|Volkswagen|
Тастатурата е посилна од мечот!
- Член од
- 21 јули 2009
- Мислења
- 2.725
- Поени од реакции
- 892
Хелоу
Гледајќи низ повеќе теми на форумов, забележав дека ни фали сајт (или ете јас не го знам) каде обичните смртници ќе можат да гледаат различни параметри на финансиските показатели во Македонија.
Како пример би ги навел
- Каматни стапки на банките (која банка има најповолни стапки, која најлоши)
- Информации за тргување на хартии од вредност (MSE.mk да, ама убаво е да се читаат и други параметри и нивно толкување налик на многу сајтови во светот ). Башка мислам не знам дали има сервис на LIVE податоци од MSE каде се гледа во моментот како одат акциите, од типот на FX, IQOption. P/E индекси убаво објаснети,...милион параметри - индекс BUY/HOLD/SALE...
- Податоци за целата економија, графици и сл (најнови податоци).
...
Моментално МОЖЕБИ ги има овие податоци некаде по Интернет ама не се сите соберени на едно место.
Многу луѓе исто сакаат да инвестираат и во странски акции и единствено знаат дека е забрането, но не знаат дека можат преку нашите банки тоа да го направат, значи малку сајтот би имал и едукативна содржина „Како да купите акција во странство?“ и наведени начини и компании или што знам „Како да купите инвестиционо злато“ и сл.