Веб сајт за финансиски показатели во Македонија

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.621
Поени од реакции
711
Хелоу

Гледајќи низ повеќе теми на форумов, забележав дека ни фали сајт (или ете јас не го знам) каде обичните смртници :) ќе можат да гледаат различни параметри на финансиските показатели во Македонија.

Како пример би ги навел

- Каматни стапки на банките (која банка има најповолни стапки, која најлоши)
- Информации за тргување на хартии од вредност (MSE.mk да, ама убаво е да се читаат и други параметри и нивно толкување налик на многу сајтови во светот ). Башка мислам не знам дали има сервис на LIVE податоци од MSE каде се гледа во моментот како одат акциите, од типот на FX, IQOption. P/E индекси убаво објаснети,...милион параметри - индекс BUY/HOLD/SALE...
- Податоци за целата економија, графици и сл (најнови податоци).
...

Моментално МОЖЕБИ ги има овие податоци некаде по Интернет ама не се сите соберени на едно место.

Многу луѓе исто сакаат да инвестираат и во странски акции и единствено знаат дека е забрането, но не знаат дека можат преку нашите банки тоа да го направат, значи малку сајтот би имал и едукативна содржина „Како да купите акција во странство?“ и наведени начини и компании или што знам „Како да купите инвестиционо злато“ и сл.
 
Член од
28 август 2009
Мислења
817
Поени од реакции
946
Од информативна гледна точка би било убаво да има ваков веб али изработката и одржувањето на вакво нешто бара многу работа. Не верувам дека имаме пазар за ова, посебно не ако иде за „хоби“.

Можеби ова е работа на некоја институција или поголема фирма која би имала некој профит или фидбек од самиот веб.
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.621
Поени од реакции
711
Да, тоа мислев. Сепак бара посветеност. Content, луѓе, анализи... убава идеја за веб е, ќе има доста посетеност мислам и добри пари од реклами.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
4.497
Поени од реакции
2.412
Да, тоа мислев. Сепак бара посветеност. Content, луѓе, анализи... убава идеја за веб е, ќе има доста посетеност мислам и добри пари од реклами.
Може и податоци да се продаваат. API и слично. Но има многу работа и финансиска и информатичка.
 
Член од
4 октомври 2018
Мислења
1.615
Поени од реакции
3.980
Denar.mk
Pari.com.mk

Знам дека немаат овие сајтови баш се она што го пиша авторот на темава, ама убаво е да се види дека почнаа да “никнуваат“ вакви сајтови во последно време. Чим има некој пари и реклами на истите можеби сопствениците ќе се потрудат да ги унапредат уште повеќе со подетално обработување на некои теми, податоци итн
 

LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
914
Поени од реакции
1.810
Член од
22 февруари 2019
Мислења
90
Поени од реакции
77
За детални си има цена. Мислам дека ако дел од овие податоци ги објавуваат редовно на МСЕ сајтот по примерот на Yahoo Finance и сличните на нив, ќе има и повеќе промет со тек на време. Последниот извештај на КХВ вели дека има голем одлив на пари кон странските берзи. Време е нешто да преземат за задржување на капиталот. Гратис е-традерот за 2 недели истекува. Ќе видиме дали ќе дадат уште некакви стимуланси.
 
Член од
12 април 2020
Мислења
9
Поени од реакции
13
Да не мешаме микро и макро.
Вака сеа за микроекономика, ако сакаш да оцениш фирма, ке си отвориш годишен извештај ќе си земиш пенкало, лист и дигитрон и рачунај. ПРед тоа ќе си отвориш учебник по финансиско сметководство да видиш тоа равенките. Тоа холд сел бај на тие начини е ирзачунато. Мада тоа е толку редукционистички начин, да и секој полумајмун може тоа... Нема во тоа леб. Но ајде неколку зборови. Во основа требит да глеаш колку кредити имет. Краткорочно да немет многу зш ќе пропаднет. На второ место ќе видиш што прават со профитот, како стојат со трошоци, дрн дрн. Има и други глупости и успеваат по тоа книгите да напишат по 1000 страни учебник на тој начин. И има 1001 финта да го обојат годишниот извештај, а тоа во книга нема... Е тука треба да си добар сметководство и ќе знаеш шо и како. Уш 2000 страни литература за стандарди и неколку години стаж во таа струка.

Ама и тоа не е доволно. Ако немаш жичка за биснис тури му хучкурот. Во основа не сакам да инвестирам во бизниси што се надвор од мој домен на стучно знаење. Не сум економист така да некој големи рачуници не прам. Јас лично надвор од мк гледам, во фармација, медицински компании гледам и слично. Претежно ми е интересна полска како најбрзорастечка држава од источна европа. Тој бизнис го владеам друго сум тапа. Почетник сум засега така да за некоја година ќе кажам како ми оди. Европа е огромна, има компании да ти памет стане само имај време и читај годишни извештаи. Користи знаење на јазици јер компаниите многу често не објавуваат на англиски јазик, ги боли таквото со извинение.

За макроекономика, камати и слично гледај на народна банка, министерствои за финансии. Во основа те интересира маса на пари, инфлација и слично за инвестиции. МАда пошо денес секој полуписмен ја има таа информација на тацна не ти дава појќе некоја предност во однос на другите пазарџии на берзата.
Онака одвреме навреме го гледам салдото на тековна сметка и ми се крева косата. За мене лично тоа е најважен параметар...
 
На врв Bottom