СВЕТ | 3. НОЕМВРИ 2013 - 17:24
Масакр на свадба во Нигерија
Најмалку 30 лица убиени се во Нигерија од заседа крај пат додека се враќале од свадба. Во нападот е убиен и младоженецот, соопштија властите.
Масакрот се случил вчера. но телата се пронајдени дури откако бил расчистен патот, бидејќи по нападот дошло до застој во сообраќајот.
Потврда за нападот засега не е стасана од сектата „Боко Харам“, која неодамна претрпе силен удар од војската во североисточниот дел на Нигерија.
„Боко Харам“ е најголемата закана по безбедноста во Нигерија од 2009 година, кога почна оружен бунт, барајќи воведување на шеријатското право и укинување на образовниот систем по примерот на западот.
--- надополнето: 3 ноември 2013 во 17:51 ---
3/11/2013, 8:58 Повеќе →
На денот на светците, најмалку 25 лица загинаа во стампедо во Нигерија
Најмалку 25 лица загинаа, а десетици се повредени во стампедо по ноќната литургија во една црква во источниот дел на Нигерија.
Локалните медиуми наведуваат дека во инцидентот загинале 28 луѓе и дека бројот на жртвите би можел да биде поголем. За време на литургијата по повод денот на Сите светци некој од присутните извикал пожар и тоа предизвикало паника меѓу верниците. Полицијата веднаш започнала истрага во врска со инцидентот.
Денот на Сите светци се одбележува во Нигерија на 2 ноември.
http://lokalno.mk/na-denot-na-svetcite-najmalku-25-lica-zaginaa-vo-stampedo-vo-nigerija/--- надополнето: 3 ноември 2013 во 17:57 ---
Издадена книга за Американците кои се бореа на страна на исламот
Голем број државјани на САД се бореа ширум светот на стана на исламските џихадисти, а дел од нив учествуваа и во војната во БиХ, борејќи се против Србите, е истакнато на вчерашната трибина, која се одржа во организацијата на „Нова американска фондација“ во Вашингтон.
Американскиот истражувачки новинар, Ј.М. Бергер ја претстави својата книга „Џихад Џо“ во која е опишано како Американците се бореле на страната на исламистите во војни ширум светот.
Според податоците кои што ги изнел, повеќе од 300 државјани на САД главно со муслиманско потекло учествувале во судирите од кои околу 25 во БиХ војувале против силите на босанските Срби.
-Тие ги обучувале муџахедините во Босна и во тоа време тие тренинзи им биле од интерес на Американците, бидејќи муслиманите според нив биле жртви на таа војна, наведува авторот на книгата.
Според неговите сознанија, дел од Американците кои во БиХ се бореа на страната на властите во Сараево, биле поврзани и со припадниците на Ал Каеда.
Американски државјани за првпат во 1981 година, влегле во екстремистичките движења во Авганистан, но тогаш тоа не претставувало проблем за официјален Вашингтон, кој се до нападот на амбасадата на САД во Африка 1998 година беше благонаклонет кон овој вид на анганжмани на своите сонародници.
Бергер вели дека повеќето Аериканци кои заминале да се борат во странство на страната на џихадистите верувале дека тоа го прават поради одбрана на исламот, но дека имало и од оние кои од порано биле регистрирани по насилничкото однесување, па ова им било само морален изговор да продолжат со таквата пракса.
–Повеќето од нив на радикалните групи им служеа како повик до останатите муслимани во Америка и западна Европа да им се приклучат, а не дека имаат значаен удел во борбите, заклучува авторот на книгата „Џихад Џо“.
--- надополнето: 3 ноември 2013 во 17:58 ---
ФОТО: Во Сирија подигната скулптура на Исус висока 32 метри!
Во Сирија на познатата планина Херувим се издигна грандиозна статуа на Исус висока неверојатни 32 метри, позната како "Дојдов да го спасам светот". Високата скулптура може да се види од Јордан,Палестина, Израел и Либан,а претставува симбол на мир не само во Сирија туку и насекаде во светот.
Идејата да се направи една ваква статуа се родила уште во минатато, во 2005, пред да започнат немирите во Сирија кои однесоа голем број човечки животи.
Скулптурата го претставува Второто Исусово доаѓање, а од десната страна се наоѓа Адам, додека од левата се наоѓа Ева со наведната глава.
http://www.press24.mk/foto-vo-sirija-podignata-skulptura-na-isus-visoka-32-metri