Вести: Археолошки истражувања во Република Македонија

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Ранохристијанска црква откриена на археолошкиот локалитет Манастирче

Археолози од Заводот за заштита на споменици и Музеј на град-Штип и од Археолошкиот музеј на Македонија открија ранохристијанска црква на археолошкиот локалитет Манастирче кај штипското село Чардаклија, во близина на трасата преку која ќе минува експресниот пат Штип – Кочани.



- Целиот простор кој го истражуваме е на површина од 25 на 25 метри квадратни. Објектот е средновековен во поголемиот дел, повисоките партии се средновековни, но имаме индиции дека се работи за некоја постара градба во темелите, изјави Илинка Атанасова, археолог во Археолошкиот музеј на Македонија.

Директорот на Заводот за заштита на споменици и Музеј на град-Штип Митко Штерјов рече дека на овој локалитет се работи на археолошко-конзерваторски работи и ќе се продолжи со работа и во следниот период.

На трасата на експресниот пат се наоѓаат уште два локалитета, но поради оддалеченоста тие нема да подлежат на конзерваторски работи како овој локалитет.

- На самата траса на експресниот пат во близина се наоѓаат три поголеми локалитети, како што е Лозен Градиште кај Горни Балван и Клетовник до Крупиште. Меѓутоа тие се малку подалеку од трасата. Така што, според правилата, таму се вршеше само надзор на трасата. Додека кај овој локалитет мора да има конзерваторски работи, па потоа да се ослободи за градежните работи на експресниот пат, рече Штерјов.

Археолошките истражувања на локалитетот Манастирче се финансирани од Агенцијата за државни патишта.

извор + галерија; http://cooltura.mk/arheologija/ranohristijanska-crkva-otkriena-na-arheoloshkiot-lokalitet-manastirche
 
Член од
26 мај 2015
Мислења
458
Поени од реакции
253
дали некој знае за каков објект се работи кај марково крувче во близина на патот кој што го правеа за Сончев Град видов дека има некакви ископи
 

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Почитувани, со задоволство ви соопштуваме дека е објавена он-лајн верзијата на првиот број на Археолошки Информатор. Свое место најдоа 23 авторски труда и вкупно 27 автори. Притоа, списанието е двојазично, односно, на македонски и англиски јазик. Сите текстови се достапни за бесплатен преглед и симнување на веб-страната на списанието (informator.com.mk), а наскоро ќе биде објавена и печатената верзија на првиот број на информаторот. Благодарност до авторите кои ги приложија своите трудови и Министерство за Култура на Р Македонија, кое финансиски го помогна издавањето на првиот број на информаторот. Електронската форма на списанието е достапна на линкот подолу.
http://informator.com.mk/index.php/arheoloski/issue/view/1


Археолошки информатор е проект на здружението на граѓани „Менелај“ од Прилеп.
За здружението повеќе може да разгледате на нашата официјална страна:
http://menelaj.mk
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.579
дали некој знае за каков објект се работи кај марково крувче во близина на патот кој што го правеа за Сончев Град видов дека има некакви ископи
не сум во тек, но се сеќавам дека имаше почнато копање во Охрид , локалитет Киклопски град ??? ... што стана со ова, се прекина, не се најде ништо значајно или ??
... имаше во медиуми и за највисокиот антички град во регионот , Археолошко наоѓалиште Висока-Селечка планина ... знам дека е непристапен терен и голема височина, но едно што нема нови податоци туку и старите фотки на градбите се тргнати од интернет ??
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Во Арачиново пронајдена надгробна плоча од римски период


За време на ископ на канал за канализација во Арачиново, работниците најдоа надгробна плоча со натписи, за кои е утврдено дека се од римско време. Според археолозите, се верува дека оваа камена плоча е стара околу 1.800 години.

„Компанијата вчера копајќи овде за канализација ја пронајде камената плоча“, вели Ирган Фаику.

Работниците веднаш ги известиле општинските власти, а потоа и полицијата. На местото на настанот дојде археологот Ленка Јовановска, од археолошкиот локалитет Скупи.

Таа вели дека се работи за надгробна плоча. Според неа, епиграфот е на латински јазик и како што вели станува збор за римска жена, со име Гајвалерија Клаудија.

Јованоска додава дека оваа не е единственото откритие во овој регион, поради тоа што, според историјата, како што вели таа, оваа територија и припаѓала на римскиот град Скупи. Археологот вели дека надгробната плоча е од втор век и е стара околу 1800 години.

Жителите на Арачиново велат дека и во минатото пронаоѓале разни плочи со историски написи.

„Според археолозите постојат и други такви плочи. Сега не можам да го потврдам тоа. Но, ќе видиме, во рамки на надлежните органи тие ги знаат своите параметри. Ќе видиме дали и понатаму ќе продолжат со копањето“, додава Фидаи Бељули.

Откако плочата беше извадена од каналот, на барање на археологот испратена во локалитетот Скупи, каде се однесени и другите плочи кои се откриени порано.

ТВ21 контактираше и Дирекцијата за зачувување на културно наследство. Оттаму одбија да дадат изјава во врска со случајот, поради тоа што директорката на оваа институција е на службено патување.


извор; http://tv21.tv/mk/?p=152181
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Новоистражуван локалитет Кале–Отовица во реонот на езерото „Младост“

Екипа на Народниот музеј од Велес во текот на октомври првпат истражуваше на локалитетот Кале-Отовица на територијата на велешкото езеро „Младост“.



Овие истражувања се одвивале со сондажни археолошки ископувања, вели археологот д-р Анита Василкова Мидоска, раководител на проектот.

Според неа, основната идеја и цел на овие истражувања била да се утврди обемот на населбата, неговата стратиграфија и хронологија на егзистирање. Гледајќи во поширок контекст иницијалниот поттик на предложениот проект има двостран бенефит.

Таа појаснува дека оваа идеја во себе содржи повеќестран и повеќеслоен пристап кој во себе би ги инкорпорирал основните вредности на еден локалитет, а тоа е пред сѐ научната вредност, потоа културното значење, а особено збогатување на туристичката понуда на областите околу езерото Малдост кое во последните години привлекува голем број посетители.

- Самиот локалитетот е лоциран на едно возвишение на крајниот источен огранок од ридот Бајраче, до јужниот раб на езерото Младост и со својата позиција имал стратегиска важност, контролирајќи ја целокупната Велешка котлина и Отовичкото поле. Сепак, и покрај своето воено-стратешко значење локалитетот досега не е археолошки истражуван и сите сознанија се базираат врз основа на рекогносцирања или случајни наоди. Тој е определен како refugium (прибежиште/збег) кој егзистирал во доцноантичкиот период иако на локалитетот, случајно, се пронајдени 13 монети од последните кралеви на македонската династија, Филип V и Персеј, појасни Василкова Мидоска.

извор; http://cooltura.mk/arheologija/novoistrazhuvan-lokalitet-kale-otovica-vo-reonot-na-ezeroto-mladost
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Се истражува археолошкиот локалитет „Градот“ кај Горни Дисан

Директорот на Музејот во Неготино Ристе Марков информира дека со средства на Министерството за култура се истражуваше археолошкиот локалитет „Градот“ кај неготинското село Горни Дисан, на неколку локации.



- Археолошкото истражување претставуваше активност одобрена и финансирана од Министерството за култура, како проект од национален интерес за оваа година со цел да се добијат релевантни податоци за значењето на локалитетот, а со тоа и неговиот потенцијал, кој би ги насочил истражувањата кон долгорочно планирање и систематско археолошко истражување, рече Марков.

повеќе; http://cooltura.mk/arheologija/se-istrazhuva-arheoloshkiot-lokalitet-gradot-kaj-gorni-disan



Германски научници во Штип ги привлекоа дрворезби пронајдени на Баргала идентични на оние во Египет



Дрворезби идентични на оние во Египет се пронајдени на археолошкиот локалитет Баргала. Станува збор за доцноантички резби, кои на Медитеранот, освен во Египет, досега не се пронајдени зачувани во ниту една друга земја. Тој факт ги заинтригирал научниците од Универзитетот во Бон во Германија, кои дојдоа да ги видат артефактите.

  • Овие дрворезби се многу интересни. Најголем дел од доцноантичките дрворезби доаѓаат од Египет. Бев заинтригирана од податокот дека идентични има и во Македонија и морав да дојдам да ги видам, вели Елизабет Енц, Франц Јозеф Институт – Бон, Германија.
Станува збор за четири дрворезби. Карактеристични на нив се мотивите од Стариот Завет. Вакви дела во доцната антика имало насекаде низ Медитеранот, но климатските влијанија го уништиле дрвото речиси секаде.

  • Ваквата иконографија е карактеристична за целиот Медитеран, но она што е многу интересно е тоа што во Египет ваквите резби опстанале поради сувоста на теренот, низ целиот остаток од Медитеранот дрвото се распаднало, само овде, веројатно конзервирано на посебен начин, опстанало до денес, вели Елизабет Енц, Франц Јозеф Институт – Бон, Германија.
За научниците, ваквите дела од Баргала говорат дека регионот на Штип бил поврзан со целиот тогашен свет.

  • Ова е навистина нешто многу посебно, да се најдат вакви дела во Баргала, град кој не излегува на море, а сепак одржувал конекции со останатите центри на влијание во Стариот свет, вели Елизабет Енц, Франц Јозеф Институт – Бон, Германија.
Од Франц Јозеф Инситутот, кој е во рамките на Универзитетот од Бон, се надеваат дека соработката со македонските археолошки институции ќе продолжи и понатаму, се со цел подобра размена на податоци, но и понатамошно откривање на скриените археолошки богатства на Македонија.

видео; https://www.youtube.com/watch?time_continue=91&v=AhIC9Dv5j8c
извор; http://www.televizijastar.com/2017/11/18/германски-научници-во-штип-ги-привлек/
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
дали некој знае за каков објект се работи кај марково крувче во близина на патот кој што го правеа за Сончев Град видов дека има некакви ископи
Пред едно два-триес години идев до Средно преку таа кота, од Кисела Вода.
Тоа е средновековно, колку што памтам. Не е антика. Ваљда силоси некакви се тоа.

ок, сеа видов дека веќе некој пишал за ова
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
ок, цистерни за вода ги викаат
Откопани се делови од обѕидието и 7 кули; сондирани се цистерните за вода и делови од водоводната мрежа, како и делови од други градби. Овој голем и невообичаено силно укрепен кастел со невообичаено големи цистерни за вода и невообичаено голем број кули служел како главна заштита и збег на жителите од рановизантискиот град што стоел во центарот на денешно Скопје; градот кој несомнено може да се идентификува со Јустинијана Прима.

Иван Микулчиќ, Средновековни градови и тврдини во Македонија (Скопје, 1996)
http://macedonia.kroraina.com/im3/im_skopje.htm#1
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
да Микулчиќ беше по средновековието, колку што памтам
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
ОСТАТОЦИ ОД ЦРКВА ПРОНАЈДЕНИ И ПОД ШАДРВАНОТ ВО БИТОЛА


Реконструкцијата на шадрванот започна еден месец пред локалните избори, а се одвиваше до пред неколку дена (Фото: СДК.МК)

Нови остатоци од средновековната црква за која се препоставува дека е „Свети Ѓорги“ се пронајдени и при реконструкцијата на шадрванот пред Јени џамија во центрот на Битола, во чии темели исто така пред 15 години беа пронајдени наоди од христијанскиот храм. На остатоците, овојпат, се наиде при изведување на градежни работи за реконструкција на шадрванот и партерното уредување на просторот. Поради ваквите наоди запрени се градежните активности.


ПОД РЕСТАВРИРАНАТА ЈЕНИ ЏАМИЈА СЕ ПОЈАВИ И „СВЕТИ ЃОРЃИ“ ВО БИТОЛА


Детаљ од новооткриен северен ѕид на проскомидија

Од Завод и музеј велат дека пред да продолжат активностите потребно е да се изврши археолошко истражување на новопронајдените остатоци, за што побарана е финансиска поддршка од Министерството за култура, Управата за културно наследство и Општина Битола.

„При ископ за инфраструктурен дел, односно на кабел за електрична енргија откриени се два дела од црквата пронајдена под Јени џамија, тоа е северниот и јужниот дел од проскомидијата. Новопронајдените делови треба да се третираат археолошки и затоа моменталните работи на шадрванот се запрени. Треба да се извршат заштитни археолошки истражувања за да се заврши партерното уредување пред влезот на џамијата“, вели Слободан Стојкоски, арехолог во Завод и музеј-Битола.

Реконструкцијата на шадрванот започна еден месец пред локалните избори, а се одвиваше до пред неколку дена. Неодамна заврши и надворешната реставрација и конзервација на Јени џамија во Битола, еден од најрепрезентативните објекти со османлиска архитектура во Битола, која датира од 16 век.

извор; https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ostatotsi-od-tsrkva-pronajdeni-pod-shadrvanot-vo-bitola/


 

Kajgana Shop

На врв Bottom