Верна Фаланга

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780

Македонските репрезентации во сите спортови, по примерот на сите поголеми европски земји, ќе добијат своја навивачка група, односно навивачки клуб. Македонскиот центар за културен развој како дел од проектот „Здрав спорт за здраво општество“ формира навивачки клуб за сите репрезентации кој ќе го носи името „Верна Фаланга“.

-Го промовираме навивачкиот клуб на македонските репрезентации како врвно организирана форма која на европски и светски начин ќе го организира и раководи навивањето за националните репрезентации. Досега не сме имале ваков навивачки клуб, имале поединечните клубови свои фан групи, но ова на државно ниво е една официјална организација. Очекуваме во нередниот период „Верна Фаланга“ да ги обедини сите верни фанови во Македонија, вели Нелко Нелковски претседател на МЦКР.

„Верна Фаланга“ ќе се залага за почитување на спортскиот противник и за навивање без насилство, национализам, расизам и сите видови дискриминација. Секој граѓанин на Република Македонија може да биде член на овој навивачки клуб со тоа што ќе потпише пристапница. Годишната чланарина за навивачите од Македонија ќе биде 900 денари, додека за Македонците надвор нашата држава ќе биде 25 евра.

Секој член на „Верна Фаланга“ ќе добие електронска членска картичка и низа поволности при посета на спортски натпревари во земјава и во странство, како и бесплатни билети и билети со попуст, а ќе бидат дел од организирани патувања со македонските репрезентации.

Инаку, во проектот на МКЦР „Здрав спорт за здраво општество“ има 13 подпроекти меѓу кои се „Ден на спортот во Македонија“, потоа кампањата „Одиме на спортски натпревар“, „Совет на навивачките групи во Македонија“ и други.

Повеќе информации за „Верна Фаланга“ можете да најдете ТУКА
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Се убаво, но не ми се допаѓа амблемот... а богами нити името.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.162
Поени од реакции
15.952
Чекај сега, нели рисови ќе бевме?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Не сум сигурен зошто ми се створа одбивност кон одење на репрезентативните мечеви.
Дали дека овие проекти ме потсетуваат на владините проекти од стилот на Скопје 2014, или дека ќе доведат до фантастична атмосфера како на ракометните мечеви на Металург се тоа преставено од Бекстејџ и од Баснарков од Нова Македонија :unsure:
 
А

Атомската мравка

Гостин
Дабари да не станавме ? мене на дабар ми личи ова на првата слика :D

1.jpg

Вакви владини проекти ме одвраќаат од активно навивање за репрезентацијата. Само Вардар...
Има вистина во ова, 90% од членовите на групата (додадени од авторот на истата) се месни комитети на владеачката партија што уште во старт отвара причина за поделба и (не)успех на идејава безразлика колку е добра истата..
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Ајдеее, најдоа и на ова да цицаат пари. Глупости живи, ваљда не е нашиов народ толку глуп за ова да успее...
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
хахахахахахахахахахахахахахахахахахахахаха
Смеј му се на тој што го „смислил“ ова :)

Се смеам јас од првиот ден кога разбрав дека сме фаланга, рисови, лавови и слично :D
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
А бе јас се смеам на тоа дека репрезентативците се рисови :pos:а навивачите фаланга. Или сме едно или сме друго. Ај ако не дајте имиња и за женските навијачки и репрезентативки. :pos:
Не ти се смеам на тебе бреј.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.614
Поени од реакции
10.862
Не сум политички определен, така да не фала.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom