Вести: Македонски Музеи - збирки и изложби

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Изложба „Жената во Македонија низ времето“

Ретка можност за пошироката публика која нема можност да ги посети поголемиот број музеи во главниот град да ги види на едно место артефактите, носиите и инсталациите за жената во Македонија низ времето. Многубројните археолошки фигурини со претстава на жена заштитничка на домот ја откриваат и нејзината желба за дотерување.

повеќе; http://telma.com.mk/izlozhba-zhenata-vo-makedonija-niz-vremeto/
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Изложба на артефакти со христијанска симболика од VI до XIX век

Во Музејот на град Скопје вечер од 20 часот ќе биде отворена изложба „Артефакти со христијанско симболично значење од VI до крај на XIX век“. Автор е виш кустос, д-р Снешка Лакалиска.



Изложбата, која ќе може да се посети до 14 април, Музејот на град Скопје ја организира по повод претстојните велигденски празници. Таа ќе претстави сакрални експонати со христијански предзнак. Ќе бидат изложени крстови, кандила, вериги од полиелеј, триптих, восочно стапало, накит итн, изработени во автентичен материјал во зависност од нивната религиска функција и пораката што ја носеле.

- Изложената збирка ја сочинуваат предмети од мал формат со висок уметнички квалитет од: ранохристијанскиот, византискиот, поствизантискиот и преродбенскиот период, како и литургиска опрема временски одредени од VI до крајот на XIX век. Предметите се грижливо собирани со археолошки ископувања на Скопската тврдина Кале, на платото пред црквата „Св. Спас“, при конзервацијата на фрескоживописот во црквите и манастирите низ скопскиот регион, дополнета по пат на откуп и подароци, соопшти Музејот на Град Скопје.

Дел од уметничките предмети се настанати како производ на локални мајстори со византиска предлошка или како увоз од византиски работилници. Некои од нив се донесени од Русија, а некои како поклонички сувенири од Светата земја. За изложбата е подготвен и каталог со превод на англиски јазик.

извор; http://cooltura.mk/arheologija/izlozhba-na-artefakti-so-hristijanska-simbolika-od-vi-do-xix-vek
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
ВИДЕО – Археолошката поставка во Прилеп го „крие“ најстариот жртвеник на Балканот, стар 6.000 години



Археолошката поставка во Заводот и музеј Прилеп е отворена во 1961 година. Денешниот изглед поставката го добива со реновирањето во 2011 година. Поставката започнува со неолитот, енеолитот, бронзено и железно време, античкото македонско кралство, римската империја и завршува со рана и доцна Византија.

Алати, покуќнина, оружје, монети, скулптури, жртвенци се дел од богатата поставка, која потекнува од праисторијата, па се до средниот век. Предметите постојано се заменуваат со оние поатрактивни кои потекнуваат од новите истражувања на терен.

Еден од највредните експонати тука е жртвеникот од новото камено време, стар околу 6.000 година. Пронајден е на локалитетот „Врбјанска Чука“ кај селото Славеј.

Тука се и малите жртвеници во форма на куќи. Сензационално откритие – 3-те антички штитови на кои е напишано името на македонскиот антички крал Деметриј 1, кој живеел на преминот од 4 во 3 век п.н.е. Импозантна е поставката од предметите пронајдени на локалитетот Стибера.

Овој историски времеплов навистина вреди да се погледне.



извор; http://infokompas.com.mk/2018/05/27/видео-археолошката-поставка-во-прил/
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Денот на Египќаните со гости од Египет, Захи Хавас, познатиот археолог доаѓа во Скопје

На 21 јуни во рамките на регионалната посета, а по повод на празнувањето на Денот на балканските Египќани (24 јуни), во посета на Република Македонија ќе дојдат д-р Захи Хавас арехолог од светски глас и амбасадор на културата на ООН, м-р Нурелдин Мухамед Ахмед Мамуд ЕлТамиму, член на високиот Совет за култура на Египет и Мухамед Ел Саид, новинар вработен во Дејли њу (Daily New Egypt) од Каиро, Египет.



повеќе; https://www.mkd.mk/kultura/denot-na-egipkjanite-so-gosti-od-egipet-zahi-havas-poznatiot-arheolog-doagja-vo-skopje
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Софија и Белград дозволија. Требенишкото злато од 6 век п.н.е. се враќа во Македонија

клик.
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.378
Поени од реакции
544

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
55829723_10213049185040170_97008046902870016_n.jpg

На 28 март 2019 година во 13.00 часот (четврток), во изложбениот салон на Музеј на град Неготино, ќе бидат поставени ранохристијанските керамички релјефи од Виничкото Кале во соработка со локалниот археолошки и историски музеј Теракота-Виница. Во салонот на музејот пред неготинската јавност ќе бидат изложени 12 (дванаесет) копии позанти како средновековните теракотни икони од Виничкото кале и 8 (осум) банери кои содржат фотографии и текст за керамичките релјефи, на македонски и англиски јазик:

- 79. АСАФОВ ПСАЛМ
79 PSALM OF ASAPH,
- АРХАНГЕЛ МИХАИЛ
ARCHANGEL MICHAEL,
- КОНСТАНТИНОВ КРСТ
CONSTANTINE’ S CROSS,
- ЈОШУА (ИСУС НАВИН) И КАЛЕБ
JOSHUA (JESUS, SON OF NAUE) AND CALEB,
- СВЕТИ ХРИСТИФОР И СВЕТИ ЃОРЃИ
SAINT CHRISTOPHER AND SAINT GEORGE,
- СВЕТИ ТЕОДОР
SAINT THEODORE,
- 65. ПСАЛМ ДАВИДОВ
65 PSALM OF DAVID,
- ЛАВ ОД ПЛЕМЕТО НА ЈУДА
LION FROM THE TRIBE OF JUDAH,
- ДАНИЕЛ МЕЃУ ЛАВОВИТЕ
DANIEL AMONG THE LIONS,
- ЧУДОТО НА ПРОРОКОТ ЕЛИСЕЈ
THE MIRACLE OF THE PROPHET ELISEJ,
- 41.ПСАЛМ ДАВИДОВ
41 PSALM OF DAVID ,
- АХИЛ
ACHILLES.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom