon серијата, цела плејада графички картички, максимум 64 GB рам меморија, можност за комбинација на неколку различни решенија за складирање податоци, како PCIe SSD, SATA SSD и HDD дискови… И десктоп Precision моделите можат да се порачаат со неколку различни оперативни системи, а почнуваат од 679 долари за помалиот, односно 729 долари за поголемиот модел.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom