Верски вести III

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
ЗЛОУПОТРЕБА НА ДЕЦАТА И МОЛК НА ПРОСВЕТНАТА ИНСПЕКЦИЈА

Маршот на "ангелчињата" низ Битола и флаерите за безбедност во сообраќајот делени на учениците во Гевгелија покажуваат дека власта ги злоупотребува најмладите. А тука е и испитувањето на јавно мислење за градоначалникот Коневски во Аеродром, кое плаче за присуство на просветна инспекција. А неа ја нема...

Неколку стотици деца од повеќе основни училишта од Битола, на почетокот на минатата недела маршираа низ улиците, маскирани во ангели и пренесуваа пораки за "добрите православни празници, наспроти лошите и погрешните". Маршот беше организиран во склоп на проектот "Децата за доброто и светлината - Денот на Ангелчињата" инициран од наставниците по етика во религиите од основните училишта.

- Ние научивме дека треба да славиме само убави празници, а не некои што се од друга вера - порача една ученичка на маршот за медиумите! И некои од учениците "признаа" дека славеле други, погрешни празници и сега, откако тоа им било укажано од страна на наставниците по етика на религиите, се поправиле.

- Денеска научив дека не треба да го славиме празникот на злото (мислејќи на маскенбалот за ноќта на вештерките) како што ние направивме и треба да го славиме празникот на доброто, односно на ангелите - рече еден ученик.

Од "Цивил" сметаат дека се работи за класична злоупотреба и манипулација на деца во најранлива возраст за религиски цели, која може да резултира со сериозни последици.


- Ова е неприфатливо и се коси со Уставот и слободата на изразување на верски чувства, без оглед на тоа што се претставува како афирмативна активност - вели Џабир Дерала.

И Хелсиншкиот комитет за човекови права го осуди ваквиот настан и излезе со став дека Просветниот инспекторат треба веднаш да се ангажира околу случајов.


http://www.globusmagazin.com.m/?ItemID=C60BD6E29B7C014B9653BF4EF65BC009
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.276
Џихадистите на ИСИС им вадат органи на заробениците, но не за да ги продаваат

Исламска држава дала одобрување од заробениците да се земаат органи за да се спасуваат животите на муслиманите, покажуваат неодамна откриени документи на ИСИС.



Тоа се први документи што може да се употребат како докази дека Исламска држава се занимава со трговија на човечки органи, што е и еден од нивните начини на финансирање, пишува Ројтерс.

Документот во кој добила увид британската новинска агенција датира од 31 јануари 2015 година, а во него е наведено дека е дозволено земање органи на заробениците на ИСИС за да се спасат животите на муслиманите, иако тоа може да го загрози животот на заробеникот.

Американски функционери тврдат дека документот е откриен при рација која специјалните сили на САД ја извршиле на истокот на Сирија во мај годинава.

„Животите и органите на отпадниците не мора да се почитуваат и може неказнено да се земаат“, пишува во документот што го потпишал истражувачкиот комитет на ИСИС во форма на религиски закон.


Во документот не е наведено дали ИСИС се занимава со трговија на органи, но религиското одобрување за вршење на тие активности е доволно скандалозно и може да се злоупотребува.


Ирак претходно ја обвини Исламска држава дека зема човечки органи и со нив тргува за профит, но досега стануваше збор само за недокажани тврдења. Ирачкиот амбасадор во Обединетите нации Мохамед Али Алхаким изјави за Ројтерс дека Советот за безбедност на ОН треба да ги разгледа документите и да се провери дали тие се доказ дека ИСИС се финансира со трговија со човечки органи.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.276
„КОЛКУ БОМБИ И РАКЕТИ КУПИВТЕ ОД АМЕРИКА ГОДИНАВА?“

Иранскиот претседател: Муслиманите мора сами да ја поправат сликата за својата вера, само Израел има корист од тоа

Иранскиот претседател Хасан Рухани рече дека муслиманите самите треба да ја поправат сликата за својата вера, која е помрачена од џихадистичките групи како Исламска држава.



„Нашата најголема задача денес е да ја поправиме сликата за исламот кај светската јавност“, рече Рухани на конференцијата за исламско единство во Техеран, во говор што се емитуваше на телевизија. „Ние мора да го отстраниме денешниот негативен исламски имиџ од интернетот и од реалниот свет.“

Поголем дел од „насилството, теророт и масакрите, за жал, се случува во исламскиот свет“, рече тој.

Тој ги критикуваше муслиманските земји за молчењето по убиствата и крвопролевањето во Сирија, Ирак и Јемен.

„Колку бомби и ракети купивте од Америка годинава?“, ги праша тој присутните на конференцијата наречена „Сегашните кризи на исламскиот свет“.

„Ако парите за тие бомби и ракети им ги поделевте на сиромашните муслимани, никој немаше да заспива гладен“, рече Рухани. „Ако групите како Даеш (ИСИС) можат да регрутираат војници, причината за тоа е само финансиската и културната сиромаштија. Обата типа сиромаштија треба да бидат елиминирани од исламското општество. Тероризмот нема да биде уништен со бомби.“

Тој нагласи дека исламските принципи се спротивни на насилството и на екстремистичките групи како што е ИСИС, која произлегла од „тесноградоста и недостигот од умереност“.

Конфликтите во Ирак и Сирија им се од корист само на Израел и на оние „што се против муслиманите“, рече Рухани.


Иран ја поддржува владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад, има блиски врски со Ирак, а ја осудува Исламска држава. Сојузник ѝ е и на владата на хутите, кои ја презедоа контролата врз поголем дел од Јемен.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
ГПЦ за пет години поделила 18, 6 милиони прехранбени пакети на сиромашните


Во рамките на програмата „Црква на улиците“,
којашто ја реализираше Атинската Архиепископија и црковното добротворно здружение „Апостоли“, секојдневно се поделуваат околу 10 илјади пакети со храна во 78 парохиски центри во Атина.

Во текот на последните пет години, Атинската Архиепископија непрестајно секој ден храни илјадници луѓе. Од моментот на почетокот на оваа иницијатива па до сега, веќе се поделени 18, 6 милиони пакети со храна. Со тоа се остваруваат во пракса зборовите на Атинскиот Архиепископ Јероним „за ниеден човек да не остане без храна“.

Генералниот раководител на здружението „Апостоли“ Константин Дмицас изјави: „18. 650 илјади порции храна – тоа е уште и статистички елемент којшто покажува колку е раширена кризата што ја врвиме последните години“.
http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=vesti_od_pravoslavieto&action=details&record_id=2219
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Атонски монаси во посета на Сирија
29 декември 2015 лето Господово

Делегација на атонски монаси пристигна во Сирија. Светогорците пристигнаа за да го поддржат „сирискиот народ кој е подложен на искушенија“.

Монаси од манастирот Симонопетра присуствуваа на празничните настани планирани за поставувањето на 22 метри долгата Божикна елка во градот Сафит, областа Тартус. Дрвото е поставено во дворот на православниот храм посветен на Пресвета Богородица. Во интервју со сириските медиуми, раководителот на Атонската делегација, игуменот на Симонопетра Архимандрит Елисеј изјави: „Ние дојдовме во Сирија да ја донесеме благата вест на надеж и радост за сирискиот народ. Ние многу страдаме, поради страшните трагедии коишто им се случија на Сиријците. Се молиме на Бога за надминување на несправедливоста и тагата што го снајде сирискиот народ“.

Игуменот Елисеј изјави дека Грција, како член на Европската Унија, треба да стреми кон тоа да им се овозможи на Сиријците да живеат достојно и без надворешно мешање.
http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=vesti_od_pravoslavieto&action=details&record_id=2222
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
ДЕЛЕГАЦИЈА НА СРПСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ВО ПОСЕТА КАЈ ПАПАТА ВО ВАТИКАН
НА РАЗГОВОРИТЕ ПРИСУСТВУВАЛ И КАРДИНАЛОТ КОХ ЗАДОЛЖЕН ЗА ЕДИНСТВО НА ХРИСТИЈАНИТЕ

http://www.spc.rs/sr/saopshtenje_za_javnost_27
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.276
Велигденско послание на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан

По милоста Божја, Архиепископ охридски и македонски, заедно со Светиот архиерејски синод, до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на Македонската православна црква, а по повод Велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога, поздравувајќи ги со величествениот поздрав - Христос Воскресе!

Нека се веселат небесата достојно
и земјата нека се радува,
нека празнуваат сите…,
зашто Христос, вечната радост – воскресна!
(Пасхална стихира)

Возљубени празникољупци,

Христовото воскресение е основа на спасението, тоа е најголемиот и најрадосен настан во историјата. И, ако има ден за радување меѓу сите денови – тоа е Денот на Христовото Воскресение; ако има празник над сите празнувања, тоа е Празникот над празниците – Велигден.

Воскресението е Чудо над сите чуда, Дар над сите дарови и Благослов над сите благослови, кои ни се дадени од небесата. Тоа е Тајна над тајните, која била чуена, видена и со раце допрена. Тоа е Торжество над торжествата, објаснува свети Григориј Богослов. Затоа, да се верува во Христа, значи да се верува во воскресението и во единственото име кое спасува.
Овој спасоносен настан го најавиле уште старозаветните праведници. Така, пророкот Исаија објавил дека мртовците ќе оживеат и мртвите тела ќе воскреснат, а царот Давид со голема надеж претскажал: се радува срцето мое, воскликнува јазикот мој и телото мое спокојно почива..., зашто светецот Твој нема да види распаѓање. И во новозаветните книги, централно место има воскресението: кој верува во Христа Воскреснатиот, и да умре – ќе живее. Со овој победоносен чин, Спасителот Христос ни дарува живот и со Неговото воскресение влеговме во радоста на Господарот на сите, во радоста која никој не може да ни ја одземе.

Возљубени чеда во воскреснатиот Господ,

До вчера Го оплакувавме нашиот Цар и Бог, Кој на крст беше распнат и во гроб беше положен, а денес – ликуваме! Си спомнувавме за се што доживеаја Неговите ученици и сите коишто Го познаа и признаа за Син Божји. – На Крстот беше прикована нивната Вера – но тие продолжија да веруваат; на Крстот пострада нивната Надеж – но тие и понатаму се надеваа; на Крстот беше распната нивната Љубов – но тие уште повеќе Го љубеа својот Учител, и тоа повеќе од кога и да било. Со истото оружје, со Дрвото, со кое ѓаволот спечали победа, објаснува свети Климент Охридски, со Него Христос го порази ѓаволот; затоа, кој ќе ја искаже со зборови силата Господова? – Од смртни, ние станавме бесмртни! Тоа се големите дела на Крстот... Ете, тоа – воскресението, на апостолите им даваше сила да истраат во тие страдални дни! Тоа христијаните ги крепеше низ сите времиња да поднесуваат и најголеми искушенија! Тоа и нам денес ни е најголема надеж и незаменлива утеха! – Цркво Христова, ти мало стадо, во тоа е и твојата сила со која цареви си победувала и царства си покорувала; со таа сила, силни си обессилувала и моќници си смирувала! – Токму со воскресенската победа, Христос е посведочен за Син Божји, Кој е вистински Бог и Спасител на сите луѓе. Затоа, кој верува во Него – ќе го победи светот и ќе има живот вечен .

Возљубени во Христа Победителот,

Во денот во кој човечкиот род премина од ропството на гревот во слободата на љубовта, во тој ден Богочовекот не избави од смртта и ни дарува живот вечен. Затоа, Пасха, како што уште се именува славното Христово воскресение, значи преминување – премин од непостоење во постоење, од ропство во слобода, од смрт во живот. Денот, пак, на воскресението е ден на животот, а нашата вера е вера на вечната радост и во вечниот живот!

Силата на оние коишто веруваат, се надеваат и Го љубат Воскреснатиот Христос е во смирението, во целомудрието, во трпението, во послушанието, во страданието – во сите таинствени доблести што го надминуваат умот и расудувањето човечко и го преобразуваат човека од земно во ангелоподобно битие.

Возљубени чеда на нашата Света Црква,

Годинава нашата радост е двојна: во ова 2016-то лето Господово, одбележуваме 1100 години од блаженото упокојување на нашиот покровител и првоерарх на древната Охридска столица – свети Климент Охридски. Единаесет столетија тој молитвено се застапува за нас; цели единаесет столетија ни ја сведочи незалезната светлина на светото Христово Евангелие, грижливо не води и ни го осветлува патот кон царството на Воскреснатиот Спасител и Господ.

И на овој Голем ден, молитвено се обраќаме кон овој богоугодник од нашиот род – да испроси од човекољубивиот Бог разбирање и братска љубов меѓу нашиот православен народ. Нема поблагопријатно време и поблагословен ден од Велигден, па од името на нашата духовна мајка – Македонската православна црква, повикуваме на единство меѓу нашиот народ, трудејќи се да го запазиме единството на Духот преку врските на мирот. Здобивајќи се со тој дар, ќе можеме мудро и незлобно да одговориме на сите предизвици што катадневно се испречуваат пред нас. Да го чуваме сопственото и да го почитуваме достоинството на другите, да се грижиме за доброто на секого и на сите околу нас.

Затоа, и денес, на Велигден, стоејќи простум пред Бога Седржителот, да се помолиме заедно со свети Климент и со сите македонски светии, и да испросиме преобразба на секого и меѓусебно сплотување; да побараме исцеление на раните што ги трпиме и лузните што ги носиме; да измолиме оттргнување на страданијата и искушенијата со кои живееме – та да можеме, во Негова слава и со Негова помош, да одиме по патот на доблеста и да се овенчаме со вистинската добрина и со секој дар што доаѓа од Него. Уште поусрдно да се помолиме, Бог да ги запре немирите и војните кај нас и во целиот свет, да ги врати раселените во своите домови, да ги закрили оние што страдаат и да ги овенча со маченички и исповеднички венци бројните христијани и невини луѓе кои и во нашиве дни ја сведочат верата во Христа Воскреснатиот.

А вам, возљубени чеда на Македонската православна црква, во Македонија и насекаде по светот, молитвено ви посакуваме бодар дух, силна вера, непоколеблива надеж и возвишена и постојана љубов. Вашите срца нека се исполнат со искрено покајание, та да се укрепите во доблеста и праведноста и да ја почувствувате постојаната радост во нашиот Господ, Победителот на смртта. Искушенијата со кои се соочуваме во овој живот, нека ни бидат предворие за воскресение во вечен живот – па, уподобувајќи се на Христа, да се удостоиме за учество во Неговите вечни блага и, исполнети со благодатта на Светиот Дух – торжествено да воскликнеме:

Христос Воскресе!
 

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Како и секоја година после Воскресението на Христос, на секоја литургија што се служи на Велика Сабота (уочи Велигден), така и годинава слезе Светиот Оган. Тоа се случува само по молитвите на Православниот Патријарх Јерусалимски, и само кај Православните. Tоа е огин кој во првите минути не гори туку само свети и покрај тоа што го има истиот облик (како што можете да видите на видеото).Уживајте!

Еве уште едно...
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Iceland Is Officially Worshiping Norse Gods Again

For the first time since the Vikings sailed, the Icelandic public are worshiping classical Norse gods like Odin, Thor, and Frigg at a public temple built in their honor. "The worship of Odin, Thor, Freya and the other gods of the old Norse pantheon became an officially recognized religion exactly 973 years after Iceland’s official conversion to Christianity."

An Icelandic association called Asatruarfelagid, which promotes faith in the Norse gods and is headed by high-priest Hilmar Orn Hilmarsson, raised sufficient funds and received permission from the government to construct the first such temple in 1,000 years. Observers wonder how the rise of neo-pagan traditions will affect the reception of Christianity.


Professor Luke Timothy Johnson of Emory University says early Christians frequently misinterpreted virtuous gods as demons:

"Christian mission has always positioned itself as a rescue operation, that people were in desperate straits, were indeed under the influence of demons. ... It is impossible to read the reflections of Marcus Aurelius ... and not recognize a profound mode of religious expression. ... It is impossible ... not to recognize that [paganism] is the furthest thing possible from the demonic. It is indeed a form of religious expression from which we can learn much, and at the very least we need to respect."

Link
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.037
Поени од реакции
15.627
Листа на земји каде е во голема мера отежнат животот на Христијаните

Северна Кореја е најлошото место за живот како Христијанин. „Open doors world watch list“ ги покажува 50-те земји каде што најлошо се живее како Христијанин.

Од „Open doors“ велат дека Христијаните се соочуваат со апсења, измачувања, насилство и смрт во Северна Кореја бидејќи веруваат во нешто кое не го одобрува лидерот.

Екстремно лошо

1. Северна Кореја
2. Ирак
3. Еритреја
4. Авганистан
5. Сирија
6. Пакистан
7. Сомалија
8. Судан
9. Иран

Многу лошо

1. Либија
2. Јемен
3. Нигерија
4. Саудиска Арабија
5. Узбекистан
6. Кенија
7. Индија
8. Етиопија
9. Туркменистан
10. Виетнам
11. Катар
12. Египет
13. Мјанмар
14. Палестина
15. Брунеи

Лошо

1. Централноафриканска република
2. Јордан
3. Џибути
4. Лаос
5. Малезија
6. Таџикистан
7. Тунис
8. Кина
9. Азербеџан
10. Бангладеш
11. Танзанија
12. Алжир
13. Бутан
14. Коморос
15. Мексико
16. Кувајт
17. Казахстан
18. Индонезија
19. Мали
20. Турција
21. Колумбија
22. Обединети Арапски Емирати
23. Бахреин
24. Нигер
25. Оман



http://indy100.independent.co.uk/article/a-map-of-the-countries-where-christians-face-the-most-persecution--b13A0zuuLb
 

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
На 27ми Јули во Киев беше одржан мировен марш по повод 1028 години од покрстувањето на Рускиот народ од страна на кнезот Владимир. На овој настан земаа учество огромен број верници (од кои претежно млади во чии раце останува иднината на Украина), припадници на канонската Украинска Црква! Нацистичкиот покрет Прави Сектор се обиде да го спречи настанот, но бидејќи истите беа малубројни, можеа само зависно да го проследат одржувањето на маршот!

http://www.ibtimes.co.uk/ukraines-procession-cross-draws-halt-nationalists-muscle-1573001

 
Последно уредено од модератор:

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
И оваа година излегоа повторно змиите на Богородица. Тоа е чудо кое се случува скоро секоја година. Од 6ти Август, кога во грција се слави Преображение Христово на гората Тавор, па сѐ до Успение на Богородица (дури и по стариот календар - 28ми Август) од местото каде што порано бил постариот манастир се појавуваат овие чудни и питоми змии. Имаат кртен знак на главите и не се отровни. Во текот на годината ги нема никаде, жителите се обидувале да ги најдат но безуспешно. Според кажувањата, чудото прв пат се случило во 17ти век кога манастирот го нападнале пирати. Монахињите се помолиле на Богородица да ги спаси, и Богородица ги услишала нивните молитви така што испратила змии во манастирот. Кога го виделе тој призор, пиратите се исплашиле и побегнале. Од тогаш секоја година за време на овој голем Христијански празник се јавуваат овие змии кои се буквално насекаде и шетаат слободно по храмот. Имало обиди да некои од посетителите тајно земат една од овие питоми змии да ги носат дома, но во таквите случаи бродовите не можеле да тргнат од Кефалонија. Затоа капетаните секогаш упатуваат молби до посетителите да не се обидуваат да земат змии за дома, за да нема доцнење на бродските линии!


 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
повторно нови скандали ја потресуваат Македонската православна црква:

 

Kajgana Shop

На врв Bottom