Верувате ли во психијатрија/психологија?

Дали верувате дека психијатријата и психологијата се науки?

  • Вкупно гласачи
    87

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
А за моите успеси ти да не се секираш. Биди и ти најдобар во генерација па ќе правиме муабет.
Добро е што високо леташ, ама лошо ќе биди кога ќе треснеш на земја. Паметните луѓе се скромни луѓе и сигурно не живеат со мислата види ме колку сум јас паметен а ти колку глуп. Тоа што си првенец на генерација те имаат научено само да бидеш добар плагијатор ништо повеќе.
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113

Скромноста е преценета и ретко кој паметен човек е скромен. Напротив повеќето не се. Тоа се разбира што подразбираш ти под скромност. А што се однесува до мојот статус како студент не сум го спомнал до сега ( а сум напишал над 350 поста0. Го споманв кога некој се дрзна да го нападне. Не сум му го пикал никого во нос, ама не значи дека нема да го искористам во моја полза.
Друго ако тебе не факс те учеле да плагираш не знам каде си учел ама со среќа да си ја служиш дипломата. Ниту еден мој проект, семинарска или истражувачки труд не е плагијат.

Копи црни аргументи ни ги даде ти жити мајка?
АА и еден експеримент за кој врска немаш..
Можеби се само три примера АА, експериментот и статистиката на заболено од депресија и бројот на луѓе кои се лечат од депресија но сепак се три примера повеќе од тебе. А што се однесува до експериментот кој е жими мајка можеш да го најдеш секаде на википедиа, во истражувања на оксфорд, стенфорд (побарај им по библиотеките) и милиони линкови од интерент. Rosenhan experiment овака ти изгледа на англиски можеш да го побараш.
 
Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Не се работи за тоа дали они имаат добри или лоши размислувања. Се работи за тоа да те прочитаат како човек. Чим си отишол кај нив они веќе знаат дека имаш некој проблем и главна задача им е да те ислушаат и да ти кажат на крај некој два три збора кои ќе те натераат да размислиш и да најдеш утеша. Но реално гледано ова нема многу да ти помогне. Истиот фект можеш да го постигнеш разговарајќи со некој другар се разбира под услов тој самиот да има два грама во главата.
Има луѓе кои одат на егзорцист зошто мислат дека имаат ѓавол во себе. Егзорцистот ќе направи два пати
Go back from where you came from
и ти ќе му речеш еднаш
My name is Legion because we are many
и он ќе ти го избрка демонот. И ти утредента ќе се разбудиш среќен слободен, весел.
Ќе помине некое време и ќе се случат две работи:
или нема да се врати проблемот (бидејќи причината за проблемот била само привремена и ти непотребно си се секирал)
или пак втора варијанта се ќе се врати по старо (ова е многу поверојатно).
не е воопшто исто. другар ти може да ти наметне свое мислење за тоа како треба, а психологот никогаш нема да ти наметне негово, туку ќе го бара решението во тебе.
и второ никогаш нема да престане со сесиите , се додека не се искорени проблемот од корен.
А ти може си првенец на генерација, но во информатика(ко што разбрав). А ова нема врска со психологија, така да ни твоите знаења на темата немаат врска со тоа што си првенец на генерација.
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
не е воопшто исто. другар ти може да ти наметне свое мислење за тоа како треба, а психологот никогаш нема да ти наметне негово, туку ќе го бара решението во тебе.
и второ никогаш нема да престане со сесиите , се додека не се искорени проблемот од корен.
А ти може си првенец на генерација, но во информатика(ко што разбрав). А ова нема врска со психологија, така да ни твоите знаења на темата немаат врска со тоа што си првенец на генерација.
Никогаш не реков дека имаат. Можеш да ги погледнеш претходните постови. А што се однесува до психијатријата и психологијата не реков дека се исти само дека немаат никакви посебни методи да му помогнат на човекот (пред се мислам на оние кои не се со психолошки растројства). Рарзговорот со нив е онолку успешен колку и со некоја твоја добра другарка и баш толку и помага. Тоа што сакам да го кажам е дека овие работи мора да станат општо познати, да не очекуваат луѓето ако одат на психијатар дека ќе им се решат проблемите.
Проблемот никогаш не може да се искористи од корен ако не се реши самиот пациент. А сите знаеме кои се нашите проблеми и како и дали можеме да ги решиме, само ни фала волја.

Јас како информатичар верувам во следнава фраза:
"In god I believe, all else must use data"
 
Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Кои методи кои се користат во неа. Во психологијата нема методи. Ниште таму не е сигурно и добро дефинирано. на крај се се сведува на тоа колку е психологот интелегентен. А ако не ми веруваш мене дека нема дефинирани методи побарај на интерент Росенбад експериментот или погледај ги статистиките за АА, за сите оние семинари кои се за толеранција и спречување на сексуално малтретирање во фирми и ќе видиш колку и колкав ефект тие навистина имаат.
За да се докаже некој лек дека работи треба бројки. Психијатрите, педагозите тоа го немаат.
Прочитај некој од моите претходни постови и че ги видиш статистиките и примерот.
Како бе нема? Има метод на самонабљудување, метод на систематско набљудување и метод на експеримент. Овие методи можеш да ги споведеш со техники како:анкети, прашалници, скала на проценување, социјална постапка, интервју, проективни техники итн. Ете ти дефинирани методи и техники да се спроведат методите.
И не е исто дали збориш со другар или со психолог во никој случај. Прочитај го пак мојот пост.
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Значи,главни прашања:
Дали психијатријата и психологијата се науки?
Дали верувате дека психијатар или психолог може да ви помогнат доколку имате проблем?

Ако немате образложение зашто верувате или зашто не верувате само гласајте.Фала.
Па психијатријата како научна дисциплина е создадена како утеха за оние кои што не можат да процесираат апстрактни податоци тоест за личности на кои слабо им одела математиката у основно.
Пошто не можат да се запишат на природно математички или на електро се запишуваат на психологија и се тешат дека и они ќе успеат да завршат факултет.
Мала шала.

Психологијата е наука но сметам дека е преценета.
На луѓето не им треба медикаменти тоа е трик на фармацевските компании.
На луѓето им треба соговорник човек кој ќе умее да слуша човек на кој можат да се потпрат.
На запад шринковите ја нудат таа услуга наплатувајќи 50 долари од саат тоа донекаде е добро бидејќи човекот после сеансата им чувство дека е ислушан дека е разбран но лошата страна е што тој човек плаќа да биде ислушан тоа е индикатор за крахот на системот.
Капитализмот и трката по пари ги компромитираат меѓучовечките односи тоа е и причината зошто многу луѓе во Македонија се Југоносталгични на луѓето им недостига таа безгрижност таа идиличност.
Пред 20 и кусур години како што им слушано од постарите речиси и да немало луѓе кои конзумираат антидепресиви нивото на кримналот не било ни на 10% од денешново имало квалитет во меѓучовечките односи следствено на тоа немало ни потреба од психолози.
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Како бе нема? Има метод на самонабљудување, метод на систематско набљудување и метод на експеримент. Овие методи можеш да ги споведеш со техники како:анкети, прашалници, скала на проценување, социјална постапка, интервју, проективни техники итн. Ете ти дефинирани методи и техники да се спроведат методите.
И не е исто дали збориш со другар или со психолог во никој случај. Прочитај го пак мојот пост.
Депресијата е најлечена кај обичниот човек. Процентуално во европските земји и америка многу повеќе со оди на психотерапија одколку кај нас но сепак бројот на депресивни личности е секаде константен. Нема промена на статусот и речиси во сите земји изнесува 1/20 од популацијата.
ЛИНК
 
Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Депресијата е најлечена кај обичниот човек. Процентуално во европските земји и америка многу повеќе со оди на психотерапија одколку кај нас но сепак бројот на депресивни личности е секаде константен. Нема промена на статусот и речиси во сите земји изнесува 1/20 од популацијата.
ЛИНК
ја се обидувам да сфатам како е поврзан твојот пост со мојот, што си ме цитирал, ама не успевам.
Методи сепак постојат. А со лечење депресија се бави психијатрија, а не психологија. Методите се психолошки.
И доста се обидуваш да ги споиш психијатријата со психологијата, зошто не е исто.
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
ја се обидувам да сфатам како е поврзан твојот пост со мојот, што си ме цитирал, ама не успевам.
Методи сепак постојат. А со лечење депресија се бави психијатрија, а не психологија. Методите се психолошки.
И доста се обидуваш да ги споиш психијатријата со психологијата, зошто не е исто.
Манична депресија ја лечат психијатрите со лекови (антидепресиви) . Полесните типови на депресија може да ги лечи и психолог.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
ја се обидувам да сфатам како е поврзан твојот пост со мојот, што си ме цитирал, ама не успевам.
Jас се обидувам да го сватам последните неколку страни од темата,ама не ми иде.

Игор,сакаше примери рече?
Еве ти еден реален,пореален и да сакаш не може.
Во споредба со твоите примери(кои не држат вода) мојот само ти ја докажува мојата поента!
Прочитај ја цела тема,особено постовите од Моника!

По не знам кој пат,АА нема врска со психолози и психијатри.Ама ако сакаш ќе се инатиме цела вечност:)
 
Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Манична депресија ја лечат психијатрите со лекови (антидепресиви) . Полесните типови на депресија може да ги лечи и психолог.
и како е ова поврзано со методите? МЕТОДИ ИМА ДЕФИНИРАНИ И УТВРДЕНИ
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
и како е ова поврзано со методите? МЕТОДИ ИМА ДЕФИНИРАНИ И УТВРДЕНИ
Нњ го негирам постоењето на методите туку само нивната успешност во решавањето на проблемот. Да познаваш еден проблем и да го знаешш одговорот и да направиш друг човек да го свати тоа се три сосема различни работи. Ако сите тие методи, лекови и што уште не работат тогаш зошто нема намалување на проблемот во земјите каде што масовно се применуваат. Во америка 30 посто од сите регистрирани депресивни се ставени од страна на психијатрите на лекови. Психолозите сигурно користат еден куп методи за решавање и ослободување од депресијата. Зошто тие податоци не се покажат во статистиките. Зошто нема разлика од една во друга земја. Виги ги податоците речиси секаде е истиот процент без разлика во која земја живееш.

Со една голема разлика, јас не барам да се горат психијатрие на клада туку да се ограничи нивото на манипулација (и тоа драстично). Да се забрани нивната злоупотреба на моќ и да се откри вистината за нивната ефикасност.
Јас не викам дека се што направил секој од психијатријата и психологијата е лошо, туку дека се користат со обични врачарски методи за да добијат пари. Не викам ни дека Опра Финфри се што прави е злобно туку дека е лицемерна, манипулативна,често навредлива и се што прави го прави се за лична корист и на штета на илјадници и милиони други луѓе.
Zemi go vo predvid ova.

Па може и тоа. Не знам како ќе се реши ама мора да се спречи залудата која ја даваат дека можат да помогнат во проблеми во кои не можат.
И да се почне да се вади статистики на тоа на колку луѓе на кој начин и колку се помогнало, а не да се кријат тие податоци бидејќи еднаш штом ќе се обелоденат нема да бидат ни толку популарни ни толку општо прифатени.
i ova

Jас се обидувам да го сватам последните неколку страни од темата,ама не ми иде.

Игор,сакаше примери рече?
Еве ти еден реален,пореален и да сакаш не може.
Во споредба со твоите примери(кои не држат вода) мојот само ти ја докажува мојата поента!
Прочитај ја цела тема,особено постовите од Моника!
Жал ми е за Моника. Како што реков 3.7 милиони манично депресивни во америка. 5.1 на антидепресиви. Јас не негирам дека лековите не можат да помогнат во постапката за лекување. Само велам дека нема механизам да се утврди кој е навистина болен, а кој здрав, кои проблеми се медицински поврзани и можат да се решат со помош на лекување, а кои се обични психолошки термини за кои едноставно никој друг освен самиот себеси не може да си помогне.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
Жал ми е за Моника. Како што реков 3.7 милиони манично депресивни во америка. 5.1 на антидепресиви. Јас не негирам дека лековите не можат да помогнат во постапката за лекување. Само велам дека нема механизам да се утврди кој е навистина болен, а кој здрав, кои проблеми се медицински поврзани и можат да се решат со помош на лекување, а кои се обични психолошки термини за кои едноставно никој друг освен самиот себеси не може да си помогне.
Грешки се правеле,се прават и ќе се прават во секоја струка/занет.
Да не треба секој доктор да го ставиме под надзор дали е компетентен?!
Психијатрите и психолозите помагаат,what's the big deal?!
 
Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Грешки се правеле,се прават и ќе се прават во секоја струка/занет.
Да не треба секој доктор да го ставиме под надзор дали е компетентен?!
Психијатрите и психолозите помагаат,what's the big deal?!
Дали си 100% сигурна?

Си била на психолог? Или од желба да станеш психолог не` убедуваш сите во тоа?

Океј, твое мислење.

Бев, видов и воопшто не сум задоволна. Испадна дека всушност тој имал мака, и тој се жалеше, а не јас.
 
Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Дали си 100% сигурна?

Си била на психолог? Или од желба да станеш психолог не` убедуваш сите во тоа?

Океј, твое мислење.

Бев, видов и воопшто не сум задоволна. Испадна дека всушност тој имал мака, и тој се жалеше, а не јас.
Магде студира психологија... И сигурно повеќе знае од тебе
(се извинувам Магде што зборам во твое име, ама ми е во контекст на постот):smir:

Нњ го негирам постоењето на методите туку само нивната успешност во решавањето на проблемот. Да познаваш еден проблем и да го знаешш одговорот и да направиш друг човек да го свати тоа се три сосема различни работи. Ако сите тие методи, лекови и што уште не работат тогаш зошто нема намалување на проблемот во земјите каде што масовно се применуваат. Во америка 30 посто од сите регистрирани депресивни се ставени од страна на психијатрите на лекови. Психолозите сигурно користат еден куп методи за решавање и ослободување од депресијата. Зошто тие податоци не се покажат во статистиките. Зошто нема разлика од една во друга земја. Виги ги податоците речиси секаде е истиот процент без разлика во која земја живееш.

Жал ми е за Моника. Како што реков 3.7 милиони манично депресивни во америка. 5.1 на антидепресиви. Јас не негирам дека лековите не можат да помогнат во постапката за лекување. Само велам дека нема механизам да се утврди кој е навистина болен, а кој здрав, кои проблеми се медицински поврзани и можат да се решат со помош на лекување, а кои се обични психолошки термини за кои едноставно никој друг освен самиот себеси не може да си помогне.
има исклучоци секаде
ајде малку со дефиниции...
Практичното значење на психологијата се гледа во примената на психолошките сознанија во секојдневието на човекот.
Теоретското значење се гледа во фактот што таа му открива на човекот еден дел од стварноста во него и вон вего и ги проширува неговите знаења.
Јас се надевам дека го сфати одговорот на твоите недоразбирања со психологијата. И како што самиот кажа методите на психолозите успеваат.
Не можеш да им докажуваш на форумџииве што учат факултет психологија дека нивната професија е глупост. Убаво е што си имаш мислење, ама се во граница.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom