Слободата на изразувањето има одредена граница
Емитување 20.01.2015 Ажурирање 20.01.2015
AA
Врховниот поглавар на католичката Црква Папата Франциско реагираше во врска со објавувањето на карикатурите на Хазрети Мухамед во Шарли Ебдо
Врховниот поглавар на католичката Црква
Папата Франциско во врска со објавувањето на
карикатурите на Хазрети Мухамед во француското хумористично списание Шарли Ебдо рече дека слободата на изразувањето има одредена граница на толерантноста и дека никој не би требало да се шегува со религиозните чувства на другите.
На прашањето на новинарите во врска со неговата претходна изјава “доколку мојот сакан пријател Гаспари ја опцуе мајка ми ќе добие тупаница на лицето“ папата Франциско рече дека со тоа мислел дека не треба да се провоцираат одредени работи.
„Јас не можам постојано да го провоцирам некого и да го напаѓам зошто голема е веројатноста и ризикот дека еден ден ќе ми возврати. Ете токму заради тоа велам и повторувам дека и
слободата на изразувањето треба да има одредена граница на толерантноста и да се внимава со тоа
да не се навредат чувствата на другиот, рече Папата Франциско.
http://www.trt.net.tr/makedonski/свет/2015/01/20/слободата-на-изразувањето-има-одредена-граница-148594[DOUBLEPOST=1421863286][/DOUBLEPOST]
Муслиманските земји треба да бидат претставени во СБ
Емитување 21.01.2015 Ажурирање 21.01.2015
AA
Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Муслиманите кои што бројат неколку милијарди не се доволно претставени во одлучувачките механизми на ОН
„Во ОН сме претставени
само 56 муслимански земји. Но дали имаме право на одлука: Не. Според тоа неминовно се појавува потреба од воспоставување на еден поправеден механизам во рамките на ОН. Ние самите ќе се бориме за да го добиеме тоа право“ рече претседателот Ердоган на самит на Организацијата за Исламска соработка во Истанбул.
Претседателот Ердоган додаде дека муслиманските држави без комплекси, без предрасуди и без страв треба да си ги искажат своите мислења и ставови.
Муслиманските земји поминуваат низ еден доста осетлив период. Муслиманите меѓу себе се убиваат и вршат вистинско крвопролевање. Да се жали и да се трпат маки поради тоа нема да значи дека му се помага на било кој Муслиман, рече Ердоган и потсети на тоа дека секоја одлука која што се однесува на судбината на муслиманските земји се донесува во Советот за безбедност на ОН каде членуваат само 5 земји
http://www.trt.net.tr/makedonski/турција/2015/01/21/муслиманските-земји-треба-да-бидат-претставени-во-сб-149607[DOUBLEPOST=1421863459][/DOUBLEPOST]
Турција е против сите видови тероризам
Емитување 16.01.2015 Ажурирање 16.01.2015
AA
Премиерот Ахмет Давутоглу вчера престојуваше во посета на Брисел
Во говорот што го одржа на состанокот на Групата Пријатели на Европа, премиерот Давутоглу во врска со терористичките напади рече дека без оглед на тоа од чија страна се извршени и кои се терористите, Турција секогаш е против истите.
Но исто така сакам да ја видам истата
реакција и
солидарност кога се врши напад или руши една
џамија во Берлин.
Премиерот Давутоглу учествуваше на свеченото отворање на
канцеларијата на владејачката Партија за правда и развој (АКП) во
Брисел.
Во говорот што го одржа во оваа прилика, премиерот Давутоглу рече дека мисијата на отворањето на канцеларијата претставува обид да се појасни турската политика на светот. Веруваме дека од Европа во Турција ќе пристигне свежа крв, нови идеи и нов динамизам.
Во рамките на средбите во Брисел премиерот Давутоглу се состана со претседателот на Еврокомисијата Жан Клод Јункер и претседателот на Советот на Европа Доналд Труск.
Главна тема на заедничката прес конференција на Давутоглу и Труск беше
слободата на изразување.
Премиерот Давутглу рече дека слободата на изразување е заедничка вредност и меѓусебно треба да ги почитуваме вредностите.
Премиерот Давутоглу на крајот на програмата и посетата на Брисел се состана со Турците кои живеат во Белгија.
Со учеството на маршот на солидарноста во Парис кој се одржа веднаш по терористичкиот напад во Парис, Турција покажа начелен став во борбата против тероризмот, рече премиерот Давутоглу и истакна дека иста чувствителност очекуваат и во акциите против исламот.
Премиерот Давутоглу остро реагираше на објавувањето на карикатурите во сатиричното списание Шарли ебдо и подвлече дека навредата врз Хазрети Мухамед не може да се очекува да остане без реакции.
Турција е земја која својата милосрдност и моќ ја пружа не целиот свет,рече премиерот Давутоглу и додаде дека со отворањето на границите и портите на земјата за 2 милиони бегалци, на светот му одржуваме поука за совесноста.[DOUBLEPOST=1421863543][/DOUBLEPOST]
Објавувањето на карикатурите е кривично дело
Емитување 15.01.2015 Ажурирање 15.01.2015
AA
Сите треба да бидат многу внимателни во однос на прашањето
Министерот за внатрешни работи Ефкан Ала рече дека објавувањето накарикатурите е кривично дело.
Во интервјуто за еден приватен ТВ канал, министерот за внатрешни работи Ефкан Ала евентуалното објавување на карикатурите на
божјиот пратеник, односно пејгамберот Хазрети Мухамед во некои медуми во Турција, а кои беа објавени во француското сатирично списание, рече дека ќе претставува
кривично дело. Затоа сите треба да бидат многу
внимателни во однос на прашањето, предупреди министерот Ала.
Тоа е многу погрешно и провокација, поради што сите треба да бидеме внимателни. Навредата според нашите закони е кривично дело, рече министерот Ала и додаде дека
ставот кон прашањето е отворен и јасен исто како и кон
тероризмот.
Министерот Ала меѓудругото рече дека тоа претставува кривично дело и во никој случај не може да се одобри. Не треба дури да се даде евентуална можност за тоа, подвлече министерот Ала[DOUBLEPOST=1421863642][/DOUBLEPOST]
Подметнат пожар во џамија во Бугарија
Емитување 07.01.2015 Ажурирање 07.01.2015
AA
Непознато лице истурило бензин на влезот на џамијата Худавендиѓар и се обидело да ја запали
Непознато лице и
стурило бензин на влезот на џамијата Худавендиѓар која кај народот е позната како Џумаја џамија во Пловдив и се обидело да ја запали џамијата.
Полицијата во Пловдив соопшти дека
пожарот бил угаснат и дека се трагало по сторителот. Очевидци изјавиле дека лицето кое го запалило бензинот пред влезот на џамијата вендаш потоа избегало од местото на настанот.
Нешто потоа полицијата го уапсила осомничениот на една бензинска пумпа во Пловдив во обид да украде бензин.
Јавната обвинителка на Пловдив Галина Андреева соопшти дека напаѓачот чиј идентитет се држи во тајност ќе одговара за
оштетување на историски и културен објект и за кражба на бензин.
Инаку џамијата Худавендиѓар во Пловдив била
изградена меѓу 1421-1451 година и досега неколку пати беше цел на напади на националисти.
http://www.trt.net.tr/makedonski/регион/2015/01/07/подметнат-пожар-во-џамија-во-бугарија-141114[DOUBLEPOST=1421863719][/DOUBLEPOST]
Не стивнуваат реакциите против Шарли Ебдо
Емитување 19.01.2015 Ажурирање 19.01.2015
AA
Разгневените демонстранти во Кабул повикаа на затворање на амбасадата на Франција во нивната земја
Муслиманите во
исламските земји се уште реагираат на објавувањето на карикатурите на Хазрети Мухамед во хумористичното списание Шарли Ебдо.
Демонтрации против Шарли Ебдо беа приредени во неколку градови во
Сомалија, Пакистан, Авганистан и Чеченија.
Во Могадишу главниот град на Сомалија демонстрираа иљадници студенти.
Масовни беа демонстрациите и во Авганистан и Пакистан каде иљадници Муслимани го изразија своето незадоволство по повод објавените
карикатури на Хазрети Мухамед и го осудија списанието Шарли Ебдо.
Разгневените демонстранти во Кабул повикаа на затворање на амбасадата на Франција во нивната земја.
Во Чеченија исто така се одржаа
жестоки демонстрации, а во Газа група Палестинци протестираа против списанието[DOUBLEPOST=1421863787][/DOUBLEPOST]
Зачестија нападите на муслиманите во Франција
Емитување 13.01.2015 Ажурирање 13.01.2015
AA
Деновиве биле реализирани 21 вооружен или бомбашки напад на Муслиманите
Од дента на
терористичкиот вооружен напад на хумористичното списание Шарли Хебдо во Париз биле регистрирани над
50 провокации и физички напади на Муслиманите во Франција.
Како резултат на тоа Агенцијата за следење на анти муслиманските активности во Франција ( ЦФЦМ)побара од властите да се
засилат безбедносните мерки во верските објекти на Муслиманите во земјата.
Адбалах Зекри шеф на ЦФЦМ соопшти дека деновиве биле реализирани
21 вооружен или бомбашки напад на Муслиманите. Освен тоа 33 Муслиманите биле заканувани и навредувани.
Зекри побара да се
засилат мерките за безбедност особено во џамиите