Вегетеријанство

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Внимавам да не купувам ГМО храна, сега ако лажат тоа е друго. Како и да е не купувам класично соино млеко туку So Vita (така нешто беше) напиток со протеини (го има во повеќе варијанти). За последното се сложувам, веган не значи здрав по дифолт. Исто така заборавив дека пијам витамини, најважни ми се Б12, Д и калциум таблети.
чекај сеа,значи за да си вегетаријанец несмееш ниту јајца ниту млеко ? :О па јас се давам во овие два продукти,мислев само месото све на све да го исфрлам...
 
white_eagle

: : stuck in void : :
Член од
21 јануари 2008
Мислења
953
Поени од реакции
716
чекај сеа,значи за да си вегетаријанец несмееш ниту јајца ниту млеко ? :О па јас се давам во овие два продукти,мислев само месото све на све да го исфрлам...
Веган не јаде животински производи вегетаријанец јаде
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Веган не јаде животински производи вегетаријанец јаде
Не ми се верува имам стручно лице дома за овие работи јас овде хаха ама подобро ми е да се самообразувам.Значи Веган е целосно откажување од било какви производи од животинско потекло воедно ПОСТ,а вегетаријанец е откажување од месото ?
Подобро вегетаријанец.Разгоаварав со мајка ми ( дипломиран технолог и постдипломски нутриционизам има земено ) и рече дека со вегетаријанството всушност не одиме напротив нашиот синџир на исхрана и дека тоа е најдобар можен начин за зачувување на здравјето.Дури и таа не дозволува конзумирање на разни непроверени меса освен на празниците коа мора нешо мрснечко.Дозволува само зајачко,пилешко ( иако е против пилешкото),коњско,телешко.Ама јас пред се се хранам со многу нездрава храна плескавици такви работи оти живеам студентски живот со цимери среднисти во наш стан и со нив сум си и се храниме многу лошо.Е сеа да помине стара нова коа за последен пат ке се опијаниме и изнајадиме и почнувам со вежбање и вегетаријанска исхрана се надевам дека ке го симнам притисокот и ке се прочистам :)
 
King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076

Дозволува коњско месо, а е против пилешкото? Nice.
 
Член од
24 јуни 2009
Мислења
310
Поени од реакции
124
само да ви кажам дека сите што сте вегетаријанци, а јадете крем банани, ресани и слично, не сте вегетаријанци.
 
Член од
26 октомври 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
1.166
Само за вегетаријанци ;)

Паста со свежи шампињони

Потребно е:
  • 350 грама свежи шампињони
  • едно чешне лук
  • една чаша вотка
  • сол, бибер
  • маслиново масло
  • 250 мл. павлака
  • едно пакетче паста (шпагети, макарони по желба)
  • ситно сецкан магдонос
  • 100 гр. рендан кашкавал
Подготовка: Печурките исчистете ги го сува кујнска крпа (никако не ги чистете под млаз вода). На масло пржете го ситно сецканиот лук и зачинете го со сол и бибер. Додадете ја вотката и гответе додека не испари алкохолот. Печурките исечете ги на листови и пржете ги. Во меѓувреме сварете ги тестенините. Кога ќе биде сварена пастата, исцедете ја и додадете ја во тавчето со лукот и печурките. Додадете ја павлаката. Ставете го ренданиот кажкавал и зачинете. Декорирајте со магдонос.

--- надополнето: 10 јануари 2013 во 16:15 ---
Палачинки од јаболка

Потребно:
  • 2 јајца, добро изматени
  • 1/2 шоља млеко или јогурт
  • 2 шољи сенаменско брашно
  • 1 лажиче пециво
  • 1/2 лажиче сол
  • 1/4 шоља шеќер
  • 3 јаболка со средна големина, излупени и изрендани на подебелата страна од рендето
  • цимет, по желба
  • масло за пржење
  • шеќер во прав
Подготовка: Во длабок сад измешајте ги млекото и јајцата. Во помал сад, измешајте ги брашното, пецивото, солта и шеќерот. Измешајте ги течната и сувата смеса заедно. Ставете ги ренданите јаболка. Зачинете со цимет, по желба. Во тавче за пржење ставете масло да се загрее. Со лажица земете од смесата и обликувајте мали палачинки. Пуштете ги во тавчето и оставете да се пржат две до три минути на секоја страна, додека не бидат румени. Готовите палачинки од јаболка попрскајте ги со прав шеќер или загрејте на рингла неколку лажици џем по Ваш вкус и така растопен, полијте го низ палачинките.
 
MakeLOVEnoTwar

Љуби без оглед на се’
Член од
10 декември 2010
Мислења
213
Поени од реакции
114
Се чудам дали од денес да станувам вегетаријанец ...
Знам дека не треба ништо од месо освен рибата.Секако,ке си јадам риба за протеини :)
јас веќе 3 години не јадам ништо што дишело/било - месо (шо би рекле некои луџе веГеТариЈанеЦ сУм :P )
... еве во последно се помалку сирења, млеко, кашкавали, павлаки и се’ од млеко (т.е. квази млеко), пошо просто ми немаат вкус. Ги извештачија 500 и во вкусот и квалитетот не се ко порано - ако чинеа можи и немаше да ги изоставувам... исто и јајаца ретко јадам..
Сакам само да ти споделам лично искуство... ништо не ми се деси(шава), ете работам минимум 9сатти на ден психичка работа, а летово имав и бааѓи физичка - и не осетив дека нешто ми фали... Баш имав ситуации, кога после ручек - се најадував, а другите со јадеа месо + компри + леб +... неможеа да дишат и цела енергија им одеше во стомакот за да можат да го сварат ручекот

*ќе си земаш редовно масло од лен (не мој да го третираш на високи температури) и/или лелено семе.. јаткасти просиводи ( но без претерување) основа треба да ни е зеленолистестиот зеленчук... има огроен избор на зеленчуци и овошки - од пазарите до маркетите... :)
*** Среќно ;)
ps не стравувај за протеините... :D во вегетаријанската исхрана има доволно колку што му треба на човечкото тело (сега се фураат протеините, за да се продава месото) пред 50 години месо не се јадеше секој ден... ;) па поздрави беа 500
ти нафрлив по некоја информација, верувам/предпоставувам дека сево ова го знајш, ако не го знајш - ете на здравје да ти се советиве)
поззззззз :)
--- надополнето: 18 јануари 2013 во 18:41 ---
само да ви кажам дека сите што сте вегетаријанци, а јадете крем банани, ресани и слично, не сте вегетаријанци.
Кажи им на луѓето зошто - пошо крем банаите и еден куп други производи содржат желатин. А желатинот се добива од коските на животните (пивтија/пача шо прават бабите)
*ако не се информирани - тоа не ги прави помалку или повеќе вегетаријанци, супер шо вака споделувате информација со сите :)
 
Член од
24 јуни 2009
Мислења
310
Поени од реакции
124
Како е можно ?? :eek::eek:
епа прво со специјална киселина ги вријат коските, остатоците од месо, рогови, копита, за да се прочистат од штетни материи. после се суши и се формира во праф, од кој се прави желатин.
 
Член од
26 јуни 2012
Мислења
167
Поени од реакции
135
Блиц прашање: дали џусеријанството - бидување веган кој единствено користи сокови од зеленчук и овошје, е здраво за телото? Под услов сите хранливи материи потребни за организмот да ги примиш така нормално?

П.С. Да не се разбереме погрешно, да живееш на сокови, забите да не ги користиш за мелење храна, туку соковникот да го прави тоа?
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Блиц прашање: дали џусеријанството - бидување веган кој единствено користи сокови од зеленчук и овошје, е здраво за телото? Под услов сите хранливи материи потребни за организмот да ги примиш така нормално?

П.С. Да не се разбереме погрешно, да живееш на сокови, забите да не ги користиш за мелење храна, туку соковникот да го прави тоа?
Не, ќе ти атрофира желудникот и ќе си ги уништиш забите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom