Вести: Археолошки истражувања во Република Македонија

Член од
25 декември 2008
Мислења
1.848
Поени од реакции
989
Се наѕира ли античкиот град Антигонеа во неготинско Градиште

Градиште се наоѓа на рид на влезот во Неготино, а за постоењето на Антигонеа науката дознава од Појтингеровата карта. Се претпоставува дека градот бил именуван по македонскиот крал Антигон Досон или Антигон Гонат, во 3 век пред нашата ера, а неговата убикација на Градиште е извршена од страна на професорот Иван Микулчиќ









Овој град имал развиено производство на керамички садови

АРХЕОЛОШКИТЕ ИСТРАЖУВАЊА СО НОВИ ОТКРИТИЈА

Дали археолошкиот локалитет Градиште во Неготино го крие античкиот град Антигонеа? Ова е прашањето на кое се очекува да даде одговор меѓународниот истражувачки проект што се спроведува веќе шеста година. Проектот го раководат вишиот кустос археолог Горан Санев од Археолошкиот музеј на Македонија и професорот Николас Секунда од Универзитетот во Гдањск, Полска, во соработка со Музејот на градот Неготино, од кој е вклучен археологот Костадинка Филипова. Локалитетот Градиште се наоѓа на рид на влезот во Неготино, а за постоењето на Антигонеа науката дознава од Појтингеровата карта. Се претпоставува дека градот бил именуван по македонскиот крал Антигон Досон или Антигон Гонат, во 3 век пред нашата ера, а неговата убикација на Градиште е извршена од страна на професорот Иван Микулчиќ.
- Овој локалитет е многу значаен за археологијата во Македонија, пред сѐ поради неговиот потенцијал преку истражувањата да се добијат нови информации, не само за историјата и организацијата на овој антички град туку генерално и за изгледот и животот на раноантичките градови на територијата на Македонија. За мене како археолог истражувањето на еден антички град претставува најголем предизвик. Тоа е како голема сложувалка, чии елементи секојдневно ги откриваме, па така полека ја формираме сликата за изгледот и за животот на градот во минатите времиња - вели раководителот на проектот Горан Санев.
Градот бил керамичарски центар во регионот

Сознанијата за градот на Градиште и за неговата историја континуирано се надополнуваат во изминативе шест години.
- Во еден од секторите на локалитетот на кој претпоставувавме дека имало резиденцијален објект, годинава откривме монументален влез широк 2,5 метри, што веднаш нѐ насочи кон нови размислувања за неговата функција. Претпоставуваме дека станува збор за објект од комерцијален карактер, можеби некоја продавница - објаснува Санев.
Во богатиот движен материјал откриен при истражувањата, меѓу мноштвото наоди има и такви што се уникатни. Меѓу нив е теракотна фигурина, која по својот изглед и форма досега не е сретната на ниеден локалитет во Македонија. Се откриваат и калапи за керамички светилки, но и на примероци на светилки извадени од истите калапи остатоци и од калапи за изработка на теракотни фигурини.
- Кога на ова ќе се додадат и сознанијата за печката за производство на керамички садови, случајно откриена во западното подножје на ридот во 1970-тите години, но и постоењето на глиништата во непосредна близина на локалитетот, кои и денес се користат за истите цели, станува јасно дека овој град имал развиено производство на керамички садови и веројатно претставувал керамичарски центар во регионот - додава Санев.

Стратегиската позиција на Градиште е извонредна бидејќи овозможува од ридот да се надгледува огромна територија. Поради тоа се смета дека тука било воено утврдување, своевиден контролен, односно стражарски пункт, но досегашните истражувања засега открија само живеалишта со покуќнина, односно садови вообичаени за домаќинството, кои биле организирани во урбанизирана населба со улици, канали за одвод на водата, тротоари. Археолозите се надеваат дека со наредните истражувања, додека трае проектот со Универзитетот од Гдањск, ќе успеат да откријат и дел од јавните градби на градот.
- Сакаме да дознаеме каде сме, дали навистина овој град се викал Антигонеа, која била неговата функција во минатото и кои биле неговите жители. Последното прашање е можеби и еден од најголемите предизвици за нас, да го утврдиме етничкиот идентитет на жителите на градот. Дали станува збор за истото автохтоно население чие градителство го следиме уште од 4 век пр.н.е. до 3 век н.е., кога животот во градот постепено замира - вели Санев.

Слична керамика во Градиште и во Стоби

Професорот Николас Секунда повеќе години предава медитеранска археологија на Универзитетот во Гдањск и е мошне заинтересиран за археолошките истражувања во Македонија. Тој, како што вели, е задоволен од досегашните резултати, кои ќе бидат објавени во повеќетомно издание што веќе се подготвува, а се работи и на изложба што ќе биде презентирана во Македонија и во Полска. Проектот се финансира од Министерството за култура, но и од извори од Полска, а тимот очекува дека ќе бидат обезбедени пари и за наредните три години.
- Мислам дека локалитетот бил важен керамичарски центар на ова подрачје. На пример, керамиката што се открива во Стоби во голем дел е имитација на керамиката во Италија, но овде на Градиште се соочуваме со еден континуитет на стари хеленистички форми - вели Секунда.

Полскиот професор вели дека постојат показатели за можната поврзаност на двата локалитети поради географската близина.
- На двата локалитети се среќава истата локална садова керамика од римскиот период, но додека не направиме хемиски анализи за составот на глината на садовите, не можеме да кажеме дали и во колкава мера керамичките производи од Градиште биле дистрибуирани во Стоби. Како што веќе споменав, според нашите сознанија, животот на Градиште замира некаде околу 3 век н.е., што е и разбирливо, бидејќи тоа е време кога Стоби како муниципиум е главниот центар во овој регион. Од друга страна, најстарите урбани слоеви на Градиште што ги евидентиравме со истражувањата датираат од 4 век пр.н.е., што е далеку пред формирањето на Стоби - вели Секунда.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=10714103422&id=16&prilog=0&setIzdanie=23292
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.699
Поени од реакции
1.609


Центарот за научни истражувања и промоција на културата „ХАЕМУС“ - Скопје, ве поканува на серија предавања од областа на археологијата по повод „Меѓународниот ден на археологијата 2014“, на ден 23.12.2014 год. (вторник), во конференциската сала на Музејот на македонската борба, со почеток во 19:00 часот.

Настанот е од промотивен карактер и се прави во соработка со Archaeological Institute of America (http://www.archaeological.org/), a основната цел е популаризација на македонската археологија и културното наследство. Меѓународниот ден на археологијата е светски настан кој ја слави археологијата и ја подигнува свеста за неа како наука, во исто време обезбедувајќи можност за учество на јавноста во археолошките активности и дебати. Говорниците на овој настан ќе имаат свои презентации од по 15 мин. по што публиката ќе има можност да ги прашува и да дебатира на зададената тематика.

Предавањето е во организација на УНЕСКО клуб ХАЕМУС под мотото на УНЕСКО „Отворени образовни ресурси“ (ООР). Настанот е подржан од Алијанса за ООР на Република Македонија (www.oer.mk).

Ги замолуваме сите медиуми кои сакаат да бидат дел од овој настан, да го најават однапред своето присуство на contact@haemus.org.mk

Влезници: Настанот е од некомерцијален карактер. За да се присуствува на предавањето потребно е претходно да се подигне влезница, поради орграничениот број на места за седење. Бесплатните влезници се подигнуваат во Музејот на македонската борба - Скопје, секој работен ден помеѓу 09-16:30 часот. Една персона може најмногу да подигне две влезници.

Официјален веб сајт на настанот: www.archaeologyday.org

Говорници на настанот:

1. М-р Марина Спирова (ХАЕМУС, Скопје)
Пејсажот, изведбата и ритуалните активности во енеолитското светилиште Св. Атанас (с. Спанчево)

2. М-р Биљана Гаревска (НУ Природонаучен музеј, Скопје)
Палеонтологијата во служба на археологијата

3. Валентина Тодороска (ХАЕМУС, Скопје)
Подводното културното наследство на Република Македонија

4. Перо Синадиновски (независен археолог, Делчево)
Рекогносцирање на праисториски локалитети во Раечката клисура

5. М-р Василка Димитровска (ХАЕМУС, Скопје)
Цоцев Камен - пример кога карпите и камењата од нашето минато стануваат наука

Пауза од 15 мин. за освежување

За време на паузата ќе биде презентиран документарен филм за Средновековниот период на Скопското Кале од New Moment New Ideas Company

6. М-р Мимица Велова-Граорковска (независен антрополог, Скопје)
Еден случај на насилна кранијална траума на скелет од Источната некропола на Скупи

7. Д-р Донка Барџиева-Трајковска (ЦКН, Скопје)
Некои нови аспекти од иконографијата на Свети Јован Крстител во црквата Никола во Љуботен

8. Д-р Лидија Ковачева (Евробалкан, Скопје)
Форми на фаталистички верувања кај Aнтичките Македонци

9. Д-р Никос Чаусидис (УКИМ, Скопје)
„Македонските бронзи“ и религијата на железнодобните култури од Средниот Балкан
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.984
Поени од реакции
5.717
Во Дневник е објавен опширен напис за истражувањето на театерот во Скупи
http://dnevnik.mk/?ItemID=A8DB13932871AE4B999346DE71F944AD
Во април се очекува целосно да биде истражен
Уште малку има, потоа следи конзервација, реставрација и најважно ревитализација.
 

Red Widow

vintage soul
Член од
17 мај 2013
Мислења
101
Поени од реакции
160
Уште малку има, потоа следи конзервација, реставрација и најважно ревитализација.
Уште малку повеќе , реално многу е краток рокот даден , за да се истражи цело . Не знам што мислат ама локалитетот не е ни до истражен , има уште загатки за решавање , меѓу кои не е ни каснењето плата 2 месеци ... Ама ај нека биде
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.984
Поени од реакции
5.717
Уште малку повеќе , реално многу е краток рокот даден , за да се истражи цело . Не знам што мислат ама локалитетот не е ни до истражен , има уште загатки за решавање , меѓу кои не е ни каснењето плата 2 месеци ... Ама ај нека биде
Па колку што знам до Април се завршните истражувања а театарот е целосно истражен, за останатите делови од градот... има.

Платата нема врска со "загатките"
 

Red Widow

vintage soul
Член од
17 мај 2013
Мислења
101
Поени од реакции
160
Па колку што знам до Април се завршните истражувања а театарот е целосно истражен, за останатите делови од градот... има.

Платата нема врска со "загатките"
Има уште треба и нагоре да се истражува , е сега дали е одобрено или не незнам . Некако не ти личи дека малку седишта има , за толкав грандиозен театар ?

Нема врска , ама е еден од клучните моменти , кај и да се свртиш за тоа се дискутира
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.984
Поени од реакции
5.717
Има уште треба и нагоре да се истражува , е сега дали е одобрено или не незнам . Некако не ти личи дека малку седишта има , за толкав грандиозен театар ?

Нема врска , ама е еден од клучните моменти , кај и да се свртиш за тоа се дискутира
Мислам дека е стасано до последниот радиален ѕид. Седиштата се таман само што можеби ти изгледа чудно поради тоа што се однесени на кале за време на средниот век (10-11 век). Баш на стената имаше такви населби. (жителите на каменолом ако може да се нарече?)
 

Red Widow

vintage soul
Член од
17 мај 2013
Мислења
101
Поени од реакции
160
Мислам дека е стасано до последниот радиален ѕид. Седиштата се таман само што можеби ти изгледа чудно поради тоа што се однесени на кале за време на средниот век (10-11 век). Баш на стената имаше такви населби. (жителите на каменолом ако може да се нарече?)
Интересно е што излегоа и јами неколку , има и едно погребување на дете во еден од коридорите и уште не можат да се решат зошто би било таму , па се дискутира измрдана стратиграфија и слично , мада не се работи систематски правилно и точно затоа и незнаат веќе ни до кој слој е дојдено . Имаше последно теорија дека не се однесени седиштата , пошто почнаа да искачаат на места кај што најмалце ги баравме , или налик на седишта не ме фаќај точно за збор , од одговорниве секој по нешто различно кажува. Друго има и два огромни мермерни блока што буквално се на два различни краеви од теренот . Керамика има еден тон , но дали 2 - 3 сада се да речам поубави , другово е се утилитарна , бронзите се бонбона , особено токите , монетки еден куп меѓу кои и една сребрена . Се на се мислам дека уште убавини крие и е штета да се прекине тука . Сепак мислам ако тргнат и нагоре да се движат ќе се открие уште еден прстен од театарот сигурно . Ама што е тука е , полека се спремаат ѕидовите за конзервација , што кај и да е ќе почне .
 

Red Widow

vintage soul
Член од
17 мај 2013
Мислења
101
Поени од реакции
160
@Red Widow
Барем за монетите е лесно
Од кој период се монетите?
Грубо земено , од 4 век , па до негде 6 -ти максимум до земјотресот , има доста од Константин монетки најдено . Уште се крстат дека ќе најдат од Хадријан нешто , искрено не верувам ни дека има
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.699
Поени од реакции
1.609
Откриена статуа од 2-от век на локалитетот Скупи

Археолозите кои го истражуваат скопскиот локалитет Скупи вчера откриле редок артефакт од 2 век наша ера - статуа во облик на обезглавена женска фигура, со која е покриен гроб за кој се претпоставува дека е од доцната антика, 4-5 век.




Статуата веројатно е донесена од друг локалитет, извадена како предмет од некој постар објект (сполија), подоцна реупотребена како покривен елемент - капак на саркофаг на гроб вкопан во оркестрата во Скупи. Таму е во тек трета фаза од истражувањето, кое треба да резултира со реконструкција на театарот и гледалиштето со 10.000 седишта, што се очекува да заврши во 2017 година.

Министерката Канческа-Милевска денеска го посети локалитетот и информираше дека се се одвива според планираната динамика - целосно е завршено истражувањето на сценската зграда, на гледалиштето, а во тек е истражувањето на оркестрата.

- Се подготвува тендерската документација за избор на фирма која ќе продолжи со целосна конзервација на сценската зграда. Тендерот е планирано да се објави до крајот на април и веднаш започнуваме со реконструкција и конезрвација на сценската зграда. Гледалиштето е истражено и до крај на јуни треба да се изготви и проектот за него за да се пристапи кон тендер. Во оркестрата, како што видовме денеска, има богати наоди. Тука се откриени уште неколку гробови, што претпоставува дека се очекува да се открие некропола од 4-5 век наша ера. Ќе видиме како ќе тече динамиката откако ќе ги избереме фирмите и ако таа се запази - во 2017-та можеме да го отвориме за јавноста театарот во овој локалитет кој е најголем кај нас, изјави Канческа-Милевска.

Директорот на Управата за заштита на културното наследство Виктор Лилчиќ рече дека сега ќе работат на откривање на подот на оркестрата, со што ќе завршат археолошките истражувања во Скупи.

- Ова е навистина возбудливо. Тимот откри една некропола која засега содржи два-три гроба, најверојатно од 4-5 век кога Теодосиј Втори го издигнал христијанството на ранг на главна, врвна религија во Римското царство. Нас не интересира кои се овие христијани - дали се луѓе кои пострадале или се роднини на луѓето кои пострадале во оркестрата. Во доцната антика, во текот на 3-ти и 4 век, христијаните биле жртвувани во театрите, рече Лилчиќ.

Тој очекува да бидат откриени и други делови од пронајдената конструкција.

- Главно, тоа е бел, ситнозрнест мермер од некое ателје, можеби од скулпторска работилница која работела тука, во Скупи, или во познатата скулпторска работилница во Стибера, на пример, па да е пренесен, додаде директорот на Управата.

ИЗВОР

.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.848
Поени од реакции
989
http://vecer.mk/kultura/skupi-so-rimskiot-amfiteatar-e-grandiozen-muzej-na-otvoreno

Во последната фаза на истражувањата на античкиот театар најдени се неколку гроба чие откривање е во тек. Овие гробови се особено значајни затоа што ќе го дефинираат хронолошкиот момент кога римскиот театар престанал да функционира и, веројатно, просторот бил искористен за некропола, можеби за христијанските маченици


Последните откритија на мермерната скулптура, заедно со 500 артефакти пронајдени во 2015-та, но и 5.000 предмети откриени во 2014-та, како и античкиот театар од 2 век го прават локалитетот Скупи атракција која ќе прерасне во грандиозен музеј на отворено.

Со проектот "Антички театар - Скупи 2013 - 2017 година" досега се реализирани најголем дел од предвидените фази.

"Во текот на 2013 година (прва истражувачка фаза), завршени се подготвителни активности, кои подразбираа расчистување на просторот на целиот театар и примена на неинвазивни истражувачки активности и снимања, неопходни пред отпочнувањето на интензивните систематски археолошки истражувања. Во 2014 година (втора истражувачка фаза), пак, реализирани се систематски археолошки истражувања на целиот простор опфатен со театарот и делумно непосредната околина со површина од околу 10.000 метри квадратни", објаснува доц. д-р Антонио Јакимовски.

Тој посочува дека во овие фази се најдени неколку културни хоризонти, кои претходеле на градбата на театарот или се формирале по престанокот на неговата егзистенција, што укажува дека на овој простор постоел континуитет во населбинско живеење илјадници години.

На локалитетот се откриени некропола од железното време 8 и 7 век пр.н.е., римски театар од 2 век до доцен 4-ти ран 5 век, населбинско живеење во доцната антиката, доцен 5-ти ран 7 век, населбинско живеење во раносредновековниот период 9 и 10 век и некропола од раносредновековниот период 10 и 11 век.

"Во последната фаза на археолошките истражувања на античкиот театар најдени се неколку гроба вкопани во здравицата на оркестрата, чие откривање е во тек. Овие гробови се особено значајни затоа што ќе го дефинираат хронолошкиот момент кога театарот престанал да функционира и веројатно истиот простор бил искористрен во функција на некропола, можеби за христијанските маченици. Еден од овие гробови претставува кенотаф, што значи празен гроб подигнат во спомен на покојникот. Овој гроб воедно претставува и најинтересниот помеѓу досега најдените, бидејќи беше покриен со мермерен столб и мермерна скулптура прекрасно изработена и речиси во целост зачувана со исклучок на долниот дел од торзото и главата", додава Јакимовски.

Според планираната динамика се очекува по финализирањето на истражувањата, до крајот на оваа година да се заврши конзервацијата на сценската зграда и да се изработи проектот за реконструкција на гледалиштето, чија конзервација ќе се заврши во 2016-та кога театарот ќе биде ставен во јавна функција.

"Проектот е целосно откривање на архитектонската структура на римскиот театар, негова конзервација реконструкција, и презентација пред пошироката јавност, односно негово ставање во функција на јавно добро како современ културен епицентар каде ќе се одржуваат бројни манифестации, концерти, промоции, перформанси...", посочува Јакимовски.

Бројниот движен археолошки материјал од околу 5000 предмети, во кој доминира фрагментираната грнчарија, но и предмети од стакло, метал, коска, камен, монети, архитектонска камена пластика со широк хронолошки распон од рамскиот империјален период до раносредновековниот период му дава дополнителна монументалност на целиот простор.(Д.Т.)


Иако текстот е од пред 2-3недели, вреди да се сподели тука на форумов. Најголем впечаток ми остава првата слика. Штета што еден мал дел од театарот не се истражува,поради локалните гробишта кој се одма до самиот лоаклитет.
 
На врв Bottom