Великани

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Замислата е да се соберат сите оние луѓе, на кои им должиме што сме стигнале на ова ниво, на едно место. Значи од философи, до физичари, до лекари, па скулптори, математичари, астрономи... и сите оние кои нешто вредат. За да се запази редот ќе ве молам проверувајте ја точноста на вашите податоци на википедија и за да биде естетски да почнеме од најрано доба со старогрчките астрономи и философи, па се до ден денешен.
Тоа што можам ќе преведувам а целосните статии ќе ги копирам директно.
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Анаксисмандар

Анаксисмандар (околу 610 п.н.е. – околу 546 п.н.е.), бил вториот од физичките философи на Јонија, граѓанин на Милет, придружник или ученик на Талес, и учител на Анаксимен.

Анаксимандар се смета за ученик на Талес. Прв составил географска карта и карта на небото, конструирал часовник. Според него земјата е цилиндар кој е висок како третина од својата ширина и лебди во центарот на вселената. Според него околу земјата се движат ѕвездите, планетите, сонцето и месечината. Сметал дека човекот потекнувал од риба. Тој сметал дека праосновата на светот е апејронот, што на грчки значи она бесконечното, неопределеното и безграничното. Имено, апејронот содржи два пара спротивности; топло и студено, суво и влажно. Анаксимандар сметал дека кога ќе се спои топлото со сувото настанува огнот, топлото и влажното даваат воздух, студеното и влажното раѓа вода, а студеното и сувото - земја. Од своја страна, овие четири изведени елементи служат како материјал од којшто се создава сѐ; што постои и може да постои. Анаксимандар сметал дека она од што настануваат стварите - во тоа според нужноста настанува и нивната пропаст, зашто тие една од друга трпат казна поради својата несправедливост според редот на времето.

*клучните работи, подцртувајте ги.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom