Вежби за повредена кичма

Член од
11 април 2013
Мислења
355
Поени од реакции
183
Дечки татко ми веќе по втор пат има проблеми со лумбалниот (долниот дел) од кичмата. Има дијагостицирано лумбо и шијалгија на L5S1(долен дел на кичма) и веќе има правено операција, што значи дека по втор пат на исто место пак има болки и докторот за почеток не препорача пак операција и кажа да почне со рекреативни активности. Препорачајте некоја справа, вежби за истегање и такви работи со цел болките да се намалат. Бенчот пример дали може да се искористи некако, степерот. Воопшто да се размрда малку а и по можност да не го повреди грбот.
Ако темава не е на добро место, слободно преместете ја.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Не се прашуваат вакви работи на форум, штом има медицинска дијагноза човекот докторот ќе му каже какви вежби да прави. Татко ми кога имаше проблеми со кичма на времето му дадоа неколку листови со вежби кои му помогнаа, а и на физикална терапија во Воена Болница одеше мислам..
 
Член од
3 септември 2013
Мислења
380
Поени од реакции
195
Исклучиво кај (квалитетен) физикален терапевт ова, тука никако. Остај што не сме доволно квалифицирани, вакви ствари за беспари и да има не зимај.

Нешто што можам да препорачам релативно безбедно е леглото да е што можно поквалитетно, пример сунѓер ако има душекот да се сменат/стават кожи и/или волна. Истото оди и за перница/јорган.
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Да идете на јога курс кај некој искусен инструктор. Јога вежбите се работат внимателно и во склад со состојбата на телото. Има интересни истегнувања кои може да помогнат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom