Вевчански Карневал - Мачење на Животни?

Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
415
Поени од реакции
342
За џукелата не се глеа дали е жива или не, ама дефинитивно не е набодена на стап! Врзани и се нозете на стапот. Исто така кокошката не е набодена на вила туку само има врзани нозе, жива е и здрава, и стопанот си ја шета така. Во никој случај не го оправдувам малтретирањето на животните, ама овие од животинското заштитарско одделение хорор филмови измислија, Холивуд да учи од нив. Ќе се сликам до згодна женска па нека ми извадат муабет дека сум ја наденал на стапов.
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.133
Поени од реакции
11.932
„Оправдување? Нема!
Грозно? – Да.
Одвратно ? - Да.
Е да, ама илјада и кусур години е така.
Исто како што немало оправдување кога ги пикале во затвор пред пеес години дедовците зашто се маскирале! Простено!
Исто како што се соочувале со тивки репресии сите кои се дрзнале да се маскираат во владелот (кој и да е тоа време) во време кога ретко кој смеел да писне. Простено!
Исто како што прв пат употребиле електричен пендрек во Вевчани на мајка со шест месечно бебе! Простено!
(да не одам натака ... ме боли душава од “човечност“. )
Во право сте да ви се гади.
Им се гади и на нашите мајки и сестри и оние со поплиток стомак кога не гледаале низ годините, кога не гледаат грозни и одвратни – никој не го запрел тоа, не можел, не знаел како...
Никогаш – никој!
Да, може сме пагани.
Два дена сме одвратни, останатите тристашеесет и четири дена сме луѓе.
Секој маалце попаметен знае дека тоа нема врска ни со карневал нит со стара нова година (православна молимти се!) нит со Свети Василиј. Туку дека е остаток од баханалија, од дионизијада, од архаичен обичај.
Чинот на раскинување на тела од животни е метафоричен и се вика „спарагмос“.
Чинот на гризење сурово месо – „омофагија“
Чинот на прочистување преку страв и жал – катарза.
Чинот на неразумна радост – екстаза.
Коментарите колку се наеднаш сите згрозени од веќе мртви животни кои ги имало отсекогаш и ви биле пред очи со години – хипокризија.
Koментарите од Европјаните меѓу нас дека вака во Европа не бива ве поздравија Нордијците со крвави раце од фоки и делфини.
Здруженијата кои реагираат на сето тоа – должност и кауза.
Дај боже до година да нема еден пердув од претходно мртва кокошка (во што се соменавам!) сите ќе сме кокичиња.
Ќе нема исмевање со никого!
Ќе се пазиме од се!
Ќе сме политички и етички коректни!
Повиците да се пикнат неколкумина луѓе во затвор заради веќе мртви животни, да се запали и казни цело Вевчани и кол да ни се напика онаму, а после прво мајките ај да не велам што - па после сестрите за десерт, догодина министерката и градоначалникот исто така (најчесто од оние кои се од едната страна), дека со многу пари од комунистите е воскреснат овој сатанистички обичај во `80 оние „познавачите“ - од другата страна. Е тоа сте вие... да ми извините!
Тоа сте вие! Без енормни тони на алкохол. Со чиста и мисла и посабајлечки, фино и поштено.
Со „слободна мисла“ , христијани, богоугодни, политички коректни... Ние се преправаме во страшила, во ѓаволи, во курви, во политичари, во нацисти, во христијани, во муслимани, во будисти, се ругаме и меѓу себе, со живи луѓе... што било – само лошото да излезе! Само другите денови да сме луѓе!
За крај една приказна која нигде не ја пишува пошто не се ни знае многу многу ...изумира – како што изумираат старите во Вевчани (и ја ја имам чуено од еден таков – Бог да му душа прости!), како што умираат многу работи, како што умираат и скапуваат и многу млади во оваа иста земја каде и кокошките и слободата скапуваат.
„Пред илјада години години живеел некој Васиљ. Најличен бил и најубав од сите. Ја засакал најубата најличната. Кратко се милувале. Заминал да печали по светот. Спечалил богатство.
После години се враќал со другарите од џенем, од крај света да прави свадба. Пресреќни сите.
На патот му се случило несреќа. Лицето и телото си ги унаказал. Го продолжиле патот и како се приближувале така му се унакажувала и душата на Васиља. Пред да влезат им рекол отепај те ме. Отепај те ме овде ја во селово не влегувам ! Како ќе ја погледам?! Како ме сака? Нема да ми ја дадат! Не можам!
Ноќта сите мажи преправиле во накази, нагрнале одрани кожи, ги поцрнале лицата, да не се познааат и да не делат од Васиља. Ама најубавата го познала и го гушнала пак него oд цела поворка. Ги венчале на полноќ. На полноќој одела невестата на вода. И ден денеска најгрозните маски – ѓаволите, Злото ги чува зетот и невестата, да не им се случи нешто, да не ги разделат.
Од што ги чува Злото?! Од луѓе ги чува! Од луѓе! Од оние добри луѓе кои ги научил некој од небото како се кова метал и како се струга дрвото за после тие синот да му го распнат.
За крај пак да повториме:
Оправдување? Нема!
Грозно? – Да.
Одвратно ? - Да.
E па илјада и кусур години било така!
Ви се гади?
И мене ми се гади. Ама ми се гадело многу повеќе во многу обични денови колку луѓе пред очи - живи ни закопале, а со прст не сме мрднале.
Сите ние!
Сите ние!
Ќе ми се гади уште повеќе ако успеете да стрпате во затвор василичари за веќе мртви животни.
Од кого ги чуваат Ѓаволите и Злото Невестата и Зетот? – од луѓе, од тивки обични луѓе!
За многу години – догодина порадосни и повесели!
П.С: Можев да премолчам, да. Можев за многу работи во животот полесно да поминувам ако го немав „она“ , ама ќе немав душа и образ да им запалам свеќа на дедовците на гробишта. Тоа - никогаш... па макар на кол и јас!“

Знаете од кого е текстов, не е мој... :D
 
Член од
20 април 2012
Мислења
1.898
Поени од реакции
3.531
Vevcanskiot karneval nema nikakva vrska so Hristijanstvoto,vsusnost e cist paganizam ,paganizam vo 21 vek,stvarno zaostanata rabota.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.327
Поени од реакции
6.180
Кај мене тука пред зграда има кокошкини печки, Треблинка и Аушвиц гомна да јадат, тука секој ден од кокошкините логори се носат стотици млади пилиња кои претходно се убиени и замрзнати, се носат на печење и тоа печките се лоцирани на јавни места и преградени со стакло за да се види теророт што се врши врз пилиљата. И сега ќе кажат тоа не е исто бла бла тоа е убивање за прехрана, добро но човекот што го врши геноцидот врз пилињата не јаде пилешко, туку тоа го прави за пари а парите заработени од смрта и геноцидот врз пилињата ги троши за забава, оди на одмор, си купува автомобил, мотор, оди по кафани ги троши на курви итн, значи може да заклучиме дека човекот што го врши тоа громорозно уништување е само заради пари со кои си купува забава:toe:
Прегледај го приврзокот 111883


А тука се крена галама за некоја кокошка набодена на вила, какво лицемерие...
А со тие кокошки се прехрануваат други луѓе. Сакаш да кажеш дека јас лично треба да си ги колам кокошките и прасињата?
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.692
Поени од реакции
2.355
Ова колку за информација не е само годинава со животниве, туку е секоја година на карневалот и лани и преклани и пред 10 години.
Не е оправдливо во секој случај животно да измачуваш до смрт,исто како што не е оправдливо и на истото да му пресудиш.
Се додека не гледаат како се коли животно во домашни услови, ќе има и такви на кои што им се чудам од кај ги вадат тие пцуења,колнења,закани кои само психопат можи да ги помисли.
 

Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
415
Поени од реакции
342
Повкусно ми е свинското. Тоа не значи дека сакам свињите да бидат измачувани и да страдаат додека се живи.
 

staycalm

prof. d-r potpaluvach na konzervi
Член од
12 јануари 2013
Мислења
2.253
Поени од реакции
1.548
Zosto na primer kako ovaa tema do sega ne se otvori nesto pod naslov " GEJ PARADA( TORTURA I MACENJE ) VRZ CELOKUPNATA COVECKA POPULACIJA "
Offtopic much?

Не сте ми јасни вие што го оправдувате ова со аргументи "ејјј куче е бе не е човек" или слични срања.
Ова е болно и не гледам зошто некој би го оправдувал.
 
Член од
21 ноември 2012
Мислења
1.173
Поени од реакции
744
anima mundi :facepalm: coek da otepash ne e nisto,, za kuce vojna ke objavat,, toa ne vrvi vo Makedonija,, takvi gluposti ovde, НИКОГАШ!
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
23.576
Поени од реакции
32.101
Ovie od Anima Mundi ke imaat pocit od mene samo ako se vegetarijanci. Vo sprotivno se raboti za licemerie.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.917
Поени од реакции
31.146
Ja раскопавме планетата, ја наполнивме со ѓубре и отпад, сменавме клима, исековме шумите, истребивме животински видови, загадивме води и воздух и сега на совест ни е мртов пес и задавена кокошка.
Овие од Мунди ако се залагаат и за зоофилија, можат да речат дека се навистина загрижени за животните. Доколу подржуваат љубовна врска меѓу животно и човек како врв на почитување на животните.
 

Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.529
Поени од реакции
2.747
Zamisli vaka da krevate galama i za toa so go izmacuvaat i ubija obrazovanieto i red drugi stvari....
 

RickyLFC9

Модератор?
Член од
28 март 2012
Мислења
16.975
Поени од реакции
34.230
Zamisli vaka da krevate galama i za toa so go izmacuvaat i ubija obrazovanieto i red drugi stvari....
Леле те молам престани. Немаше галама за образованието? Па тоа беше најголем протест досега.
 
На врв Bottom