Gurdjieff
Bastardo dentro
- Член од
- 12 јануари 2011
- Мислења
- 3.645
- Поени од реакции
- 1.264
Свеченост во соборниот храм "Св. Кирил и Методиј" во Тетово
Владиката Јосиф - архијереј меѓу народ кој се препознава со крстот и полумесецот
Помагај да се залечат раните, моли се да се утешат онеправданите, почитувај ги разликите на секого и учи ги луѓето да го прават тоа на други што сакаат другите тоа ним да им го прават, му порача г. г. Стефан на новиот владика
Тетово вчера беше центар на македонското православие. Во соборниот храм Св. Кирил и Методијј за прв пат се одржа свеченост за устоличување на нов владика на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. Архимандритот Јосиф, досегашен епископ велички, од вчера и официјално е прв митрополит на новоформираната Тетовско-гостиварска епархија.
Светата архијерејска литургија со која го интронизираа господин Јосиф ја служеше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение со останатите митрополити и епископи од Синодот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.
- Доаѓаш во предели каде се длабоки и древни христијанските темели, ќе бидеш меѓу народ што љубоморно ја чува и живее верата православна, меѓу народ кој поради секојдневните притисоци се повеќе се оретчува, но оној кој останува е верен народ и си ја сака црквата македонска и земјата прадедовска. Ќе бидеш архијереј меѓу народ каде со крстот и полумесецот се препознава секој човек и секоја населба. Помагај да се залечат раните, моли се да се утешат онеправданите, почитувај ги разликите на секого и учи ги луѓето да го прават тоа на други што сакаат другите тоа ним да им го прават, му порача г. г. Стефан на новиот владика.
Новиот владика г. Јосиф побара од верниците да го возобноват духовниот живот во овие краишта и ги посетуваат црквите.
- Материјалните градби ги имаме, ги наследуваме и за нив ќе се грижиме со постојана будност, нови ќе создаваме, но најважно од се е возобновата на духовниот живот на овие краишта. Да видат овие ѕидови верен народ кој постојано ќе влегува меѓу нив, да слушнат овие фрески и икони молитви, да тропнат камбаните за служба, да оживеат манастирите и манастирските имоти со црнорисци, истакна владиката Јосиф.
Тетовско-гостиварскиот митрополит г. Јосиф на ова место доаѓа како досегашен епископ велички, а бил и архимандрит на Бигорскиот манастир.
Новиот епископ е роден 1977 година во Прилеп. Замонашен е од 2005 година, а во 2009 има одбрането докторат на Богословскиот факултет во Скопје.
Новиот митрополит Јосиф е најмладиот член на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА. Негово прво претставување во јавноста беше интервјуто што во јуни годинава го даде за ВЕЧЕР, во кое тој, меѓу другото, отворено проговори и за ставот на МПЦ-ОА во врска со името, што предизвика бурни реакции кај нашиот јужен сосед.
(Е.А.)