Вести: Археолошки истражувања во Република Македонија

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
НОВИ АРХЕОЛОШКИ ИСКОПУВАЊА
Во Стибера, македонската Помпеја, се наѕира зграда на градско собрание




Археолошкиот тим на Заводот за заштита на спомениците на културата и музејот во Прилеп, под раководство на археологот Душко Темелкоски, продолжува да го открива досега најрепрезентативниот објект во Стибера, за кој, според натписот откриен лани, се претпоставува дека била зградата на градското собрание (булевтерионот) на Стибера.
Во градот Стибера, во средиштето на Пелагонија, неодамна е откриена уште една просторија што била украсена со особено репрезентативна профилирана мермерна декорација, панели со канелури.
„Откриено е торзо од статуа на граѓанин во природна големина изработено од бел ситнозрнест мермер, несомнено производ на локалното реномирано стиберско уметничко скулпторско ателје од вториот век н.е. Се работи за маж облечен во тога кој во левата спуштена рака држи ротулус. На ротулусите (свитканите пергаменти) биле пишувани текстови со разни содржини, во овој случај веројатно се работи за говорот на член на Собранието или еден од градоначалниците пред членовите на градското собрание на Стибера. Македонската Помпеја, Стибера, не престанува да не изненадува со квалитетот на цивилизациските антички рамништа. Тоа била раната девриопско/пелагонска цивилизација и подоцна римската цивилизација. Таа претставува врвен археолошки културен ресурс што може и треба максимално да се искористи во културно-туристичкиот развој на општината Прилеп“, вели директорот на Управата за заштита на културното наследство Виктор Адамс Лилчиќ на својот Фејсбук профил.
Археолози ќе продолжат да го истражуваат античкиот град Стибера кај прилепското село Чепигово, откако минатата година даде многу интересни научни резултати.
Античкиот град Стибера изминативе педесетина години не го доби вниманието што го заслужува, па отсекогаш бил во сенката на Скупи, Стоби или на Хераклеја Линкестис. Исклучителноста на Стибера е во зачуваноста на откриените објекти.
Од 2008 година се повеќе внимание се посветува на Стибера и на полето на археолошките ископувања и на полето на конзервација на објектите.
Ископувањата на Стибера е еден од капиталните проекти на Владата на Република Македонија, на Министерството за култура и на Управата за заштита на културното наследство.


http://www.mkd.mk/makedonija/vo-stibera-makedonskata-pompeja-se-nadzira-zgrada-na-gradsko-sobranie-foto#1



[DOUBLEPOST=1435583209][/DOUBLEPOST]Американски археолози во посета на музејот во Неготино


Тим американски археолози предводен од Каролина Снивеј, професор на универзитетот Гетисбург во Пенсилванија, која раководи меѓународен проект во кратовското село Коњух, денеска го посетија Музејот во Неготино, пренесува МИА.



Директорот на музејот Ристе Марков изјави дека гостите се интересирале за археолошката поставка, биле задоволни од богатството од археолошки локалитети во општина Неготино, а се одушевиле и од етнолошката поставка која е понова и од помодерен тип.
http://kurir.mk/republika/opstini/205312-Amerikanski-arheolozi-vo-poseta-na-muzejot-vo-Negotino
 
Последно уредено:
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Разговор со м-р Владимир Атанасов, раководител на проектот Археолошки катастар на РМ
Градот Билазора - чувар на границите на античката Македонија

Историчарот Тит Ливиј ја споменува Билазора како најнаселен град во Пајонија кој го освоил македонскиот крал Филип Петти за да може да ги заштити влезовите низ кои поминувале агресивните Дарданци кои напаѓале на Македонија. Локалитетот, чии граници во моментов се утврдуваат, меѓу првитеќе биде внесен во Археолошкиот катастар



Античкиот град Билазора е археолошки локалитет во Македонија на кој се откриени значајни артефакти. Кажете ни нешто повеќе за неговата историја.

Античкиот град Билазора е споменат неколку пати во историските извори и тоа во периодот на македонско-римските војни. Податоците се мошне скромни, па затоа долго време не беше позната неговата местоположба. Билазора ја споменува историчарот Тит Ливиј како најнаселен град во Пајонија кој го освоил македонскиот крал Филип Пети за да може да ги заштити влезовите низ кои поминувале агресивните Дарданци кои напаѓале на Македонија. Токму затоа историчарите верувале дека Билазора се наоѓала на Кале, Велес бидејки долж Таорската клисура агресорите во антиката најдиректно навлегувале во Пајонија и Македонија. Со деталните теренски истражувања во 1976 година професорот Иван Микулчиќ докажа дека на Велешкото Кале се наоѓа мала фортификација од хеленистичко време (3-2 век пред н.е.), а дека најголемиот антички град во овој дел од Република Македонија, на површина од околу 19 хектари, се наоѓал на локалитетот Градиште кај село Кнежје до Свети Николе.

Дали изминатите години се вршени пообемни истражувања и кои позначајни артефакти се пронајдени?

Локалитетот прво го истражувал Микулчиќ од 1970-1976 година кога ја изработил и првата планиметрија на градот. Од 2008-2012 година, американскиот археолог Вилијам Нејдингер ги извршил првите ископувања и тоа на просторот на горниот град - акрополата на Билазора. Во овие ископувања во кои учествував и јас, беа откриени импресивни архитектонски и градежни остатоци, дел од градската улица широка 8 метри, дел од репрезентативен акрополен архитектонски комплекс за кој се претпоставува дека е централна кралска палата. Во комплексот е откриена и кружна градба за која се претпоставува дека била тесмофорион, вид јама во која биле прилагани заветни и жртвени дарови. Откриени се репрезентативни делови архитектонска камена пластика, бази, канелирани колони, капители, архитравни греди, венци во дорски стил од 4 век пред н.е., два коринтски капители, како и фрагменти садова керамика и други предмети. Од 2013 година истражувањата на Билазора, која влезе во категоријата Владини капитални проекти, го раководи професорот д-р Драги Митревски. Тој ги продолжи истражувањата на репрезентативната палата откривајќи нови архитектонски делови и наоди, при што се истакнува една сребрена монета на македонскиот крал Александар Македонски.

На што укажуваат наодите?
Д-р Нејдингер ја форсира идејата дека тоа била кралска палата на последните македонски кралеви Филип Петти и Персеј, што има извесна логика со оглед на тоа дека градот во 217 година пред н.е. бил освоен од страна на Филип Петти. Меѓутоа археолошките истражувања недвосмислено говорат во прилог на сознанието дека палатата била изградена во 4 век пред н.е., што секако зборува за време во кое столувал најмоќниот крал на Пајонија, кралот Авдолеон, чија монета ја откривме оваа година во рамките на владиниот капитален проект Археолошки катастар на Република Македонија 2015.

Неодамна излеговте повторно на терен. До какви сознанија е дојдено?

Нашите теренски интервенции на Билазора се насочени кон ревизионо премерување на периметралните градски одбранбени бедеми заради прецизирање и изработка на прв геореференциран хоризонтален план на овој значаен археолошки локалитет. Притоа започнавме со отстранување на земјениот нанос исфрлена земја од страна на американскиот археолошки тим, врз одбранбениот бедем на Билазора заради поточно лоцирање на одбранбената линија. Се одлучивме детално да ја истражиме исфрлената земја и на наше пријатно изненадување откривме интересни метални наоди што им се испуштиле на првите истражувачи. Тоа се три монети, од кои две се сребрени, и тоа монета на пајонското племе Дерони, а втората е тетрадрахма на пајонскиот крал Авдолеон. Третата е бронзена монета на македонскиот крал Филип Петти. Откривме и други наоди како една бронзена фибула малоазиски тип, дел од рачна белегзија во вид на змиска глава (поскок) и друго.

Кои се понатамошни чекори кои ќе бидат преземени на овој локалитет?

Локалитетот во моментов е централен археолошко-културен ресурс за развојот на општината Свети Николе, чии можности особено се зголемуваат со изведувањето на новата магистрала Скопје - Свети Николе - Штип. Во основа би требало за се зголемат финансиските средства, обемот на истражувањата и откривањата на акрополата на локалитетот за да се скрати времето во кое ќе се отворат, конзервираат и пуштат во јавна употреба најрепрезентативните објекти во акрополата на овој маркантен антички град, веројатно главен град на античкото кралство Пајонија и центар на македонската област Пајонија под кралевите Филип Петти и Персеј. Истражувањата на Билазора се реализираат во рамките на соработката помеѓу Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство, општината Свети Николе и Филозофскиот факултет во Скопје, што претставува гаранција за квалитетот и дигнитетот на археолошката истражувачка методологија.

Дали се утврдени границите на овој локалитет со цел да биде внесен во археолошки катастар?

До овој момент можам да истакнам дека прецизно се утврдени границите на три најважни градски ареали. Се работи за акрополниот дел, на југ, потоа средниот град и долниот град. Годинава ќе биде довршен во теренски и кабинетски услови геореференцираниот план на локалитетот и тоа неговата прва зона што ја сочинуваат споменатите трактови и тие ќе бидат вградени во дигиталната база на податоци на Археолошкиот катастар во текот на 2016 година, секако меѓу првите археолошки локалитети. Проектот, кој е од национален интерес, се реализира од страна на Археолошкиот музеј на Македонија, а одобрен е од Управата за заштита на културно наследство.
http://vecer.mk/kultura/gradot-bilazora-chuvar-na-granicite-na-antichkata-makedonija[DOUBLEPOST=1435674141][/DOUBLEPOST]АНТИЧКИОТ ГРАД АНТИГОНЕА СЕ БАРА КАЈ НЕГОТИНО

http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=EBFAD81D133D504A96E580AAF4DB772F
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Темава да ја спојат надлежните не ќе да е лошо.
http://forum.kajgana.com/threads/Македонска-археологија.19540/

Инаку...
Летни археолошки школи и работилници во Стоби




Во организација на Националната установа „Стоби, а во соработка со Фондацијата Балканско наследство од Стара Загора, Бугарија, во текот на јуни и јули на археолошкиот локалитет „Стоби“ се одржуваат четири меѓународни летни работилници и школи.


Во јуни успешно беа реализирани работилницата за конзервација и документација на римска и доцноантичка керамика и работилницата за мозаици на кои учествуваа единаесет студенти и волонтери од САД, Австралија, Канада, Англија и Јапонија. Учесниците на работилницата за конзервација на керамика со помош на стручните лица од НУ Стоби, ги поминаа сите процеси на конзерваторско-реставраторските работи и документирање на керамички предмети. Во рамките на работилницата за мозаици пак се работеше на проект за конзервација и реставрација на мозаикот во нартексот на Епископската базилика.

Овој месец заклучно со 28 јули во Стоби се реализираат меѓународната летна школа за археологија и првата работилницата за напредна дигитална фотодокументација на архитектура и археолошки наоди.

Тринаесет студенти и волонтери претежно од САД учествуваат на школата за археологија во чии рамки се вршат ископувања на Теодосијанската палата. Целта на овие истражувања е откривање и документирање на археолошките појави во јужниот дел на палатата.

Годинава за прв пат се реализира и работилницата за напредна дигитална фотодокументација на архитектура и археолошки наоди. Во рамките на оваа работилница која ја предводи проф. д-р. Џорџ Беван од Универзитетот во Квинс, Торонто учествуваат единаесет студенти од САД, Канада и Австралија. Учесниците имаат за цел да извршат фотограметриско снимање на дел од презентираните градби во Стоби и да изработат панорамски фотографии за виртуелна прошетка и 3Д модели. Дел од студентите работат на т.н. RTI фотографија, односно рефлективна трансформација која е особено корисна во идентификување на натписите на камен и фрески кои се тешко читливи, како и фотограметриско снимање на дел од движните археолошки наоди.

Организирањето и реализацијата на школите и работилниците се од особено значење за промоцијата и презентацијата на богатото културно наследство на археолошкиот локалитет „Стоби“ во светски рамки. Исто така, помагаат и во откривањето, документирањето и заштитата на нашето културно наследство со тоа што се работи за целосно самофинансирачки активности.
http://kurir.mk/makedonija/kultura/205840-Letni-arheoloski-skoli-i-rabotilnici--vo-Stobi


http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=590365209A57874E9B7FC2974CD531AF[DOUBLEPOST=1436180245][/DOUBLEPOST]
Низ Стоби ќе може виртуелно да се прошета

На првата работилница за т.н. напредна дигитална фотодокументација на архитектура и археолошки наоди, која ја предводи професорот Џорџ Беван од Универзитетот во Квинс, Торонто, учествуваат единаесет студенти од САД, Канада и од Австралија. Студентите во моментов вршат фотодокументирање на објектите во локалитетот, од што понатаму ќе произлезат 3Д-реконструкција и виртуелна прошетка низ наоѓалиштето

Археолошкиот локалитет Стоби ќе биде еден од ретките кај нас што, покрај реално, ќе може да се посети и разгледа и виртуелно. Станува збор за проект што го спроведуваат единаесет студенти од САД, Канада и од Австралија, во рамките на првата работилницата за т.н. напредна дигитална фотодокументација на архитектура и археолошки наоди. Работилницата, која почна со работа деновиве, ја предводи професорот Џорџ Беван од Универзитетот во Квинс, Торонто.

Учесниците имаат за цел да извршат фотограметриско снимање на дел од презентираните градби во Стоби и да изработат панорамски фотографии за виртуелна прошетка и 3Д-модели.


Целта е кандидатите да ги научат основните принципи на археолошката методологија и притоа да стекнат знаење за културно-историските вредности на локалитетот Стоби и за Македонија

Дел студенти работат на т.н. РТИ-фотографија, односно рефлективна трансформација, која е особено корисна во идентификување на натписите на камен и фрески што се тешко читливи, како и фотограметриско снимање на дел од движните археолошки наоди.

- Работилницата се реализира истовремено со меѓународната летна школа за археологија и е прва од ваков вид што се организира кај нас. Работилницата ја предводи реномиран професор од Канада и сѐ уште е рано да се кажуваат детали, но уште сега можеме да кажеме дека оваа нова технологија ќе даде фини резултати. Студентите во моментов вршат фотодокументирање на објектите во локалитетот, од што понатаму ќе произлезат 3Д-реконструкција и виртуелна прошетка низ наоѓалиштето - вели Силвана Блажевска, директорка на НУ „Стоби“.

Во овој момент, додава таа, не може да се каже кога и колку објекти ќе бидат фотодокументирани и што сѐ ќе содржи проектот, но извесно е дека тој ќе има големо значење за популаризација на локалитетот.
- Виртуелната прошетка ќе биде поставена на нашата веб-страница или можеби ќе биде закупен нов интернет-сајт, каде што ќе бидат поставени сите материјали за јавна употреба и секој ќе може слободно да „прошета“ низ локалитетот. Според планираното, резултатот треба да биде видлив и да се користи за широката јавност, а не само за стручно-научни потреби - вели Блажевска.

Овој месец, заклучно со 28 јули, во Стоби се реализира и меѓународната летна школа за археологија, на која учествуваат 13 студенти и волонтери претежно од САД, кои вршат ископувања на Теодосијанската палата. Целта на овие истражувања е откривање и документирање на археолошките појави во јужниот дел на палатата.

Школите се во организација на националната установа „Стоби“, а во соработка со фондацијата „Балканско наследство“ од Стара Загора, Бугарија.
Минатиот месец успешно беа реализирани работилницата за конзервација и документација на римска и доцноантичка керамика и работилницата за мозаици, на кои учествуваа единаесет студенти и волонтери од САД, Австралија, Канада, Англија и од Јапонија. Учесниците на работилницата за конзервација на керамика со помош на стручните лица од НУ „Стоби“ ги поминаа сите процеси на конзерваторско-реставраторските работи и документирање керамички предмети. Во рамките на работилницата за мозаици, пак, се работеше на проект за конзервација и реставрација на мозаикот во нартексот на Епископската базилика.

Популаризација на локалитетот во меѓународни рамки

И лани студенти по археологија од САД, Австралија, Канада, Велика Британија и од Србија истражуваа дел од Теодосијанската палата. Учествуваа вкупно 16 учесници, главно студенти по археологија или антропологија, но и вљубеници во археологијата.

- За теренската археолошка школа традиционално има најголем интерес. Учествуваат најчесто студенти по археологија, но неретко и археолози-аматери и вљубеници во културното наследство и авантуристи. Школата е примамлива за различни категории, затоа што за да се учествува во неа не е предуслов учесниците да имале претходни искуства - вели археологот и кустос за доцна антика Јован Радњански од НУ „Стоби“.

Целта на ископувањата на југозападниот дел од Теодосијанската палата во правецот кон таканаречениот затвор лани беше комплетно да се истражи просторот помеѓу двата именувани објекта и да се дефинира нивната релација. Поради тоа и годинава истражувањата во рамките на школите се концентрирани токму на ова место.

- Теренските активности беа насочени кон истражување дел од Теодосијанската палата за која поради ископувањата помеѓу двете светски војни и загубената документација има недостиг од информации - вели Радњански.

Програмата на теренската археолошка школа е организирана во два модула: теоретски модул, во кој учесниците се запознаваат со историјата и со културата на регионот, и практичен модул со кој учесниците искусуваат конкретни археолошки ископувања на терен.

- Целта е кандидатите да ги научат основните принципи на археолошката методологија и притоа да стекнат знаење за културно-историските вредности на локалитетот Стоби и за Македонија. Многумина од нив се враќаат назад во својство на научници чиј интерес се базира на одреден сегмент од археологијата и културата на Македонија и Балканот. Нашата бенефиција е првенствено популаризација на локалитетот во меѓународни рамки, особено во меѓународната научна заедница. Можеме да се пофалиме со над 120 студенти што поминале обука на некој од проектите на Стоби во изминатите пет години - подвлекува Радњански.

Шеста година успешна соработка

Веќе шеста година националната установа „Стоби“ и фондацијата „Балканско наследство“ ја организираат археолошката теренска школа во која партиципираат студенти и вљубеници во археологијата од целиот свет. Во рамките на школата се вклучени и научни екскурзии во Охрид, Битола и во Штип, преку кои студентите се запознаваат со македонското културно наследство. Покрај теренската работа, во рамките на школата се одржуваат и предавања за историјата на Македонија, археологијата и архитектурата на локалитетот. Летната школа наедно е и одлична за промоција на локалитетот.

Учесниците се студенти од светски универзитети и сами се финансираат. Секој студент плаќа 1.300 евра за една сесија, додека двете сесии, пак, чинат околу 2.470 евра. Од собраните пари се реализира престојот на учесниците, се ангажира стручен персонал, но се вложува и за идни археолошки проекти за овој значаен локалитет. На крајот од двете сесии учесниците на археолошката летна школа добиваат сертификат и универзитетски кредити.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=761593788&id=16&prilog=0&setIzdanie=23510
 
Последно уредено:
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Археологија
Се конзервира бедемот на Баргала

Според предвидениот план и со поддршка на Министерството за култура, се конзервира четвртата делница од бедемот со должина од 22 метра


Стручните екипи на штипскиот музеј интензивно работат на конзервација на 210-метарскиот североисточен бедем на археолошкиот локалитет Баргала кој датира од 4. до 6 век.

Според предвидениот план и со поддршка на Министерството за култура, се конзервира четвртата делница од бедемот со должина од 22 метра.

Минатата година заврши третата фаза од конзервацијата, а беа конзервирани и печките за стакло и за метал. Со реализацијата на проектот ќе се овозможи поголема репрезентативност и посетеност на локалитетот.

Археолозите во моментов работат на други проекти, истражување на објектот кој служел за верски обреди - екстрамурос, кој се наоѓа надвор од ѕидините на локалитетот Баргала, конзервација на 30 икони од црквата "Успение на Пресвета Богородица" каде што ќе се етаблира нова галериска поставка на икони, како и издавање на повеќе публикации од етнологија, историја и историја на уметноста.
http://vecer.mk/kultura/se-konzervira-bedemot-na-bargala[DOUBLEPOST=1436263393][/DOUBLEPOST]АРХЕОЛОГИЈА
Стручна конзервација ја открива убавината на бедемите на Баргала
Со финансиска поддршка од Министерството за култура, во тек е конзервацијата на бедемот на еден од најрепрезентативните археолошки локалитети во Македонија, Баргала кај Штип. Според предвидениот план, во тек е конзервацијата на четвртата делница од бедемот со должина од 22 метра.


Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј - Штип интензивно работат на конзервација на 210-метарскиот североисточен бедем на овој значаен археолошки локалитет, кој датира од четвртиот до шестиот век.

Минатата година заврши третата фаза од конзервацијата, а беа конзервирани и реставрирани неколку важни наоди, меѓу кои и печки за стакло и за метал. Со реализацијата на проектот за конзервација на североисточниот бедем, ќе се овозможи зголемена репрезентативност на локалитетот, како и поголема посетеност од страна на домашни и странски посетители.



Археолозите од штипскиот Музеј во моментов работат на други проекти, меѓу кои се и истражување на објектот кој служел за верски обреди - екстрамурос, кој се наоѓа надвор од ѕидините на локалитетот Баргала; конзервација на 30 икони од црквата „Усление на Пресвета Богородица“ каде што ќе се етаблира нова галериска поставка на икони, како и издавање на повеќе публикации од етнологија, историја и историја на уметноста, известија од Министерството за култура.
http://www.mkd.mk/kultura/struchna-konzervacija-ja-otkriva-ubavinata-na-bedemite-na-bargala
 
Последно уредено:
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
АРХЕОЛОГИЈА
Целосно е истражен Античкиот театар во Скупи
Со финaнсиска поддршка од Министерство за култура, а во координација на Управата за заштита на културното наследство, деновиве завршија археолошките истражувања на Античкиот театар на археолошкиот локалитет Скупи во Скопје.



Почнувајќи од август 2013 година, истражувањата се реализираа во соработка со Филозофскиот факултет од Скопје и Музејот на град Скопје. За време на истражувањата на Античкиот театар, кој бил изграден за време на Хадријан и кој функционирал до крајот на 4 век, археолозите пронајдоа околу 3.000 монети, керамика, бронзени и коскени предмети. Станува збор за пронајдени над 5.000 предмети од различни културни хоризонти - железно време, римски период, доцноримски период и среден век.

Паралелно со археолошките истражувања беа спроведени и геофизички испитувања, а се направија и аерофотографии од театарот со кватрохоптер (дрон). Информациите околу ископувањата и пронајдоците на Скупи сега се достапни и на веб-страница за локалитетот, а се планира и изложба со новите пронајдоци.

Истражувањето на театарот на Скупи беше капитален проект на Владата на РМ, а раководител на истражувањата беше д-р Антонио Јакимовски, професор на катедрата за Историја на уметност со археологија при Филозофски факултет во Скопје.
http://www.mkd.mk/kultura/celosno-e-istrazhen-antichkiot-teatar-vo-skupi

Колку целосно не е истражен, ама ај нека им биде целосно...[DOUBLEPOST=1437040112][/DOUBLEPOST]Тетовско кале ќе се реставрира и реконструира
Ќе се изврши конзервација, реставрација, санација и реконструкција на влезната партија на археолошкиот локалитет Тетовско кале на Балтепе, информираше денес Министерството за култура на Република Македонијa преку соопштение на својата официјална интернет-страница


Годинава е планирана реализација на првата фаза за непосредната заштита на влезната партија на тврдината која се наоѓа над Тетово, Тетовското Кале или уште познато како Балтепе, проект кој е поддржан во програмата за заштита на културното наследство на Министерството за култура.

Проектот го реализира надлежната установа Национален конзерваторски центар, а конзервацијата, реставрацијата, санацијата и реконструкцијата на влезната партија целосно ќе биде завршена во текот на следната година, со што градот ќе добие уште една значајна туристичка локација.

На Тетовското кале Балтепе, во изминатиот период беа преземени поголеми реставраторски зафати, додека за време на многубројните истражувања кои што беа спроведени се пронајдени многу остатоци од неолитот, античкиот и ранохристијанскиот период, од времето кога владеел раноантичкиот Македонски крал Персеј. На овој локалитет пронајдени се и многу монети, фрагменти од керамички садови, како и бројни предмети карактеристични за Османлиското време.

Тврдината Балтепе датира од античко време, а низ историјата било значајно духовно собиралиште на жителите од тетовскиот крај.
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=50548
Истражувања на македонските и полските археолози
Кај Неготино се бара античката Антигонеа
13 јули 2015 - 15:10
Градиште Неготино инаку е раноантичка населба која има хронологија засега утврдена од 5 -4 век пр. н.е до 1-2 век од н. е., иако на самото Градиште се среќаваат и остатоци од доцната антика.


Македонските и полските археолози до крајот на јули ќе вршат интензивни истржувања на локалитетот Градиште кај Неготино, за кој се претпоставува дека е градот Антигонеа.

Овој повеќегодишен меѓународен проект го реализираат Археолошкиот музеј на Македонија и Унивезитетот Гдањск од Полска. Од 2009 година кога започна проектот, па се до 2011 година партнер беше и Институтот за класични и ориентални студии од Валенсија, Шпанија.

Според раководителот на истражувањата м-р Горан Санев, оваа година продолжуваат ископувањата на неколку објекти, веројатно резиденцијални, опкужени со улици, во средишниот и северниот дел од градот.

Еден од објектите што се истражувше и измината година, има комерцијален карактер и веројатно станува збор за продавница-таверна.

Во објектите се откриени изобилство од предмети од рано-римскиот период, пред се фрагменти од керамички садови, светилики, теракотни фигурини, потенцирајќи дека се откриваат и многу калапи за терактоните светилки, теракотните фигурини, но и за печатената керамика од римско време.

Исто така, меѓу наодите се и Италска и Самоска сигилата, а бројни се и примероците на фрагменти кои се нивна имитација од локално производство.

Од полска страна со Санев работи проф. Николас Секунда.

Градиште Неготино инаку е раноантичка населба која има хронологија засега утврдена од 5 -4 век пр. н.е до 1-2 век од н. е., иако на самото Градиште се среќаваат и остатоци од доцната антика.

Градот интенезивно живеел низ овие векови, додека за доцно-античкиот период археолозите се уште немаат податоци, со исклучок на неколку објекти и бедемот.

Ископувањата на Градиште кај Неготино се финансики поддржани од Министерство за култура на РМ и од Унивезитетот Гдањск од Полска. Овој проект ќе биде и дел од капиталните проекти на Владата на РМ и тоа во втората половина од 2015 година и во 2016 година, а ќе се реализира во координација на Управата за заштита на културното наследство.

http://vecer.mk/kultura/kaj-negotino-se-bara-antichkata-antigonea

Во Неготино
Конзервација на Саат кулата
13 јули 2015 - 15:06
Саат култата во Неготино, која е висока 15 метри, е подигната во почетокот на 19 век од Хаџи Таир-ага Синан, близу неговиот чифлик


Во Неготино во тек е реализацијата на проектот за конзервација на Саат кулата.

Активностите се реализираат со финансиска поддршка на Министерството за култура, а согласно предвидениот план и динамика, стручните служби на Националниот конзерваторски центар и Музејот од Неготино, ги спроведуваат геомеханичките испитувања на теренот на кој се наоѓа овој споменик на културата од османлискиот период.

По извршените испитувања, ќе се спроведат и археолошки истражувања во нејзината внатрешност.

Саат култата во Неготино, која е висока 15 метри, е подигната во почетокот на 19 век од Хаџи Таир-ага Синан, близу неговиот чифлик.

Тој го изградил и безистенот во Неготино кој изгорел во пожарот од 1913 година.

Со конзервацијата на овој значаен споменик на културата, градот Неготино ќе добие уште едно туристичко обележје, со зачувана карактеристична архитектура.

http://vecer.mk/kultura/konzervacija-na-saat-kulata
 
Последно уредено:
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Археолози првпат го истражуваат локалитетот Таламбасица

На подрачјето на прилепскиот дел од Мариово се изврши ревизија на теренот, при што за локалитетите за кои се мислело дека егзистирале само во античкиот, односно во средновековниот период, се потврдило дека имале континуитет длабоко во праисторијата





ПРАИСТОРИСКИ ЛОКАЛИТЕТ ВО МАРИОВО

Првпат екипа археолози од прилепскиот Завод и музеј, предводени од раководителот Александар Миткоски, археолог, кустос-советник, започна со археолошки истражувања на локалитетот Таламбасица. Станува збор за локалитетот што се наоѓа на околу пет километри југоисточно од селото Крушевица, Мариово, и на околу 200-300 метри јужно од доста познатиот и презентиран локалитет Трештена стена. Локалитетот е сместен на падина со благ пад од исток во правец на запад и со приближна ориентација север-југ.

Континуитет длабоко
во праисторијата


- Во крајниот јужен дел се наоѓа Тумул, кој е еден од подобро зачуваните од засега познатите шеесетина тумули, на подрачјето на општината Витолиште, Мариово. Тумулот има кружна форма со пречник од околу 15 и висина од околу 1,10 м. Од неговата североисточна страна делумно е разголен оградниот ѕид, при што може да се види дека е изграден од покрупни камени блокови, наредени еден до друг со потесната страна нагоре. По целата површина на тумулот се наоѓа поситен и покрупен аморфен камен, а во југозападниот дел се наоѓаат траги од диво копање - вели Миткоски.

На просторот предвиден за археолошки истражувања досега било извршено само археолошко рекогносцирање (преглед на теренот) во 2001 година со проектот „Археолошки рекогносцирања на подрачјето на општината Витолиште, Мариово - праисториски населби и некрополи“.
- На подрачјето на прилепскиот дел од Мариово се изврши ревизија на теренот, при што за локалитетите за кои се мислеше дека егзистирале само во античкиот, односно во средновековниот период, се потврди дека имале континуитет длабоко во праисторијата. Притоа археолошки рекогносцирања се извршени и во атарот на селото Крушевица. На локалитетот Таламбасица беа евидентирани неколку убаво зачувани тумули - додава археологот.

Појасна слика за погребувањата во овој регион

На терен се констатирани девастирања на тумулот, што значи дека имало нелегални дејства, со што е загрозен неговиот интегритет, истакнува археологот Миткоски.

- Практично со тоа има губење на движниот археолошки материјал, како и на податоците за неговата хронолошка и културолошка определба. Поради тоа решивме годинава да работиме некаде до почетокот на септември. Со претходните археолошки истражувања на неколку тумули на просторот на Мариово беше констатирано дека покрај во железното биле користени и во бронзеното време, како и во античкиот и средновековниот период. Ова е нова појава во тумуларните погребувања во регионот, за што е многу важна потврдата и кај овој тумул на локалитетот Таламбасица. Истовремено со археолошките истражувања ќе се добие појасна слика за начинот на погребувањето, за распоредот на гробовите во тумулот, погребните ритуали и времето во кое се извршувале, половата диференцијација, повеќекратното погребување во еден гроб, начинот на полагањето на погребните дарови, оставањето на прилозите надвор од гробовите - истакнува тој.

Со движниот материјал што ќе се открие ќе се збогати праисториската збирка на Завод и музеј-Прилеп со нови археолошки предмети и форми од керамика и метал од бронзеното и од железното време.
Парите во висина од 200 илјади денари за археолошкото истражување се обезбедени од Министерството за култура преку Програмата од национален интерес во културата за 2015 г. од областа на заштитата на недвижното културно наследство.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=724151521262&id=16&prilog=0&setIzdanie=23526
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Се истражува средновековен храм
Нови сознанија за црквата на локалитетот Цареви кули

Иако остатоците од црквата се евидентирани многу порано, сепак ова подрачје досега не било предмет на археолошки третман.


Започнаа истражувањата на средновековната црква, лоцирана во подножјето на локалитетот Цареви кули во Струмица.

Иако остатоците од црквата се евидентирани многу порано, сепак ова подрачје досега не било предмет на археолошки третман.

Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј - Струмица ги завршија активностите за расчистување на теренот и отстранувањето на површинскиот слој по што започнаа археолошки истражувања на остатоците од објектот кој датира од средновековието.

Според надлежните реализацијата на овој проект е во насока на обезбедување на прецизни сознанија за хронологијата, архитектонските карактеристики и уметничкиот сликарски опус на црквата.

"Во рамките на овие истражувања околу објектот се очекуваат и пропратни археолошки единици, кои ќе помогнат во евидентирање и на други автентични остатоци од средновековиот период, како повеќеслојна некропола, нови архитектонски структури и слично. Овој проект е од особно значење во насока на оформување на целосен приказ на сите фази на егзистирање, кои ги опфаќаат периодите од праисторија до доцен среден век на микролокацијата Цареви кули во Струмица, но и негова презентација и промоција во научна, научно-популарна и туристичка смисла", велат надлежните.

Реализацијата на археолошките истражувања е во рамките на програмата за заштита на културното наследство на Министерството за култура.
http://vecer.mk/kultura/novi-soznanija-za-crkvata-na-lokalitetot-carevi-kuli

Просек под лупа на археолозите
Откриени се тајните на најпознатиот македонски средновековен град

Маркантната, но истовремено и бурната историја со којашто се карактеризира археолошкиот локалитет, била инспирација на многу историчари кои биле современици на разни случувања и превирања, чија историска сцена бил токму Просек


На локалитетот Кале - Стрезов Град, кај демиркапиското село Челевец, попознат како средновековниот град Просек, археолозите открија кула и црква.

Од почетокот на септември, Институтот за старословенска култура - Прилеп, за прв пат спроведе и сондажни археолошки истражувања на археолошкиот комплекс, за кој се смета дека е претпоставената позиција за тврдината на градот Просек, голем по површина, а кој имал и помали населби од разбиен тип.

Локацијата на овој комплекс е дел од Демиркаписката Клисура, над автопатот Скопје - Атина, а истражуивањата се вршени со финансиска поддршка на Министерството за култура.

"На повеќе наврати во минатиот век истражувани се неколку некрополи кои најверојатно се дел од градот. На просторот на Кале-Стрезов Град, село Челевец ова се први сондажни истражувања за кои се надевам дека во иднина ќе прераснат во повеќегодишни систематски истражувања.Прв пат се истражува дел од тврдината и населбинскиот простор кои припаѓале на средновековниот град Просек, вели раководителот на истражувањата м-р Орданче Петров.

Според Петров кулата е дел од фортификацискиот систем на тврдината и со својата челна позиција го брани единствениот лесно достапен пристап кој се наоѓал од источната страна.

"Според податоците што ги имаме, бранителите на тврдината биле вооружени со вообичаеното оружје за тоа време. Но, Никита Хонијат, современик на настаните, за време на обидот на византискиот император Алексеј Трети Ангел да го заземе Просек, управуван од самостојниот владетел Добромир Хрс, забележал употреба на каменофрлачки постројки користени од двете завојувани страни. Постројките биле поставени по околните ридишта", раскажа Петров.

На вториот пункт, пак, откриена е црква за која се смета дека е рановизантиска, но која подоцна била обновена.

"Би можело да се претпостави дека црквата од помладата фаза е црквата Света Богородица која во 1348 година со нејзиниот метох во Просек, била подарена на манастирот Хиландер. Во корелација со црквата откриени се и неколку погребувања. Пронајдениот материјал е во фаза на проверка", додава Петров.

Проектот се реализира во соработка со локалната самоуправа на општина Демир Капија, Археолошки музеј на Македонија и Домот на култура „Мирка Гинова" - Демир Капија.

Бурна историја на градот Просек

Маркантната, но истовремено и бурната историја со која што се карактеризира овој археолошки локалитет, била доволна инспирација и предизвик за перото на многу историчари кои биле современици на разни случувања и превирања, чија историска сцена бил токму Просек. Градот во пишаните документи и извори за прв пат е споменат во 1019 година во грамота на византискиот цар Василиј Втори. Подоцна, името на овој град се среќава уште неколку пати, во документите кои датираат од тој период, но сепак најверодостојни информации за самиот локалитет дава современикот на самостојниот владетел Хрс, историчарот Никита Хонијат. Локацијата на овој средновековен град, како и содржините што тој ги нуди, претставуваат ресурс кој во иднина треба да се искористи.

http://vecer.mk/kultura/otkrieni-se-tajnite-na-najpoznatiot-makedonski-srednovekoven-grad

Се истражува термалната бања во Банско, Струмичко

Активностите се реализираат со финансиска поддршка од Министерството за култура, а како дел од Програмата за заштита на културното наследство


Доцноримското термално лекувалиште во селото Банско, Струмичко, во наредниот период систематски ќе се истражува од страна на стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј - Струмица.

Активностите се реализираат со финансиска поддршка од Министерството за култура, а како дел од Програмата за заштита на културното наследство.

Претходно е извршено и расчистување на теренот како подготовка за археолошките истражувања на ова лекувалиште кое датира од 3 и 4 век.

"Во согласност со планираните активности во тек се истражувањата на југоисточниот дел од малата бања, каде што со последната истражувачка кампања е откриен дел од ѕид за кој се претпоставува дека е дел од нова просторија која била во функција на бањата. Со овие истражувања на новата просторија, археолозите очекуваат да се потврди дека малата бања ги поместува досегашните граници на првичното датирање на лекувалиштето, односно дека тоа започнало да екзистира многу порано кон крајот на првиот односно на почетокот на вториот век#, велат од Министерството за култура.
Реализацијата на овој проект е во насока на обезбедување на прецизни сознанија за првобитната намена на лекувалиштето.
http://vecer.mk/kultura/se-istrazhuva-termalnata-banja-vo-bansko-strumichko
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Вчера, на 30 декември, 2015 г. во просториите на Археолошкиот Музеј на Македонија беше отворена годишната археолошка изложба на која беа изложени најзначајните артефакти (околу 700 од вкупно 20,000) најдени на територијата на Р. Македонија во 2015 г.

Влезот е бесплатен, а изложбата ќе биде отворена до 1 март, 2016 г.



Информација за настанот:





ИЗВОР




Уште неколку фотки од настанот:











 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.711
Поени од реакции
15.581
АРХЕОЛОГИЈА
Целосно е истражен Античкиот театар во Скупи
Со финaнсиска поддршка од Министерство за култура, а во координација на Управата за заштита на културното наследство, деновиве завршија археолошките истражувања на Античкиот театар на археолошкиот локалитет Скупи во Скопје.



Почнувајќи од август 2013 година, истражувањата се реализираа во соработка со Филозофскиот факултет од Скопје и Музејот на град Скопје. За време на истражувањата на Античкиот театар, кој бил изграден за време на Хадријан и кој функционирал до крајот на 4 век, археолозите пронајдоа околу 3.000 монети, керамика, бронзени и коскени предмети. Станува збор за пронајдени над 5.000 предмети од различни културни хоризонти - железно време, римски период, доцноримски период и среден век.

Паралелно со археолошките истражувања беа спроведени и геофизички испитувања, а се направија и аерофотографии од театарот со кватрохоптер (дрон). Информациите околу ископувањата и пронајдоците на Скупи сега се достапни и на веб-страница за локалитетот, а се планира и изложба со новите пронајдоци.

Истражувањето на театарот на Скупи беше капитален проект на Владата на РМ, а раководител на истражувањата беше д-р Антонио Јакимовски, професор на катедрата за Историја на уметност со археологија при Филозофски факултет во Скопје.
http://www.mkd.mk/kultura/celosno-e-istrazhen-antichkiot-teatar-vo-skupi

Колку целосно не е истражен, ама ај нека им биде целосно...[DOUBLEPOST=1437040112][/DOUBLEPOST]Тетовско кале ќе се реставрира и реконструира
Ќе се изврши конзервација, реставрација, санација и реконструкција на влезната партија на археолошкиот локалитет Тетовско кале на Балтепе, информираше денес Министерството за култура на Република Македонијa преку соопштение на својата официјална интернет-страница


Годинава е планирана реализација на првата фаза за непосредната заштита на влезната партија на тврдината која се наоѓа над Тетово, Тетовското Кале или уште познато како Балтепе, проект кој е поддржан во програмата за заштита на културното наследство на Министерството за култура.

Проектот го реализира надлежната установа Национален конзерваторски центар, а конзервацијата, реставрацијата, санацијата и реконструкцијата на влезната партија целосно ќе биде завршена во текот на следната година, со што градот ќе добие уште една значајна туристичка локација.

На Тетовското кале Балтепе, во изминатиот период беа преземени поголеми реставраторски зафати, додека за време на многубројните истражувања кои што беа спроведени се пронајдени многу остатоци од неолитот, античкиот и ранохристијанскиот период, од времето кога владеел раноантичкиот Македонски крал Персеј. На овој локалитет пронајдени се и многу монети, фрагменти од керамички садови, како и бројни предмети карактеристични за Османлиското време.

Тврдината Балтепе датира од античко време, а низ историјата било значајно духовно собиралиште на жителите од тетовскиот крај.
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=50548
Истражувања на македонските и полските археолози
Кај Неготино се бара античката Антигонеа
13 јули 2015 - 15:10
Градиште Неготино инаку е раноантичка населба која има хронологија засега утврдена од 5 -4 век пр. н.е до 1-2 век од н. е., иако на самото Градиште се среќаваат и остатоци од доцната антика.


Македонските и полските археолози до крајот на јули ќе вршат интензивни истржувања на локалитетот Градиште кај Неготино, за кој се претпоставува дека е градот Антигонеа.

Овој повеќегодишен меѓународен проект го реализираат Археолошкиот музеј на Македонија и Унивезитетот Гдањск од Полска. Од 2009 година кога започна проектот, па се до 2011 година партнер беше и Институтот за класични и ориентални студии од Валенсија, Шпанија.

Според раководителот на истражувањата м-р Горан Санев, оваа година продолжуваат ископувањата на неколку објекти, веројатно резиденцијални, опкужени со улици, во средишниот и северниот дел од градот.

Еден од објектите што се истражувше и измината година, има комерцијален карактер и веројатно станува збор за продавница-таверна.

Во објектите се откриени изобилство од предмети од рано-римскиот период, пред се фрагменти од керамички садови, светилики, теракотни фигурини, потенцирајќи дека се откриваат и многу калапи за терактоните светилки, теракотните фигурини, но и за печатената керамика од римско време.

Исто така, меѓу наодите се и Италска и Самоска сигилата, а бројни се и примероците на фрагменти кои се нивна имитација од локално производство.

Од полска страна со Санев работи проф. Николас Секунда.

Градиште Неготино инаку е раноантичка населба која има хронологија засега утврдена од 5 -4 век пр. н.е до 1-2 век од н. е., иако на самото Градиште се среќаваат и остатоци од доцната антика.

Градот интенезивно живеел низ овие векови, додека за доцно-античкиот период археолозите се уште немаат податоци, со исклучок на неколку објекти и бедемот.

Ископувањата на Градиште кај Неготино се финансики поддржани од Министерство за култура на РМ и од Унивезитетот Гдањск од Полска. Овој проект ќе биде и дел од капиталните проекти на Владата на РМ и тоа во втората половина од 2015 година и во 2016 година, а ќе се реализира во координација на Управата за заштита на културното наследство.

http://vecer.mk/kultura/kaj-negotino-se-bara-antichkata-antigonea

Во Неготино
Конзервација на Саат кулата
13 јули 2015 - 15:06
Саат култата во Неготино, која е висока 15 метри, е подигната во почетокот на 19 век од Хаџи Таир-ага Синан, близу неговиот чифлик


Во Неготино во тек е реализацијата на проектот за конзервација на Саат кулата.

Активностите се реализираат со финансиска поддршка на Министерството за култура, а согласно предвидениот план и динамика, стручните служби на Националниот конзерваторски центар и Музејот од Неготино, ги спроведуваат геомеханичките испитувања на теренот на кој се наоѓа овој споменик на културата од османлискиот период.

По извршените испитувања, ќе се спроведат и археолошки истражувања во нејзината внатрешност.

Саат култата во Неготино, која е висока 15 метри, е подигната во почетокот на 19 век од Хаџи Таир-ага Синан, близу неговиот чифлик.

Тој го изградил и безистенот во Неготино кој изгорел во пожарот од 1913 година.

Со конзервацијата на овој значаен споменик на културата, градот Неготино ќе добие уште едно туристичко обележје, со зачувана карактеристична архитектура.

http://vecer.mk/kultura/konzervacija-na-saat-kulata
што стана со загубениот град на 1470м висина, мислам некаде кај во Прилеп? веб страната од 2014 е избришана ?
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
СЕНЗАЦИОНАЛНО ОТКРИТИЕ: Скапоцени монети пронајдени кај Демир Хисар (ФОТО)

Посебно внимание предизвикуваат откриените антички монети на македонските кралеви Александар III Македонски, Касандар, Антигон Гонат, Филип V и Персеј


Планираното археолошко истражување на древниот антички македонски град Брианиј, на локалитетот Градиште - Граишка Чука, над селото Граиште - Општина Демир Хисар, е во тек и покажува интересни резултати.

Истражувањата се вршат во рамките на владиниот капитален проект „Античкото Кралство Македонија“, а се реализира преку Управата за заштита на културното наследство, Филозофскиот факултет - Скопје и Институтот за историја на уметност и археологија. Поддршка за проектот, како и обезбедување оброци и престој за истражувачите на локалитетот, даде Општината Демир Хисар.

Археолошкиот локалитет, кој претставува низок доминантен рид над селото Граиште, околу кој врти реката Еригон (Црна Река), во средиштето на Демирхисарскиот Регион, се истражувал и претходно, но не толку темелно и посветено. Годинава, под раководство на проф. д-р Антонио Јакимовски, активно се работи на локалитетот.



На ридот уште во архајскиот период (7-7 век пред н.е.) била оформена населба, која со оглед на прастариот пат покрај реката бргу прераснала во град. На врвот од ридот бил акрополот - горниот град, додека околу него по падините биле оформувани терасите што го чинеле долниот град, на вкупна површина од 12 хектари.

При археолошките истражувања се откриени вкупно 101 монета, од кои една е сребрена, а другите се бронзени, потоа 25 оловни зрна - проектили за праќа од средниот македонски период, два врва од стрели од железо, четири бронзени прстени, два оловни тега и еден средновековен бронзен крст од типот енколпион.

Посебно внимание предизвикуваат откриените антички монети на македонските кралеви Александар III Македонски, Касандар, Антигон Гонат, Филип V и Персеј.



Директорот на Управата за заштита на културно наследство, проф.д-р Виктор Лилчиќ-Адамс, вели дека во текот на изминатите децении се уверил во високите цивилизациски вредности на Градиштето кај Граиште во Демирхисарско. Археолошкиот локалитет бил истражуван многу малку, инцидентно, при што беа собрани елементарни информации за неговите културни хоризонти.

- Токму поради тоа, многу сум задоволен што оваа 2016 година конечно и решително ги започнавме првите археолошки истражувања од пошироки размери во древниот град Брианиј/Добрун, кои ја изнесоа на виделина оваа скапоцена колекција од 100 антички и средновековни монети, помеѓу кои посебно се радувам на монетите на македонските кралеви, кои го надополнуваат огромниот фонд на илјадниците монети на македонските кралеви откриен на целата територија на Република Македонија, и секако недвосмислено и кристално чисто го посведочуваат исконското право на името на нашата Република Македонија - изјави Лилчиќ-Адамс при посетата на локалитетот.



Раководителот на истражувањето „Античко Кралство Македонија, проф.д-р Јакимовски, вели дека овој проект е започнат во 2005 година, а оваа година посветиле големо внимание на документацијата на движните археолошки наоди, како и на истражувањето на повеќе локалитети во Р. Македонија.

- Моментално акцентот е ставен на Демирхисарскиот Регион, поточно на археолошките локалитети Граишка Чука и Бучин. Пронајдени се голем број наоди, од кои најмногубројни се монетите, над 100 досега, а најголемиот број припаѓаат на македонските кралеви - вели тој.

Градот Брианиј/Добрун претставува културно-цивилизациски фаворит на Општината Демир Хисар, а секако и на Република Македонија, што може веднаш да се користи во рамките на културно–археолошко–туристичкиот развој на Општината Демир Хисар.

Извонредната централна местоположба, непосредната близина со главниот град Демир Хисар, извонредно богатите културни хоризонти во градот со недвижни и движни археолошки остатоци овозможуваат за мошне брзо и догледно време да се организира секојдневна посета на туристички групи на локалитетот, но и оформување на респектабилна музејска збирка во рамките на Домот на културата на Демир Хисар, која во догледно време или со време може да прерасне во Музеј на Демир Хисар, каде што можат да се изложат многубројните археолошки наоди и од останатите дваесетина помали градови и тврдини во целиот Демирхисарски Регион (Градиште, Обедник; Кале, Зашле; Градиште, Жван; Градиште, Сопотница; Кула, Бабино; Винов Град Завртон, Слоештица; Градиште, Боиште; Градиште, Железнец; Градиште Големо Илино; Градиште, Постралец; Кале, Црско и другите).



Градоначалникот на Општина Демир Хисар, Љупчо Блажевски, вели дека како дел од подолгорочни визии, програмски определби и лична заложба, Општината Демир Хисар во соработка со Управата за заштита на спомениците на културата, го иницирала договорот да се изврши теренско истражување на древниот антички македонски град Брианиј, што се наоѓа на археолошкиот локалитет Граишка Чука, на околу два километри североисточно од Демир Хисар.

- Договорено е целиот движен археолошки материјал што ќе биде пронајден да остане во наследство на Општината, а перспективно да обезбедиме соодветен простор за отворање на респектабилна локална музејска поставка. Истражувањата што се реализираат со методот на рекогносцирање обезбедуваат многу научни сознанија за ова древно историско македонско место, што претставува најсилен досега познат ресурс на Демир Хисар со древен цивилизациски контекст, што поседува извонредни потенцијали, дури и да се наполнат витрините на еден општински музеј што во иднина можеме да го планираме. Сметам дека се работи за значаен почеток на археолошките истражувања на Демирхисарско, регион што е преполн со огромен број археолошки локалитети, од кои најимпресивни се древните градови и тврдини. Започнатите активности имаат цел и да ја подигнат јавната свест за заштита и зачувување на движното и недвижното културно наследство на Општината Демир Хисар, а секако и да го иницираат развојот на нашата Општина Демир Хисар и преку културата, археологијата и туризмот - вели Блажевски.

извор; http://telegraf.mk/kultura/arheologija/ns-newsarticle-senzacionalno-otkritie-skapoceni-moneti-pronajdeni-kaj-demir-hisar-foto.nspx
[DOUBLEPOST=1481802725][/DOUBLEPOST]ЛОКАЛИТЕТ ГОРНО ПОЛЕ, ВЕЛМЕЈ: Древен град кој ќе открие сериозни археолошки пронајдоци (ФОТО)

На теренот деновиве активно работи стручен тим од археолози на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј - Охрид, предводен од археологот Бојан Танески


Дрвниот град кој допрва ќе ги предизвикува археолозите за подлабоки истражувања се наоѓа кај селото Велмеј во Општина Дебарца. Во моментов се одвиваат истражувања на овој локалитет, иако првично беше започнато негово истражување во 1997 година од страна на професорите д-р Коста Аџиевски и д-р Виктор Лилчиќ-Адамс во рамките на проектот „Доцноантички комуникации и точки во Република Македонија“.

Истражувањата на локалитетот Градиште Горно Поле спаѓаат во владините капитални проекти што се поддржани преку Управата за заштита на културното наследство во областа на археологијата.


пронајден артефакт, чаша од магарски тип

На теренот деновиве активно работи стручен тим од археолози на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј - Охрид, предводен од археологот Бојан Танески.

Откриени се движни археолошки артефакти со доцноантичка провениенција, што датираат во доцната антика, поточно во периодот од IV до VI век н.е. и првпат е снимена основната планиметрија на утврдувањето. Првичната констатација на истражувачите изнесе на виделина остатоци од значајно доцноантичко утврдување со карактер на гратче, микрорегионален центар на југоисточниот агол на Дебарца во раниот византиски век.

Директорот на Управата за заштита на културното наследство, проф. д-р Виктор Лилчиќ-Адамс, деновиве беше во посета на овој локалитет, а неговите впечатоци се дека гратчето кај Велмеј ги поседува основните елементи за развојот на општината преку археологијата. Одличен приод, вели Лилчиќ-Адамс, атрактивност на природниот воден вруток во подножјето на градот, силна фортификациска рамка – цврст малтерен периметрален ѕид, многу објекти, а се очекува и изобилие на движни археолошки артефакти.



„Една од кардиналните задачи што се исправаат пред македонското општество во условите на изобилието на археолошки локалитети во Република Македонија, и потребата за развојот на локалните општински заедници врз база на археологијата и туризмот, претставува селекција на врвните и најатрактивни локалитети во секоја македонска општина. А Општината Дебарца ги има древните градови на локалитетите: Требенишко Кале, Горнополско Градиште Велмеј и Кула, Песочани. Оваа година започнавме со гратчето кај Велмеј, а планираме во текот на 2017 година, во соработка со Општината Дебарца и градоначалникот Игор Трајковски, да ги активираме истражувањата на древното десаретско гратче на локалитетот Требенишко Кале. Во посетата на локалитетот пријатно ме изненади уште едно откритие на стручниот тим на Бојан Танески што ја поместува наназад хронологијата на локалитетот. Имено, се работи за дел од квалитетно изработена керамичка чаша од т.н. мегарски тип од доцниот III и првата половина од II век пред н.е. Му благодарам на Игор Трајковски, градоначалник на Општината Дебарца, како и на госпоѓа Тања Паскали, директор на Н.У. Завод и Музеј-Охрид, за соработката во заедничките напори за истражувањето и афирмирањето на овој значаен археолошки локалитет“, изјави Лилчиќ-Адамс.



Раководителот на тимот од археолози истражувачи, Бојан Танески, вели дека големо е задоволството да се работи на овој локалитет, имајќи предвид дека ова се првите систематски археолошки истражувања. Во минатото, вели тој, многубројни истражувачи го посетиле локалитетот, направени се рекогносцирања, дефинирани се неколку градби, направено е исцртување на заштитниот бедем, со што е одреден и габаритот на градиштето со вкупна површина од околу еден хектар.

- Целта на годинешните истражувања е дефинирање на карактерот и хронолошката припадност на сакралниот објект лоциран на јужниот дел од локалитетот, како и дефинирање на ширината, опусот на градење и сочуваноста на бедемскиот ѕид. Во оваа фаза на истражување може да констатираме дека сакралниот објект е ориентиран кон исток, со апсидален дел поставен врз природната карпа. Изграден е од делумно обработен камен варовник, бигор и тула, а како врзивно средство употребен е варов малтер. Во моментот се работи на одредување на габаритот од овој објект. При истражувањето на внатрешноста, низ рушевинските слоеви наидовме на еден фрагмент од мегарска чаша, која тука секако е надвор од контекст, но со сигурност потекнува од овој локалитет. Што се однесува до бедемскиот ѕид, успеавме да ја констатираме неговата ширина, која на источниот дел од градиштето изнесува 2,40 м. Изграден е од кршен камен и редок варов малтер. Во моментов се работи на расчистување на обрушениот камен и дефинирање на сочуваната висина од бедемот. Врз основа на досегашните истражувања, слободно може да кажеме дека овој локалитет во иднина заслужува посериозни археолошки зафати - изјави археологот Бојан Танески, раководител на проектот „Градиште Горно Поле Велмеј“.



извор; http://telegraf.mk/kultura/arheologija/ns-newsarticle-lokalitet-gorno-pole-velmej-dreven-grad-koj-ke-otkrie-seriozni-arheoloski-pronajdoci-foto.nspx
 
Последно уредено:

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725


Со „Мрдни со прст“ го исчистија скопскиот аквадукт


Во рамките на „Мрдни со прст“ во тек е и уличен караван по плоштадите низ целата земја кој досега помина во 6 градови.

Викендов во Скопје во рамките на кампањата „Мрдни со прст“ педесетина граѓани се организираа и собираа отпадоци околу Скопскиот аквадукт во Визбегово, археолошки локалитет кој претставува една од позначајните знаменитости на градот.

На акцијата за чистење на Аквадуктот на граѓаните им се приклучија и Националниот младински совет (НМСМ) и Сојуз на извидници на Република Македонија.

Проблемот со отпадоци околу Скопскиот аквадукт беше пријавен од страна на неколку граѓани на мапата на веб страницата www.mrdnisoprst.mk, која во последниот месец прими повеќе од 50 пријави за различни проблеми на различни локации низ целата земја. Неколку од проблемите кои беа пријавувани од страна на граѓаните се веќе поддржани во рамките на кампањата „Мрдни со прст“, преку разни акции реализирани во соработка со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и локални граѓански иницијативи во градовите низ земјава. Така, во рамките на кампањата, во Битола беше реализирана граѓанска акција за подигање на свеста за загадувањето на воздухот, во Струга беа поставени рачно нацртани корпи за отпадоци во Паркот на поезијата, а во Охрид имаше улична театарска акција преку која младите побараа да има повеќе културни настани.

Во рамките на „Мрдни со прст“ во тек е и уличен караван по плоштадите низ целата земја кој досега помина во 6 градови и вклучува настани на кои граѓаните имаат можност да го искажат својот став и мислење по разни општествени прашања преку неколку интересни активности.

Кампањата „Мрдни со прст“ има за цел подигнување на јавната свест за различните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец, како и да се понудат идеи и можности за придонес кон специфични активности во рамките на заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат поединечно, но и колективно.

„Мрдни со прст“ продолжува и понатаму, а секој кој сака да се пријави за следните акции или да пријави проблем може тоа да го направи преку веб страницата www.mrdnisoprst.mk или на страницата на Фејсбук www.facebook.com/MrdniSoPrst.

извор; http://vesti.mk/read/news/11394802/3994775/so-mrdni-so-prst-go-ischistija-skopskiot-akvadukt

 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Завршија годишните истражувања на локалитетот Градиште кај Таор

Во текот на досегашните истражувања на локалитетот беше извршено прецизно дефинирање на хронолошката слика на Градиште -Таор, и тоа: раното бронзено време од околу 2200-1600 год. пред н.е. античкиот хоризонт, римскиот империјален период кој егзистирал во периодот од II до III век, доцноантичкиот културен хоризонт, кој егзистирал од IV до крајот на VI век, како и раносредновековниот културен хоризонт кој припаѓа на периодот од IХ-XII век...


Со поддршка од Министерството за култура во изминатиот период стручните екипи од Музејот на Град Скопје ги завршија археолошките истражувања на локалитетот Градиште, с. Таор, Скопско.

Во текот на досегашните истражувања на локалитетот беше извршено прецизно дефинирање на хронолошката слика на Градиште -Таор, и тоа: раното бронзено време од околу 2200-1600 год. пред н. е. античкиот хоризонт, римскиот империјален период кој егзистирал во периодот од II до III век, доцноантичкиот културен хоризонт, кој егзистирал од IV до крајот на VI век, како и раносредновековниот културен хоризонт кој припаѓа на периодот од IX до XII век.

Доцносредновековната некропола пак лежи врз остатоци од градбите. Со истражувањата се откриени пет гробови датирани во периодот од XVI до XVII век. Во текот на досегашните истражувања е откриен обемен движен археолошки материјал.

Покрај многубројните фрагменти од керамички садови, откриени се фрагменти од стаклени садови, прозорско стакло, накит (обетки, фибули, прстени), предмети од коска, оружје, делови од воена опрема, орудија, предмети од градежни конструкции, делови од брави и клучеви и околу 530 бронзени монети. Селото Таор лежи на околу 20 км југоисточно од центарот на Скопје, на левиот брег на реката Вардар, на местото каде што реката навлегува во Таорската Клисура.

Во римско време во северното подножје на населбата поминувал магистралниот повардарски пат Виа Аксија (Via Axia), кој од Скупи преку Стоби одел за Тесалоника. Локалитетот за првпат е евидентиран од англискиот истражувач, археолог и патописец Артур Еванс, од кога датираат и првичните информации за неговата местоположба како родно место на императорот Јустинијан Први.





извор; http://cooltura.mk/arheologija/zavrshija-godishnite-istrazhuvanja-na-lokalitetot-gradishte-kaj-taor
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.904
Поени од реакции
14.596
Откриено старомакедонско писмо од пред 4.000 години


Откриени се првите пишани траги од старомакедонското писмо на територијата на Македонија, тврди д-р Душко Алексовски, професор по палеолингвистика и почесен претседател на Светската академија на карпеста уметност.



Претставува редок пример на артефакт испишано името на божицата Веста, но првобитното име Бсефа, од која подоцна се развива името Веста. Битно е што ова е најстара пишана трага на старомакедонското писмо", вели д-р Алексовски за Радио Илинден од Мелбурн, пренесува порталот Јавно.мк.Знаците на глинениот поклопец стар 4.000 години, според Алексовски, се епохално откритие, прво од ваков вид во светски рамки, многу важно за палеолингвистиката.„Ја решава енигмата што претставува Бсефа, додека досега само се претпоставуваше дека така е првобитното име на божицата Веста, сега го имаме и директниот показател. Ова претставува извор на таа праисториска писменост и јазик на ова тло", вели Алексовски.Терактониот артефакт е откриен во централна Македонија. Засега не откриваат каде е точната локација, а се претпоставува дека глинениот поклопец се користел за изведување на религиозни ритуали посветени на Веста, божица на огништето. Неговото откривање е значајно за потврда на целокупниот културно-јазичен континуитет на овие простори.

http://vecer.mk/makedonija/otkrieno-staromakedonsko-pismo-od-pred-4000-godini
 

Kajgana Shop

На врв Bottom