Вевчански Карневал - Мачење на Животни?

Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
А во минусинфо пишува куче од расата германски овчар :tapp: Ова ако е германски овчар...за момент ми заличи на волк ама германски овчар само некој што нема поим може да го нарече :)
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Не ме сфати мислам. Тие со кучето се за секаква осуда. Мене ми нема логика да се буниш за убивање на свиња, кокошка, прасе и слично. Нешто што јадеме. Кучиња, мачиња се друга тема на муабет и реков тоа е за секаква осуда НО, не ме чуди тоа што го убиле за забава затоа што во светов и луѓе се убиваат за забава.
Човековата глупсот нема граница, и верувај дека тие што убиваат животни се болни и не размислуваат како тебе, како мене и како другиве тука.

Не не сум бил, но го знам процесот.
Нема хумано убивање, има прифатливо и неприфатливо. Штом го знаеш процесот тогаш знаеш дека пред искрварување се врши зашеметување. И тоа постои точно законски пропишано како се изведува, за кои животни кој принцип итн.

А за ова погоре што го дискутиравте со Рики, да, темата не е за животни што се користат за човечка исхрана. И тоа е тема која и јас избегнувам да ја дискутирам со бранителите на права на животните.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Ги разгледав и другите слики, освен таа со набиената кокошка на вила другиве не се ништо посебно. Убиена лисица и некоја коза. Тоа е секојдневие. Според Анима Мунди ловџиите веројатно треба да се убијат :)
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.624
Денес во светот може 1.000.000.000 (милијарда) луѓе и сигурно неколку илјади во МК нема да имаат што да јадат ниту пак вода да се напијат. Се додека го има ова не знам како може да се замараат луѓе со “права на животните“, а кај се правата на вода и храна на сите ове луѓе. За ова треба да се збори а не дали едно куче утепале или не.
П.С. проверете во какви услови се третирани животните што ги јадеме и проценете дали се хумани, (НЕ СЕ) што значи сите сме дел од нивното мачење.
Undercover at Smithfield Foods (2012 Webby Award Winner)

Without Saying a Word This 7 Minute Short Film Will Make You Speechless
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Не ме сфати мислам. Тие со кучето се за секаква осуда. Мене ми нема логика да се буниш за убивање на свиња, кокошка, прасе и слично. Нешто што јадеме. Кучиња, мачиња се друга тема на муабет и реков тоа е за секаква осуда НО, не ме чуди тоа што го убиле за забава затоа што во светов и луѓе се убиваат за забава.
Човековата глупсот нема граница, и верувај дека тие што убиваат животни се болни и не размислуваат како тебе, како мене и како другиве тука.
Во ред, се согласувам со све што рече. Јас нит сум вегетеријанец ни ништо, па никогаш не сум застанал во одбрана на тие животни, пошто така тоа би било лицемерно од мене. Имам другар кој викаше дека сака тој со свои раце да убие животно кое дава месо кое го јадеме секојдневно (кокошка, крава, јагне, не знам што), за да види дали е доволно храбар да го направи тоа наместо да го прават други за него, па ако го направи, заслужено би се хранел со таквото месо понатака и ќе може да купува од продавници. Што до некаде и има некаква логика, тоа е правиот синџир на исхрана. Али добро, тоа е друга тема.

Мене посебно ме погоди ова со кучево, пошто често од мој џеб давам пари да помогнам во разни случаи поврзани си куче, маче, иако не сум активист, па мислам дека тоа е сосема друг муабет. За убивање луѓе е исто така друг муабет, луѓе убиваат од од лични замерки, религиозни причини ко што сме сведоци денеска, да избегаат од некој проблем и слично, а секако дека има психопати што го прават тоа исто така од забава. Луѓето си даваат сосема (глупи али сепак) различни причини кои во својот ум си ги оправдуваат постапките. Секако, ниедна причина не е оправдана, ниедно убиство не е оправдано. Проблемот е што кога извршуваат убиство, истите се казнети и осудени јавно од општеството (барем така е замислено нели), што не е случај и со животните, па затоа и постојат активистите.

Да мачиш и убиваш животно кое не ти згрешило ништо, односно од забава, го видиш како шета надвор, не му смета на никој, па го фатиш и го одереш, за тоа нема дискусија дека си швркнат.
 

GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
Шо очекувате од Вевчанци коа најпозната особа од таму е Дарко Лешоски.
 

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.221
Поени од реакции
5.129
Ги разгледав и другите слики, освен таа со набиената кокошка на вила другиве не се ништо посебно. Убиена лисица и некоја коза. Тоа е секојдневие. Според Анима Мунди ловџиите веројатно треба да се убијат :)
Ловџиите ловат а не се иживуваат врз животните. Има разлика и тоа голема меѓу ловџија и селско дериште што за да привлече внимание и самиот би се набил на вила.
 
Член од
7 ноември 2014
Мислења
444
Поени од реакции
1.007
Садистичко изживување врз животни никако не можам да оправдам.Но тоа што ме нервира е како преку ова Анима Мунди си ги потпикуваат нивните верувања,као демек еве против што се бориме ние.Што нема врзска,факт е дека истиве овие се и доста забегани и ме потсеќаат доста на хипокритите од ПЕТА. На ФБ странта ставиле не само слики од умрените животни,туку и од целиот карневал и доле вријат коментари од типот,овој карневал да се забрани,ова е примитивизам,овој карневал е се што е погрешно во државата...
Нема потреба да се генерализира целиот карневал и неговата традиција,поради некои морони што наденале живи кокошки на вила.За таква бруталност си има закон и тој закон треба да се спроведе.
А Анима Дунди,тој став за забрана на карневалов да си го напикаат у анус.Овој карневал сакале или не, е традиција за тој дел од земјава и нема причина поради неколку осетливи фаци да се забрани.

Пс:за сите што викаат дека ова и така е пагански обичај и тоа е причина да се забрани,нека не забораваат дека повеќе од пола од нашите "Христијански" обичаи се со пагански корени.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.276
Поени од реакции
45.675
Овие ваквиве кучкари стварно мислам дека се уствари психопати
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.109
Поени од реакции
20.948
А во минусинфо пишува куче од расата германски овчар :tapp: Ова ако е германски овчар...за момент ми заличи на волк ама германски овчар само некој што нема поим може да го нарече :)
Соросоиди! Само шират дезинформации.
Пошо нели, расата е најбитна во целиов случај.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.586
Поени од реакции
81.172
А во минусинфо пишува куче од расата германски овчар :tapp: Ова ако е германски овчар...за момент ми заличи на волк ама германски овчар само некој што нема поим може да го нарече :)
Сакаат да го навлечат гневот на Ангела Меркел... :coffee:

Што се однесува до случајов, претераа овојпат Вевчанци. Од толку маски, од толку теми на кои можат да фаќаат сеир на политичари и познати личности, тие се фатиле за животните.... ова не им требало. И глупо е на некој начин да го оправдуваш чинов со "вчера јадевте месо? Кременадла? Плескавица?". Факт е дека барем овде на форумов едно 90%+ јадеме месо, фирмите си имаат свои фарми, свои кланици, и ни го доставуваат месото. Таму никој не убива од забава, за разлика од Вевчанскиов карневал.... колкумина го изеле кучето?


Мислам навистина, стварно е грозно што некој заради забава (намерно го пишав со здебелени букви) да убие животно. Можеби и Анима Мунди претеруваат понекогаш (секогаш де) со вестите што ги постираат, ама факт дека за овој чин не постои соодветно оправдување... исто како што немаше за дереното куче во Чаир, и обезглавеното куче во Штипското село.... нема оправдување!!!
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Колку што знам јас ова не е некој обичај на карневалот, да се тепаат и да се палат кучиња. Ако бил, тогаш не знам како го криеле досега. Постои мислам сличен карневал во Бугарија (не ме фаќајте за збор, не би сакал сега да го барам) каде традиционално се фрлаат живи кучиња во оган на сретсело. Ова е еден од оние случаи за какви што слушаме на секои два-три месеца, каде идиоти вака се изживуваат. Колку гости имаше во Вевчани годинава? Колку такви идиоти имало меѓу нив?
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
Ова ни во гејм оф троунс го нема(или го има)
ништо чудно другата година и човек да носат распнат на крст. Претеризам голем
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.247
Поени од реакции
27.603
Од секогаш сум ги сакал ваквите теми за правата на животните. Сите на темава шо јадевте вчера? Стек, плескавица или случајно да не сте вегетаријанци ?
Ја па ги обожавам ваквите "ХА, Ха, хипокрити едни" коментари.
Ја на пример не сум вегетаријанец, но не конзумирам месо често.
Но, како човечко суштество, треба да се направи разлика помеѓу убивање за исхрана, и парадирање на леш со цел да се привлече внимание.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.330
Поени од реакции
27.874
Ја па ги обожавам ваквите "ХА, Ха, хипокрити едни" коментари.
Ја на пример не сум вегетаријанец, но не конзумирам месо често.
Но, како човечко суштество, треба да се направи разлика помеѓу убивање за исхрана, и парадирање на леш со цел да се привлече внимание.
Кој фактор си ти да одлучуваш, јас или било кој друг дали е праведно да се убива некого за да јадење ?
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: VeS

Kajgana Shop

На врв Bottom