Верски вести III

Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
петок, 25 октомври 2013, 20:23

Свет

Кој ги поддржува жените возачи, оди во затвор?!
Саудиските власти соопштија дека сите оние кои даваат било каква поддршка на жените возачи, па дури и преку интернет, ќе добијат затворска казна, бидејќи на жените во оваа земја им се забрането да управуваат со моторно возило

Според властите казните можат да бидат применети на секој кој ќе даде поддршка на жените возачи.
Саудиските активистки кои добиле возачки во странски земји, преку интернет се организираат да протестираат и да допрат до меѓународните медиуми за да го известат светот за нивната ситуација во земјата.
Иако во Саудиска Арабија нема законот со кој на жените им се забранува возењето, сепак тие не смеат да возат затоа што тоа го забрануваат верските водачи.
Саудиска Арабија во последните години усвои некои реформи, вклучувајќи и дозвола на жените да седат во националното советодавно собрание и им дадоа право на гласање но и кандидирање на локалните избори во 2015 година.


http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=26239
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Сабота, 26 Октомври 2013 11:04
Четворица христијани од Иран се наводно осудени на 80 удари со камшик поради тоа што пиеле вино з причестување, шокантна казна која дојде дури и откако Обединетите нации ги критикуваа исламските републики поради систематско прогонување на христијаните.
Четворицата мажи беа осудени на 6 октомври, откако беа уапсени во црква во декември минатата година и обвинети за консумација на вино, кое се користи за причестување.
Ахмед Шахид, специјален известувач на ОН за човековите права во Иран, вели дека ваквите прогонства се чести и покрај фактот што новиот претседател вети дека ќе биде поумерен во тој поглед.
-Од јули годинава најмалку 20 христијани се приведени. Исто така, се прекршуваат правата на христијаните, вели тој.
Шахид е еден од најпочитуваните авторитети во полето на човековите права, кој вели дека ситуацијата во Иран е многу лоша за христијаните.
Пензионираниот свештеник Еди Ромеро успеа да влезе во Иран и да побара ослободување на заробените христијани, па протестираше и пред озлогласениот затвор Евин, извикувајќи „Пуштете ги моите луѓе“.
Чуварите на затворот го фатила и го депортирале во САД, но тој сепак успеа да го привлече светското внимание околу она што се случува со христијаните во Иран.
Четворицата христијани коишто беа осудени на 80 камшици поради прекршување на законот за неконсумирање алкохол, имаат 10 дена да поднесат жалба на одлуката.
:facepalm::гомце:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
http://goo.gl/pHaPho

„Кога една жена вози автомобил, тогаш со тоа ментално се занимава и притиска врз карлицата и врз јајниците. Ова го покажува една научна студија“, изјави шеикот пред камерите. „Жените во Франција и во цела Европа затоа имаат секогаш само две или три деца. Тоа се последици од возењето автомобил!“

:pos: :facepalm:
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
27/10/2013, 9:21 Повеќе →
Русија: Зошто младите од православие преминуваат во ислам и стануваат крвави фанатици?

Појавата на „религиозниот трансфер“ е најчеста на југот на Русија, каде и живеат најмногу мислимани. Во последните 15 години околу 10 илјади Руси и други Словени ја примиле исламската вера, пишува Новости.

Додека руската полиција и војската се борат против верските фанатици на Кавказ, муслиманските емисари лесно врбуваат наивни и несозреани девојки и момчиња од руска, но и од други националности, за своите крвави акции.
Најтиражниот руски неделник Аргументи и факти уште летоска пишувал за проблемот на врбувањето девојки и момчиња. Под насловот „Новите руски муслимани“ неделникот се обидел да одговори на прашањата зошто девојките и момчињата преминуваат од православие во ислам и подоцна стануваат крвави фанатици. Аргументи и факти тврди дека таквата појава на „религиозен трансфер“ е најчеста на југот на Русија, каде и живеат најмногу муслимани. Но експертите тврдат дека муслиманските емисари врбуваат и на далечниот север и во Јакутија.
Роман Силантјев, еден од експертите за ова прашање, истакнува дека во последните 15 години околу 10 илјади Руси и припадници на другите словенски народи го примиле исламот. Интересно е тоа што меѓу лицата кои во Русија преминале на исламот најмногу има со украинско потекло.
Повеќето нови регрути се жени. Дел од тие девојки се од мешани бракови каде еден од родителите е муслиман. Ако се знае дека во последните 15 години Јеховините сведоци во Русија регрутирале на 150 илјади луѓе, тогаш бројката на оние што прешле на ислам не е загрижувачка. Од друга страна, постои и информацијата дека околу два милиони граѓани на Русија кои имаат муслимански корени го примиле православието, додава Силантјев.
„Целта на муслиманските верски фанатици е на своја страна да ги придобијат руските девојки кои подоцна ги користат како бело робје или „живи бомби“. Младите Руси и Русинки им се потребни на вахабистите бидејќи со изгледот не се разликуваат од повеќето граѓани па полицијата потешко може да ги открие“, објаснува Силантјев.
Руската полиција често предупредува дека меѓу терористите има се повече од оние што го примиле исламот, а потоа ги врбувале и ги обучиле да поставуваат мини и да убиваат обични луѓе.
Најверојатно кризата на семејството и бракот во Русија е главниот виновник што вехабистите успеваат релативно лесно да врбуваат млади Руси и Русинки. Според бројот на разводи
Русија е во врвот на светската ранг-листа, веднаш по САД. Алкохолизмот е раширен кај сите генерации. Сето тоа влијае несреќните и длабоко фрустрирани млади луѓе да станат плен на крвожедните вахабисти


http://lokalno.mk/rusija-zoshto-mladite-od-pravoslavie-preminuvaat-vo-islam-stanuvaat-krvavi-fanatici/
--- надополнето: 27 октомври 2013 во 16:08 ---
СВЕТ | 27. ОКТОМВРИ 2013 - 15:08
Саудиските власти уапсија и казнија 15 жени за кршење на забраната за возење


Властите во Саудиска Арабија уапсија 15 жени и ги казнија со по 300 риали, околу 58 долари, поради кршење на неофицијалната забрана за управување со моторно возило.
Секоја од казнетите жени морала да потпише заедно со својот машки старател, сопруг, татко, брат или друг машки член од семејството, дека ќе ги почитува правилата во кралството.
Активистки од Саудиска Арабија вчера повикаа на протест против забраната за возење за жени, но на движењето се приклучија само мал број Саудијки поради заканите на властите со строги казни.
http://sitel.com.mk/mk/saudiskite-vlasti-uapsija-i-kaznija-15-zheni-za-krshenje-na-zabranata-za-vozenje
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
понеделник, 28 октомври 2013, 16:54

Свет

Десет години робија за навреда на исламот
Еден човек од Кувајт доби десет години затвор, бидејќи ги навредил пророкот Мухамед и лидерите на Бахреин и Саудиска Арабија преку Твитер

Судот во Кувајт денеска ја потврди пресудата со која на еден корисник на Твитер, е осуден на десет години затвор поради ставовите искажани на Твитер, затоа што судот смета дека се навредливи за исламската вера и за лидерите на заливските земји Бахреин и Саудиска Арабија.
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=26340
http://interesno.com.mk/news/35-vesti/27639-10-g-zatvor-poradi-navredi-za-islamot-na-tviter
--- надополнето: 29 октомври 2013 во 17:02 ---
ФОТО Ја измачуваа, таа им ги изеде срцата! (ВОЗНЕМИРУВАЧКО +18)

Обвинета е „вештерка“ во Папуа Нова Гвинеја, која и покрај цела тортура што ја преживеала од нејзините напаѓачи се изборила и почнала да ги јаде нивните срца.

„Вештерката“ била нападната на тој начин што и' биле ставани вжештени прачки низ целото нејзино тело, била прободена со нож, па дури и увото и' било отсечено со клешти.
Но, според очевидците и покрај тортурата што ја преживеала, не изгледало дека чувствува било каква болка.
Таа дури и изгубила еден заб за време на нападот, но некако успеала да се извлече, по што почнала да
ги убива напаѓачите и да ги јаде нивните срца, а очевидците останале вчудоневидени.
Овој инцидент се случил за помалку од еден месец, откако татко ја убил својата ќерка, па ја испил нејзината крв, во друг дел од земјата.
Официјални лица велат дека ова е еден начин на баење кое се применува во земјата и дека иако владата вовела построги закони за справување, истото можело да потрае и неколку години, пишува „Daily mail“.

http://sky.mk/svet/24011-foto-i-pravea-tortura-taa-im-gi-izede-srcata-voznemiruvachko-18
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Масовно покрстување на муслимани во Грузија

Posted on 24/10/2013by Воанергес
Во 1991 година, 75% од Аџарите биле муслимани. Денес, 75% од нив се православни христијани*. Како може да се објасни оваа појава, којa очигледно е единствена во светот?
Фактите велат дека наеселението во Аџарија, по освојувањето од Турците во седуманесеттиот век, било претежно муслиманско. Во 1878 година, оваа провинција со површина од 3.000 m2 е предадена на Руската Империја. Во 1991-та, по падот на комунизмот и осамостојувањето на Грузија, Аџара се одвојува од неа, и до 2004-та, со неа владее муслиманскиот диктатор Аслан Абашиѕе. По неговото прогонство Аџара се враќа во состав на Грузија, како независна република.
г. Димитриј, митрополит Батумски

Според официјалните статистики, во 1991. 75% од Аџарите биле муслимани. Денес е обратно – 75% од Аџарите се православни христијани. Во едно интервју дадено во 2012-та година, митрополитот на Батуми (главниот град на Аџарија), г. Димитриј, кој е роднина на грузискиот патријарх Илија, вели дека кога во 1986. бил назначен за парох на црквата „Св. Никола“, таа била единствената православна црква во Батуми. Денес е поинаку.
„Таква беше волјата Божја“
Митрополитот Димитриј вели дека преобраќањето на целиот регион, конверзијата од ислам кон православие, или подобро, враќањето на муслиманското население кон своите корени, се одиграла пред негови очи. Во 1991., во само еден ден, на 13 мај, дури пет илјади муслимани и атеисти примиле Свето Крштение и станале православни. Истата година било отворено и богословското училиште „Св. Андреј“ во Куло. Според него, во минатото Аџарите биле присилно исламизирирани од страна на Отоманската Империја, но за сето време биле и останале „христијани во срцето“. Тој сведочи дека многу муслимани тајно продолжиле да носат крст околу вратот, дека вапсувале јајца за Велигден и криеле икони во своите домови.
Она што е особено интересно, продолжува митрополитот, е што повеќето свештеници потекнуваат од поранешни муслимански семејства. Ректорот на новоотворената богословија е внук на еден турски мула (муслимански верски учител). „Таква беше волјата Божја. Ова е чудо Божјо, нешто што никако не можевме да предвидиме дека ќе се случи“, вели тој.
Исламски мисионери
Големата џамија во Батуми е во близина на црквата „Св. Никола“, околу пристаништето. За разлика од црквата, во која се забележува поголемо присуство на народ, во џамијата и нема толку движење.
Но, не е сè така розово. Според некои информации, во Батуми биле испратени исламски мисионери кои работаат на тоа да се спречи враќањето на локалното население кон православието. Сепак, овие информации не се потврдени. Исто така, во околните села на Батуми исламот е сè уште присутен; во селото Куло, на пример, има и џамија и медреса (муслиманско верско училиште).
Црква „Св. Никола“, Батуми

Навидум и нема некои конфликти меѓу православните и муслиманите. Населението е отворено и лесно комуницира. Не се врши ниту прогонство на помалите религии. Сепак, масовното покрстување на муслиманите останува табу, и тоа особено за муслиманите кои денес преставуваат само 10% од населението, како и за Кистините, етничките Чеченци и шиитите населени долж границата со Азербејџан.
„Мора да разберете дека Православната Црква е основниот столб на нашиот национален идентитет. Во минатото сме биле поробени од сите наши големи соседи – од Персијците, Турците, Русите. Доколку не постоеше врзивното ткиво на нашата Црква, грузискиот народ немаше да постои“, вели Алина Окропириѕе, поранешна новинарка и преведувачка.
По 70 години државен атеизам за време на СССР, Звиад Гамсакурдиа, првиот грузиски претседател, решил да создаде „национална и православна држава“. Неговиот наследник, Едвард Шеварднаѕе, поранешен министер за надворешни работи во СССР, се погрижил да ја објави веста за неговото покрстување и да го избере патријархот Илија II за свој духовен отец.
Oстанува да се види дали оваа мала грузиска република целосно ќе се врати кон верата на своите предци, како што вели митрополитот Димитриј, или ќе потклекне пред искушенијата одвнатре, со кои сигурно се соочува.
* Според последниот официјален попис од 2006-та година, 63% од населението е православно, а 25% е муслиманско. Сепак, црковните податоци 7 години подоцна ја даваат следната слика – 75% од населението е православно, а само 10% муслиманско.
--- надополнето: 29 октомври 2013 во 23:31 ---
Малезија им забрани на христијаните да кажат „Алах“

Судот во Куала Лумпур пресуди дека христијаните не може да го употребуваат зборот „Алах“ кога мислат и се обраќаат на Господ. Во образложението на судот се вели дека ваквото решение е донесено затоа што кога христијаните го користат зборот „Алах“ за Господ, се предизвикува конфузија во општеството. Христијаните во Малезија го осудија ваквото решение на судот, инсистирајќи дека со децении тие го користита зборот „Алах“ кога пишуваат и зборуваат за Господ.

Според мислењето на оваа верска заедница, судската забрана претставува повреда на нивните човекови права. Случајот потекнува уште од 2009 година, кога малезиската Влада одлучи дека локалниот католички весник „Хералд“ не смее повеќе да го употребува зборот „Алах“ во своето издание на малајски јазик, кога пишува за христијанскиот Господ.

Ваквото владино решение се оправдуваше со немирите кои избувнаа пред четири години во земјата, кога припадниците на двете верски заедници ивршија серија напади врз локалните џамии и цркви. Весникот, сепак, ја тужеше Владата и еден суд во Куала Лумпур пресуди во полза на „Хералд“. Но, Владата на Малезија поднесе жалба, па Апелациониот суд пресуди дека владиното решение е исправо.

Судијата Мохамед Апаиди Али изјави дека се определил за ваква пресуда затоа што зборот Алах не е составен дел на религијата на христијаните. Претставник на весникот „Хералд“ објасни дека на Блискиот Исток и во Индонезија терминот „Алах“ го користат како муслиманите, така и христијаните, а во Малаја тоа се прави уште од 1963 година, уште пред создавањето на федерацијата Малезија.
--- надополнето: 29 октомври 2013 во 23:32 ---
Експлицитна фотографија: Казна за читање Библија во Саудијска Арабија

Posted on 25/10/2013by Воанергес
Исецкани прсти до коска на 40 и повеќе парчиња. Уништени нерви, пришто ракта веќе не е функционална. Сето тоа извршено во крајно нехигиенски услови, пришто лесно може да се добие инфекција…


Извор: Казна за читање Библије у Саудијској Арабији
--- надополнето: 29 октомври 2013 во 23:36 ---
СВЕТА СЕКСУАЛНА ВОЈНА: Имаат односи со десетици борци во име на „џихадот“

Posted on 23/09/2013by Воанергес
Коментар: А нели исламот според муслиманите е „најчистата“ религија, која не дозволува никакви настраности, како проституција, хомосексуализам и сл!? Да, да, сигурно!


Институција која што се претставува како „џихад ал – никаха“, дозволува вонбрачни
сексуални односи со повеќе партнери, а некои водачи на селефисти сметаат дека тоа е
лигитимен облик на света војна.
Бројни девојки од Тунис одат во Сирија да водат т.н.Света сексуална војна, џихад ал –
никах, за да ги задоволат сексуалните потреби на исламските борци, изјавил тамошниот министер за внатрешни работи Лотфи Бен Једоу пред националното собрание.
- Тие имаат сексуални односи со дваесет, триесет па и до сто борци во име на Светата сексуална војна а потоа се враќаат бремени во својата земја, изјавил министерот.
Наводно таа институција дозволува вонбрачни сексуални односи со повеќе партнери, а
некои водачи на селефисти сметаат и дека тоа е легитимен вид на света војна.
Туниските весници пишуваат дека станува збор за стотици жени кои што се наоѓаат во
Сирија, иако самиот министер не дал прецизна бројка.

 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
и повторно од мирољубивиот ислам, за правите муслиманки

Пакистан: силувале 13-годишно девојче, па живо го закопале
Неименувано тринаесетгодишно девојче во Пакистан било силувано од двајца мажи, кои потоа жива ја закопале во областа Тоба Тек Синг во Пунџаб. Девојчето успеало да се ископа од гробот, пренесува Дејли мејл.
Напаѓачите несреќното девојче го грабнале додека одела на часови по Куран и ја силувале во изолиран дел од селото. Бидејќи не давала знаци на живот, силувачите, мислејќи дека умрела за време на бруталниот напад, жива ја закопале. Откако се освестила, таа успеала да се извлече и да повика минувачи на помош, кои ја однеле во болница.
Инаку нејзиниот татко, Сидику Мухал, го пријавил во полиција исчезнувањето на ќерката, но полицијата не сакала да го истражи случајот. Подоцна судот во градот Лахоре им наредил да ги уапсат наводните напаѓачи на девојчето.
Во Пакистан бројот на силувања на деца е во неверојатен пораст. Минатата година биле пријавени 2788 случаи.
Еден од најлошите бил нападот на Каинат Сумро во 2007 година, која била силувана од четворица мажи. Таа исто имала 13 години. Селаните почнале да ја избегнуваат откако јавно прозборела за напаѓачите. Ја нарекле „црната девица“. Иако на нејзиното семејство му кажале да ја убијат за да се ослободат од срамот, семејството останало покрај неа. Тие секојдневно доживувале разни непријатности и закани. Таткото и едниот брат биле претепани, а другиот брат исчезнал. Подоцна го пронашле мртов.
Напаѓачите биле ослободени.
--- надополнето: 30 октомври 2013 во 23:29 ---
Десетици Тунижанки уапсени поради "сексуален џихад"


Властите на Тунис уапсија и обвинија неколку десетици жени поради учество во „сексуален џихад“, односно, за давање сексуални услуги на исламистичките милитанти во Тунис и Сирија.

Имено, на апсењата им претходеле повици на некои верски водачи упатени до младите жени кои требало да им ја „олеснат осаменичката борба“ на бунтовниците во Сирија.

Министерот за внатрешни работи соопшти дека жените, од кои некои имале само по 17 години, со таа цел, наводно, заминувале во планинското подрачје Џабел ех Хамби. Иако роднините на дел од уапсените девојки тврдат спротивно, властите се категорични дека имаат докази за обвинувањата.
- Таа никогаш не била во планините. Тоа се погрешни обвинувања. Беше религиозна и одеше во џамија - изјавила мајка на една од девојките.
--- надополнето: 30 октомври 2013 во 23:32 ---
Нови жртви во терористички напад во источна Индија


Две лица загинаа и седум се ранети во напад извршен на автобуска станица во источна Индија, јавија локални медиуми. Рачно изработена експлозивна направа беше активирана во Импахал, главен град на државата Манипур. Вчера пет луѓе беа ранети во ист таков напад извршен на пазар во градот.

Во Манипур и соседните држави во источна и североисточна Индија активни се голем број сепаратистички групи. Шест луѓе загинаа и 80 повредени во напад во неделата за време на предизборен митинг на главната опозициска партија Бхаратија џаната (Индиска народна партија) во градот Патна, главен град на североисточната држава Бихар. Полицијата ги обвини за нападот исламистите од групата Индиски муџахедини.

http://www.plusinfo.mk/vest/111990/Novi-zhrtvi-vo-teroristichki-napad-vo-istochna-Indija
 
Член од
7 мај 2013
Мислења
1.580
Поени од реакции
385
@ми се може
Пушти го срцето нека здивне бе човеку,доста го полниш со омраза.
Гледам што објавуваш и не верувам колку можеш ниско да заминеш,секогаш кога мислам дека си го достигнал дното,ме уверуваш дека можеш уште долу.
Таа вест за тунижанките е пренесена од ТВ АЛ АРАБИЈА,нешто како курир во македонија и демантирана е одамна таа вест.
Тоа со рацете за читање библија е чиста глупост,слика и 2 реда текст никогаш не можат да бидат релевантен доказ.
Како и да е,ако веќе имаш толку слободно време искористи го и изучувај ја својата религија.
Со наоѓање маани на некого не се станува подобар,верувај ми. :)
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Поради огромните поплави на Далечниот Исток, сè поголем број на православни

Posted on 23/09/2013by Воанергес
Во последно време на Далечниот Исток, кој е сериозно погоден од силните

поплави, сè поголем е бројот на луѓето кои го примаат Православието. За ова зборуваше патријархот Кирил после осветувањето на храмот посветен на Светото Воскресение, на Соловецкиот остров.

„Среде оваа водена стихија која уништува сè, истата таа вода е и сила која дава благодат Божја, и поради неа сè повеќе наши луѓе,и во ова најтешко време, не ја губат надежта во спасението“, рече патријархот.Неговите зборови ги потврдија и во Благовештенската епархија.

-„Не можам да кажам за целото подрачје, но на пр. во Мазановската област осумдесет луѓе кои беа погодени од поплавите одлучија да станат православни. Свештеникот од локалната парохија ги крсти доброволно, без никаков надомест“ – изјави раководителот на одделението за односи со јавноста, ерејот Свјатослав Шевченко, за новинската агенција „Лука Амур“. Исто така, и во другите области каде што има пострадани од поплавите, свештениците бесплатно крштеваат сè повеќе луѓе. Жртвите на оваа водена стихија заради која изгубиле сè, до верата доаѓаат со јасно познавање.

Поплавата на Далечниот Исток започна на крајот од јули 2013 год. Најголем степен на штета претрпе областа околу реката Амур, поради занемарување на зголемувањето на нејзиниот водостој. Тука се поплавени повеќе од шест илјади домаќинства во кои живеат повеќе од триесет илјади луѓе. Од 18 август, водостојот на Амур порасна на 642 центиметри, што претставува нејзин историски максимум. Поплавата исто така влијаеше и на подрачјето Колим и Еврејската автономна област, но тие не пострадаа толку силно.
--- надополнето: 30 октомври 2013 во 23:41 ---
@ми се може
Пушти го срцето нека здивне бе човеку,доста го полниш со омраза.
Гледам што објавуваш и не верувам колку можеш ниско да заминеш,секогаш кога мислам дека си го достигнал дното,ме уверуваш дека можеш уште долу.
Таа вест за тунижанките е пренесена од ТВ АЛ АРАБИЈА,нешто како курир во македонија и демантирана е одамна таа вест.
Тоа со рацете за читање библија е чиста глупост,слика и 2 реда текст никогаш не можат да бидат релевантен доказ.
Како и да е,ако веќе имаш толку слободно време искористи го и изучувај ја својата религија.
Со наоѓање маани на некого не се станува подобар,верувај ми. :)
друже ако не ти одговараат вестите не ги читај, само не ми дели совет што треба да правам
ова е тема за вести и јас ги известувам останатите

На Малдивите ја силувал сопствениот татко, па ја осудиле на 100 камшикувања


Петнаесетгодишно девојче е осудено од судот на Малдивите на 100 камшикувања, затоа што имала предбрачен секс. Според пресудата, казната ќе може да се спроведе откако девојката ќе наполни 18 години.
Според пресудата, казната ќе може да се спроведе откако девојката ќе наполни 18 години.
Случајот предизвика бранување и протести кај хуманитарните активисти во Азија, а Амнести Интернешенел ги обвини малдивските власти за суровост, нехуманост и деградација на жените, барајќи да се престане со казнување за сексуални врски пред стапување во брак.
На Малдивите се користи општото англиско право, но се применуваат и строгите одредби на исламското-шеријатско право, врз чии одредби судот ја осуди малолетната девојка.
Предбрачниот секс за жените е кривично дело за кое се изрекуваат строги казни.
Врховниот суд на Малдивите, под притисок на меѓународната заедница ја укина казната, откако утврди дека таа е погрешно осудена за предбрачен секс, затоа што нејзиниот татко, всушност, ја силувал девојката. Тој е обвинет за своето злосторство и против него е започнат судски процес. За целиот случај се разбра откако полицијата откри труп на новороденче кое било задавено и фрлено на отпад.
Амнести Интернешенел ја поздрави одлуката за укинување на казната со камшикување на девојката, инсистирајќи укинување на ваквите казни.
Малдивскиот архипелаг во Индискиот океан се состои од 1200 корални острови, од кои најголемиот дел се ненаселени. На овој исламски архипелаг, сместен западно од Шри Ланка, живеат само околу 400 илјади луѓе, но островите се означени како „рајски места“ па во текот на целата година се редовно посетувани од голем број туристи од целиот свет.

http://daily.sites.mk/cluster3/f7325a83fd6ae96abbbe77460977e1f5/2333797/sto-kamshici-za-seks-pred-brak-na-maldivi
--- надополнето: 30 октомври 2013 во 23:45 ---
метта друже и за ова да не лажат случајно

http://tocka.com.mk/1/102763/voznemiruvacki-fotografii-od-egipet-vo-dzamija-najmalku-252-tela-mnogu-od-niv-izgoreni
--- надополнето: 30 октомври 2013 во 23:47 ---
еве и за тебе една вест
http://dnevnik.mk/?ItemID=594A284DB02B144692354671664EDEB7
 
Член од
17 септември 2013
Мислења
194
Поени од реакции
54
@ми се може дај олади малце, прозирен си :)
За 30 секунди ги најдов следните вести како некаде во светот муслиманите се жртви, и ај сега секој ден да постирам слични вести за да перам мозок.

In Myanmar, Revival of Attacks on Muslims

http://www.nytimes.com/2013/10/03/world/asia/myanmar-violence-buddhists-muslims.html?_r=0

UK jails Ukrainian over anti-Muslim attacks



Student gets minimum of 40 years in prison after admitting to killing Muslim man and planting bombs near three mosques.

http://www.aljazeera.com/news/europe/2013/10/uk-jails-ukrainian-over-anti-muslim-attacks-20131025144437926375.html

Fox Isn't Paying Attention: Muslims Across The World Have Condemned Kenya Attack

http://mediamatters.org/research/2013/09/24/fox-isnt-paying-attention-muslims-across-the-wo/196058
Fox News personalities have claimed that Muslims are refusing to speak out against the deadly terror attack on a Kenyan shopping mall, despite the fact that Muslim leaders in the United States and in Kenya have condemned the attack as "heinous" and an "outrageous act of violence" that is against the teachings of Islam.

Extremist Pavlo Lapshyn admits murdering elderly Muslim man and committing mosque attacks in attempt to spark 'race war'

http://www.independent.co.uk/news/uk/crime/extremist-pavlo-lapshyn-admits-murdering-elderly-muslim-man-and-committing-mosque-attacks-in-attempt-to-spark-race-war-8894780.html

Muslim women in Quebec facing more attacks since charter proposal: group
http://www.ctvnews.ca/canada/muslim-women-in-quebec-facing-more-attacks-since-charter-proposal-group-1.1481641

A Quebec woman’s coalition says there has been an increase in the number of reported attacks against veiled Muslim women since the introduction of the province's proposed Charter of Quebec Values.
The plan, if passed, would restrict public employees from donning overt religious articles such as hijabs, niqabs, turbans and kippas in the workplace.
Members of the Regroupement des centres de femmes du Quebec say they are concerned after an increase in the number of reported physical and verbal attacks against veiled Muslim women.

Muslim students attacked in apparent Kingston, Ont., hate crime

http://www.cbc.ca/news/canada/muslim-students-attacked-in-apparent-kingston-ont-hate-crime-1.1991230
6 Queen's University students 'attacked for no reason other than that they looked differently'


Пази вестиве ти се од New York times, aljazeera, independent а не некој вукојебини ко точка и курир.
Смешен си брат. Па уште со слики и цел текст постираш, пошто таргет групата толку им фаќа па не знаат да кликат мора се сервирано и преведено на тацна :pos:
 

SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.862
Поени од реакции
4.811
Iranians Jailed for House Church Attendance

Photo: Three of the four jailed Christians in Adel-Abad Prison. From left to right: Mojtaba Seyyed Alaedin Hossein, Homayoun Shokouhi and Mohammad-Reza Partoei (Mohabat News)
Four Iranian Christians jailed for attending a "house church" have lost their judicial appeals.
Mojtaba Seyyed Alaedin Hossein, Mohammad-Reza Partoei, Vahid Hakkani and Homayoun Shokouhi were each sentenced in June to three years and eight months in prison.
Shokouhi’s wife, Fariba, and son, Nima, both received suspended sentences of two years’ imprisonment at the appeals-court hearing, which took place on Oct 12. in Shiraz.
The six Christians were arrested in February 2012 during a raid on a house church. They were charged with spreading Christianity, disrupting national security, propaganda against the regime and contact with foreign agencies.
This is the latest in a long line of prosecutions of Christians in Iran, with the most common charges being actions against public security and propaganda against the regime.
At a recent meeting of the United Nations Human Rights Council, Attieh Fard, an Iranian lawyer, urged President Hassan Rouhani to make good on his promises to the United Nations in New York by releasing the 42 Christians known to be in jail and the 45 awaiting trial.
“It is obvious that the Islamic government of Iran has taken actions to prevent access of both Christians and the public to Christian societies, to churches, to Christian literature and religion, despite the Christians’ constitutional, national and international rights,” Fard told the United Nations Human Rights Council. “Now Iran has said it is committed to its international obligations, it should in fact start to take measures to protect these constitutional rights.”
At least 300 Christians have been arrested in the past three years in Iran. Many of these Christians were arrested while taking part in house churches – small meetings of Christians who gather to worship and pray together.
Article 26 of the Iranian Constitution gives the right to religious minorities, including Christians, to form societies and to meet together.
The government’s recent release of two Christian women received widespread media attention, but these latest convictions suggest it isn’t the beginning of a trend, despite the announcement that 80 more prisoners of conscience would be released.

Publication date: October 31, 2013

http://www.religiontoday.com/blog/iranians-jailed-for-house-church-attendance.html
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Абет Хасман: Таен Христијанин во грчката политика (ВИДЕО)


by Воанергес

Абет Хасман, заменик-градоначалникот на Патра и шеф на општинските социјални услуги, зад себе остави тајна, која беше откриена во неговиот некролог, прочитан на неговиот погреб од страна на Митрополит Хризостом Патраски. Имено, заменик-градоначалникот открива дека тајно бил крстен како православен христијанин.
Хасман, кој беше роден како муслиман, од Јордан дојде во Грција, со цел да заврши докторски студии на Универзитетот во Солун. Во 1985 година се преселил во Патрас, а тајно бил крстен од страна на Митрополитот Хризостом, кога тој имал 57 години.
Според Митрополитот: “Тој не го кажа тоа никаде, но еден ден ми пријде и ме замоли да го крстам. Тој го избра името Александар, а подоцна го крстивме и неговиот син. Го крстив во епархиската црква на Св. Јован Богослов.” Понатаму продолжува спомнувајќи дека Хасман бил венчан во црквата на Свети Андреј и неговиот син, исто така, бил крстен со името Александар во црквата на Пресвета Богородица од Паралија. Особено го почитувал Александар Велики, поради што тоа име го одбрал за себе и за својот син.
Погребот се оддржа на 15 мај 2012 година со Митрополитот Хризостом, на кој присуствуваа дури 4000 души.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom