Веб дизајн помош (совети, трикови, алатки итн.)

Г

Грејвдигер

Гостин
aj koj znae kako da upload web go pravev na dreamweaver neka add cenzitosan_cs@msn.com itno
Прво ќе си купиш хостинг или ќе си најдеш некој бесплатен на интернет, зависи колку и дали имаш ресурси на располагање. Ако е некој голем сајт и имаш големи планови препорачливо е да си купиш, ако не може да фураш и на некој бесплатен. Сепак на тебе останува да одлучиш.

Е сеа за закачување на сајтот на интернет оди после обезбедувањето на хостинг. Кога ќе средиш таа работа ќе се логираш во cPanel-от на хостингот и во root директориумот ќе ги прикачеш сите фајлови и папки што ги содржи твојот сајт. После само пристапуваш до sajtot.com (пример) и готово.
 
Член од
10 април 2010
Мислења
385
Поени од реакции
121
Сакам да прашам, според вас што мислите кои се најинтересните комбинации од боја за било каков вебсајт?
Сакав да прочитам повеќе мислења, се мислев дали да отворам нова тема ама пишав тука. Ако мисли модераторот дека може, јас би сакал да има посебна тема за комбинации на бои.
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484

Општо прашање, општ одговор ... било која. Зависи од намената, стилот, интерактивноста, целната група и сл.
Ако е сајт за игри или на пример рок/метал/готик култури би играл со црна (или темна позадина) со сив текст, некои портокалови повершини за потенцирање и сл. Ако е за вести би играл со светла (бела со сиви тенки линии на пример) со безмалку црн текст, загасита сина и или кремаста за рамки и сл. Затоа велам, зависи која е намената на сајтот ...
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Сакам да прашам, според вас што мислите кои се најинтересните комбинации од боја за било каков вебсајт?
Сакав да прочитам повеќе мислења, се мислев дали да отворам нова тема ама пишав тука. Ако мисли модераторот дека може, јас би сакал да има посебна тема за комбинации на бои.
Не постои одреден тип на бои кои би одговарале за било каков сајт. Едноставно тестираш секакви комбинации и бираш која мислиш дека најдобро изгледа. Јас повеќе преферирам посветли бои... сивкаста позадина (мислам на body), бела позадина каде што е содржината и текст нешто посветло од црната боја а потемно од позадината.
Треба само тестирање на повеќе комбинации и на крај да одбереш која најмногу прилега... ми се има случувано по цел ден да пробувам секакви комбинации за да дојдам до идеалната.
 
Член од
10 април 2010
Мислења
385
Поени од реакции
121
Да, знам дека е општо прашањето, затоа и размислував за отворање на посебна тема каде би можело да се дискутира околу вебсајт, неговата намена и неговите бои.
Сепак благодарам за одговорите.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Пишај го текстот, во твојт случај „Контакт“ и селектирај го.
1) Долу ќе ти се појави Link поле и пишај го линкот.
2) Десен клик - Make Link и во полето URL пиши ја адресата.
3) Оди во кодот и пред Контакт пишај
HTML:
<a href="http://kajgana.com">
а после текстот:
HTML:
</a>
Би требало да изгледа вака:
HTML:
<a href="http://kajgana.com">Контакт</a>
Колку што те разбрав тоа сакаш да го направиш. Ако не објасни подобро уште еднаш, па ќе го решиме проблемот.

За да направиш Контакт, За нас или било каква страница ќе си направиш нов .html (или php или шо ти знам каков) и ќе го линкаш текстот до contact.php, како на пример.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.330
Поени од реакции
27.874
Има ли шанси некако да направам ftp пристап до сајтот?Кога инсталирав џумла погрешка сум одбрал да нема фтп пристап па сега ми треба а да бришам не ми се исплати да губам членови и статии ради тоа па ако некој знае ако има начин нека помага :)
 
Оди во Global Configuration - Server и таму има да овозможиш FTP и да го подесиш.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.330
Поени од реакции
27.874
Оди во Global Configuration - Server и таму има да овозможиш FTP и да го подесиш.
Па да знам за ова идам Enable FTP пишувам јузер и пас и сејв и ми вика
Се појави грешка! Неможно да се отвори configuration.php документот за впишување!

--- надополнето ---

Комита Ултрас напиша:
Па да знам за ова идам Enable FTP пишувам јузер и пас и сејв и ми вика
Се појави грешка! Неможно да се отвори configuration.php документот за впишување!
EDIT: Средив...
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Па да знам за ова идам Enable FTP пишувам јузер и пас и сејв и ми вика
Се појави грешка! Неможно да се отвори configuration.php документот за впишување!
Смени пермисии на фајлот да може да се запишува во него или отвори го со текст уредувач и овозможи FTP.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.330
Поени од реакции
27.874
Некој модул плугин или слично што на секоја статија ќе прави thumnail? Да неморам да намалувам слика, туку на насловна да ја дава си тие и тие димензии а коа ке се отвори со оргиналните...
 
За joomla? Пробај со k2 модулите.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.330
Поени од реакции
27.874
За joomla? Пробај со k2 модулите.
Се снајдов со MagicResizer автоматски сите ги намалува со која големина и да сакаш...Него било што за да ми ги дава во ред статиите?Имам 2 колони по 2 статии во ред али изместено ги дава според количината на текстот ако знае како да се среди ова некој нека помога што побрзо :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom