Вевчански Карневал - Мачење на Животни?

Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Да не претеруваат малку или не? Како и да е рекациите на фановите на Анима Мунди се прајслес. Таков револт немам видено ни во коментари за масакри на цивили.
"Анималиа, Охрид-
Љубители на животни (меѓу кои и малолетни деца!) ни пишаа за случката на која биле сведоци. Имено, денес на карневалот во Вевчани, неколку момчиња на околу 20 години на стап имале наденато куче (најверојатно хаска или германски овчар кое било испуштено и кое било хрането од лица љубители на животни) и го удирале, и тоа не само тие, туку кој ќе стигнел. Кучето било мртво (не се знае дали како резултат на овој морбиден чин или претходно било мртво), за на крај да го фрлат во огнот. Исто така, сведоците ни потврдија дека и живи кокошки биле бодени на вили и усмртувани.
Како Здружение за заштита на животните, но и како морални, осетливи човечки битија, крајно сме згрозени од овој морбиден чин. Замолуваме институциите да постапат согласно Законот за заштита и благосостојба на животните и Кривичниот закон и да го истражат овој случај, за кој најверојатно има и видео запис и слики.
Која ли траума и мачење е тоа за животните? Која ли траума за посетителите на овој традиционален настан, меѓу кои и многу дечиња? Што сака со овој „маскенбалски чин“ да се постигне и дали е ова дел од традицијата човечна? Како ли може да се исмејува нечија смрт? Е тоа човечно? Е зарем ова културен чин кој треба да биде промовиран од владата на РМ и министерството за култура?
Апелираме и психолози сериозно да го испитаат менталниот склоп на овие личности, со оглед на тоа што ова е само предепизода на манифестирање насилство врз луѓето (впрочем, истражено е дека грото од злосторниците пред да прибегнат кон убиство на некој човек, претходно имале малтретирано животинки)
И да, некој мудар човек (Питагора) одамна рече: Се' додека се убиваат животинки, ќе се убиваат и луѓе. И да знаете дека не згрешил!
Уште еднаш, апелираме овој случај да биде сериозно разгледан и осветлен, а злосторниците соодветно казнети"
https://www.facebook.com/AnimaMundiMacedonia/posts/855347227854850

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
WTF!!?!??! Знаев дека овој настан не е само обичен маскенбал. Тука треба да се испитаат многу работи и тие да идат у затвор, идиоти глупи!!!!! Ова не е нормално, ова е Сатанизам!
 
Последно уредено:
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Мислам дека треба повеќе да се испита ова и да се види дали е дел од некаква (по малку морбидна) традиција. Да не заборавиме дека во цел свет има традиции на еден вид ритуално жртвување животни. Не го оправдувам се разбира.
 
The Love Doctor

Необичен љубовен доктор
Член од
11 јануари 2015
Мислења
957
Поени од реакции
1.290
Несакам да ги навредам Вевчанците, ама тој вевчански карневал секојпат сум го доживувал како тежок паганизам.
Ги разбирам што сакаат да се маскираат и малце да се развеселат ( и јас како мал сакав за први април да се маскирам), ама ова со мачењето на животните стварно не им требало.(n)
 
Имам слично мислење. Не толку затоа што е паганизам туку не знам...секогаш ми биле глупи карневалите. Добро оние во Венеција малку помалку ама и тој не ми е баш забавен.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Многу ми е мене гајле за животните.
Повеќе ме засега тоа што ќе предизвика проблеми кај децата највеќе, а и друго што му фрла на настанов некоја друга слика. Добро беше дур беа само маски и исмејување, ама ова е веќе претерано.

Ама шо да праиме, оваа година бибиси ќе ги снима нив...
Го дигнаа носот зошто бибиси ќе ги снимаат. Нешто као, ние на бибиси вие небитни...
 
The Love Doctor

Необичен љубовен доктор
Член од
11 јануари 2015
Мислења
957
Поени од реакции
1.290
Многу ми е мене гајле за животните.
Повеќе ме засега тоа што ќе предизвика проблеми кај децата највеќе, а и друго што му фрла на настанов некоја друга слика. Добро беше дур беа само маски и исмејување, ама ова е веќе претерано.

Ама шо да праиме, оваа година бибиси ќе ги снима нив...
Го дигнаа носот зошто бибиси ќе ги снимаат. Нешто као, ние на бибиси вие небитни...
BBC кога ќе ги види овие ќе се вџаши од нив и со оваа свирепост према животните ќе ни ја прикаже државава во многу лошо светло. Во Англија ќе мислат дека измачувањето на животни е вообичаена појава кај нас.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
BBC кога ќе ги види овие ќе се вџаши од нив и со оваа свирепост према животните ќе ни ја прикаже државава во многу лошо светло. Во Англија ќе мислат дека измачувањето на животни е вообичаена појава кај нас.
Е ама битно на бибиси ќе ги има...
Башка Вевчани друга држава било...
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Многу ми е мене гајле за животните.
Повеќе ме засега тоа што ќе предизвика проблеми кај децата највеќе, а и друго што му фрла на настанов некоја друга слика. Добро беше дур беа само маски и исмејување, ама ова е веќе претерано.

Ама шо да праиме, оваа година бибиси ќе ги снима нив...
Го дигнаа носот зошто бибиси ќе ги снимаат. Нешто као, ние на бибиси вие небитни...
Од друга страна нашите баби дедовци и нивните родители израснале (повеќето) гледајќи убиства во војни а колење животни било нешто вообичаено. Се надевам дека не мислиш дека луѓето од пред 1950 биле делумно пoреметени :)
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Па да беа/се симбол на пркосeњето :)
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Не само што се друга држава туку и друга валута имаа ако не се лажам:)
И друг пасош имаат, абе остај ги нив, заебани луѓе се :icon_mrgr:

Од друга страна нашите баби дедовци и нивните родители израснале (повеќето) гледајќи убиства во војни а колење животни било нешто вообичаено. Се надевам дека не мислиш дека луѓето од пред 1950 биле делумно пoреметени :)
Сериозно од инат на секоја тема контра ќе ми одиш ? :pos:
Џабе и да ти објаснувам што и како мислам, кога знам дека пак контра ќе ми одиш...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom