Велешанец си ги силувал трите ќерки

Член од
29 август 2008
Мислења
255
Поени од реакции
23
Јас сум бе брат против смртната казна....ИМАШ НЕШТО ПРОТИВ?!
Дали можете барем малку да се прочитате себеси и да размислите што пишувате?! Немојте само да мислите дека го бранам злосторникот (му мислам се најлошо) а најголема казна за него нема и неможе да биде смртна казна, туку тој треба да живее со она што го сторил и ако барем малку има човечко во него не треба воопшто да го егзекутираме туку тој самиот ќе се убие.
Потполно се согласувам со вас дека ваквите злосторства треба да се казнуваат ама дека треба за тоа да убиваме тоа воопшто неможам да го разберам. Личноста која сака друг да лиши од живот според мене неможе да биде разумно битие туку животно (колку и да сте навредени). Не му посакувам на никого лошо ниту пак да се најде во ситуација кога некој ќе ви суди за вашиот живот. А може да ви суди без разлика дали сте биле злосторник или пак случаен соучесник во некој немил настан. Недај боже да му стапнете на жуљ некому кој така размислува како вас......КАДЕ БИ НИ БИЛ КРАЈОТ?!
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
...секое чудо за три дена....новинарите ќе дигнат узбуна....некој од надлежните ќе изреагира....по неколку недели случајот ќе се заборави....а девојчињата се тие кои ќе патат целиот свој живот....

....ваквите случаи треба да ги решаваат институциите на системот....но не од кога ќе протечат во јавност....туку превентивно.....кај нас институциите на системот воопшто не си ја вршат работата....надлежните седат по канцеларии....земаат плата и ги ги малтретираат граѓаните со непотребни бирократски правила.....а кога треба да излезат на терен....никаде ги нема...

....психолозите во училиштата постојат само фигуративно....а во многу училишта воопшто и ги нема....
...матичните лекари не треба само да ги санираат можните последици од повреди или болест....туку треба и превентивно да делуваат...и да се грижат за психофизичкиот развој на детето

...доколку сите надлежни добро би ја вршеле својата работа....ова не би се случило....можеби најстарото девојче би било жртва....но би се спасиле останатите две

...сега било која казна е излишна...ниту една казна нема да им го врати детството на овие девојчиња ниту пак ќе им овозможи нормален живот и ресоцијализација....не е виновен само таткото....туку и целиот систем....целото опшество....

....и наместо да смислуваме казна за таткото....треба да се потрудиме....како поединци и опшество....да не дозволиме во иднина вакви и слични случаи да се повторат....
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Дневно на улица, минуваме покрај минимум 10 педофили. Сетете се само колку пати сте почувствувале врз себе тежок поглед што ве следи додека одите, или некоја битанга што се ѕвери во вас. Проблемот е суштински голем, расчленет во илјадници семејства, каде мајките секоја ноќ легнуваат во креветот на силувач, а не се ни свесни за тоа. Не сум сигурна дали некогаш ќе има некаков спас од изопачените умови, но сакам психолозите да се потрудат на сите нас да ни достават некој просечен профил на педофил, понатаму, да ги истражуваат причините што довеле до таа состојба. Да се апелира пожестоко, да сите кои се во ситуација некогаш да биле силувани, злоставувани или да знаат таков случај, да го пријават. Општеството мора да биде едно и единствено во врска со ваквите монструозни злодела.

--- надополнето ---

Скопје 26.08.2010

До
Медиумите во Република Македонија

Предмет Реакција по повод последниот случај на родосквернавење од страна на таткото од Велес врз неговите три ќерки

Првата детска амбасада во светот Меѓаши во врска со последниот случај на родосквернавење од страна на таткото од Велес врз неговите три ќерки ги контактираше Центарот за социјална работа (ЦСР) – Велес и Секретаријатот за внатрешни работи (СВР) – Велес. Од страна на директорката на ЦСР – Велес бевме известени дека ова семејство до сега не било евидентирано кај нив, а за подетални информации не упати да се обратиме писмено. Од СВР – Велес добивме информација дека осомничениот е приведен од нивна страна, обавен е разговор во соработка со ЦСР, со сопругата на осомничениот и со девојчињата во самите простории на ЦСР. Гинеколошките наоди покажуваат дека кај девојчињата се пронајдени знаци кои укажуваат на дефлорација која датира од порано. Пријавениот е задржан во полиција, ќе биде изведен пред истражен судија и ќе се побара изрекување на мерка притвор. Воедно ќе биде поднесена и кривична пријава за родосквернавење и семејно насилство.

Децата не треба да бидат вратени во семејството затоа што во вакви случаи под притисок на најблиските како и недоволно разбирање за состојбата во која се нашле, многу често децата ги менуваат изјавите. Затоа бараме децата да бидат згрижени во згрижувачко семејство.

Детската амбасада Меѓаши повторно повикува на најстрога казна за таткото силувач, а воедно ги повикува и надлежните институции да не ја исклучуваат можноста за соучество на мајката во ова кривично дело. Доколку мајката знаела и ја одобрувала сексуалната злоупотреба на трите девојчиња бараме одземање на родителското право на двајцата родители и нејзино казнување доколку не го пријавила случајот.

Во вакви ситуации потребно е децата да бидат ставени во специјализирано прифатилиште за деца жртви на сексуална злоупотреба, кое ќе работи 24 часа. Децата жртви треба да добијат основни услови за закрепнување, рехабилитација, ресоцијализација и реинтеграција во заедницата. Престојот во ова прифатилиште треба да е од привремен карактер, што значи дека треба да се развијат форми на специјални семејства за згрижување на овие деца.

Воедно ги замолуваме новинарите да посветет посебно внимание на заштитата на личните податоци на децата што е од важност за почитувањето на интегритетот и идентитетот на детето жртва.

Голема улога во заштита и превенција на децата од сексуална злоупотреба и педофилија имаат граѓаните и најблиските. Тие доколу навремено го пријават насилството можат многу да помогнат насилникот на време да се притвори или на време да се спречи насилството врз децата од страна на член на семејството.

Потсетуваме дека Центарот за социјална работа сознанијата дека над некое лице е сторено семејно насилство, ги добива од граѓани, службени и правни лица, кои се должни без одлагање да го известат Центарот за таквите сознанија. Во Законот за семејство стои дека Глоба во износ од 500 до 1000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на физичко лице што нема да постапи согласно со наведените обврски од членот 94-г став 3 на овој закон.
Глоба во износ од 3000 до 5000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок и на правно лице што нема да постапи согласно со обврските од членот 94-г став 3 на овој закон.

Центрите за социјална работа треба да се присутни на терен и да имаат увид во сите дисфункционални семејства, семејства во ризик, семејства со тешка социјална структура како превенција од насилството и злоупотребата на децата. Социјалните работници треба навреме да им го одземат родителското право на родителите што се силувачи или на родителите што ги злоупотребуваат децата. Државните институции ја преземат одговорноста за сигурноста и за здравјето на децата секогаш кога тоа не го добиваат од родителите. Државата мора да се мобилизира и да ја прими пораката дека не се сите родители по автоматизам и одговорни родители.
Детската амбасада Меѓаши потсетува дека треба да се посвети внимание на децата жртви на сексуална злоупотреба и давање изјави од нивна страна по неколку пати. Не треба да се дозволи детето да дава изјави во полиција, во Центрите за социјална работа, па во судовите. Тоа треба да даде само една изјава, бидејќи секое навраќање на чинот на насилството е дополнително малтретирање за детето.

Апелираме до институциите на системот да бидат внимателни кон децата жртви на сексуална злоупотреба. Влегувањето на постапката кај надлежните институции ако е несоодветно и непрофесионално изведена или ако на пример детето повторно се соочува со силувачот - тоа претставува повторување на насилството, само што во овој случај освен преживеаното сексуално насилство детето трпи психичко насилство и од самата институција, односно од поедини стручни лица вклучени во постапката.

Воедно ги охрабруваме децата и возрасните да не молчат за насилството и да го пријавуваат во најблиските полициски станици или на СОС телефонот за деца и 0 800 1 2222 при Првата детска амбасада во светот Меѓаши.

До сега Детската амбасада Меѓаши повеќепати има регирано, барано одговорност за случаите на сексуална злоупотреба врз децата и педофилија како и барање за зголемување на казните за силувачите на децата. Сепак и покрај се почестото откривање и приведување на педофилите од страна на полицијата и направените промени во Кривичниот Законик кои овозможуваат далеку построги казни, очигледно е дека и репресивната мерка не доведува до намалување на случаите на сексуална злоупотреба на децата.
Последниот грозоморен случај на континуирано силување на таткото од Велес врз неговите три ќерки покажува дека постои отсуство на функционална заштита на децата.


Во прилог Ви доставуваме Нацрт-кодекс кој беше изработен од страна на новинарите на Тренинзите за новинари за правата на детето со акцент за заштита на децата од сексуална злоупотреба и педофилија за тоа како треба да се известува во случаи каде децата се жртви на сексуална злупотреба и педофилија.
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Јас сум бе брат против смртната казна....ИМАШ НЕШТО ПРОТИВ?!
Дали можете барем малку да се прочитате себеси и да размислите што пишувате?! Немојте само да мислите дека го бранам злосторникот (му мислам се најлошо) а најголема казна за него нема и неможе да биде смртна казна, туку тој треба да живее со она што го сторил и ако барем малку има човечко во него не треба воопшто да го егзекутираме туку тој самиот ќе се убие.
Потполно се согласувам со вас дека ваквите злосторства треба да се казнуваат ама дека треба за тоа да убиваме тоа воопшто неможам да го разберам. Личноста која сака друг да лиши од живот според мене неможе да биде разумно битие туку животно (колку и да сте навредени). Не му посакувам на никого лошо ниту пак да се најде во ситуација кога некој ќе ви суди за вашиот живот. А може да ви суди без разлика дали сте биле злосторник или пак случаен соучесник во некој немил настан. Недај боже да му стапнете на жуљ некому кој така размислува како вас......КАДЕ БИ НИ БИЛ КРАЈОТ?!

Види,ако веке не се воведе таа казна злосторниците ке продолжат да силуваат,да убиваат невини луге, и свашта...
Ако тоа не се воведе тогаш кај би им бил крајот на криминалците.Тоа братче што го сторил "човекот"е неопростиво.Не може туку тек така да помине.
Човечко во него нема,тој човек можам да го наречам монструм и ништо повеке,ама кога би размислувала подобро ниту тој збор нема да му одговара.
Ке судиме овде на форумот,целта е да развиеме дискусија.А секако дека ние за тоа не одлучуваме туку институциите за кој се сомневам дека ке превземат мерки.
Не е прв пат ова да се случи,а сигурно не и последен пат.
Светот врие од болен народ,ако некој не ги научи на памет како што треба, тогаш никаде не стигаме.
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.391
Поени од реакции
21.943
За овој треба доживотен затвор...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.683
Ми се повраќа кога ја прочитав веста...
И дефинитвно сум за смртна казна за ваквите општествени ликови. Ова не е нормално, и мора да се казни со најстрога казна. Како би било изведено тоа незнам... Не е хумано да се мучи на електрична столица, па едно стрелање би било поприфатливо решение:)
 
С

Спенсер

Гостин
кретен... смртна казна?? не... можете да замислите што ке му прават во затвор кога ке дознаат за што е затворен...
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
Бре бре, цел потомок на Ханибал е тука.... дур не подпораснат малце нека престои во Демир Хисар(душевна болница), а потоа неговите деца нека пресудат за него.
Што и да посакаат да му се нанесе нека им се овозможни.... крај на муабет.

--- надополнето ---

иначе актот е грозоморен.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
255
Поени од реакции
23
Види,ако веке не се воведе таа казна злосторниците ке продолжат да силуваат,да убиваат невини луге, и свашта...
Ако тоа не се воведе тогаш кај би им бил крајот на криминалците.Тоа братче што го сторил "човекот"е неопростиво.Не може туку тек така да помине.
Човечко во него нема,тој човек можам да го наречам монструм и ништо повеке,ама кога би размислувала подобро ниту тој збор нема да му одговара.
Ке судиме овде на форумот,целта е да развиеме дискусија.А секако дека ние за тоа не одлучуваме туку институциите за кој се сомневам дека ке превземат мерки.
Не е прв пат ова да се случи,а сигурно не и последен пат.
Светот врие од болен народ,ако некој не ги научи на памет како што треба, тогаш никаде не стигаме.
Леле мори мајко што сум запнал јас еден спрема сите. Луѓе не велам дека злосторникот не треба да се казни ама вие 99% се изјаснувате за смртна казна. Луѓе па вие се враќате во феудалното општество и за вас и Македонија како "институција" не како држава е многу. Како запнал Грујо и смртна казна ќе воведе а може да му се оствари кога има подоста вакви што размислуваат како вас. Размислувајте со умот кога го изрекувате зборот вие сте тогаш УБИЈЦИ, и не постои друг збор за лишување некого од живот. Лудакот треба да биде во лудница, крадецот и убиецот во затвор а болниот во болница и тоа се тие институции кои треба да бидат првите кои ќе реагираат. Тоа што кај нас ништо не функционира тоа е веќе друг проблем дури и поголем од еден педофил. Затоа што покрај еден се раѓа и друг. Покрај крадец може да живее само друг крадец и покрај убиец во живот може да опстане само друг убиец. Господа живеевме во социјализмот кој што не ви чинеше ама за разлика од ова болно општество какво што е капитализмот во него немаше толку убиства, силувања, кражби и разбојништва. На капитализмот како општество му одговара да има вакви болни умови (таканаречени зомби) на кои им е испран мозокот и кои можат многу лесно да се контролираат, сега засега индирекно ама нема да помине многу време кога и дирекно ќе бидеме контролирани од поединци во чии очи сме само бројки.
И затоа ќе ве замолам немојте да го споменувате зборот затоа што во тој момент вие веќе не сте луѓе. Убеден сум дека многумина од вас се помлади од мене и немаат деца. Чувтсвото дека си родител е единствено и не постојат зборови да се објасни тоа. Што се случило со човекот навистина незнам ама верувам дека тој тоа чувство го изгубил затоа што е болен. Таков злочин може да направи само алкохоличар, умствено болен човек т.е. психопата. А психопатијата веќе навелико е раширена во нашето општество па затоа и имаме често вакви вести.
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
Овој случај, освен тоа што докажува дека има психопати и дека сето она што го гледаме на филмови ни се случува секој пат кога ќе излеземе на улица, докажува и уште една многу битна работа: децата во Македонија не се заштитени. Внимателно гледајте едни вести во денот и ќе ви се згади од тоа што го гледате - сопругата го отрула и искасапила сопругот, и се греела на него цела зима, сериски убијци на секој чекор, и минимум 3 силувања, родител го силувал детето, комшиското дете или двете одеднаш.

Зошто, барем еднаш, не се отвори кај нас прашањето за безбедноста на децата наместо надлежните да не бидат преокупирани со: скулптури, скулптури на коњи, долгогодишното бескрајно решавање на името, секојдневни провокации кон нив и не почнат да се однесуваат повозрасно од дете на возраст второ према трето одделение (летото)?

За тие 3 деца за да бидат силувани со години потребно е барем неколку луѓе да знаат. Што, мајката нафта пиела и не ги избањала децата и не приметила ништо чудно? Или, е ретардирана? Дете што е силувано неможе да се однесува како дете кое не е силувано, има страв и не е отворено кон надворешниот свет. И роднините и пријателите (сигурно не ги држел во карантин!) го приметиле тоа, затоа што за така да се однесува мало дете или има психички проблем или нешто му се случило. Прашањето е, зошто никој не реагирал 6 години? Или пак можеби реагирале, но никој не превземал мерки?

Еве што се случи пред извесно време, можеби не станува збор за сексуално силување, но е криминално дело нанесување на тешки телесни повреди врз мало дете на возраст од 9 години.
Детето е веќе 6 години тепано од страна на неговата мајка (со дијагноза шизофреничар кој одбива медицинска помош и не прима никакви лекарства) и му се нанесени тешки телесни повреди, хоспитализирано е поради пукнатина на череп, неколку пати искршени коските на рацете и прстите, и детето секојдневно прима закани за тоа како е одговорно за главоболката на мајката и како таа "со секира ќе му ја пресече главата". Гребаниците и модриците се лесно забележливи, во еден случај е направена и длабока рана на раката и не е побарана лекарска помош. Ниеден од лекарите кои го примиле не прашале како се настанати повредите.

Детето не комуницира со никого, се плаши и ретко излегува надвор. Со денови не оди во школо, а мајка му го тепа најчесто навечер затоа што другиот родител работи трета смена. Таткото на детето не реагира, и детето шест години се справува со мајка му.

Комшијата, кој навечер неможе да заспие од силните крици на детето го пријавува случајот пред 2 години во полиција при што добива одговор "дека полицијата не е надлежна за се што се случува на туѓ имот и дека сите родители си ги казнуваат децата". Поднесува барање за проверка на случајот во Меѓаши, каде што му одговараат дека ќе помогнат детето да биде заштитено. Комшијата, во неколку наврати добива закани од мајката на детето затоа што ги опоменува за вревата.

По две години, стигнува извештај од Меѓаши каде што вика вака:
"Случајот беше разгледан, беше извршен разговор со детето, родителите на детето и надлежните наставници при основното училиште кое го посетува како и со поблиските пријатели и беше утврдено дека родителите немаат извршено насилство врз малолетното дете и пријавата од страна на нивниот сосед се должи на нарушени меѓусоседски односи. Према соседот ќе биде испратена тужба за лажен алармантен повик."

Сеуште не е време господата што седи во кожни фотелји од кои хемороиди им излегоа и се нарекува "функционери на држава" да отвори едно многу побитно прашање наместо размислува како на друг начин да го испровоцира јужниот сосед?
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.386
Од кај ли доаѓа тоа зло, таква мисла, таков нагон? :/ се прашувам себеси....
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Леле мори мајко што сум запнал јас еден спрема сите. Луѓе не велам дека злосторникот не треба да се казни ама вие 99% се изјаснувате за смртна казна. Луѓе па вие се враќате во феудалното општество и за вас и Македонија како "институција" не како држава е многу. Како запнал Грујо и смртна казна ќе воведе а може да му се оствари кога има подоста вакви што размислуваат како вас. Размислувајте со умот кога го изрекувате зборот вие сте тогаш УБИЈЦИ, и не постои друг збор за лишување некого од живот. Лудакот треба да биде во лудница, крадецот и убиецот во затвор а болниот во болница и тоа се тие институции кои треба да бидат првите кои ќе реагираат. Тоа што кај нас ништо не функционира тоа е веќе друг проблем дури и поголем од еден педофил. Затоа што покрај еден се раѓа и друг. Покрај крадец може да живее само друг крадец и покрај убиец во живот може да опстане само друг убиец. Господа живеевме во социјализмот кој што не ви чинеше ама за разлика од ова болно општество какво што е капитализмот во него немаше толку убиства, силувања, кражби и разбојништва. На капитализмот како општество му одговара да има вакви болни умови (таканаречени зомби) на кои им е испран мозокот и кои можат многу лесно да се контролираат, сега засега индирекно ама нема да помине многу време кога и дирекно ќе бидеме контролирани од поединци во чии очи сме само бројки.
И затоа ќе ве замолам немојте да го споменувате зборот затоа што во тој момент вие веќе не сте луѓе. Убеден сум дека многумина од вас се помлади од мене и немаат деца. Чувтсвото дека си родител е единствено и не постојат зборови да се објасни тоа. Што се случило со човекот навистина незнам ама верувам дека тој тоа чувство го изгубил затоа што е болен. Таков злочин може да направи само алкохоличар, умствено болен човек т.е. психопата. А психопатијата веќе навелико е раширена во нашето општество па затоа и имаме често вакви вести.
Meне ме боли половиот орган дали сме се вратиле во феудалното општество,во камено доба или ледено...
Факт е дека додека некој не ги научи на памет ке продолжуваат да се случуваат вакви несреки.
Само стави се ти на место на девојчињата кои биле малтретирани од страна на монструмот или пак на некој од твоето семејство (не дај боже)се случи тоа...зар нема да те натера да размислуваш поинаку?
Ние ке го осудуваме(можеби немаме право)ама заслужува.
Секој ден на телевизија гледам:Татко ја силувал својата керка,педофил силувал 5 годишно дете...и?Само затвор е лекот?
Не бе...Мачи го,малтретирај го.Да види како е.
Затвор тоа не е соодветна казна.Ама кого како сака така нека мисли.Секој со свое мислење.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
255
Поени од реакции
23
Браво Аурора. Тоа е вистинската слика со нашите институции кои грижата си ја префрлаат еден на друг како топка. Сето тоа е поради законите кои се донесуваат без да се разгледаат сите аспекти во пракса. Има милион членови во законот кои се безмалку смешни и кои не се во корист на оштетената страна. Сум имал и таква ситуација кога сум бил повреден, сум повикал полиција а потоа сум бил казнет за нарушување на ред и мир само поради еден член од законот кој вели: "Непознавањето на законот не те оправдува пред судот". МОЛАМ?! Па зарем секој треба да биде правник и да го познава законот за да биде оправдан пред судот?
Има и такви членови кои не се почитуваат а тоа е на пример: Неможете да му судите некому ако немате докази дека го сторил делото. Немора човек да биде правник за да знае дека тоа е така.
Така и вие почитувани осудувате без докази и единствено што знаеме за делото е од медиумите кои пак можат и те како да ви го исперат мозокот. Што навистина се случило неможеме да знаеме. И како што вели Аурора.....мајката нафта ли пиела??? Ајде ви се молам го осудувате човекот на смрт а незнаете што навистина се случило. Па и да се случило.......СМРТ......поголемо злосторство од тоа нема!!!
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
а најголема казна за него нема и неможе да биде смртна казна, туку тој треба да живее со она што го сторил и ако барем малку има човечко во него не треба воопшто да го егзекутираме туку тој самиот ќе се убие. !
Го заболе него што ќе живее за тоа што го сторил. Со години си го терал ќеифот со 3 девојчиња кога ќе му текнело и сеа одеднаш ќе се покаел, абе ајде :). Па уште ќе се убиел, не фантазирај.

Што се случило со човекот навистина незнам ама верувам дека тој тоа чувство го изгубил затоа што е болен. Таков злочин може да направи само алкохоличар, умствено болен човек т.е. психопата. А психопатијата веќе навелико е раширена во нашето општество па затоа и имаме често вакви вести.
Не е болен и треба да се суди како совршено нормален. Не ги силувал еднаш него многу пати и не бил стално пијан.

За тие 3 деца за да бидат силувани со години потребно е барем неколку луѓе да знаат. Што, мајката нафта пиела и не ги избањала децата и не приметила ништо чудно? Или, е ретардирана? Прашањето е, зошто никој не реагирал 6 години? Или пак можеби реагирале, но никој не превземал мерки?
Добро прашање. Што правеле другите и колку знаеле а си ќутеле заради сопствена комоција?

Затвор тоа не е соодветна казна.
Не е, само ќе помине и ова ко да не било и пак ќе биде сѐ по старо.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
За овој треба доживотен затвор...
Е да бе, кај затвор, па и доживотен... и пак на наш грб да живее, на грбот од општеството...
Исклучиво смртна казна за вакви неизлечиви случаи. Или закон за принудна работа, смртски да се експлоатира дури душа има во него.
Па слободно наречете ме бездушен.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom