Верувам во...

Член од
15 јануари 2021
Мислења
13
Поени од реакции
6
Кој е този којто вјарва? П'рво това трјабва да се изјасни.
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Го имав ова споделено на англиски од Liber XV, но веќе некој го сподели на форумов ова, па сметам дека местото му е и тука, на оваа тема :love:

Нели не бевте верници? Уот хапенд...?:coffee:
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Не сме верници во теолошка смисла на зборот.
Ами у која смисла?! Плагијатори!? Баба лаже ....Wtf токинг абаут Хепта?!
Го имав ова споделено на англиски од Liber XV, но веќе некој го сподели на форумов ова, па сметам дека местото му е и тука, на оваа тема :love:

Извртена Копија на Никео-Цариградскиот Симбол на Верата па барем да сте автентични,креативни:
Никео-Цариградскиот символ на вератаУреди
Составен на првиот вселенски собор во Никеја, Мала Азија, во 325 година. Во 381 година бил проширен и дополнет на вториот вселенски собор во Константинопол. Бил именувам по местото на кое што се одржал соборот.

Овој символ ги влече своите основи од апостолскиот символ на верата. Кон оваа основа биле придодадени од христологијата троичноста, отфрлајќи ја аријевската ерес.

Никео-Цариградскиот символ се користи како во православието, така и во римокатолицизмот. Во вториот случај, тој се користи со дополнението филиокве, т.е тврдењето дека Светиот Дух не произлегува само од Отецот, туку и од Синот.

СИМВОЛ НА ВЕРАТА

Верувам во Единиот Бог Отец, Седржител, Творец на небото и на земјата, и на се видливо и невидливо;
И во Единиот Господ Исус Христос, Син Божји, Единороден, Кој е роден од Отецот пред сите векови; Светлина од Светлина, вистински Бог од вистинскиот Бог, роден, нестворен, единосуштен на Отецот, преку Кого се станало;
Кој заради нас луѓето и заради нашето спасение, слезе од небесата и се воплоти од Светиот Дух и Марија Дева, и стана човек;
И Кој беше распнат заради нас во времето на Понтиј Пилат, и страдаше и беше погребeн;
И Кој воскресна во третиот ден, според Писмото;
И Кој се вознесе на небесата, и седи оддесно на Отецот;
И Кој пак ќе дојде со слава, за да им суди на живите и на мртвите, и Неговото царство не ќе има крај;
И во Светиот Дух, Господ, Кој живот твори, Кој исходи од Отецот, Kому Му се поклонувамеи Го славиме заедно со Отецот и синот, и Кој говорел преку пророците;
Во една света, соборна, и апостолска Црква;
Исповедам едно крштение, за простување на гревовите;
Го чекам воскресението на мртвите;
И животот во идниот век. Амин
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Ами у која смисла?! Плагијатори!? Баба лаже ....Wtf токинг абаут Хепта?!
У смисла не е догматско верување.
А за плагијаторство, од вас поголеми плагијатори ни имало ни ќе има.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.578
Поени од реакции
11.595
Извртена Копија на Никео-Цариградскиот Симбол на Верата па барем да сте автентични,креативни:
Кога тоа ќе ти го каже христијани што собрале сешто од хебрејскиот закон за да изградат нешто свое, искасапено без ритуалите на предавање на знаења - нема многу смисла...

А и лесно може да се научи историјата кога е напишана и каде Liber XV и од каде инспирацијата! ;)
Нема ништо тајно од сето тоа... исто и Исус се среќава и сите други големи пророци, но тоа не е плагијат - тоа е разработување на наследството!
Бидејќи ова е од таму, од Liber XV, O.T.O. Ecclesiæ Gnosticæ Catholicæ Canon Missæ

P.S. И ова кај вас: 381 година бил проширен и дополнет.
Тука во Liber XV нема да биде проширен и дополнет никогаш!

Бидејќи за свети работи, не расправаат луѓето како ќе им дојде и кој е повеќе на број, тој да победи „со гласање“ и да менуваме како ќе ни дојде, заради свои „разбирања“!
Тоа важи само за земските управители! ;)

Автоматски споено мислење:

У смисла не е догматско верување.
А за плагијаторство, од вас поголеми плагијатори ни имало ни ќе има.
Me претекна со ова „Плагијаторство“....
Нели, кои нинџи се со овие изјави за „вие само го извртевте христијанството“!
Нормално, кога врвот на пирамидата го поставија надолу за да може што поеќе свештеници се соберат на „врвот-основа поблиску до „божественото““ :)

Сега се е за нив „наопаку“ во однос на човештвото! ;)
Мора и мирјани и свештеници да креваат врева... а колку многу се, замисли ја вревата.
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018

Просто мерак човек да го фати колку се самољубите...:masa::backa:
Пред да свршите објаснете како од научници-неверници станавте верници ?
Дец д квешчн нау

П.С. остајте Христијанство аналфабети докажани сте за таа тема, на вакви ликови од искуство, братски ги советувам само да присуствуваат на Литургија и да ќутат:misticen:
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.578
Поени од реакции
11.595
Пак се обидуваат да извадат нешто од христијанскиот апаратус за да другиот биде „поцрн“, за да христијанското верување во нештата малку добие на сивило...
Ох, вековните традиции си го земаат данокот!
Повторно погрешно вртење на призмата така да се прекрши светлината за да другите се зло, неверници, не веруваат во Христос и „вистинската црква“ една, па секаква, земска... :)

Реков јас од каде доаѓа Кредото на E.G.C., имам пишувано и со што друго е поврзано сето тоа и како се менува сето тоа „Верувам“ во нешто друго...
Но со христијани кои се задоволуваат и мастурбираат постојано со „кој верува, а не видел блажен е“ - ќе ве оставам да сте „блажени“, зошто да не.

ВИ вели некој „дојди христијанину верувај правилно?“ како што прават христијаните, бидејќи во своето верување сметаат дека се подобри и се правилно прават со нивниот догматизам?
Не, не може тоа да им се каже... бидејќи е ново време. Намалете со стариот еон и бладањето како другите се нешто зло, само вие ги имате праведните, вистинските, крстот на времињата.

Другите самољубци - вие најдобри? До земја се клањате само за да изгледате подобри од другите, а умот и срцето собир на зло - марш таму!
Приберете се и намалете со осудувањето на другите преку вашата религија во која „гревот“ си го тера својот пат и ве влечка да грешите против браќата ви, како што велите :)

П.С.
Соберете си го гревот и таа черга фрлајте ја како мрежа за другите, со Црните браќа - некако се разминавме уште во дамнина... ;)
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Просто мерак човек да го фати колку се самољубите...:masa::backa:
Пред да свршите објаснете како од научници-неверници станавте верници ?
Дец д квешчн нау

П.С. остајте Христијанство аналфабети докажани сте за таа тема, на вакви ликови од искуство, братски ги советувам само да присуствуваат на Литургија и да ќутат:misticen:
За жал со инка не се става, посебно не повеќе од што собира.... Глаголот ,,верувам" има многу пошироко значење од тоа што вие го знаете како ,,Вера"
Луѓето веруваат во многу нешта, но битното е дали тоа верување е плод на догма или на убедување, разбирање став до кој се дошло на друг начин, а не преку слепа верба, преку прифаќање на догма наметната од страна... И уште поважно - дали има подготвеност тоа верување да се измени доколку искуството, фактите, аргументите наложат такво нешто. Затоа и ти го постирав линкот, има пост еден таму, објаснува многу во врска со ова, ама кој да разбере, кој да прочита....
 
Последно уредено:

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
За жал со инка не се става, посебно не повеќе од што собира.... Глаголот ,,верувам" има многу пошироко значење од тоа што вие го знаете како ,,Вера"
Луѓето веруваат во многу нешта, но битното е дали тоа верување е плод на догма или на убедување, разбирање став до кој се дошло на друг начин, а не преку слепа верба, преку прифаќање на догма наметната од страна... И уште поважно - дали има подготвеност тоа верување да се измени доколку искуството, фактите, аргументите наложат такво нешто. Затоа и ти го постирав линкот, има пост еден таму, објаснува многу во врска со ова, ама кој да разбере, кој да прочита....
После 8 години дојде на МОЈОТ "став" дека си и верник наместо само "научникот со докази"... тоа доволно објаснува на кое ниво си за дијалог:rolleyes:, заедно со твоето другарче @ Хепта грам или Кило грам, вотевер, кој е циклично сеуште на ниво на еони заглавен, неспособен да го поима Христијанскиот термин Вечност, Есхатон...
П.С. Затоа марш на Литургија, без глас да ви слушнам наредните 8 години, едноставно Господ не дава дар за комуникација секому додека не се "подоправи" т.е. смири...:lut::popce:
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.578
Поени од реакции
11.595
Ама зошто пак дојде да ни кажуваш како твоето верување е исто со сечие друго, а и подобро, како што читам? :)

Не знаеш кој повикуваш да ти ги посети светите места... каде што стапнала нога на Телемит, тоа место е свето, таму боговите на стариот еон немаат моќ повеќе. Сите икони ќе почнат да ви „мироточат“ (плачат) и ќе глумите лудило како „богот се јавил“ и ќе ги лажете мирјаните, а само ние ќе ја знаеме тајната зошто е тоа така! :sneaky:
Гледај си раатот...

Верувај си, терај си магарето и живеј... тоа што не може да се разберете/разбереме тоа што ти го напиша @Ipsissimus е или намерно несакање да се разбере или толку е капацитетот. Иако јас мислам дека е намерно... се ќе направи христијанскиот апологет да ги обвинува другите за да неговиот мрак не е толку црн!
Нели... си кажавме, пробавме да се разбериме, тоа е...

Ти да знаеше за боговите, немаше да паламудиш сега и тука. Оди таму прави метании по црквите, барај Есхатон, Саксафон или било кој грчки збор кој што за тебе носи мудрост и ќе видиш дека се завршува со Телема (кога веќе грчки сакаме толку) од стариот еон!
Почетокот на новото време :love:

Не постои нешто како „Вечност“ кое може да биде окупирано од христијанската догма или било која догма (да не се разбереме погрешно)... да можеше ќе ги немаше евреите, муслиманите, немаше да ве има вас и вашите секти... ќе беше друго, многу подруго... мртво човештво! Радувај се што е така...
Не ја допирај вечноста, ќе ти се налутат оние од истокот, шо праиме после, ќе дојдат на форумов :)

Гледај си ти постот, не греши душа бесцелно со вакви говори навидум мудри, а реално западнат во самољубие, во однос на верувањата и учењата кои ти се туѓи. Господ ќе те казни, како што велите :)
 
Последно уредено:

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.629
Поени од реакции
2.071
Не верују у никога и не верују на никога. С'с постапке и одлуке кои ги носу сам на себе сам Бог. Ако постои Бог добро би било он да не се меша у моју работу, затој што ни ја не се мешам у његову. :P
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
После 8 години дојде на МОЈОТ "став" дека си и верник наместо само "научникот со докази"... тоа доволно објаснува на кое ниво си за дијалог:rolleyes:, заедно со твоето другарче @ Хепта грам или Кило грам, вотевер, кој е циклично сеуште на ниво на еони заглавен, неспособен да го поима Христијанскиот термин Вечност, Есхатон...
П.С. Затоа марш на Литургија, без глас да ви слушнам наредните 8 години, едноставно Господ не дава дар за комуникација секому додека не се "подоправи" т.е. смири...:lut::popce:
Како што реков, со инка не се става, едноставно толку ти сече. Доволно е граматика да знаеш, за да ти биде јасно дека ,,Верувам" е глагол и дека има различни значења во зависност од контекстот што се користи. Според тебе, испаѓа дека човек е верник и ако рече - Верувам во себе, или ако рече - Верувам дека денес ќе стигнам да одам во парк...итн, итн.
Верник во догма и човек што верува во нешто како во горрнаведениве случаи се дијаметрално спротивни нешта, ама толку си кадарен да разбереш.
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
Ама зошто пак дојде да ни кажуваш како твоето верување е исто со сечие друго, а и подобро, како што читам? :)
Па и ти се трудиш своето да го претставиш како подобро. Уствари на Кроули.....

:coffee:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom