Верски вести III

Член од
21 декември 2011
Мислења
430
Поени од реакции
79
Извор препород исламске информативне новине :facepalm:
Затоа и немаат линкови до статистики во веста, зошто е булшит. Во Белгија се 6%, во Холандија 4,5%, во Англија 4,8%, а во Германија се изјасниле 4,7%.
Какви половина жители, кави лаги и какви бакрачи. Перење на мозок, чисти глупости.

Изгуглајте бе европска статистика видете реалност, доста летате како Европа ја преплавиле нинџи.
Ti taka velis no Oland go misli sprotivnoto.;)
http://denesen.mk/web/2013/10/10/oland-poddrskata-na-ekstremnata-desnica-dolzi-na-stravot-od-ekonomskiot-pad-i-islamot/
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Нема јас што да мислам, си има луѓе платени за тоа да мислат и да водат статистика. Повели:
http://www.nationmaster.com/graph/rel_isl_per_mus-religion-islam-percentage-muslim
http://en.wikipedia.org/wiki/Islam_by_country

Плус и истражување за колкав пораст ќе се работи во следните 15 години:
MDII-graphics-webready-83.png

http://www.pewforum.org/2011/01/27/future-of-the-global-muslim-population-regional-europe/

Чиста пропаганда се води околу ова прашање, сосем спротивно од сите светски статистики и локални статистики.

Они нафта пијат незнаат каде и колку се зголемува, па така со скрстени раце седат и чекаат некој паметен од Македонија да им каже што им се случува.
 
Член од
21 декември 2011
Мислења
430
Поени од реакции
79
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
Извор препород исламске информативне новине :facepalm:
Затоа и немаат линкови до статистики во веста, зошто е булшит. Во Белгија се 6%, во Холандија 4,5%, во Англија 4,8%, а во Германија се изјасниле 4,7%.
Какви половина жители, кави лаги и какви бакрачи. Перење на мозок, чисти глупости.

Изгуглајте бе европска статистика видете реалност, доста летате како Европа ја преплавиле нинџи.

Прво требаше ти да изгуглаш и да видиш дека гласилото е едно од неколкуте на официјалната Исламска Заедница на БиХ. А потоа требаше да ја прочиташ веста посмирено за да разбереш дека таквите бројки излегле од некои аналитички центри токму од посочените земји, што не значи дека се точни, но во одредена мерка се гест на грижа поради наглиот наталитет на муслиманите и уште потрагичниот морталитет на немуслиманите.
Е дури после можеше да реагираш вака како што реагираше со бројки, проценти и некои други показатели.
--- надополнето: 20 октомври 2013 во 23:08 ---

Не бе каков Оланд, што знае тој, има да слушаш што ќе ти каже и напише Леандра.;)
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Прво требаше ти да изгуглаш и да видиш дека гласилото е едно од неколкуте на официјалната Исламска Заедница на БиХ. А потоа требаше да ја прочиташ веста посмирено за да разбереш дека таквите бројки излегле од некои аналитички центри токму од посочените земји, што не значи дека се точни, но во одредена мерка се гест на грижа поради наглиот наталитет на муслиманите и уште потрагичниот морталитет на немуслиманите.
Е дури после можеше да реагираш вака како што реагираше со бројки, проценти и некои други показатели.

Не бе каков Оланд, што знае тој, има да слушаш што ќе ти каже и напише Леандра.;)
Веста која ти ја стави е оваа:

London-Britanija je na pragu zabrane nošenja nikaba, hidžaba i parandže na javnim mjestima, izvještavaju agencije. Uz ovaj izvještaj prenose podatke o broju muslimana u Evropi,
pa tako navode da je za posljednjih 30 godina broj muslimana u Britaniji „skočio“ 30 puta, te da će u Francuskoj do 2027. godine svaki peti Francuz biti musliman. Također, upozoravaju da u Holandiji polovinu svih novorođenih čine Arapi te da će za 15 godina polovina Holanđana biti muslimani, kao i da u Belgiji već sada četvrtinu stanovništva čine muslimani.
Prema podacima federalne statističke službe Njemačke, zbog pada nataliteta među Nijemcima, veoma skoro zemlja će bilježiti znatan posrast muslimana.
Stručnjaci savjetuju da se treba oprezno odnositi prema takvoj statistici i navode da su to samo ocjene, jer je u većini evropskih zemalja zabranjeno da se prilikom sastavljanja statističkih pregleda postavljaju pitanja o religioznoj pripadnosti građana.

Ова Омер ага е ноторна глупост.
Имаш официјални статистики, прогледај.

Олан прави позадина да ве исклоца од Франција, зарем толку не ја сфаќате пропагандата која се води моментално со овие бројки кои ги пласирате? Таа загриженост на Оланд и утре на Меркел дали знаете што ќе ви донесе? Дали мислите дека таа пропаганда ќе ви направи нешто добро? Ќе видите и Оланд и Меркел после, мене секако ми одговора ова што се пласира.

Као со гз да размислувате бе аман.
 
Еј чудна жена е оваа Леандра.:( Прво, го напаѓа гласилото кое дава податок од некоја анализа изнесена во некој западен медиум, а потоа се упатува да ги анализира и лидерите на одредени земји зошто настапуваат со таква математика и кои се нивните позадини.

Леандра за претседател на Македонија!!!!!!!!! Нејзината разборитост и високи политички особености ќе не вивнат подалеку од Европа и светот. Гласајте за нашата Леандра! Вашата и иднината на Македонија се во нејзини раце! (y)
--- надополнето: 20 октомври 2013 во 23:50 ---
Jas ne mislam nisto eve vas vesnik
vasa statistika;)i ova neka bide kraj . zs sme van tema.

http://denesen.mk/web/2013/10/05/vomakedonija-godisno-umira-po-edna-naselba/

Апсолутно не сме ван тема, и написов во Денешен весник многу убаво го отсликува мубаетот кој постојано го вртиме низ темите на подфорумов,и на кој постојано наидуваме на потсмев и недоволно разбирање. Топло го препорачувам секој " напреден" и " цивилизиран" да го прочита и убаво да подразмисли за својата и состојбата на своите.

Ајде уште една мала провокација од исламски аспект, надвор од кампањата која ја води Владата.:)

Нашиот Пратеник Мухаммед а.с. рекол(парафразирам): " Раѓајте и множете се, јас пред другите ќе се гордеам со вашиот број!"
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Гласилото на муслимани кое го стави како извор, податоците од анализата ги преведа вака:
te da će u Francuskoj do 2027. godine svaki peti Francuz biti musliman. Također, upozoravaju da u Holandiji polovinu svih novorođenih čine Arapi te da će za 15 godina polovina Holanđana biti muslimani, kao i da u Belgiji već sada četvrtinu stanovništva čine muslimani.
Prema podacima federalne statističke službe Njemačke, zbog pada nataliteta među Nijemcima, veoma skoro zemlja će bilježiti znatan posrast muslimana.

Анализата у компарација со гласилото вели вака:
MDII-graphics-webready-83.png

Значи час по математика повторно. Ајде да повежбаме, ќе зарѓате иначе.

Имаш анализа за 2030 односно плус 17 години од сега. Гласилото муслиманско вели, во 2030 секој 5ти Французин би бил муслиман - анализата вели за да биде таа бројка треба процентот во 2030 да е колку, а не 10% ?

За Холандија во 2030 лажливото гласило вели: Половина од Холанѓаните ќе бидат муслимани - реалноста и анализата вели во 2030 ќе бидат 7.8% до 50% како што вели гласилово фалат колку проценти?

Во Белгија сега биле четвртина муслимани според гласилово: А денес во Белгија има 6%. Ако е четвртина треба да има 25% односно излагале за колку проценти?

За Германија не ни треба да правам муабет таму треба да ви е јасно дека Ве очекуваат со раширени раце и секако дека таму ќе се зголеми бројката драстично, исто како што досега се зголеми за колку проценти после 45та година?
 
M

Muranyi

Гостин
ИВЗ како извор и потпора на албанскиот национал-шовинизам.

ВИДЕО: Оџа од Гостивар ги повикал албанските верниците да бојкотираат се што е македонско

Зекрија Рушани имамот од Гостивар на петочната молитва изразил загриженост за моментната состојба во Македонија и ги повикал муслиманските верници да ги бојкотираат Македонците од сите аспекти, објави squip.republika. mk.

Тој побарал од нив да купуваат албански, наместо македонски производи и им порачал: „Не купувајте ништо од нив, бидејќи тие со ваши пари нè убиваат!“
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
@closse, @lleandra @Omer el Faruk ^^
забегавте скроз од тема
Дај леандра те молам отвори тема за статистики и да можеме тамо да пишуваме зш и јас имам што да кажам
--- надополнето: 21 октомври 2013 во 19:00 ---
СВЕТ | 21. ОКТОМВРИ 2013 - 8:44
Четворица загинати при напад пред коптска црква во Египет

Четири лица загинаа, а 18 други се ранети синоќа при напад врз учесници на свадбена церемонија пред коптска црква во предградие на египетскиот главен град Каиро, соопштија безбедносни извори.
Во соопштението се посочува дека двајца вооружени напаѓачи на мотоцикли отвориле оган од автоматско оружје врз гостите на свадбата во момент кога тие излегувале од црквата „Пресвета Богородица“ во предградието Вараа. Меѓу загинатите во нападот се и едно осумгодишно девојче и 70-годишна жена.
Напаѓачите неконтролирано пукале врз луѓето, тврдат очевидци.
Властите почнаа истрага за крвавиот напад, чии мотиви засега не се познати.
Според старешината на црквата „Пресвета Богородица“, вакво нешто се случува првпат во овој реон.
- Тоа е невообичаено за нашата заедница. Не знаеме во кого да се сомневаме, изјави отец Јустус.
Коптските христијани претставуваат 10 отсто од 85-милионското население во Египет и со векови мирно живеат со мнозинството сунитски муслимани. Но, по смената од власт на претседателот исламист Мохамед Морси од страна на армијата на 3 јули годинава, зачестија нападите врз црквите и припадници на коптската заедница. Исламистите ги обвинуваат коптите дека „го поддржаа превратот против Морси“.

http://www.sitel.com.mk/mk/chetvorica-zaginati-pri-napad-pred-koptska-crkva-vo-egipet
--- надополнето: 21 октомври 2013 во 19:02 ---
21 октомври 2013 - 08:14
Двајца христијански свештеници убиени во Кенија

Двајца христијански свештеници се убиени од непознати напаѓачи во два града на брегот на Кенија, две седмици по убиството на исламски проповедник осомничен за врски со екстремистите што предизвика безредија во градот Момбаса.

Како што пренесува AFP повикувајќи се на локални извори, настојникот на евангелистичката црква во Момбаса, Чарлс Матола бил пронајден во неделата со прострелна рана во главата, а о неговото безживотно тело лежел примерок од Библијата. Второто убиство се случило во текот на изминатиов викенд во градот Килифи, 60 километри северно од Момбаса. Во грмушки било пронајдено телото на мртвиот пастор на Источно-африканската црква на Пентекостите, Ебрахим Кидата.

Безредијата во вториот по големина кениски град Момбаса започнаа на почетокот од октомври, откако беше пронајден мртов исламскиот проповедник шејхот Инрахим Исмаил, осомничен дека е поврзан со исламистичките екстремисти коишто на 21-ви септември го извршија нападот врз трговскиот центар Westgate во кениската престолнина Најроби кога загинаа 67 луѓе.
По традиционалната петочна молитва во којашто служел Исмаел, се одржаа протести со коишто се бараше да се откријат и да се казнат убијците. Обвинувања беа упатени кон безбедносните служби, дека наводно се одмаздувале за нападот во Најроби. Подоцна протестот прерасна во насилни безредија, при што полицијата употреби солзавец за растерување на толпата. Притоа еден човек загина од прострелна рана, а други тројца од повреди здобиени со студено оружје.

http://makfax.com.mk/321053/dvajca_hristijanski_sveshtenici_ubieni_vo_kenija
--- надополнето: 21 октомври 2013 во 19:02 ---
Во самоубиствен напад во Багдад загинаа повеќе од 55 лица

Во самоубиствен бомбашки напад синоќа загинаа најмалку 55 загинати. Нападот се случил врз еден угостителски објект во Багдад, а речиси истовремено со овој инцидент експлодира и претходно поставена рачно изработена бомба.

Врз угостителскиот објект, и околните продавници е нанесена голема материјална штета.

Овој багдатски кварт Амил , е главно населен со шиити.

http://maxim.mk/vo-samoubistven-napad-vo-bagdad-zaginaa-povekje-od-55-lica
--- надополнето: 21 октомври 2013 во 19:03 ---
Исламисти од Германија се приклучуваат во војната во Сирија
Дамаск, 21. октомври 2013 (ИНПРЕС)
извор: Шпигел фото: архива
Околу 200 исламисти од Германија отпатува за Сирија да учествуваат во војната на страната на бунтовниците, пишува германскиот весник Шпигел.

Дел од милитантите веќе пристигна во Сирија, некои наскоро ќе пристигнат. Исламистите се повеќето од државата Северна Рајна - Вестфалија. Исламистите од Германија ќе се приклучат на „германскиот камп" во северниот дел на Сирија.
Вкупниот број на исламисти од европските земји кои влегоа во војна во Сирија се проценува на околу илјада

http://www.inpress.com.mk/default.asp?ItemID=3E34DC5CB154234EBAD4CEC7AA2CA7D1
--- надополнето: 21 октомври 2013 во 19:06 ---
извор: Reuters
20 октомври 2013 - 22:58
Во бомбашки напад во кафеана 38 мртви во Багдад

Бомбаш самоубиец возејќи минибус се разнел пред кафеана во доминантно шиитскиот кварт Ал-Амила во ирачката престолнина Багдад,, убивајќи притоа најмалку 38 луѓе и ранувајќи повеќе од 50, соопштија полициски и болнички извори.

„Локалот беше преполн со луѓе кои следеа фудбалски натпревар, додека други пушеа наргиле кога минибусот мина преку тротоарот и експлодираше на самиот влез од кафеаната", изјави за Reuters Али Махди, полицаец од патролата којашто била во близина на местото на нападот.

„Луѓето во кафеаната помислија дека возачот е пијан с додека детонацијата не ги разнесе прекривајќи го подот со делови од човечки теле", додал Махди.

Иако за овој напад сѐ уште никој ја нема преземено одговорноста, сунитските бунтовници поврзани со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда во повеќе наврати вршат терористички напади во шиитските населби во Ирак, особено напаѓајќи локали, апзарио, шиитски џамии и фудбалски игралишта.

Смртоносни напади во неделата имали и во други градови низ Ирак, во кои се убиени уште најмалку 15 луѓе, а повеќе десетици се ранети.

Според ирачки медицински извори, повеќе од 350 луѓе ги загубиле животите во насилствата од почетокот на октомври.

Според Обединетите нации, 1.057 Ирачани, од кои 928 цивили, се убиени а 2.326 се ранети во терористичките напади во јули, најсмртоносниот месец од 2008 години кога стивна меѓусекташкото насилство кое во периодот од 2006 до 2007 година ја доведоа земјата до работ на граѓанска војна. Според ОН, речиси илјада луѓе се убиени и повеќе две илјади се ранети во насилствата во септември. Истиот извор наведува дека во секташките насилства од почетокот на 2013 година се убиени повеќе од 7.000 луѓе.

Новиот бран насилства во Ирак започна на 23-ти април кога безбедносните сили се судрија со милитантите и сунитските антивладини демонстранти, во неколку градови како Рамади и Хавиџа во близина на Киркук.

Според процените, сегашните напори на ирачките безбедносни сили да му стават крај на насилството, најголеми по повлекувањето на американските единици во 2011 година, нема да дадат резултат, бидејќи не е начната сржта на проблемот. Аналитичарите и странските дипломати, сметаат дека насилството произлегува од чувството на незадоволство кај сунитското малцинство кое смета дека е искористено во шиитското мнозинство кое сега ја контролира власта во земјата, што придонесува со привлекување нови борци.

Некои групи од сунитите, коишто во времето на диктаторот Садам Хусеин ја држеа власта, коишто на државно ниво се малцинство со 33 отсто наспроти 66 проценти шиити, се блиски со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда и вршат напади врз припадници на шиитското мнозинство, врз ирачките безбедносни сили, како и врз сунитските прозападни политичари.

Најновите напади во Ирак се поврзани со големата историска нетрпеливост меѓу двете најголеми верски заедници во земјата, шиитите и сунитите. Екстремистичките групи во Ирак ги засилија нападите за да ја дестабилизираат власта на премиерот Нури ал-Малики, во време на одржувањето на кампањата за локалните избори што се одржаа годинава, први по заминувањето на американските сили од земјата. Неговата влада влезе во жесток судир со милитантите, особено по подобрувањето на односите меѓу Багдад и Техеран каде што мнозинство, исто така, се шиитските муслимани, а Малики зазема неутрален став и во однос на граѓанската војна во соседна Сирија каде што сунитските опозициски бунтовници две години се борат да го соборат од власта претседателот Башар ал-Асад кој е припадник на малцинските алавити (органок на шиитскиот ислам).

http://makfax.com.mk/321048/vo_bombashki_napad_vo_kafeana_38_mrtvi_vo_bagdad
--- надополнето: 21 октомври 2013 во 19:08 ---
20 октомври 2013 - 23:25
Во Нигерија 19 мртви во напад на Боко Харам

Деветнаесет луѓе се убиени во напад во неделата изведен од исламистичката група Боко Харам, чии припадници биле облечени во униформи на нигериската армија, којашто е сѐ уште активна во североисточниот дел од земјата и покрај големата офанзива на армијата.

http://makfax.com.mk/321049/vo_nigerija_19_mrtvi_vo_napad_na_boko_haram

Датум: 20.10.2013, 17:01
KОСОВСКИ „ЕКСПРЕС“

ВО СИРИЈА ВОЈУВААТ ПОВЕЌЕ ОД 100 МЛАДИ KОСОВЦИ

http://dnevnik.mk/?ItemID=D3E9464C93E0B84883776C1BDC934DBD
 
S

Sagan

Гостин
Терористички напад во Волгоград: експлозија во автобус

20:11 21 октомври 2013

Најмалку шестмина загинаа и неколку десетици се ранети во терористички напад на бомбаш-самоубиец во Волгоград. Според првичните информации, 30-годишна жена, која неодамна го прифатила исламот, го активирала експлозивот во градски автобус.
Во првите моменти како причина за експлозијата се спомнувал плинскиот уред. Меѓутоа, покасно се дозна дека автобусот немал погон на гас, туку на дизел. Освен тоа, во текот на прегледот на местото на трагедијата пронајдена е граната под каросеријата на автобусот.
Сите автобуси од градскиот превоз во Волгоград се повлечени од сообраќај поради детален преглед. Во градот има голема сообраќајна гужва, автомобили формираат километарски колони. Истражниот комитет покрена судска постапка во која извршителите се обвинуваат за „тероризам“, „убиство“ и „незаконски обрт со оружје“.
Во Волгоградската област е прогласена тридневна жалост која започнува од 22 октомври.
http://ruskarec.mk/news/2013/10/21/teroristicki_napad_vo_volgograd_eksplozija_vo_avtobus_27443.html

Истражителите утврдија дека жената која го извршила нападот, е сопруга на екстремистички лидер од Дагестан.
Во терористички напад во градот Волгоград на југот на Русија, најмалку шест лица загинаа, а 32 се повредени, кога експлодирал автобус, пишуваат руските медиуми.
Како што соопшти полицијата, жената бомбаш-самоубиец го активирала експлозивот. Истражниот комитет ја идентификуваше жената која го изврши нападот. Станува збор за Наида Сираџудиновној од Дагестан која има 31 година.
Прелиминарните резултати на истрагата покажуваат дека осомничената неодамна преминала во ислам и дека станува збор за екстремистички лидер.
Според очевидците, експлозијата се случила на средината на автобусот, каде се наоѓале околу 40 патници, главно млади.
Од 20 повредени, седум се во тешка состојба, а Министерството за вонредни ситуации соопшти дека е подготвено да испрати хеликоптери кои би ги префрлиле повредените до болница во Москва ако тоа биде потребно.

Никој се уште нема преземено одговорност за нападот, но Ројтерс наведува дека најверојатно станува збор за напад од исламистички екстремист од северот на Кавказ. Порано Интерфакс извести, повикувајќи се на неименуван извор во полицијата, дека на местото на експлозијата најдени се делови од експлозивна направа.
Руските медиуми соопштуваат дека на местото на експлозијата работат деминери. Истражната комисија на Русија покрена обвинение за „убиство на две и повеќе лица„, но претставникот на прес службата ИКР рече дека обвинението може да се измени.
 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
Гласилото на муслимани кое го стави како извор, податоците од анализата ги преведа вака:
te da će u Francuskoj do 2027. godine svaki peti Francuz biti musliman. Također, upozoravaju da u Holandiji polovinu svih novorođenih čine Arapi te da će za 15 godina polovina Holanđana biti muslimani, kao i da u Belgiji već sada četvrtinu stanovništva čine muslimani.
Prema podacima federalne statističke službe Njemačke, zbog pada nataliteta među Nijemcima, veoma skoro zemlja će bilježiti znatan posrast muslimana.

Анализата у компарација со гласилото вели вака:
Прегледај го приврзокот 74976

Значи час по математика повторно. Ајде да повежбаме, ќе зарѓате иначе.

Имаш анализа за 2030 односно плус 17 години од сега. Гласилото муслиманско вели, во 2030 секој 5ти Французин би бил муслиман - анализата вели за да биде таа бројка треба процентот во 2030 да е колку, а не 10% ?

За Холандија во 2030 лажливото гласило вели: Половина од Холанѓаните ќе бидат муслимани - реалноста и анализата вели во 2030 ќе бидат 7.8% до 50% како што вели гласилово фалат колку проценти?

Во Белгија сега биле четвртина муслимани според гласилово: А денес во Белгија има 6%. Ако е четвртина треба да има 25% односно излагале за колку проценти?

За Германија не ни треба да правам муабет таму треба да ви е јасно дека Ве очекуваат со раширени раце и секако дека таму ќе се зголеми бројката драстично, исто како што досега се зголеми за колку проценти после 45та година?

Џабе ти е кога и самата знаеш дека твојата раса е на изумирање. Додека ти триеш коленици некој си раѓа потомство и тоа во доста голем број.:P И нормално единствено ти преостанува да се тешиш со твојата бајата математика, да не речам фосилна на која никој повеќе не и верува. Зошто? Затоа што иднината му припаѓа на Исламот! Помири се душо, одложи го оружјето и нафати се на правње деца,.... тоа ти е спасот.;)

Еве ти мотив плус за тоа:

http://www.sandzaklive.rs/index.php/kategorija-svijet-religija/2911-pogledajte-broj-muslimana-u-svijetu-vrtoglavo-raste-video

СУЛТАНОТ НА БРУНЕИ ДЕНЕСКА ГО ВОВЕДЕ ИСЛАМСКИОТ ЗАКОН - ШЕРИЈАТ

Богатата земја со нафта постана прва во Југоисточна Азија која ова го направи на национално ниво. За повеќе тука:

http://www.sandzaklive.rs/index.php/kategorija-svijet-religija/2936-sultan-bruneja-uveo-je-danas-islamski-zakon-serijat
 
Колку простачки одговор, срам ми е што воопшто почнав за статистика да дискутирам со тебе. Ти елементарно познавање немаш, извини да продолжиме за петагата.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.033
Поени од реакции
83.466
Обезглавени поради љубов пред брак

Млада љубовна двојка била пронајдена на југот на Авганистан, откако имале љубовна афера пред брак, изјавиле денес локалните власти.

Полицијата претпоставува дека семејството на младата жена, на возраст од околу дваесетина години, е одговорно за убиството на љубовната двојка во провинцијата Хелманд каде талибанците спроведуваат строг шеријатски закон.
Постариот брат на љубовникот, кој исто така имал дваесетина години, на полицијата ѝ изјавил дека младата жена неодамна побегнала со неговиот брат и дека тие живееле во нивната семејна куќа, а дека неговиот брат ја сакал и сакале да се венчаат, пренесува Франс прес.
Пред два дена десетина мажи провалиле во куќата во близина на градот Лашкар Гах и ги киднапирале двајцата, за утредента локалните жители да пријават дека ги пронашле телата на гробиштата.
„Ние отидовме таму веднаш по пријавата и ги најдовме телата. И двете беа обезглавени. Со истрагата дознавме дека имале љубовна афера. Веруваме дека семејството на девојката е одговорно за убиствата“, истакнал претставникот на полицијата Мохамад Исмал Хотак.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.033
Поени од реакции
83.466
Балкан
Косовски исламист повикува на џихад
Повеќе од 150 џихадиски од Косово се борат во Сирија. Меѓу нив е Абу Абдулах ел Косови, кој ги повикува другите на борба во „сириските ровови„. „Најголемото задоволство во животот е џихадот„ вели Ел Косови во видеото кое го емитуваше Ал Каеда

Џихадист од Косово неодамна се појави на видео снимка „Исламската држава Ирак и Левант„ една од двете гранки на Ал Каеда во Сирија, во кое се промовира џихадот и поттикнува други да се борат во земјата, пишува Радио Телевизија Србија

Зборовите на косовскиот џихадист објавени се само една недела пред веста, дека повеќе од илјада Европејци, вклучувајќи и 150 од Косово, моментално се борат во Сирија.
Косовскиот џихадист, познат како Абу Абдулах ел Косови, се обраќа на својот мајчин јазик, од Азаз кај Алеп.
-Најголемо задоволство во животот е џихадот - вели Ел Косови, молејќи ги муслиманите во Европа и ширум светот да ги остават по страна западните задоволства и да се борат во сириските ровови.
-Исламската држава Ирак и Левант и порано емитуваше говори на борци од Кина, Саудиска Арабија, Тунис и Казахстан.
Пропагандата на таа терористичка група настојува да привлече потенцијални регрути од најразлични националности, вклучувајќи ги и оние надвор од Блискиот исток.
Групата на Ал Каеда печатеше на англиски јазик плакати со наслови како „добрата страна на џихадот„, „добрата страна на пукањето„ и „изведување на човештвото на вистинскиот пат„.
Ал Нусра, другата главна гранка на Ал Каеда во Сирија, исто така промовираше џихадисти надвор од Истокот.
Во пропагандите на Ал Нусра се појавуваат џихадисти од САД, Германија, Холандија, Турција, Израел, Палестина, Алжир и Тунис.
Дури и западњаците служеле како самоубијци во Ал Нусра. Неодамна џихадистите тврделе дека еден Французин извршил самоубиствен напад за Ал Нусра.

Европејците се придржуваат на борбите во Сирија

Известувачките функционери се повеќе се загрижени дека западните муслимани стануваат радикални во Сирија.
Безбедносните функционери проценуваат дека околу илјада волонтери џихадисти од Европа сега се во Сирија-во споредба со само 250, колку ги имало на крајот на 2012.
Според податоците, околу 90 доаѓаат од Велика Британија, 120 од Белгија, 50 од Данска и околу 150 од Косово.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom