Вести: Македонски Музеи - збирки и изложби

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498


Центарот за научни истражувања и промоција на културата „ХАЕМУС" – Скопје на 30 октомври (четврток) ќе одржи серија предавања од областа на археологијата по повод „Меѓународниот ден на археологијата 2014".

Предавањата ќе се реализираат во соработка со американскиот археолошки институт (Archaeological Institute of America), a основната цел е популаризација на македонската археологија и културното наследство.

„Меѓународниот ден на археологијата е светски настан кој ја слави археологијата и ја подигнува свеста за неа како наука, во исто време обезбедувајќи можност за учество на јавноста во археолошките активности и дебати. Говорниците на овој настан ќе имаат свои презентации од по 15 минути, по што публиката ќе има можност да ги прашува и да дебатира на зададената тематика. Предавањето е во организација на УНЕСКО клуб ХАЕМУС под мотото на УНЕСКО „Отворени образовни ресурси“ (ООР). Настанот е подржан од Алијанса за ООР на Република Македонија“, соопшти ХАЕМУС.


HAEMUS joins the International Archaeology Day 2014
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Отворен новиот Археолошки музеј на Македонија

18.10.2014



Новиот, репрезентативен објект на Археолошкиот музеј на Македонија, кој вечер свечено е отворен претставува музеј на 21.век. Преку повеќе од 6.000 експонатите и со употреба на најсовремена музејска технологија, специфично светло и амбиентална музика тој ќе ја презентира автентичната повеќевековна историја и култура на територијата на Република Македонија.

Премиерот Никола Груевски во своето обраќање пред претседатѕелот на дравата Ѓорге Иванов, министри, пратеници, акдемската заедница и други гости истакна дека археологијата, која претставува значајна дејност која во многу други држави активно е развивала и унапредувала во Македонија долго време била запоставена, а националниот Археолошкиот музеј бил само еден од одделите на Музејот на Македонија, додека голем број локалитети биле запоставени проследно со целосна стагнација на науката и арехеолошките истражувања.

Ваквите процеси, додаде, беа видно изменети во 2006 година како резултат на сериозните вложувања на Владата во капитални истражувања и ангажман на голем број македонски археолози и научници низ многу археолошки локалитети во државата,што придонесе за откривање на стотици илјади вредни експонати од огромно значење за земјата.

- Сите овие артефакти преставуваат дел од нашето културно наследтво, кое е израз на специфичните традиции, знаење и вредности од минатите генерации на овој перостор. Тоа ни овозможува подобро разбирање на историјата и претставува колективна меморија на општеството од која ќе можат да црпат знаење новите генерации. Нашата денешна генерација ја имаше таа чест ова наследство соодветно да го конзервира и презентира на целиот свет, затоа што ваквото минатото му припаѓа на целиот свет, рече премиерот Груевски.

Тој подвлече дека Археолошкиот музеј, кој е еден од највпечатливите, најсодржајните и најубавите музеи во современа Република Македонија, ќе претставува и нова значајна понуда во делот на туризмот на земјата. Неговата содржинска поставенот и вредност, мноштвото артефакти и низа предмети кои јавноста ќе може ексклузивно да ги види, како што се статуата на Венера Будика од 2. век, ритуалната кочија стара 18 века, единствената копија на Александровиот саркофаг, свештеничката од Лисичин Дол, но и неговата локација, додаде, ќе претставува поттик тој да биде посетен од мноштво домашни и странски годсти.

- Сите овие предмети имаат непроценлива вредност за нашата земја, даваат белег за нашата култура, неуморно го конзервираат нашето минато и на најубав можен начин ја афирмираат нашата држава. Ваквото културно наследство претставува една од основите на одржливиот развој и може да биде корисен онструмен за поттикнување на меѓукултурниот дијал и поттикнување на општествената кохезија, како и обликување на нашиот идентитет како народ и држава, рече претседателот на Владата.

Тој најави дека инвестициите во културата ќе продолжат, а следен во низата владини проекти во областа го посочи отворањето следната недлеа на Музеј на Македонците бегалци од Граѓанската војна во Грција, како и нов дел на Етнолошкиот музеј во рамки на комплексот „македонско село“.

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска истакна дека денеска Македонија добива музеј кој ќе овозможи културна интеракција помеѓу нашето минато и сегашност, помеѓу историјата и современото живеење, помеѓу археологијата и културниот идентите на македонскиот народ. Таа подвлече дека станува збор за монументален објект, кој претставува пандан на најсовремените светски археолошки музејски институции.

- Новиот Археолошки музеј е музеј на 21. век. Современите технологии, анимациите, амбиенталната музика, ликовните дела со имагинативна рекострукција на определни периоди од развојот на цивилизацијата на нашето тло и другите содржини овозможуваат посетителот да направи свое сопствено археолошко истражување. Современиот начин на презентација во Музејот уверена сум дека ќе овозможи секој граѓанин на нашата држава, но и странски посетител, длабоко да го осознае богатото културно наследство на Македонија и да научи мнгу повеќе за нашето културно минато. Музејските содржини ќе бидат особена провикација за младите генерации, кои од овој Музеј во иднина ќе црпат чувство на припадност и почит кон сопствените корени, посочи Канческа Милевска.

Директорката на Археолошкиот музеј Весела Честоева истакна дека во создавањето на приказната раскажана преку поставката активно учествуваа стручните оддели при Музејот, како и заводите и музеите во РМ и Управата за заштита на културното наследство.

Музејот е сместен во трикатна зграда на површина од 6.000 квадратни метри и во него ќе бидат изложени повеќе од 6.000 артефакти од сите историски периоди, почнувајќи од праисторијата па до средниот век.

Првпат и ексклузивно пред јавноста ќе биде претставен значаен дел од артефактите, меѓу кои: рановизантиските оригинални мозаици од локалитетот Суводол, копијата од саркофагот на Александар Македонски, штитот од 3 век пр.н.е. од локалитетот Бонче, реконструкцијата на римската кочија од втор век од Делчево, како и стаклената чаша дијатрета од 4 век.

Музејот има повеќе оддели - за праисториска археологија, античка и средновековна археологија, кабинет за нумизматика, лапидариум, антрополошка поставка... Покрај богатата археолошка поставка, Музејот е опремен и со стаклени витрини, 15 восочни фигури, 83 уметнички слики, видеоанимации, амбиентални ситуации, мозаици од вредното културно наследство, а има и реконструкција на објекти од неолитот, современо музеолошки конципирана.

По повеќе од 30 години, Република Македонија во новиот Археолошки музеј доби најсовремен музејски простор за соодветно чување и презентација на богатото движно културно наследство кое е потврда на милениумскиот цивилизациски континуитет на нашите простори.

ИЗВОР


„ДНЕВНИК“ - ЕКСКЛУЗИВНИ ФОТОГРАФИИ ОД НОВИОТ АРХЕОЛОШКИ МУЗЕЈ

Саркофагот за Александар и 6.000 артефакти изронија од македонското минато

Весна И. Илиевска



Златните предмети од некрополата на Требеништа и Горна Порта од Охрид, меѓу кои и уникатните обетки со гулабици, единствениот бронзен појас заедно со реконструкција на гробот на т.н. пајонска свештеничка од некрополата кај валандовското село Марвинци, штитот од селото Бонче, на кој го пишува името на македонскиот крал Деметриј Први Полиоркет, стаклената чаша дијатрета, вредни рановизантиски мозаици, копија од саркофагот од Александрија, кој Турција ~ го подари на Македонија. Ова се само дел од илјадниците предмети кои првпат ќе бидат обединети и презентирани на едно место - во Археолошкиот музеј на Македонија во центарот на Скопје.

Свеченото отворање е закажано за вечерва во 19 часот. Во импресивната постојана музејска поставка на 6.000 квадратни метри ќе бидат изложени повеќе од 6.000 артефакти од сите историски периоди, од праисторијата, па сè до средниот век.



Според министерката за култура Елизабета Kанческа-Милевска, со изградбата на новиот репрезентативен објект, каде што е сместен Археолошкиот музеј на Македонија, нашата земја доби монументален објект, мошне значајна инвестиција за нашата држава гледано од историски, културолошки, образовен и од туристички аспект.

- Во музејот е презентирано нашето непроценливо културно наследство, кое е потврда за милениумскиот цивилизациски континуитет на овие простори, аргументирано сведоштво за нашата историја. Голем дел од експонатите првпат и ексклузивно ќе бидат прикажани пред јавноста. Меѓу изложените артефакти се и оние што беа пронајдени во рамките на капиталните истражувања поддржани од Владата - вели Kанческа-Милевска.



Бронзениот појас од Марвинци првпат пред очите на јавноста



Во постојаната археолошка поставка се наоѓа комплетната реконструкција на „гробот на свештеничката“ од локалитетот Марвинци заедно со реконструираниот, уникатен бронзен појас, кој првпат ќе биде прикажан пред јавноста. Тука се исклучително вредните оригинални рановизантиски мозаици од Суводол, копијата на саркофагот на Александар Македонски, штитот од 3 век пред новата ера од локалитетот Бонче, но и импресивната колекција на античкото злато, кое набрзо ќе биде вратено од меѓународната изложба во Манхинг, Германија.

- Новата поставка на Археолошкиот музеј на Македонија слободно може да се спореди со поставката во кој било врвен светски музеј. Верувам дека употребата на современите технологии во естетско-визуелниот пристап ќе резултира со огромен интерес музејот да го посетат домашните и странските посетители - вели Kанческа-Милевска.



Посетителите ќе можат да ја видат импресивната бронзена, теракотна и стаклена колекција од римскиот период, но и целосно реконструираната погребна ритуална кочија од Делчево, стара 19 века. Во поставката е и исклучително ретката стаклената чаша дијатрета од 4 век, која беше реконструирана во Мајнц, Германија. Од доцноантичкиот период се претставени и импресивните стаклени садови за вино (амфори) од охридскиот регион. Долгата и богата македонска историја ќе биде надополнета со целосната колекција на уникатните теракотни икони, кои минатата година беа презентирани во Украина. Археолошката поставка завршува со средниот век и со богатата колекција на накит од османлискиот период, кој исто така првпат јавно ќе биде изложен.

Наоди од 150 археолошки локалитети

- Убедена сум дека за кратко време музејот ќе стане дел и од едукативната програма на повеќе образовни институции во земјава. Преку посетата на овој музеј младите ќе можат преку специјални интерактивни и мултимедиумски едукативни книги, програми и игри да добијат поопширни информации за нашето богато културно наследство - вели Kанческа-Милевска.
Археолошкиот музеј на Македонија првпат ќе го обедини целокупното археолошко богатство од сите градови во земјава оформувајќи целосна слика на културните слоеви на ова поднебје низ вековите. Во поставката ќе бидат изложени наоди од повеќе од 150 археолошки локалитети.

Предметите ќе бидат изложени во нови стаклени витрини. Таа ќе биде збогатена со 15 восочни фигури, 83 уметнички слики, амбиентални ситуации, мозаици од вредното културно наследство, видеоанимации, а има и амбиентални реконструкции на објекти од неолитот. Витрините нудат целосна заштита на експонатите од сите надворешни влијанија. Во секоја од нив е вграден соодветен систем за заштита од прашина, влага. Тие имаат соодветен систем за осветлување кое не ги оштетува предметите и може да се регулира јачината на светлината. За безбедност и заштита на музејските експонати витрините се опремени со најсофистицирани безбедносни системи за заклучување, алармирање и сигнализирање.



На продажба копии на ексклузивни артефакти

Во Археолошкиот музеј на Македонија се застапени повеќе оддели: за праисториска, античка и средновековна археологија, кабинет за нумизматика, лапидариум, антрополошка поставка. Во рамките на институцијата ќе функционира и музејскиот маркетинг, кој со својата продавница ќе нуди широк избор на специјални музејски копии од ексклузивни артефакти пронајдени на нашите археолошки локалитети децении наназад. Ќе има и многубројни сувенири, подароци, разгледници и публикации од областа на археологијата.




ИЗВОР

.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
ВАНГЕЛ НАУМОВСКИ БЕШЕ ИЗБРКАН ОД УМЕТНИЧКО ШКОЛО КАКО НЕТАЛЕНТИРАН, А САЛВАДОР ДАЛИ МУ ДОЈДЕ НА ИЗЛОЖБА


„Тишина од распеана ноќ“ на Вангел Наумовски од 1970 првпат се изложува јавно на ретроспективно-монографската изложба во Даут пашин амам, што ќе трае до 27 февруари, 2017 (Фото: СДК.МК)

Измислени подводни и космички бавчи, фантастични светови со нимфи и со органски форми, фантазмагоричен подводен и свемирски свет од кој блика ерос, и сето тоа насликано со силен колорит. Тоа се само првите впечатоци кои се добиваат од сликите на оригиналниот охридски уметник Вангел Наумовски, чии дела во ретроспективно-монографска изложба се поставени во Даут пашин амам во Скопје, од петокот кога беше свеченото отворање на изложбата подготвена од Националната галерија на Македонија.

Наумовски е самоук сликар, кој во втора година на Средното уметничко училиште во Скопје бил избркан како „неталентиран“. Поради егзистенцијални причини работел сѐ и сешто и стекнал разни вештини, што подоцна ги искористил во уметноста.

Тој е роден во Скрeбатно, охридско во 1924 година, а почина во 2006 како еден од ретките македонски уметници широко прифатени во светски рамки. Како што вели и кураторката на изложбата Маја Чанкуловска Михајловска, Вангел отпрвин го призна светот, а потоа и Македонија.


Салвадор Дали на изложбата на Вангел Наумовски во Галеријата „Мона Лиза“ во Париз во 1970:„Ова е сликар од бајките. Тој е наивен сликар, но Медитеранот оставил силен печат на него. Мошне е префинет и суптилен. Ова е комплетна изложба. Неговото сликарство е блиско до моето. Мене не ме интересираат обичните наивни сликари. Кај Наумовски има елемнти кои може да бидат дури и научни. Исто така интересна е и биолошката страна на неговото сликарство“; – Од монографијата за Наумовски

Пресвртна изложба за младиот талентиран, а маргинализиран Наумовски е изложбата во Галеријата на примитивна уметност во Загреб во 1963, по која ништо веќе не е исто. Неговата оригиналност почнува да е препознатлива за критиката во тогашна Југославија, но и во центрите на модерната уметност како Париз, Рим, Лондон, Минхен, подоцна изложува и во Њујорк.

Во монографијата е подвлечен фактот дека од многуте работи кои ги искусил Наумовски била и работата во Хидро-биолошкиот завод во Охрид, од 1965-69 година, каде што имал задача под микроскоп да ги набљудува и детално графички да ги пренесе на хартија изучуваните примероци од флората и фауната на Охридското Езеро.

На изложбата пак, неговиот син, уметникот Рубенс Наумовски, ни рече дека татко му никогаш не нуркал.

„Тој имаше посебен однос кон Езерото и воопшто кон природата. Имаше став дека таа не треба да се пресликува, да се краде од природата, туку дека сета таа убавина што ја восприемаме од неа, уметникот би требало да ја преточи на свој, нов свет и да создаде ново чувство, нови импресии за радоста на животот“, вели Рубенс.

На ретроспективата се изложени 90 дела од кои повеќето се сопственост на семејството, на синот Рубенс и неговите три сестри. Сликата од голем формат на централниот ѕид, „Тишина од распеана ноќ“, од 1970 година, вели, на оваа изложба прв пат се изложува.

„Таа слика ни е во горниот салон, каде што е ателјето на Вангел, и каде што е неговиот изложбен простор. Јас како дете, средношколец и студент во Скопје, кога доаѓав налето дома, бев како гостин, немаше место кај да спијам, па спиев на кауч во салонот. Секое утро се будев со оваа слика пред мене, и секое утро таа ми носеше нови доживувања, одново и одново. Можам постојано да ја гледам“, раскажува Рубенс и додава:„ Со сета мака се трудиме да не ги отуѓуваме сликите. А, имало различни ситуации во животот, сум се молел, сум се крстел од што не сум знаел како да се справам. Има еден голем светски човек што токму за таа слика секогаш ми вика, колку треба, толку ќе даде. Но, ете, со сестрите сме рекле не продаваме. Секогаш ме фаќа страв од помислата што би било ако отиде некоја слика низ светот, и никогаш повеќе да не можам да ја видам. Ќе ми остане таква празнина што нема да ја поднесам. Тоа нема да си го простам самиот, а ниту пак ќе ми простат децата“.

Рубенс во петокот на отворањето на изложбата се заблагодари на институциите, но рече најмногу на Вангел.

„Тој беше против ставот дека Париз или Лондон треба да се донесат во Македонија, тој велеше, Македонија да ја однесеме во светот. Тој тоа го постигна, и мислам пред смртта беше свесен за тоа свое достигнување“.

Теоретичарите велат дека сликарството на Наумовски е борба со технолошкиот напредок, па академик Цветан Грозданов има напишано оти се ова дела со ненаселен рај што сликарот ни го ветува, невина проекција на детски соништа.

„Општата концепција на Наумовски се однесува на хигената на духот надвор од урбанизираните целини и градење негибнат, идиличен свет“, пишува Соња Абаџиева.

Вангел Наумовски беше чуден човек, велат неговите современици. Тој беше и архитект, скулптор, поет, музичар. Во различни свои уметнички изразувања се потипишуваше како Нав Муан, Ван Сан Скребатски или како Сараван.

Изложбата е отворена до 27 февруари 2017.

извор; http://sdk.mk/index.php/kultura/vangel-naumovski-beshe-izbrkan-od-umetnichko-shkolo-kako-netalentiran-salvador-dali-mu-dojde-na-izlozhba/
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
10-та Јубилејна археолошка изложба во Археолошки музеј на Македонија во Скопје

Утре (28 декември) во НУ Археолошки музеј на Македонија во Скопје со почеток од 19 часот, ќе биде отворена 10-та Јубилејна археолошка изложба – Декада на активирање на археолошките ресурси на Република Македонија.

Десет години наназад, Управата за зашита на културното наследство ја координира категоријата Капитални проекти во археологијата на Република Македонија (2006-2016) со поддршка на Владата на Република Македонија.

За една деценија се реализирани 40 проекти во сите делови на Македонија.



Фокусот е на следните централни теми и локалитети: изградба на централна археолошко – туристичка магистрала долж долината на Вардарската магистрала што условно ја нарековме Европска магистрала; изградба на најатрактивните археолошко-туристички места во Македонија, како што е македонскиот културно – туристички бисер Охрид, античкиот Лихнид и другите; изградба на дигитална база на податоци на Археолошкиот катастар на Република Македонија, прва фаза со теренско истражување и снимање на хоризонталните планиметрии на старите градови и тврдини во Македонија; поддршка и соработка на македонските локални заедници преку активирање на истражувањата на најзначајните археолошки локалитети – фаворити, што се вклучуваат активно во нивниот развој преку културата односно археологијата и туризмот; античкото кралство Македонија и Република Македонија; ранохристијанските базилики во Македонија; долината на кралевите – реката Астибо – Брегалница.

Во рамките на интензивните теренски археолошки истражувања, беа третирани најмалку 1000 археолошки локалитети при што беа откриени повеќе од 500 илијади археолошки артефакти.

Помеѓу големиот број врвни македонски археолошки бисери, интензивно се истражуваат градовите Скупи, Стоби центарот на Македонија Втора, Хераклеја Линкестидска, Лихнид, Билазора, Астрајон, Стибера, најголемата античка македонска стратегиска база Кулиште Св. Еразмо, Кале Зрзе, Тетовското Кале, Плаошник и Самоиловата Тврдина во Охрид, високиот град – светилиште и манастир Трескавец, Пелагонија највисокиот антички град во Европа, средновековниот град Кожле, предисториската населба кај Пештани на Охридското езеро каде што го изградивме мкузејот на вода како врвна туристичка атракција, што веќе три години ја враќа вложената инвестиција.

На 10-та Јубилејна археолошка изложба ви ги презентираме најзначајните пронајдоци од следниве локалитети: Скупи – Музеј на град Скопје, Таор – Музеј на град Скопје, Старо Бонче – Филозофски Факултет, Археолошки Катастар – Филозофски Факултет, Локвени – Филозофски Факултет, Маркова Кула, Корешница – Археолошки Музеј, Исар Марвинци – Археолошки музеј, Кокино – НУ Музеј Куманово, Градиште, Младо Нагоричане – НУ Музеј Куманово, Билазора, с. Кнежје – ОУ Народен музеј Свети Николе, Стоби – НУ Стоби Градско, Велешко Кале – НУ Велес, Вардарски Рид – НУ Музеј Гевгелија, Баргала – Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Штип, Исарот Штип – Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Штип, Цареви Кули – Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Струмица, Хераклеја Линкестис – Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Битола, Стибера – Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Прилеп, Зрзе – Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Прилеп, Трескавец – Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Прилеп, Висока, Пелагонија – Институт за старословенска култура Прилеп, Плаошник – Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид, Самоилова Тврдина – Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид, Музеј на вода – Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид и Тетовско Кале – НУ Музеј Тетово.

извор; http://www.porta3.mk/10-ta-jubilejna-arheoloshka-izlozhba-vo-arheoloshki-muzej-na-makedonija-vo-skopje/
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Книгата на археологот и нумизматичар Сања Битрак расветлува значаен историски период за Охрид

Во куќата на Уранија, вечерва, се одржа промоција на научното дело „Монетарна циркулација на Плаошник - Охрид во римскиот империјален период“ од охриѓанката Сања Битрак, археолог и нумизматичар вработена во Археолошкиот музеј во Скопје.

-Книгата содржи 287 примероци на монети пронајдени на локалитетот Плаошник во периодот од 2001 до 2010 година. Монетите се ковани од сребро и бронза од 31 година пне до 337 од нашата ера, односно од времето на владеењето на императорот Август па се до владеењето на царот Константин. Истите се многу значајни како културно наследство. -вели авторот Сања Битрак, која на ова научно дело работела 6 години.



Охрид бил значаен економски центар во античко време. Древниот Лихнид ковал свои монети наречени лихнидиони, а свои монети имало и племето Десарети кои го населувале овој простор.

- Охрид влегува во картата на антички градови на Балканот кој има свое монетоковање, што зборува за независноста на луѓето, но и за економската моќ. За време на истражувањата на Плаошник пронајдени беа над 20.000 монети коишто не само што го збогатија нумизматичкиот фонд на градот, туку и дадоа некои податоци за економската и историската активност на овој град и регионот. - изјави м-р Перо Арчанлиев од Археолошкиот музеј од Скопје, инаку исто така охриѓанец.

Промоторот на делото, д-р Славица Бабамова истакна дека книгата содржи многу значајни податоци, до сега непознати за научната јавност.


-Оваа публикација пополнува еден значен сегмент од историјата на Македонија во римскиот период, историска епоха за која случувањата во Македонија се сосема кратко споменувани во античките извори. - рече Бабамова.

Книгата „Монетарна циркулација на Плаошник - Охрид во римскиот империјален период“ е прво дело на Сања Битрак, а промоцијата беше во организација на НУ Завод и Музеј Охрид.

извор: http://www.ohridnews.com/vesti/107401#.WWFVVrn-vnc.facebook
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.287
Мислам дека римскиве монети ги има пун курац у Македонија.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.287
шо? мислиш дека ги фалсификуваат?
не. ги има еден тон. копни било каде - римска монета наоѓаш
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
шо? мислиш дека ги фалсификуваат?
не. ги има еден тон. копни било каде - римска монета наоѓаш
Хах
Под тоа работат ковниците = работи економијата.

Сум бил на терени знам колку има.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.287
ОК, ќе прашам, али не веруем дека ќе биде, пошто го тргнаа археолошки од музеите.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Презентирани најновите археолошки откритија од Виничкото кале



Во Музејот „Теракота“ – Виница денеска беа презентирани најновите археолошки испитувања добиени од истражувањата на Виничкото кале од почетокот на годината, па досега.

На презентација присуствуваа голем број посетители меѓу кои и гости од збратимената општина Трајавна од Република Бугарија.

– Последното откритие во цистерна на Виничкото кале – мермерна скулптура која според првичните проценки е божицата Афродита со Ерос во рацете, за нас археолозите е од особено значење. Овој интересен предмет кој го пронајдовме на подното ниво на цистерната е мермерна скулптура во седечка положба. Тоа е скулптура на божицата Афродита, која седи на карпа и со левата рака се потпира на карпата. Покрај тоа откривме и доста ќерамика која во следниот период ќе биде научно обработена и се разбира конзервирана и изложена во витрините на Музеј „Теракота“, истакна директорката на Музејот „Теракота“, Јулијана Иванова.

Иванова ги информираше присутните и за понатамошните активности кои ќе бидат спроведени за заштита на Виничкото кале.

– Една од главните цели на проектот поврзани со заштитата на цистерната оваа година е нејзино оградување со ограда од поцврст материјал. Конзервација и покривање на цистерната би биле последователни фази од проектот за кој треба да се изготви проект во соработка со Национален конзерваторски центар кој е надлежен за недвижното културно наследство на територијата на општината, посочи Иванова.

Истражувањето на Виничкото кале е финансирано од Министерството за култура на република Македонија како проект од национален интерес за 2017 година.

извор: http://a1on.mk/archives/763387


 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Ден на Археологија 2017
28 July at 12:00–15:00

20046688_1519881631375412_2236954000140814589_n.jpg

По повод одбележување на светскиот ден на археологијата (Day of Archaeology 2017), Институтот за Археолошки Истражувања - Скопје ќе огранизира настан во НУ Археолошки Музеј на Македонија, каде што ќе има серија предавања од различни теми од археологијата, презентација на аеро снимки од неколку археолошки локалитети, фотографии од изминатите изданиjа на изложбата "Archaeology in Progress", размена на идеи и искуства како и мал коктел. Почнуваме со славење на 28 Јули во 12 часот.

Денот на Археологијата е годишен настан кој последниве 7 години се празнува низ целиот свет. Проектот треба да обезбеди прозорец во секојдневниот живот на археолозите. Целта е што повеќе археолози кои работат, студираат или волонтираат било каде во светот да учествуваат во одбележувањето на “Денот на Археологијата” и со скромен придонес снимајќи го нивниот ден или преку споделување текстови, слики или видеа, да го покажат широкиот спектар на работа што луѓето од нашата професија го прават ден за ден низ целиот свет.

Овој настан во Македонија се одбележуваше од 2012 до 2014 година, организирани беа настани преку кој за прв пат нашата земја зема учество во одбележувањето на Светскиот ден на Археологијата. Археолозите во Македонија се здружија заедно да го прослават овој ден со изработка на документарни филмови, фото изложба, јавни презентаци, писма, интервјуа, слики, видеа од еден типичен ден на археолошки локалитет и сл., се’ со цел да ја популаризираме и презентираме македонската археологија и да ја кренеме јавната свест за важноста на археологијата и за заштитата на културното наследство што го имаме.

Оваа година по кратка пауза Денот на Археологијата повторно ќе се празнува на 28 Јули. Време е повторно да се обединиме и заедно да ја претставиме македонската археологија и да ја презентираме во светски рамки.

Оваа манифестација е финансирана од Националната програма за култура за 2017 година на Министерството за култура, а е поддржана од НУ Археолошки Музеј на Македонија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom